Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

МИКРО: Подобрување на конкурентноста на микро-претпријатијата во руралните области Модул бр. 5 : Пристап до не-грантово финансирање на микро-претпријатијата.

Сличне презентације


Презентација на тему: "МИКРО: Подобрување на конкурентноста на микро-претпријатијата во руралните области Модул бр. 5 : Пристап до не-грантово финансирање на микро-претпријатијата."— Транскрипт презентације:

1 МИКРО: Подобрување на конкурентноста на микро-претпријатијата во руралните области
Модул бр. 5 : Пристап до не-грантово финансирање на микро-претпријатијата во рурални области Подготвено од Конзорциумот на проектот: “Irish Rural Link – National University of Ireland Maynooth- CDI – EEO GROUP SA- IHF asbl – IDP - Internet Web Solutions SL”

2 Заедничко финансирање
Преглед Колку слајдови? 13 Слајдови вкупно Колку долго за читање и слушање? 15 минути (не вклучувајќи го времето за истражување на линковите дадени во слајдовите) Која е придобивката? Видете ја целта и очекуваното учење во наредните слајдови

3 Заедничко финансирање
Цел на темата Во оваа тема, ќе научиме за заедничкото финансирање, што е тоа и како да му пристапиме, и какви видови на заедничко финансирање постојат.

4 Заедничко финансирање
Очекувани резултати На крајот на оваа тема вие ќе знаете: Што е заедничко финансирање Кои се типови на заедничкото финансирање постојат

5 Заедничко финансирање
Што е тоа (1 од 5) Заедничко финансирање е форма на заедничко дејствување и алтернативно финансирање. Заедничкото финансирање е пракса на финансирање на проект или потфат преку собирање на парични донации од поголем број на луѓе. Најчесто заедничкото финансирање е ориентирано кон почетнички бизниси.

6 Заедничко финансирање
Што е тоа (2 од 5) Луѓето кои го поддржуваат овој метод на финансирање на микро-претпријатија се организирани преку различни организации, кооперативи, невладини организации, бизнис катализатори, бизнис инкубатори и во поскоро време дури и преку интернет.

7 Заедничко финансирање
Што е тоа (3 од 5) Иако концептот исто така може да биде реализиран преку нарачки по пошта, настани со придобивка и други методи, сега најчесто се врши преку регистри на интернет.

8 Заедничко финансирање
Што е тоа (4 од 5) Овој модерен модел на заедничко фиансирање генерално се базира на три типови на учесници: иницијатор на проект кој ја предлага идејата и/или проектот кој треба да биде финансиран, индивидуи или групи кои ја поддржуваат идејата, и организација (“платформата") која ќе ги поврзе странките заедно за да ја лансираат идејата.

9 Заедничко финансирање
Што е тоа (5 од 5) Заедничкото финансирање беше применето да финансира широк опсег на “про-профитни” претприемачки потфати како и уметнички и креативни проекти, медицински трошоци, патувања, или претпријатиски проекти кои се насочени на социјални работи од заедницата. Тоа има генерирано колективни групи, како што се групи од заедницата или групи од интерес, фондови за развој на нови концепти, производи, и начини на дистрибуција и производство посебно во руралните области.

10 Заедничко финансирање
Типови на заедничко финансирање (1 од 3) Постојат различни типови на заедничко финансирање како што се: Наградно-базирани: најчесто употребувани за промоција на филмови, бесплатно развивање на софтвер, развивање на пронајдоци, научни истражувања и граѓански проекти. Капитално-базирани: да ги поддржи напорите иницирани од други луѓе или организации преку обезбедување на финансии во форма на капитал

11 Заедничко финансирање
Типови на заедничко финансирање (2 од 3) Има различни типови на заедничко финансирање како што се: Обврзничко базирани: апликацијата е прегледана и верификувана од страна на автоматски систем, кој исто така го определува кредитниот ризик на барателот и каматната стапка. Софтверски вредносни купони: за собирање фондови за проект каде дигитален или софтверски вредносен купон е понуден како награда на финансиерите

12 Заедничко финансирање
Типови на заедничко финансирање (3 од 3) Постојат три типови на заедничко финансирање: Базирано на донации: колективен труд на индивидуалци кои помагаат во добротворни цели. Во добротворното заедничко финансирање финансиите се собирани за про-социјални и про-еколошки цели. Парници: дозволува жалителот или обвинетите да досегнат до стотици како нив и на полу-приватен и доверлив начин да добијат финансирање дали при барање на донации или обезбедување на награда како возврат за финансирањето.

13 Ви благодариме за вашето внимание 
Крај на модулот Ви благодариме за вашето внимание 


Скинути ppt "МИКРО: Подобрување на конкурентноста на микро-претпријатијата во руралните области Модул бр. 5 : Пристап до не-грантово финансирање на микро-претпријатијата."

Сличне презентације


Реклама од Google