Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Подготовка на концепт нота и апликација

Сличне презентације


Презентација на тему: "Подготовка на концепт нота и апликација"— Транскрипт презентације:

1 Подготовка на концепт нота и апликација
Проектот е финансиски поддржан од Европска Унијa

2 Проектна пријава Идентификување можности за финансирање, информирање за процесот на пријавување, подготовка

3 Проектна пријава Што е проектна пријава (апликација/барање за грант)?
Што е проектна пријава (апликација/барање за грант)? Формално, пишано барање до донаторите за финансиска поддршка на проектите на организацијата. Барањето треба да ги прикаже причините зошто проектот треба да биде поддржан и тоа со јазикот кој ќе биде разбирлив за донаторот и во формат кој лесно може да се следи и прифати. Пријавата треба да обезбеди средства за постигнување на стратешки цели и/или насоки на организацијата.

4 Програми за финансирање
Најчести карактеристики Правило на соодветно финансиско работење Принцип на партнерство (вкл. со ко-финансирање) Придонес за целите на стратегијата/политиката на донаторот

5 Програми за финансирање
Стратегии за соработка со/поддршка на Македонија (на пр. на ЕУ, САД, Швајцарија итн.) Годишни или повеќегодишни програми за финансирање Повици за финансиска поддршка (барање грант, предлози за проект и сл.)

6 Процес на аплицирање Секоја програма, па и секој повик има специфични цели и поради тоа и специфични критериуми за поднесување понуди, затоа внимателно се чита повикот и водичот за апликантите, особено делот за подобност, а потоа и образецот за пријава!

7 Процес на аплицирање - Водич
Цели на програмата и цели на конкретниот повик Приоритети на конкретниот повик Вкупен буџет за повикот, висина на грант (вкл. потребно кофинансирање) Критериуми за подобност Подобни и неподобни трошоци

8 Процес на аплицирање - Водич
Оценка Прелиминарна временска рамка Можност за дополнителни информации (прашања и одговори, информативни сесии) Прилози на водичот

9 Најчести пропусти во процес на аплицирање
Доцнење Некомплетна пријава (нецелосно пополнета, фалат копии, ЦД/УСБ, прилози) Образец за пријава од друг повик Барање за грант помало од минималниот или поголемо од максималниот износ Времетраење пократко од минималното и подолго од максималното на грантот Несоодветно спакувана Неконзистентно барање за грант со буџет Поголем број страници/карактери од бараното

10 Процес на аплицирање – Подготовка на пријава
Насловна страница / Наслов на проектот / Содржина Резиме / концепт Контекст Оправданост на проектот Цели на проектот Целна група и подрачје План за спроведување (активности и времетраење)

11 Процес на аплицирање – Подготовка на пријава
Пристап и методологија Одржливост Раководење на проектот Набљудување и оценка Капацитет (ресурси, искуство) Логичка рамка Буџет

12 Основни правила Образецот се пополнува само на јазикот на повикот (најчесто англиски јазик) Задолжително да се почитува формата и да не се менува ништо (бришење, менување на редослед, маргини и сл.) во дадениот образец; Да не се менува зададениот фонт, ниту типот ниту големината. Може, но не често да се користат здебелени или закосени букви; Да не се надминува бројот на страници или карактери; Образецот се пополнува така што се одговара на поставените прашања.

13 Проектна пријава – Наслов и содржина
Насловната страница да се пополни согласно насоките во образецот! Насловот на проектот треба да е краток и јасен (околу 5 збора), да ја одржува смислата на проектот, да укажува на тоа за што се однесува проектот, а да е и интересен, уникатен, може игра на зборови, слоган/повик и сл. Содржина, особено за пријави над 10 стр., вообичаено може автоматски да се ажурира

14 Проектна пријава - резиме
Табела со општи податоци за носителот и проектот Релевантност (придонес кон целите и приоритетите наведени во Водичот, ситуацијата на која се осврнува и како се решаваат проблемите, потребите и приоритетите на целните групи, кои се целните групи и како тие ќе имаат придобивки од проектот) Ако е потребно, треба да се наведе секторот, темата, приоритетот или географската област на која се однесува проектот

15 Проектна пријава - резиме
Целите на проектот (општа, специфична, резултати) Клучните активности и временска рамка Спроведувачките организации (носител, партнери) Вкупниот буџет

16 Проектна пријава - резиме
Напомена: Се пишува откога ќе биде подготвена целата пријава, вкл. логичката рамка и буџетот! За мали проекти, резимето не треба да е подолго од половина страница, а за поголеми од две страници – но следете ги насоките во образецот! Јасно, концизно, одговарање на клучните прашања без повторување и непотребни детали. Често прво се оценува резимето, па потоа ако тоа ја помине оценката се оценува и целосната пријава.

17 Проектна пријава - Контекст
Опис на општествениот, политичкиот, културниот, економскиот контекст релевантен за проектот (на пример од кој потекнува проектот и во кој ќе се спроведува). Изјавите да се поткрепени со податоци од претходни истражувања или од фазата на анализа од РПЦ Ако има можност, а особено ако се бара за податоците дадете референца (фуснота или во заграда); Ако има премногу податоци, а донаторот дозволува, презентирајте ги во прилог.

18 Проектна пријава - Оправданост
Детална презентација и анализа на проблемите; Јасно дефинирајте ги специфичните проблеми со кој ќе се занимавате (кои ќе ги решавате); Прикажете релевантност на проектот во однос на потребите на целните групи и регионот; Прикажете релевантност на проектот во однос на приоритетите и барањата на конкретниот повик. Мора многу добро да ги познавате целите на програмата за која аплицирате, затоа прочитајте го водичот неколку пати, користете ги истите клучни зборови

19 Проектна пријава - Цели
Важноста на проектот за општеството. Проектот придонесува за целите на политиките и програмата, стратешките цели на организацијата. Општа цел (General objective, Purpose) Зошто на корисниците им е потребен проектот. Главна цел на проектот во однос на придобивките за целната група. ПРОМЕНА+ЦЕЛНА ГРУПА+НАЧИН Цел на проектот (Specific objectives) Резултати (results, outcomes) Што ќе биде остварено со проектот (реални производи и услуги). Целите и резултатите се преземаат од логичка рамка, ако настанат измени во формулацијата, задолжително да се усогласат секаде во образецот и прилозите!!!

20 Проектна пријава - Цели
Влијание Подобрување во општеството / корисниците Долгорочно Ефект Употреба на услугите / продуктите од корисниците и целната група Среднорочно Продукти Продуктите и услугите се испорачани Краткорочно Задачи кои влезните средства ги трансформираат во продукт Тековно Активности

21 Проектна пријава - Целна група и подрачје
Дефинирајте ги и опишете ги целните групи и крајните корисници (социо-демографски карактеристики, број) на кои проектот ќе има влијание на ниво на специфична цел. Објаснете кои ќе се придобивките од проектот за целната група Опишете го целното подрачје (релевантни карактеристики) и зошто сте го избрале. Напомена: секогаш наведете го бројот на корисници и локациите на спроведување (држава, регион, општини), може да се даде и пропорција корисници-целна група, доколку е соодветно

22 Проектна пријава – План за спроведување
Детален опис на сите активности, кои ќе се реализираат во рамките на проектот за остварување на резултатите; За секоја активност наведете и кои целни групи, засегнати страни ќе бидат опфатени, како ќе се реализира, кои ќе бидат продуктите, што ќе биде улогата на секој партнер. Добро е секоја активност да има наслов, означен со буква и реден број (пр. А 1. Кампања за ....). Може да се користат задебелени букви за полесно следење!

23 Проектна пријава – План за спроведување
Ако има повеќе активности и подактивности, организирајте ги во групи и дајте им наслови и на подактивностите (пр. А 1.1. Огласи ) Активностите во овој дел мора да бидат исти и во: Планот на активности; Логичката рамка; и Буџетот; т.е. насекаде во пријавата и нејзините прилози. Времетраење на проектот – во број на месеци.

24 Проектна пријава – План на активности
Се подготвува и прикажува со помош на табеларен преглед, најчесто гантограм. Тоа е графички метод за претставување на информациите во временската рамка на дејствување; Не смее да содржи датуми, туку активностите се прикажуваат само по месеци.

25 Проектна пријава – План на активности
Не треба да содржи детален опис на активностите, туку само нивниот број и наслов кој треба да се поклопува со тој во описот на активности и др. делови. Сите месеци во кои не се предвидени активности мораат да бидат вклучени во планот на активности и вкупното траење на проектот. Месеците не се календарски

26 План на активности Активност 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Одговорен
А 1.1. Партнер 1 А 1.2. Сите А 2.1. А 2.2. А 3.1.

27 Проектна пријава – Методологија
Опис на методите и пристапот кои ќе се применуваат во спроведувањето на проектот за решавање на проблемот, причина за избраните методологија, пристап (стратегија/тактика) и како тоа ќе доведе до подобрување/позитивна промена Пример за методи: истражување, подигнување свест, информирање, застапување, лобирање, менторство, обуки, инфраструктура, колективни акции/мобилизација на заедницата, соработка, пренос на знаења; Наведете ако користите добри практики од претходни ваши или други проекти, ако има кои се иновативните елементи и сл.

28 Проектна пријава – Одржливост
Веројатност на продолжување на добросостојбата постигната со проектот по неговото завршување Финансиска одржливост (дали има потенцијални извори на финансирање за продолжување / одржување на ефектите, особено ако се работи за инфраструктура кој ќе ги преземе трошоците за одржување); Институционално ниво (кои структури ќе овозможат, и како, одржување на резултатите на проектот по неговото завршување? како ќе овозможите локална „сопственост“ над проектните резултати); Политичко ниво, каде тоа е релевантно (какво структурно влијание ќе има проектот – на пр. дали тоа води кон подобрување на законодавството, доброто владеење и сл.); Одржливост на животната средина (какво влијание ќе има проектот на околината – дали се така поставени условите за да се избегнат негативните ефекти на природата и сл.)

29 Проектна пријава – Одржливост
Веројатност на продолжување на добросостојбата постигната со проектот по неговото завршување Финансиска одржливост (дали има потенцијални извори на финансирање за продолжување / одржување на ефектите, особено ако се работи за инфраструктура кој ќе ги преземе трошоците за одржување); Институционално ниво (кои структури ќе овозможат, и како, одржување на резултатите на проектот по неговото завршување? како ќе овозможите локална „сопственост“ над проектните резултати);

30 Проектна пријава – Одржливост
Опис на потенцијалното влијание што проектот може да го има на целните групи и особено на крајните корисници (граѓани, заедници, пошироката јавност, итн.). На пр. кои чинители, освен целните групи, ќе имаат придобивка од акцијата на подолги патеки и како овие чинители ќе имаат придобивка? Опис какви промени се очекуваат меѓу крајните корисници (свесност, разбирање, вредности, верувања, однесувања, перцепции, итн.). На пр. како проектот ќе направи разлика во животот на крајните корисници.

31 Проектна пријава – РПЦ Опис на структурата за управување и раководење на проектот, како и самиот тим (само функции, опис, и потребно време). Покрај тимот може да се наведат и извршна канцеларија, (надворешни) експерти, практиканти, волонтери, итн. Доколку има партнери, ниво на вклученост и улога на партнерите, соработниците во проектот Се опишува начинот на меѓусебна комуникација, временски план на комуникација, начин на донесување на одлуки, одговорност и овластување на партнерите, начин на користење на ресурси и пристап на ресурсите итн.

32 Проектна пријава – Набљудување
Опис на кој, кога, како, зошто и што набљудува за да се следи напредокот на проектот КОЈ Ќе прави набљудување и оценка (координаторот на проектот или помошникот, надворешен експерт) КОГА Периодично, месечно; Оценка на крај на проектот или и пред тоа, на пример по секој настан. КАКО кои методи ќе се користат (прашалник за оценка, анкета, фокус група итн.) ЗАШТО Кои се целите на набљудувањето и оценката, за што ќе ги користите наодите. ШТО што ќе се набљудува и оценува - кои се показателите и кои се изворите за нивна верификација, усогласено со логичката рамка ЗА КОГО Кој ќе ги користи резултатите на оценката (раководството, донаторот, јавноста)

33 Проектна пријава – Капацитет
Опишува и докажува дека имате доволно и стабилно искуство и капацитет за раководење и спроведување слични проекти на предложениот. Финансиски капацитет: приходи/расходи за последните 3 до 5 години; извори на финансирање; и сл. Професионален капацитет: број и профил на вработени, ангажирани лица; Технички капацитет: референци за спроведени релевантни проекти.

34 Логичка рамка Логичка рамка е начин на презентирање на суштината на интервенцијата во сеопфатен формат (матрица). Основната матрица/рамка има 4 колони и: Вертикална логика (логика на интервенција) која идентификува што проектот треба да направи, ги појаснува причинско-последичните врски и ги одредува важите претпоставки и ризици кои се надвор од контролата на проектот (раководителот на проектот); Хоризонталната логика се однесува на мерењето на ефектите и употребените ресурси од страна на проектот преку одредување клучни показатели и извори со кои тие ќе бидат верификувани.

35 Општа цел Специфична цел Резултати Активности
Апликант: Наслов на акцијата: Логика на интервенција Показатели за успешност кои може објективно да се проверат Извори за проверка Претпоставки Општа цел Што е општата, пошироката општествена цел кон која ќе придонесе акцијата? Најмногу 1! Ц – [Наслов на општата цел] Наведете целна вредност за секој показател во оваа колона, секаде каде што е можно. Кои се клучните показатели поврзани со општата цел? КП1: [Показател 1: целна вредност] КП1: [Показател 2: целна вредност] Наведете ги изворите за проверка на секој показател. Кои се извори на информации за овие показатели? Специфична цел Која специфична цел треба да се постигне со проектот и како таа ќе помогне акцијата да придонесе кон остварување на општата цел? Најмногу 1! СЦ – [Наслов на специфична цел] Кои показатели јасно покажуваат дека целта на акцијата е постигната? Наведете ги показателите на следниов начин: СЦ1. [Показател 1: целна вредност] СЦ2. [Показател 2: целна вредност] Кои извори на информации постојат или може да се соберат? Кои методи се потребни за да се добијат овие информации? Кои фактори и услови кои не се под директна контрола на апликантот се неопходни за да се постигне специфичната цел? (надворешни услови) Кои ризици треба да се земат предвид? Резултати Наведете ги резултатите редоследно по број. Резултати се исходите од акцијата кои овозможуваат да се постигне специфичната цел. Кои се очекуваните резултати? Р1 – [Наслов на резултат 1] Р2 – [Наслов на резултат 2] Со кои показатели се мери дали и до кој степен акцијата ги остварува резултатите? Наведете ги показателите за секој резултат на следниов начин: 1.1. [Показател 1: целна вредност] (Р1) 1.2. [Показател 2: целна вредност] (Р1) 1.3. …. 2.1. [Показател 1: целна вредност] (Р2) 2.2. [Показател 2: целна вредност] (Р2) Кои се изворите на информации за овие показатели? Кои надворешни услови мора да се задоволат за да се осигури дека акцијата може да ги оствари резултатите со планираните ресурси и време? Активности Наведете ги активностите редоследно по број. Кои клучни активности ќе бидат реализирани за да се остварат резултатите? (Групирајте ги активностите според резултат и број како на пример: A1.1. – [Наслов на активност 1] (Р1) A1.2. – [Наслов на активност 2] (Р1) A2.1. – [Наслов на активност 1] (Р2) A2.2. – [Наслов на активност 2] (Р2) Ресурси: Кои ресурси се потребни за да спроведат овие активности, пр. персонал, опрема, обука, итн.? Трошоци: Колкави се трошоците за акцијата во денари? …. Кои се изворите на информации за напредокот на акцијата? Кои предуслови мора да се задоволат пред да започне акцијата? Кои надворешни услови, значи кои не се под директна контрола на Апликантот, треба да се задоволат пред да почне акцијата?

36 Практични информации Оценката на проектите/понудите најчесто се врши од страна на посебна комисија, која може да вклучува надворешни експерти од областа на повикот Оценката се врши врз база на три вида критериуми: исклучувачки (подобност на подносителот и проектот), селекциски (финансиски и оперативен капацитет на подносителот) и доделувачки (квалитет и значајност на проектот) Табелата за оценка (evaluation grid) е секогаш дел од пропишаната документација и е однапред достапна на подносителот на проектот.

37 Практични информации Конзистентен проект – целите, резултатите, активностите треба да се усогласени во сите делови од пријавата, вкл. прилозите, Кохерентен проект – да е јасна врската меѓу целите, резултатите и активностите

38 Практични информации Релевантен проект – јасна врска меѓу целите и приоритети на повикот со целите и резултатите на проектот, а ако се предложени типови активности во повикот, тогаш и активностите да се во согласност со барањето.

39 Практични информации Податоците мора да се точни, подлежат на верификација во процесот на пријавување или процесот на преговарање и договарање; Не заборавајте дека треба да се обезбедат потписи од овластените лица на носителот и партнерите (ако ги има), и тоа од оние кои се назначени во тековната состојба

40 Практични информации Проверете дали имате доволно тонер, хартија, ЦД/УСБ за електронската верзија; Електронската верзија треба да е идентична со таа на хартија


Скинути ppt "Подготовка на концепт нота и апликација"

Сличне презентације


Реклама од Google