Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

и фази на решавање на задача

Сличне презентације


Презентација на тему: "и фази на решавање на задача"— Транскрипт презентације:

1 и фази на решавање на задача
Програмирање и фази на решавање на задача

2 За што служат програмските јазици?
Наброј некои програми кои ги познаваш?

3 Какви видови на програми имаме во нашиот компјутер?
Што треба да направиме за да можеме да користиме некоја програма на компјутер? Какви видови на програми имаме во нашиот компјутер? Апликативни Контролни Услужни Оперативни системи

4 Програма Со програмски јазик се изразува постапката за решавање на некоја задача, запишана во текстуална форма, која е наречена програма

5 Програмирање Програмирање е процес на пишување програма.
Луѓето што програмираат се нарекуваат програмери. Програмирањето е само дел од решавање на некоја задача

6 Фази на решавање на задача со помош на компјутер
Поставување на задачата Дефинирање постапка за решавање на задачата Пишување програма Тестирање на програмата

7 1. фаза: Поставување на задачата
треба точно да се дефинираат и да се прецизираат условите под кои таа ќе се решава. Треба да се направи анализа на проблемот

8 2. фаза: Дефинирање на постапка на решавање на задачата
Треба да се одбере (смисли) постапката како да се реши задачата Треба да се води сметка постапката да биде применлива за решавање на компјутер Треба точно да се наведат сите операции што треба да ги направи компјутерот како и редоследот да биде точно зададен. Постапката да биде конечна, односно да заврши по конечно време на извршување.

9 Алгоритам Дефиниција:Алгоритам е постапка од конечен број еднозначно одредени дејства (операции) и точно зададен редослед на нивно извршување. Дефиниција: Секое поединечно дејство се нарекува алгоритамски чекор За пишување на иста задача може да се напишат повеќе различни алгоритми

10 3.фаза: Пишување програма
Претставува запишување (изразување) на алгоритмот со елементите на некој програмски јазик.

11 4.фаза: Тестирање на програмата
Се проверува задачата дали дава точни резултати. Тестирањето се врши најчесто со вредности за кои ги знаеме решенијата или чии решенија можеме да ги провериме.

12 Пример: Напиши ги фазите за решавање на следната задача:
Да се најде збирот на првите 10 природни броја.

13 1. фаза: Поставување на задачата
Знам да собирам, лесно ќе ја решам задачата Значи треба да ги соберам броевите :

14 2. фаза: Дефинирање на постапка на решавање на задачата
Прво ќе ги соберам првите два броја На тој збир ќе го додадам третиот број Па на тој збир четвртиот број ....итн. На крај на збирот што го добив го додавам и 10 т-иот број со тоа го добивам резултатот т.е збирот на првите 10 природни броја

15 3.фаза: Пишување програма
Алгоритмот што го напишав во фаза2 ќе го изразам со елементи на програмски јазик што ќе учиме во наредниот период

16 4.фаза: Тестирање на програмата
Заменувам вредности во секој од чекорите во алгоритмот и проверувам дали навистина алгоритмот работи т.е дали го дава точниот резултат 1+2=3 3+3=6 6+4=10 10+5=15 15+6=21 21+7=28 28+8=36 36+9=45 45+10=55 Значи го дава точниот резултат


Скинути ppt "и фази на решавање на задача"

Сличне презентације


Реклама од Google