Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Социјалниот дијалог во Република Македонија Мирјанка Алексевска , раководител на сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување.

Сличне презентације


Презентација на тему: "Социјалниот дијалог во Република Македонија Мирјанка Алексевска , раководител на сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување."— Транскрипт презентације:

1 Социјалниот дијалог во Република Македонија Мирјанка Алексевска , раководител на сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување

2 Важноста на социјалниот дијалог и димензии на СД ?
Постигнување на социјална правда и одржлив развој Трипартитен и бипартитен социјален дијалог Зголемување на инклузивноста и транспаретноста на процесите на креирање политики

3 Институционалната форма
Трипартитен социјален дијалог и развој на Институционалната форма Економско-социјален совет Датира од 1996 година Спогодба за основање на ЕСС склучена на година помеѓу Владата на РМ, ССМ и Стопанска комора на Македонија Вкупно 32 седници одржани до 2010 година

4 Член 1 од Спогодбата од 1996: “Владата на РМ, Сојузот на синдикатите на Македонија и Стопанската комора на Македонија, со цел остварување на темелните вредности на Уставот на РМ за демократска и социјална држава и обезбедување социјална правда, за похармоничен развој на општествените процеси, за унапредување на социјалниот дијалог, трипартизмот и примената на меѓународните конвенции и препораки, формираат Економско-социјален совет”.

5 Во 2005 година со новиот Закон за работни односи за прв пат се утврдува законска основа
Член 246 од ЗРО „Заради утврдување и остварување на усогласени дејности со цел за заштита и промоција на економските и социјалните права, односно интереси на работниците и работодавачите, водење на усогласена економска, развојна и социјална политика, поттикнување на социјален дијалог и склучување и примена на колективни договори и нивно усогласување со мерките на економската, социјалната и развојната политика, се основа Економско- социјален совет.“

6 Законот за работни односи од 2005 прв пат ја уредува
Репрезентативноста на синдикати и здруженија на работодавачи На година следејќи ја законската рамка склучена нова Спогодба за основање на ЕСС помеѓу Владата на РМ, ССМ, КСС и ОРМ Од 1996 до денес се одржани вкупно 80 седници на ЕСС Вкупно 15 Локални економско-социјални совети

7 Функционирање на ЕСС Во досегашната пракса до ЕСС најчесто редовно се доставуваат законските прописи и стратешките документи од областа на трудовото право во релативно доволен временски период, односно најчесто во подоцнежната фаза на подготовка на истите Во изминатите 2 години е проширен опсегот на законските прописи и стратешки документи, покривајќи и други области, а социјалните партнери и останатите релевантни засегнати страни се вклучуваат во раните фази на креирање на економско-социјалните политики Законските прописи се донесуваат и усвојуваат во редовна постапка

8 Бипартитен социјален дијалог Колективно договарање
Стапка на колективно договарање на ниво на гранка, односно оддел изнесува 24,61% 2 Општи колективни договори (јавен и приватен сектор) 17 грански колективни договори, од кои 10 се склучени во приватниот сектор и 7 во јавниот сектор

9 Активности во насока на унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог
Спроведени проекти Проект „Унапредување на социјалниот дијалог“ Три компоненти на проектот: - Трипартитен социјален дијалог – ЕСС и ЛЕСС - Бипартитен социјален дијалог – колективно договарање - Функционален механизам за мирно решавање на работни спорови

10 Опремени посебни простории за ЕСС (сала за седници и канцеларија на секретаријатот)
Воспоставен секретаријат и формирани 6 постојани комисии на ЕСС (Комисијата за работни односи и плати; Комисијата за вработувања и политики за пазарот на труд; Комисијата за социјална сигурност; Комисијата за безбедност и здравје при работа; Комисијата за издавање и одземање на лиценци на помирувачи и арбитри и Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата) Реализирани 8 тематски обуки за членови на ЕСС, секретаријатот и постојните комисии Акциски план за ЕСС, во насока на зајакнување на улогата на ЕСС (80% од активностите реализирани) Изготвена и имплементирана Комуникациска стратегија и план за ЕСС, во насока на подобрување на видливоста на ЕСС Воспоставен систем за следење на препораките и мислењата на ЕСС до Владата на РМ Основани 6 нови ЛЕСС (Ресен, Свети Николе, Кичево, Струга, Радовиш и Велес)

11 Трипартитен акциски план за унапредување на колективното договарање
Реализирани вкупно 9 обуки за зајакнување на капацитетите на социјалните партнери во насока на унапредување на колективното договарање (техники за преговарање, различни аспекти на колективните договори и начинот на подобрување на координацијата меѓу различните нивоа на колективно договарање со користење на постојните алатки на МОТ за колективно договарање) Реализирани обуки за социјалните партнери во насока на подобрување на нивните услуги и зголемување на членството, како и подготвување на Стратегии за комуникација и маркетинг за социјалните партнери Воспоставена софтверска апликација за база на податоци за социјалните партнери, колективните договори и штрајкови

12 Формирана Трипартитна комисија за лиценцирање на помирувачи и арбитри
Лиценцирани вкупно 59 помирувачи и арбитри Реализирани 5 обуки за помирувачи и арбитри (вкупно обучени 90 лица) Спроведени 3 медиумски кампањи за промовирање на механизмот Воспоставен систем за евиденција на предмети за мирно решавање на работни спорови

13 Почеток на 2019 година нов проект „Зајакнување на социјалниот дијалог“ – континуација на претходниот
Активности во насока на: - понатамошно зајакнување на капацитетите на социјалните партнери преку подобрување на нивните услуги и проектно планирање - поддршка на ЛЕСС-те во насока на развивање на локални стратешки документи од областа на вработувањето - ревидирање на правната рамка за функционирање на ЕСС, во насока на негова финансиска независност

14 Тековни активности Подготовка на нов закон за регулирање на прашањата на социјалниот дијалог Целта на законските решенија е да се надминат постојните проблеми и недеоречености кои се пречка за обезбедување на ефикасен и функционален социјален дијалог

15 Благодарам за вниманието!


Скинути ppt "Социјалниот дијалог во Република Македонија Мирјанка Алексевска , раководител на сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување."

Сличне презентације


Реклама од Google