Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Прв јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30.03.2017г.

Сличне презентације


Презентација на тему: "Прв јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30.03.2017г."— Транскрипт презентације:

1 Прв јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
г.

2 СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ СОГЛАСНО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА АААВМУ
СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ СОГЛАСНО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА АААВМУ ( ) д-р Зоран Трајчевски

3 Надзори за одредбите од ЗААВМУ и Законот за медиуми
Извршени се предвидвидени редовни програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми. Агенцијата изврши и еден вонреден програмски надзор врз еден радиодифузер Надзори за одредбите од ЗААВМУ и Законот за медиуми

4 Изречени мерки / Прекршочни постапки
Изречена мерка согласно ЗААВМУ 1 опоменa за еден радиодифузер (поради емитување на содржини на англиски јазик без превод на македонски јазик) Прекршочни постапки согласно одредбите од Законот за прекршоци, за констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик 5 постапки за порамнување: 2 постапки за повреда на член 75-ѓ став 1 3 постапки за повреда на член 76-б став 3

5 Дозволи доделување/одземање/престанок на важност
4 одлуки за одземање на дозволите и тоа на: РАДИО ПЕХЧЕВО, ТВ Скопје, ТВ АРТ Тетово и ТВ ИНТЕЛ Струмица. За ТВ Скопје, донесена е одлука за поништување на одлуката за одземање на дозволата; на 3 радиодифузери им престана важноста на дозволата за телевизиско/радио емитување по сила на закон – со писмена изјава. По поднесено барање, РА Јехона и Топестрада добија нови дозволи; 1 одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување, на државно ниво преку ОЈЕКМ; 1 одлука за објавување јавен конкурс за доделување 1 дозвола за радио емитување на подрачјето на општина Кривогаштани.

6 Европска и меѓународна соработка
Обука за Стручната служба на Агенцијата во рамки на проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“; Учество на 7-ма средба на ЕРГА, и на третата подгрупата на ЕРГА за саморегулација и корегулација; 13-ти состанок на Поткомитетот за иновации, Информатичко општество и социјална политика во Брисел; Регионален состанок за подготовка на публикација: „Регулаторните тела за медиуми и говорот на омраза“, организиран од Совет на Европа, во Белград.

7 Анализи, извештаи, истражувања
Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици на државно, регионално и локално ниво, за четвртиот квартал од 2016 година; Годишен извештај за 2016 година, за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици на државно, регионално и локално ниво; Извештај за преземените активности на Агенцијата во насока на следење на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста и на изворите на финансирање во периодот од 01 јули до 31 декември 2016 година; „Насоки за идентификација на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по барање“; Анализа на поведените управни спорови против актите на Агенцијата (во периодот од јануари 2016 година до декември 2016 година); Анализа на сите преземени мерки од страна на Агенцијата и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите, издавачите на печатените медиуми и операторите на јавна електронска комуникациска мрежа за 2016 година.

8 Други активности на Агенцијата
Издадени вкупно 142 потврди за регистрација на програмски пакети; 3 оператори на ЈЕКМ, поради престанок на вршење на дејноста се избришани од регистарот; Учество на 12 меѓународна конференција е-Општество.мк, насловена „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“; Дистрибуирана е покана за пристапување кон Мрежата за медиумска писменост на РМ, до сите релевантни чинители, заедно со Актот за формирање на мрежата и пристапници за членство.


Скинути ppt "Прв јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30.03.2017г."

Сличне презентације


Реклама од Google