Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Светлана М.Томеска - дефектолог

Сличне презентације


Презентација на тему: "Светлана М.Томеска - дефектолог"— Транскрипт презентације:

1 Светлана М.Томеска - дефектолог
ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Светлана М.Томеска - дефектолог The information and views set out in this document are those of the author(s) and do not necessarily reflect the official opinion of the European Union. Neither the European Union institutions and bodies nor any person acting on their behalf may be held responsible for the use which may be made of the information contained therein.

2 УЧИЛИШТЕ ПО МЕРКА НА ДЕТЕТО

3 Основна цел на инклузијата е потикнување на развојот на сите деца, вклучувајќи ги и децата со посебни образовни потреби. Наместо изрека „ Дете по мерка на училиштето “ се воведува изреката „ Училиште по мерка на детето “. Детето со посебни образовни потреби го прифаќаме во училиште без обид да го „ поправиме “ и прилагодиме на системот на школување. Напротив, на неговите потреби ја прилагодуваме: програмата за работа, облиците,методите и начинот на проценка на остварените резултати.

4 А) ПОДГОТВЕНОСТ НА УЧИЛИШТЕТО
ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДОБАР ПОЧЕТОК А) ПОДГОТВЕНОСТ НА УЧИЛИШТЕТО Што се подразбира под подготвеност на училиштето ? 1.Подготовка на наставникот да го прифати детето со посебни потреби 2.Физичка подготовка на училиштето 3.Подготовка на родителите да бидат партнери во школувањето на детето 4. Функционално поврзување на училиштето со локалната заедница

5 1.Подготовка на наставникот да го прифати детето со посебни потреби
− Формирање на позитивен став на наставниците во однос на децата од оваа категорија; − Eдукација на наставници:подготвеност на наставниците да ги остварат образовните и воспитните цели со детето со посебни потреби; Модели на учење кои имаат за цел напредување на сите деца во училиштето е примена на интерактивна настава. „ Aктивно учење ” „ Кооперативно учење ” „ Обука за изработка на ИОП ”

6 2.Физичка подготовка на училиштето :
− отстранети се бариерите кои го попречуваат движењето на детето; − изградена е рампа за количка; − прилагодени се наставни средства и дидактички материјал; − изграден е тоалет во кој е овозможен влез со количка;

7 3.Подготовка на родителите
да бидат партнери во школувањето на детето Вклученост во сите органи за раководење во училиштето; Активно учество во инклузивниот процес; Поголема и постојана соработка со наставниците;

8 вмрежување на сите институции каде ќе биди вклучено и училиштето

9 Б) СПЕЦИФИЧНОСТ НА РАБОТАТА СПОРЕД ИНКЛУЗИВЕН МОДЕЛ
1. Индивидуални досиеја 2. Формирање на тим за секое дете со посебни потреби 3. Изработка на индивидуални образовни планови за секое дете со посебни потреби кое е вклучено во овој програм

10 ПРИЛАГОДУВАЊА НАСТАНИТЕ СОДРЖИНИ на индивидуалните потреби на детето МЕТОДИТЕ И ОБЛИЦИТЕ НА РАБОТА НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПОМАГАЛА

11 1. Да се определат приоритетите во кои треба да се остварат целите:
Некогаш детето може да има најмногу тешкотии во остварување на образовните цели, но тие цели немора да имаат приоритети. Ако детето е вознемирено заради неуспехот, ако не изградило добри односи со врсниците, тогаш емоционалната рамнотежа и социјалната интеграција се приоритет над образовните задачи, затоа што се услов за да се ослободи и искористи расположивиот потенцијал на детето. 2. При изработка на план да се обрне внимание на полињата каде детето е најуспешно: Тоа е основа за развој на стратегија за поддршка, Така се изградува позитивна слика за детето во очите на врсниците, ја јакне детската самодоверба низ успешните искуствата.. 3. Планирање на мали чекори 4. Поддршката да се дава повеќе неупадливо

12 ДЕЦА СО ПОТЕШКОТИИ ВО РАЗВОЈОТ
(ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ) Деца со физички пречки 2. Деца со интелектуални пречки 3. Деца со проблеми во однесувањето 4. Хронично болни деца 5. Деца од сиромашни семејства

13 ПРИМЕРИ ОД ПРАКСА Маја интелектуални способности на гранично ниво, непостојано внимание, слаба графомоторика, лоши организаторски способности (организација на простор), лоши односи со врсниците

14 Организаторски способности Моментално однесување
поле на поддршка Организаторски способности Односи со врсниците математика Моментално однесување Просторот за работа е неуреден, незнае каде што и се наоѓа, се загубува во училиште, касни на час Осамена е, Се повлекувач Не ја бараат и сакаат во друштво Не го сфаќа поимот за број, иако брои до 10 цел На маса ќе има само она што е потребно за час, На час ќе стаса на време Еднаш неделно ќе помине околу 15 минути со еден ученик Ќе знае да преброи множества во обим до 10, И да ги запише броевите со 100 % точност Видови на поддршка Ќе има помагач – еден ученик, со учителката ќе ги пвезат книгите во различни хартии по предмети, ќе се бара доколку е потребно да ја напушти училницата, ПОФАЛБА или НЕВЕРБАЛНА ОПОМЕНА Учителката ќе креира ситуации каде та че биде носител на активности, ( топка, домино ) Ќе добива задачи: Преброј и напиши број Донеси на пр.: 3 креди ... - Спои множества со исти број елементи

15 3 2 1 1 3 1+2 3-1 2-1 2+1 2 1 2 3 3-2 1+1 1+1+1 3 2 1 1

16 ВЛАТКО Хиперактивност: краткотрајно внимание, на час не ги извршува задачите, особено кога треба да се пишува, предизвикува внимание кај врсниците на негативен начин, го напушта местото за работа ... Полиња на поддршка: − задржување на вниманието на задачите − почитување на правила на однесување во училницата −воздржување од попречувањата кон врсниците Цели: − продолжување на вниманието за да се завршат задачите до 80% − да се намали несаканото однесување на 5 опомени во текот на часот

17 Видови поддршка: 1.Да се ограичи времето за извршување на задачите, пр.:ќе добиете 5 минути за 1. задача. Ако завршите порано може да поминете на др. задача, а ако не, наставничката ја прецртува 1. задача и преминува на 2. Ако ја заврши 2. задача пред време, може да се врати на 1. Цело време часовникот е поред него. Награда: Може да се одмори на место за одмор и игра.. 2. Да се наградува секое продолжување на вниманието, за секоја опомена, за несакано однесување, ќе добие цртичка, и за тоа ќе има одредена тетратка. Ако бројот на цртички е повеќе од 5, наставничката пишува порака на родителите, ако не, Влатко добива „смешко“ за тој час. 3.Родителот секој ден ќе следи – кратки известувања од наставничката, ќе наградува / опоменува; награда за посакувано / непосакувано однесување во училница.

18 МАРКО Слабовидо дете, на едно око не гледа, а на другото 10% За него училиштето обезбедува маса со работна површина на која може да се регулира закосеноста и завеси со траки со кои можеме да го регулираме светлото на неговата работна површина на масата. Поддршка : − Стално седи на исто место, а се менуваат учениците кои седат до него и му помагаат . − Кога се чувствува несигурно или уморно може да појде на „ сигурно место “. − Наставничката подготвува кратки тестови, зголемени текстови, на А3 формат. На тие тестови се вежба и дома читањето. − Има тетратки поголеми од А3 формат. − Може и да се работи со фотокопир со кој наставничката го зголемува листовите од тетратките на другите ученици. − Проверката на знаењето е усмена. − Паралелно се учи и браевата азбка.

19 ЃУЛТЕН Во училиште тргнала со 11 г., знае најосновни зборови кои се однесуваат на поими од секојдневието, именува најосновни бои, препознава најосновни емоции ( се смее, плачи, боли ), се кара со другите деца ... Полиња на поддршка: 3. ПИШУВАЊЕ 2. БУКВИ 3. ЧИТАЊЕ 1. ЈАЗИК 3. ЧИТАЊЕ, ПИШУВАЊЕ 2. БРОЕВИ 3. СОБИРАЊЕ, ОДЗЕМАЊЕ

20 ПРОБЛЕМИ КОИ СЕ СРЕЌАВААТ :
Недостаток на системско решение за инклузијата Оценување Недостаток на тим за поддршка во училиште или на ниво на градот – мобилен тим Неможност за размена на искуства ( осамени сме ) 3 или 5 одделение

21 ПРИДОБИВКА ОД ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Формиран е позитивен став на наставниците кон инклузивното образование (основа за успех); Професионален предизвик, можност за искажување на креативноста; Наставниците се професионално зајакнати и подготвени за остварување на образовните и воспитните цели за сите деца, полесно се соочуваат со проблемите од сите врсти; Станавме чувствителни на различностите и спремни да излеземе во пресрет на потребите на сите деца; Унапредена е тимската работа во училиштата; Унапредена е соработката со родителите;

22 Децата без развојни проблеми сега веќе ја прифаќаат различноста како нормалност и секојдневие, стануваат осетливи за потребите на своите другари, спремни се за да дадат помош; Учење од врсниците, децата со посебни потреби учат од своите врсници, ама и го прифаќаат моделот на однесување на другите деца; Сите деца учат дека е убаво и лесно да се дава помош , ама и да се бара помош кога е потребно; Напредната е соработката со локалната средина

23 ПРЕПОРАКА Ако си крајно против, немој ни да пробуваш! Не превземај повеќе отколку што можеш да сработиш! Што ќе превземиш, сработи! Помирисе со она на што не можеш да влијаеш! Биди спремен на грешки! Детето не е виновно!!

24 СРЕЌНО!


Скинути ppt "Светлана М.Томеска - дефектолог"

Сличне презентације


Реклама од Google