Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Сличне презентације


Презентација на тему: "Проект за меѓуетничка интеграција во образованието"— Транскрипт презентације:

1 Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Воведување активности за меѓуетничка интеграција во образованието во училиште Обука за дисеминација на училишно ниво 2014 Пред да се започне со обуката, се објаснуваат логоата на слајдот на тој начин што се укажува на тоа дека Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е проект на УСАИД во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование, додека обуката е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти како партнер организација. ЛЕГЕНДА: како е означен текстот во прирачникот: што треба да каже обучувачот во рамки на инструкциите за учесниците што треба да каже обучувачот во врска со презентираното на слајдот што треба обучувачот најдиректно да ги праша учесниците што обучувачот треба да извлече како заклучок/поента/одговор од учесниците. Центар за човекови права и разрешување конфликти

2 Агенда за работа 1. Запознавање со концептот за меѓуетничка интеграција во образованието 2. Воведување активности за меѓу- етничка интеграција во училиште Се претставува агендата на тој начин што се кажува дека со обуката ќе бидат опфатени две теми (што се читаат од слајдот), што ќе се работат распоредени во неколку сесии во текот на еден или два дена (да се посочи како е договорено во конкретното училиште – во колку дена и во колку сесии). Се посочуваат целите на секоја од темите на следниот начин: учесниците да се запознаат со концептот за меѓуетничка интеграција во образованието и да прават разлика меѓу активности од доменот на меѓуетничка интеграција и оние од доменот на мултикултурното образование да се стекне увид во понудената стратегија за воведување на активностите за меѓуетничка интеграција во училиштата

3 Како би претставиле мултикултура на цртеж?
Како би претставиле мултикултура на цртеж? (1) Од секоја група се бара прво да се договори на кој начин би сакала симболично да претстави што подразбира под „мултикултура“ и потоа тоа да го стави на цртеж, користејќи еден празен лист и маркери во боја (со напомена дека не се очекува уметнички цртеж). За време на работата учесниците се охрабруваат да ја завршат задачата во време од најмногу 10 минути. Паралелно со учесниците и обучувачите подготвуваат свој цртеж. (2) По завршување на цртежите, обучувачот им дава инструкции на учесниците како да го претстават тоа што го нацртале: еден од групата го покажува цртежот на другите учесници и со една-две реченици објаснува што нацртале. Претставувањето на групите започнува со онаа која прва се јавува (на доброволна основа). По претставувањето на секоја група следува аплауз, инициран од обучувачите. По аплаузот, обучувачот го зема цртежот на групата и го закачува на видно место. По претставувањето на сите групи учесници, се претставуваат и обучувачите на истиот принцип. (3) Обучувачот покажува на цртежите, укажувајќи на тоа дека сите групи имаат доста слично разбирање на она што значи мултикултура.

4 Кои општества се мултикултурни?
коегзистенција на повеќе култури на еден простор кои, освен што го споделуваат просторот, и се потпираат едни на други за да обезбедат заедничка егзистенција коегзистенција на повеќе култури на еден простор и сите се прифатени и почитувани Се открива прашањето и се поставува усно, со очекување одговор кој ќе укаже на тоа дека мултикултурни/мултиетнички се оние општества во кои живеат припадници на различни култури/етникуми. (1) Се отвора и прочитува првиот одговор и се нагласува дека коегзистенцијата означува живеење на еден простор (заедно егзистирање на просторот). (2) Се отвора и прочитува вториот одговор и се бара од учесниците да ја откријат разликата меѓу овој и претходниот одговор. Се нагласува дека оваа дефиниција внесува нов квалитет – рамноправност меѓу културите што го споделуваат просторот. (3) Се отвора и прочитува третиот одговор и се бара од учесниците да откријат кој нов квалитет се внесува со оваа дефиниција. Се нагласува интеракцијата меѓу културите како предуслов за заедничка егзистенција. Се посочува и дека според некои автори, на ваков начин се дефинира интеркултура. (4) Се поставува прашањето како би гласела последната дефиниција доколку мултикултурното општество се поистовети со мултиетничко. Одговорот што се очекува гласи: Коегзистенција на повеќе етнички заедници на еден простор, кои освен што го споделуваат просторот, и се потпираат една на друга за да обезбедат заедничка егзистенција. коегзистенција на повеќе култури на еден простор Кои општества се мултикултурни?

5 Мултикултурата како чинија за салата
1. 2. 3. (1) Како се чувствуваат доматите на чинијата? (2) Колку можат да контактираат со краставиците и кромидот? (3) Што добиваат, а што губат кога се сместени на тоа место во чинијата? (1) Се објаснува дека цртежите на слајдот претставуваат чинии со салата направена од домати (црвените), краставици (зелените) и кромид (сините), при што секоја состојка симболички претставува посебна култура. (2) Обучувачот го поставува прашањето: По што се разликуваат салатите една од друга, според начинот на кој се аранжирани состојките на чинијата?. Ако е потребно, поставува и потпрашања со цел да се дојде до следниот заклучок: за разлика од третата чинија на која сите состојки се измешани, на првата се сосема одвоени едни од други, а во втората само се допираат. (3) На учесниците (распоредени во мали групи) им се дава задача, во време од 10-тина минути да ги анализираат доматите (црвените) и да одговорат на наведените прашања во врска со нив (па се откриваат прашањата). Секоја група добива задача да работи на една чинија што ќе ја определи обучувачот. (4) По завршување на задачата, секоја група се подготвува да ги даде своите одговори на прашањата. За таа цел, обучувачот ги користи следните неколку слајда.

6 (1) Се чувствуваат загрозени од другите и најубаво им е кога се заедно на купче
(2) Контакти со краставиците и кромидот немаат – се дистанцираат од нив колку што е можно повеќе (3) Добиваат: чувство на сигурност / губат: можност за комуникација и запознавање на краставиците и кромидот 1. (1) Откако се ислушуваат групите кои работеле на првата чинија со салата, обучувачот го отвора текстот на слајдот и го прочитува на глас. Потоа ги прашува сите учесници дали се согласуваат со напишаното. Се очекува потврден одговор. (2) Учесниците се прашуваат и: Дали би сакале да бидете домати во ваква салата (да ги имате истите чувства како доматите)?, со очекување да се добие одречен одговор.

7 (1) Најубаво се чувствуваат кога се групирани заедно и имаат свое место на чинијата
(2) Само некои од нив можат да контактираат со краставиците и со кромидот – другите се изолирани и без можност за контакти (3) Добиваат: чувство на сигурност / губат: можност сите да комуницираат со краставиците и кромидот и да ги запознаат (повеќето знаат за другите само од она што им го пренесуваат оние што имаат контакти со нив) 2. (1) Откако се ислушуваат групите кои работеле на втората чинија со салата, обучувачот го отвора текстот на слајдот и го прочитува на глас. Потоа ги прашува сите учесници дали се согласуваат со напишаното. Се очекува потврден одговор. (2) Учесниците се прашуваат и: Како кои домати во ваквата салата би сакале да бидете? (и се покажува на оние што се поблиску и на оние што се подалеку од краставиците и кромидот), со очекување да посочат на доматите што имаат контакти со краставиците и со кромидот.

8 (1) Се чувствуваат комотно на секој дел од чинијата, во било кое опкружување
(2) Секој домат може слободно да контактира со краставиците и кромидот – во секој момент е препознатлив како домат (ја задржал својата форма, боја и големина) (3) Добиваат: можност за запознавање, комуникација и соработка со краставиците и кромидот / губат: ??? 3. (1) Откако се ислушуваат групите кои работеле на третата чинија со салата, обучувачот го отвора текстот на слајдот и го прочитува на глас. Потоа ги прашува сите учесници дали се согласуваат со напишаното. Се очекува потврден одговор. (2) Учесниците се прашуваат и: Дали би сакале да бидете домати во ваква салата?, со очекување потврден одговор.

9 Мултикултурата како лонец со чорба ?
Доматите се сварени со другите состојки не се препознатливи и веќе не се чувствуваат како домати, туку како дел од заедничка маса во чорбата може да доминира вкусот на доматите, но и не мора, ако има повеќе од некоја друга состојка или некоја „посилна“ состојка (1) Се започнува со прашањето: Како би се чувствувале да сте домати во ваква чорба?, што се поставува на сите учесници. На него веднаш се надоврзуваат потпрашањата: Дали доматите во чорбата се препознаваат дека се домати? Дали ја задржале формата, бојата и големината како доматите во салатите?. Откако ќе им се остави извесен простор на учесниците да одговараат на прашањата, се открива заклучокот напишан на слајдот, се прочитува и се прашуваат учесниците дали се согласуваат со напишаното. Се очекува потврден одговор. (2) Се прашуваат и: Дали би сакале да бидете домати во чорба, особено ако наместо вкусот на доматите, во чорбата доминира вкус на некоја друга состојка?. Се очекува одречен одговор. (3) Се завршува со откривање на констатацијата дека лонецот со чорба не претставува вистинска мултикултура, туку асимилација – има една носечка култура (онаа состојка чиј вкус доминира) во која се претопуваат другите. МУЛТИКУЛТУРАТА Е ЗАМЕНЕТА СО АСИМИЛАЦИЈА

10 Какво мултиетничко општество сакаме?
коегзистенција со сегрегација коегзистенција со паралелизам коегзистенција со интеграција (1) Обучувачот објаснува дека прикажаните чинии со салата може да се доведат во врска со претходните дефиниции за мултикултурно општество. (2) Ја отвора стрелката и напишаното едно по едно, проследено со следните дообјаснувања: сегрегација значи дека постои подвоеност меѓу етничките заедници паралелизам значи дека различните етникуми живеат едни покрај други, но без интеракција и меѓусебна соработка интеграција значи дека постои интеракција, соработка и доверба меѓу етникумите, кои работат на остварување заедничка егзистенција. (3) Го открива и чита прашањето напишано на слајдот и заедно со учесниците констатира дека посакувана е третата чинија. Какво мултиетничко општество сакаме?

11 Република Македонија како мултикултурно/мултиетничко општество
Македонци Албанци 1. 2. 3. (1) Се најавува дека ќе се работи во мали групи на поврзување на чиниите со салата со односите меѓу различните етнички заедници што живеат во РМ. Се поаѓа од тоа во сите три чинии со сините форми се означени Албанците, а со жолтите форми се означени Македонците. Потоа обучувачот ги отвора прашањата на слајдот со дополнително објаснување на задачата: секоја од трите чинии прикажува односи меѓу три етнички заедници. Задача на секоја група е да ја поврзе секоја чинија со соодветната комбинација на етнички заедници и да определи која етничка група е претставена со црвената форма во секоја од трите чинии. При тоа посебно нагласува дека на чиниите со салата не треба да се гледа како на просторно распоредување на етникумите, туку како состојба на свеста – како се доживуваат односите меѓу етникумите од страна на повеќето нивни припадници. Групите добиваат околу 5 минути за работа на задачата. (2) Презентацијата на сработеното се прави со помош на следниот слајд. (1) На која од чиниите се прикажани односите меѓу: Албанците, Македонците и Србите Македонците, Албанците и Турците Албанците, Македонците и Ромите (2) Кои се на нацртаните чинии?

12 Истражувањата покажуваат ...
1. 2. 3. (1) Групите ги презентираат одговорите на прашањата од претходниот слајд со помош на овој. При тоа, сите групи прво зборуваат за првата чинија, па сите за втората, па сите за третата. (2) По нивното завршување, обучувачот го отвора насловот на слајдот заедно со очекуваните одговори, посочувајќи дека наодите од истражувањата на постоечката состојба во РМ покажуваат дека: Македонците и Албанците живеат паралелно – едни покрај други Ромите се дистанцирани и од Македонците и од Албанците Србите се „мешаат“ со Македонците, но се дистанцирани од Албанците Турците се „мешаат“ главно со Албанците, а се подистанцирани од Македонците. Роми Срби Турци

13 без промени во образованието преку интегрирано образование
Како до вистинско мултикултурно/ мултиетничко општество ? без промени во образованието преку интегрирано образование (1) Обучувачот на глас го прочитува насловот на слајдот, даден во вид на прашање (1) Ја открива првата чинија со салата, со потсетување дека ги илустрира „просечните“ односи меѓу различните етникуми во РМ. Се кажува дека таквата салата не е стабилна – дека не може вечно да трае и дека може да се претвори или во разделената (се открива сликата горе- десно) или во „мешаната“ (се открива сликата долу-десно). (2) Се објаснува дека доколку се остава салатата без да се внесува дополнителен труд за да се „измеша“, таа ќе се претвори во разделената (се отвора текстот околу погорната стрелка). За да се претвори во „мешана“, треба да се внесат промени во правец на меѓуетничко интегрирано образование (се открива текстот околу подолната стрелка).

14 Училиштето – креатор на општеството
Училиштето – креатор на општеството Се започнува со поставување на прашањето: Зошто училиштето се смета за креатор на општеството?. На прашањето веднаш одговара обучувачот, откривајќи ги елементите од слајдот еден по еден и коментирајќи ги на следниот начин: Во училиштето влегуваат деца. Од училиштето излегуваат возрасни граѓани. Од училиштето зависи какви граѓани ќе излезат. Тоа значи дека ако сакаме да формираме граѓани кои ќе знаат да живеат интегрирани во нашето мултиетничко општество, треба да го претвориме училиштето, односно образованието, во такво кое ќе „продуцира“ граѓани подготвени да живеат во вистинско мултиетничко општество. Какво училиште, такви граѓани

15 Ако учениците од различните јазични/ етнички групи не се запознаат ...
Ако не изградат меѓусебна доверба уште од мали, кога се ученици во основно и во средно училиште ... Ако не научат меѓусебно да комуницираат и да соработуваат ... Се откриваат и се читаат на глас сите следни реченици од слајдот, без посебен коментар. ТОГАШ ...

16 КОГА ЌЕ ПОРАСНАТ СОСЕД КОЛЕГА ПОЛИТИЧАР СОСЕД КОЛЕГА ПОЛИТИЧАР
Се коментира дека последиците од недостатокот на таквата пракса се прикажани на самиот слајд. Се појаснува дека слајдот ги илустрира компетитивните односи меѓу припадниците на различните етнички заедници, кои постојано се „борат“ едни против други (најчесто не физички, туку ментално) во сите сфери на секојдневното живеење (во соседството, за и на работните места, во политичкото дејствување). СОСЕД КОЛЕГА ПОЛИТИЧАР СОСЕД КОЛЕГА ПОЛИТИЧАР

17 Што е мултикултурно образование?
експонирање на сите ученици на содржини преку кои се запознаваат со културата на другите (за да се овозможи малцинските култури да учат и за себе, а мнозинските да учат и за нив) целта е да се обезбеди почитување на другите преку запознавање со нивната култура се внесува преку содржини (вербални и сликовни) од областа на историјата, литературата, музиката, ликовната уметност и сл. може, но не мора да се учи преку контакти со другите Обучувачот го чита прашањето од слајдот, а потоа една по една ги отвора речениците што следат, ги чита на глас и ги коментира/дообјаснува на следниот начин: под малцински култури се подразбираат сите оние чии припадници се помалку бројни (на пр., Ромите, Турците); мнозински се оние што се сметаат за доминантни, затоа што се присутни во официјалните курикулуми (главно Македонците и делумно Албанците) мултикултурното образование ги учи учениците на културата на другите – познавањето на културата на другите се смета за предуслов за почитување на другите учењето за културата на другите се обезбедува преку содржини присутни во наставните програми и учебниците по предметите преку кои се учи за историјата, литературата, уметноста и традицијата на различните етнички/културни заедници за таквото учење не е неопходно да постои контакт меѓу припадниците на различните култури – за културата на другите се учи преку наставните содржини.

18 Што е меѓуетничко интегрирано образование во РМ?
обезбедување што е можно повеќе заеднички активности меѓу учениците кои учат разделени според јазикот на наставата (на пр., Мак и Алб) или по друга основа (како Ром) кога не е можно преку наставните активности, се постигнува преку воннаставни активности не е толку важно што учениците ќе прават, туку да прават заедно нешто што е од заеднички интерес важен е продуктот од заедничката активност (определен преку заедничката цел), како што е важен и процесот на доаѓање до продуктот (низ непосредна интеракција) Обучувачот го чита прашањето од слајдот, а потоа една по една ги отвора речениците што следат, ги чита на глас и ги коментира/дообјаснува на следниот начин: за да постои меѓуетничко интегрирано образование, мора да има контакти меѓу припадниците на различните културни/етнички/јазични заедници – заедничките активности го обезбедуваат неопходниот контакт кога прават нешто заедно, учениците учат едни за други за да има смисла, тоа што го прават (на пр., заедничко планинарење) треба да биде од заеднички интерес (сите што планинарат да сакаат да се качат на даден планински врв) освен што е важно да се качат до врвот (да ја постигнат целта), важно е во текот на качувањето сè што прават, да го прават заедно.

19 Целта на меѓуетничкото интегрирано образование е учениците да се научат на интеракција која им е неопходна за компетентно живеење во мултиетничко општество да се намалат предрасудите преку контакт со припадниците на другите етнички/културни заедници да се зголеми соработката – активностите треба да се одвиваат во кооперативна атмосфера, а не во компетитивна да се создадат односи на меѓузависност – продуктот од активностите да зависи од заедничкото учество на сите Обучувачот ја чита првата реченица и ги потсетува учесниците дека целта на мултикултурното образование беше да ги научи учениците да ги почитуваат другите култури. Потоа, во најава на преостанатите реченици од слајдот, посочува дека наведената поопшта цел (учениците да се научат на интеракција), се постигнува преку остварување на следните поспецифични цели, после што ги отвора, една по една, ги чита на глас и ги коментира/дообјаснува на следниот начин: преку совладување содржини за другите може да се намалат предрасудите, но преку контакт и интеракција тоа може да биде уште поефикасно заедничките активности во етнички/јазично „мешани“ групи, треба да се базираат на меѓусебна соработка – доколку постои натпревар, тоа треба да биде меѓу „мешани“ групи до продуктот од активноста треба да се дојде преку учество на целата „мешана“ група.

20 Мултикултурен саем на храна
Мултикултурен саем на храна Дали е продуктот (саемот) резултат на заедничка активност на припадниците на различните етнички/јазични заедници? Од каде се гледа тоа? Дали во процесот (подготовката на саемот) е обезбедена непосредна интеракција на припадниците на различните етнички/јазични заедници? Од каде се гледа тоа? Учесниците се поделени во групи и секој учесник во групата добива по еден примерок од работниот лист: Саем на храна. Секој индивидуално ги чита ситуациите опишани на работниот лист, а потоа сите учесници во групата заеднички одговараат на прашањата што обучувачот ги открива на слајдот и едно по едно ги чита на глас. Групите добиваат околу 10 минути за да ја завршат задачата. По завршување на задачата, обучувачот ја изложува секоја опишана ситуација (на следните три слајда) и за секоја од нив бара одговори од најмалку една група. Доколку добиените одговори што ги дава групата не се во согласност со очекуваните, обучувачот бара мислење од друга група.

21 Општина 1 Една општина, во која има две училишта со настава на албански јазик, решила да организира настан под името „Мултикултурен саем на храна“. Осумдесетина ученици се распоредиле во шест групи кои, откако направиле темелно истражување на традиционалната храна на неколку етнички заедници што живеат во РМ, со помош на нивните родители подготвиле по две традиционални јадења и по еден десерт што вообичаено се подготвуваат за поважните семејни празници во куќите на припадниците на етничките заедници. Потоа, заедно со своите наставници ги наместиле штандовите на кои ја изложиле храната, сервирана на традиционален начин. Така, на саемот имало шест штанда: еден со традиционална албанска, еден со традиционална македонска, еден со традиционална турска, еден со традиционална ромска, еден со традиционална влашка и еден со традиционална српска храна. Учениците од двете училишта имале можност да ги разгледаат сите штандови и да пробаат по малку од изложената храна на различните етнички заедници. Обучувачот само ја открива ситуацијата на слајдот и веднаш бара некоја од групите (на доброволна база) да одговори на поставените прашања во врска со оваа ситуација. Одговорите што ги очекува се: 1. Продуктот (саемот) е резултат на активноста на ученици од една етничка/јазична заедница – само ученици што учат на албански јазик (главно Албанци) го подготвиле саемот. 2. Отсуствува непосредна интеракција со припадници на другите етникуми за чија култура треба да се научи – ученици што учат на албански јазик (главно Албанци) сами го подготвиле саемот. Обучувачот пред сите учесници ги поставува прашањата: Дали ваквата активност е пример за мултикултурно образование? Зошто? Дали ваквата активност е пример за меѓуетничкo интегрирано образование? Зошто? Очекуван одговор: пример за мултикултурно образование. НАПОМЕНА: Доколку очекуваните одговори не произлезат од самите учесници, обучувачот ги кажува во своето резимирање на крајот од презентацијата на групниот одговор, по секое поставено прашање. Истото важи и за анализата на секоја следна ситуација.

22 Општина 2 Една општина, во која има едно училиште со настава на албански јазик и едно со настава на македонски и на турски јазик и со значителен број ученици Роми, решила да организира заеднички настан под името „Мултикултурен саем на храна“. Учениците од секое училиште, со помош на нивните родители, подготвиле по две традиционални јадења и по еден десерт што вообичаено се подготвуваат во куќите на припадниците на нивната етничка заедница за поважните семејни празници. Потоа, заедно со своите наставници и родители ги наместиле штандовите на кои ја изложиле храната, сервирана на традиционален начин. Така, на саемот имало четири штанда: еден со традиционална албанска, еден со традиционална македонска, еден со традиционална турска и еден со традиционална ромска храна. Учениците од двете училишта имале можност да ги разгледаат сите штандови и да пробаат по малку од храната на другите етнички заедници. Обучувачот само ја открива ситуацијата на слајдот и веднаш бара некоја од групите (на доброволна база) да одговори на поставените прашања во врска со оваа ситуација. Одговорите што ги очекува се: 1. Продуктот (саемот) е резултат на паралелни активности на ученици од повеќе етнички заедници – секоја етничка заедница подготвила за себе. 2. Отсуствува непосредна интеракција со припадници на другите етникуми додека се подготвува саемот – секоја етничка заедница самата си подготвила за себе. Обучувачот пред сите учесници ги поставува прашањата: Дали ваквата активност е пример за мултикултурно образование? Зошто? Дали ваквата активност е пример за меѓуетничкo интегрирано образование? Зошто? Одговорот што го очекува е: пример за мултикултурно образование.

23 Општина 3 Една општина, во која има едно училиште со настава на албански јазик и едно со настава на македонски и на турски јазик и со значителен број ученици Роми, решила да организира заеднички настан под името „Мултикултурен саем на храна“. По 20 ученици од секоја етничка група застапена во двете училишта се распоредиле во четири „мешани“ групи со подеднаков број Македонци, Албанци, Роми и Турци. Секоја група со помош на тројца родители подготвила традиционална храна за една етничка заедница: по две јадења и еден десерт што вообичаено се подготвуваат во куќите на припадниците на дадената етничка заедница за поважните семејни празници. Потоа, секоја „мешана“ група ученици, заедно со „мешана“ група наставници и родители го наместила „својот“ штанд на кој ја изложила храната што ја подготвила, сервирана на традиционален начин. Така, на саемот имало четири штанда со традиционални храни: албанска, македонска, турска и ромска. Учениците од двете училишта имале можност да ги разгледаат сите штандови и да пробаат по малку од храната на другите етнички заедници. Обучувачот само ја открива ситуацијата на слајдот и веднаш бара некоја од групите (на доброволна база) да одговори на поставените прашања во врска со оваа ситуација. Одговорите што ги очекува се: 1. Продуктот (саемот) е резултат на заеднички активности на ученици од повеќе етнички заедници – секоја „мешана“ група подготвила за посебна етничка заедница. 2. Процесот (подготовката на саемот) е реализиран низ непосредна интеракција меѓу припадници на повеќе етникуми – и подготовката на храната и уредувањето на штандовите го реализирале „мешани“ групи ученици. Обучувачот пред сите учесници ги поставува прашањата: Дали ваквата активност е пример за мултикултурно образование? Зошто? Дали ваквата активност е пример за меѓуетничкo интегрирано образование? Зошто? Одговорот што го очекува е: пример за меѓуетничкo интегрирано образование.

24 Врската меѓу мултикултурното и меѓуетничкото интегрирано образование
мултикултурното образование не мора да биде интегрирано, а интегрираното е добро да биде придружено и со мултикултурно не сите мултикултурни активности сами по себе придонесуваат за интегрирано образование Слајдот служи како резиме на претходната активност. Обучувачот ја чита првата реченица во вид на прашање (Која е врската меѓу мултикултурното и меѓуетничкото интегрирано образование?) што веднаш го одговара на тој начин што ги отвора и чита на глас речениците што следат.

25 следење, поддршка и евалуација од општините
обуки прирачници следење, поддршка и евалуација од општините следење, поддршка и евалуација од образ. институции подобрена меѓуетничка интеграција Обучувачот го открива долното поле под цртежот (кој треба да претставува училиште) со коментар дека од училиштата се очекува да придонесат за подобрување на меѓуетничката интеграција. Потоа продолжува со откривање на горното поле, посочувајќи дека за да ја остварат таа цел, на училиштата ќе им бидат ставени на располагање алатки во вид на обуки и прирачници што ќе ги обезбеди тимот на проектот. На крајот, ги отвора страничните полиња и дообјаснува дека општините и образовните институции (БРО, ЦСОО, ДПИ) ќе ги следат активностите во училиштата за да обезбедат поддршка на нивната реализација и евалуација на ефектите од нивната реализација.

26 Подобрување на меѓуетничката интеграција
Подобрување на меѓуетничката интеграција заеднички активности на/со учениците заеднички активности на наставниците атмосфера и опкружување во училиштето соработка со родителите, заедницата и општината Обучувачот ја објаснува илустрацијата на слајдот укажувајќи дека за да придонесат за подобрување на меѓуетничката интеграција како цел, училиштата треба да воведат промени во следните четири домени, при што го открива и на глас го прочитува текстот во црвеното поле на следниот начин: заеднички активности на/со учениците што учат на различни наставни јазици заеднички активности на наставниците што ја изведуваат наставата на различни наставни јазици атмосфера и опкружување во еднојазичните и во повеќејазичните училишта соработка со родителите, заедницата и општината

27 заеднички активности на/со учениците
заеднички активности на/со учениците активности за демократска партиципација: дејствување преку ученичките организации редовна настава: настава по некои предмети, подолготрајни проекти во рамки на предметите, настава во природа, слободни часови/ проектни активности Обучувачот ги претставува заедничките активности на учениците или со учениците од различни наставни јазици на тој начин што ги открива полињата едно по едно, и го дообјаснува напишаното на следниот начин: Ученици од различните наставни јазици можат: да имаат некои заеднички активности во рамки на редовната настава (што се во функција на остварување на целите од наставната програма), како на пример, да одат на заедничка настава во природа, или да имаат заеднички часови по физичко или странски јазик, или да имаат заеднички слободни часови/проектни активности, или да прават заеднички проект по ликовно, или некој друг предмет што не бара многу меѓусебно зборување, но опфаќа најмалку 5 часа заедничка работа да работат на заеднички проекти кои траат барем едно полугодие, да имаат заеднички секции и спортски тимови, или да реализираат мултикултурни работилници делумно преку непосреден контакт, а делумно преку интернет врска да одат на заеднички излети и екскурзии на кои ќе прават нешто заедно, да гостуваат едни кај други по различни поводи, да подготвуваат заеднички приредби, прослави и/или забави, да реализираат заеднички еднодневни работилници (како заедничко цртање, правење честитки) и/или да спроведуваат заеднички акции во училиштето и/или во заедницата да соработуваат преку Училишната заедница и другите ученички тела во училиштето што се избрани по демократски пат и ги претставуваат учениците во училиштето. краткотрајни вон- наставни активности: излети, екскурзии, приредби, прослави, забави, гостувања, еднодневни работилници, акции во училиштето и заедницата подолготрајни вон-наставни активности: проекти-секции, мултикултурни работилници, спортски тимови

28 заеднички активности на наставниците
заеднички активности на наставниците ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА заедничко планирање на настава размена на наставни материјали заедничка подготовка на инструменти за оценување користење материјали подготвени од други заедничко учество на обуки и стручни активи реализација на ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ со УЧЕНИЦИТЕ Обучувачот ги претставува заедничките активности на наставниците на тој начин што ги открива полињата едно по едно, и го дообјаснува напишаното на следниот начин: Наставниците од различните наставни јазици имаат заеднички активности доколку: реализираат активности во кои учествуваат нивните ученици заедно со ученици од другиот наставен јазик или соработуваат на професионален план, односно преземаат активности што водат кон подобрување на квалитетот на наставата.

29 училишна атмосфера и опкружување документи на училиштето:
сензибилизација на учениците преку ОЖВ и други наставни содржини и воннаставни активности професионална подготовка на наставниците за работа на МИО активностите иконографија: мултиетничкиот карактер на заедницата/земјата во сликите и текстовите на ѕидовите документи на училиштето: активности за меѓуетничка соработка и визија/мисија во Годишната програма демократска партиципација на учениците преку ученички тела Обучувачот ги претставува овој вид активности на тој начин што ги открива полињата едно по едно, и го дообјаснува напишаното во полињата на следниот начин: Активностите кои внесуваат промени во училишната атмосфера и опкружување и го подготвуваат училиштето за реализација на заеднички активности вклучуваат: подготовка на иконографија (сликите и текстовите закачени на ѕидовите во холовите на училиштето) која го одразува мултиетничкиот карактер на заедницата, односно на целата земја воведување активности за меѓуетничка интеграција во Годишната програма на училиштето поддршка на демократското формирање и функционирање на ученичките тела на ниво на паралелка и на ниво на училиште развивање свест кај учениците за потребата за почитување на другите култури и комуницирање со припадници на другите етнички заедници преку реализација на работилниците за животни вештини и други наставни содржини во соодветните предмети, како и преку најразлични воннаставни активности унапредување на компетенциите на наставниците за работа на меѓуетничка интеграција во образованието.

30 соработка со родителите соработка со заедницата соработка со општината
Обучувачот го прочитува напишаното на слајдот и нагласува дека од училиштата се очекуваат активности кои обезбедуваат вакви видови соработка која може да се манифестира и при реализацијата на заедничките активности, особено кога се работи за активности што треба да овозможат контакт меѓу учениците од различните етнички/јазични групи. соработка со заедницата соработка со општината

31 училиште на два/три јазика
Партнерски училишта училиште на два/три јазика училиште на еден јазик училиште на друг јазик Обучувачот посочува дека: На слајдот се прикажани различни видови училишта од кои се бара да спроведуваат заеднички активности со етнички/јазично „мешани“ групи, и тогаш кога во самите училишта не постојат услови за тоа (што особено се однесува на училиштата со настава на еден јазик). За да може еднојазичните училишта да спроведуваат заеднички активности, неопходно е да формираат партнерски односи со друго или други училишта. Потоа ги открива стрелките една по една и го коментира тоа на следниот начин: Едно училиште со настава на еден јазик може да формира партнерство со друго училиште со настава на друг јазик или со друго училиште со настава на два/три јазика или со две такви училишта истовремено.

32 активности за промена во училиште
во соработка со партнерско училиште самостојни непосреден контакт активности во самото училиште Обучувачот ја парафразира првата реченица на слајдот на следниот начин: Да резимираме какви сè видови активности се очекува да се случуваат во училиштата! и продолжува со откривање на другите делови од слајдот еден по еден, дообјаснувајќи ги на следниот начин: за некои од активностите во повеќето училиштата ќе мора да се формираат партнерски односи кои ќе обезбедат соработка меѓу училиштата со различен наставен јазик заедничките активности меѓу партнерските училишта може да се одвиваат преку непосреден контакт (лице-в-лице), но и посредно, преку користење на интернет (аудио/видео) врски дел од активностите може да се спроведуваат како самостојни – во самото училиште, без неопходен контакт со партнерските училишта посреден контакт

33 еднојазично училиште самостојни активности за промена
училишна атмосфера и опкружување професионална подготовка на наставниците демократска партиципација на учениците преку ученички тела мултикултура во документите и иконографијата сензибилизација на учениците преку Образование за животни вештини и други наставни содржини и воннаставни активности Обучувачот започнува со прашањето: Кои активности за промена спаѓаат во самостојни, кои еднојазичното училиште може да ги спроведува независно од партнерското училиште? и продолжува со откривање и прочитување на наброените домени и видови активности. Завршува со констатацијата дека се работи главно за активности кои обезбедуваат соодветна атмосфера и опкружување и поддршка на наставниците, родителите, заедницата и општината, што се сметаат за предуслов за реализација на активностите за меѓуетничка интеграција. соработка со родителите, заедницата и општината

34 активности за промена во соработка со партнерско училиште
еднојазично училиште активности за промена во соработка со партнерско училиште заеднички активности на/со учениците краткотрајни заеднички воннаставни активности со учениците (излети/екскурзии, прослави/приредби, гостувања) подолготрајни заеднички воннаставни активности со учениците (проекти-секции, мултикултурни работилници) заеднички активности со учениците во редовната настава (заеднички часови, проекти во рамки на предметите) соработка преку ученичките организации Обучувачот започнува со прашањето: За кои активности за промена еднојазичните училишта треба да формираат партнерски односи со училиште/училишта на друг наставен јазик за да може да ги реализираат? и продолжува со откривање и прочитување на наведените видови домени и активности. Завршува со констатацијата дека за реализација на сите видови активности за кои е неопходен контакт меѓу ученици и/или меѓу наставници од различни наставни јазици е неопходна соработка на еднојазичните училишта со партнерски училишта со друг наставен јазик. заеднички активности на наставниците заеднички активности со учениците професионална соработка меѓу наставниците

35 дво/тријазично училиште активности за промена
самостојни во соработка со еднојазично партнерско училиште сите видови заеднички активности заеднички активности на/со учениците Обучувачот ја парафразира првата реченица на слајдот на следниот начин: Да резимираме какви сè видови активности се очекува да се случуваат во повеќејазичните училишта! и продолжува со откривање на другите делови од слајдот еден по еден, дообјаснувајќи ги на следниот начин: на дво/тријазичните училишта не им е неопходна соработка со други училишта за да реализираат заеднички активности со етнички/јазично „мешани“ групи ученици и/или наставници сепак, и повеќејазичните училишта би требало да формираат партнерски односи со еднојазични училишта (особено со оние во кои наставата се одвива на јазикот на кој учи помал дел од учениците во повеќејазичното училиште), со цел да му овозможи на еднојазичното училиште да реализира заеднички активности со јазично „мешани“ групи, но и за да обезбеди заеднички активности за поголем број од своите ученици сите видови подготовителни активности заеднички активности на наставниците

36 соработка меѓу наставниците
Подобрување на состојбите во поглед на меѓуетничката интеграција на ниво на училиште: соработка меѓу наставниците Обучувачот го користи слајдот за да најави дека следи разгледување на стратегијата за внесување промени кои треба да ја подобрат соработката меѓу наставниците од различните наставни јазици.

37 работа во мали групи (10 мин.)
Во што (и колку) можат да придонесат активностите на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици? во дво/тријазичните училишта од партнерските училишта Подобрување на: односите меѓу наставниците односите меѓу учениците квалитетот на наставата Се формираат мали групи со учесници. Се најавува дека секоја група ќе добие работен лист кој ќе треба групно да го пополни. Во работниот лист се наведени повеќе облици на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици. Потоа се прочитува прашањето од слајдот и половина од групите добиваат задача да работат на соработката во рамки на дво/тријазичните училишта, а другата половина на соработката меѓу наставниците од партнерските училишта. Потоа се отвораат сферите на подобрување со објаснување дека секој од наведените облици на соработка во работниот лист ќе треба да се вреднува колку придонесува за да се подобрат... (се прочитуваат сферите на подобрување). При тоа, вреднувањето ќе се прави на скала од 1 до 5 каде 1 значи воопшто не придонесува, а 5 дека целосно придонесува. На групите им се делат примероци од работниот лист (РЛ: Соработка меѓу наставниците) и им се даваат 10-тина минути за работа пред да се премине на следниот слајд. работа во мали групи (10 мин.)

38 Заедничко планирање на часови 6. Размена на наставни материјали 7.
1. Учество во заеднички обуки за професионален развој реализирани од страна на домашни или странски експерти 2. Учество во заеднички обуки за професионален развој организирани и реализирани од страна на општината или самите училишта 3. Заедничка реализација на секции/проекти со етнички/јазично „мешани“ групи ученици 4. Заедничка реализација на активности со учениците посветени на мултикултурно разбирање 5. Заедничко планирање на часови 6. Размена на наставни материјали 7. Повремени меѓусебни посети за набљудување на часови Обучувачот ги отвора еден по еден наведените облици на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици. По отворањето на секој облик на соработка, прашува за што најмногу придонесува овој облик на соработка (На кој вид подобрување сте му дале највисока оценка?) во повеќејазичните, а за што во партнерските училишта. Доколку се случи различни групи да имаат екстремно различни оценки, обучувачот бара објаснување од групите (Зошто сте ја дале таа оценка?). При тоа се напоменува дека нема точни и неточни одговори, туку дека целта на вежбата е да се согледа низ кои сè активности наставниците од различните наставни јазици може да соработуваат на обострана (заемна) корист и на корист на нивните ученици, како и да се сфати дека наведените облици на соработка можат да имаат директно и индиректно влијание. 8. Заедничка подготовка на тестови 9. Заедничко прославување на празниците 10. Дружење за време на заедничките екскурзии и излети со учениците

39 Кои други облици на соработка се можни меѓу наставниците од различните наставни јазици во дво/тријазичните училишта? Реализација на заеднички часови со ученици од различните застапени наставни јазици Размена на опрема Заедничко решавање проблеми со учениците од било кој наставен јазик Заедничко одлучување на наставниците по сите прашања од интерес за училиштето Меѓусебно честење по повод Бајрам и Велигден или друг празник значаен за припадниците на одделна етничка/културна заедница Обучувачот го прочитува прашањето од слајдот, па еден по еден ги отвора и прочитува дополнителните облици на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици во повеќејазичните училишта. По секој прочитан облик на соработка, дава куси дообјаснувања или примери и прашува за што тој придонесува – за подобрување на односите меѓу наставниците, на односите меѓу учениците, или на квалитетот на наставата. Следат некои дообјаснувања или примери и очекувани одговори за секоја наведена точка на слајдот: 1) Заедничките часови можат да бидат по физичко, ликовно, информатика, англиски јазик и др., но секако не како што во некои училишта се практикува (учениците да делат само ист простор, а сосема одделено да ги изведуваат активностите),туку онака како што би требало да биде (со интеграција на учениците и наставниците). Ова би придонело кон подобрување во сите три сфери. 2) Наставниците можат да разменуваат секакви наставни помагала, опрема од кабинетите, справи и сл. Ова би придонело кон подобрување на квалитетот на наставата. 3/4) Кога има проблем од заеднички интерес, неопходно е да се вклучат сите засегнати страни бидејќи ако се одлучува заеднички, квалитетот на донесената одлука е повисок и последиците од неа се поприфатливи за сите. Ова би придонело кон подобрување на односите меѓу учениците и односите меѓу наставниците. Ова е највообичаениот облик на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици и самите наставници најчесто него го посочуваат кога велат дека соработуваат. Ова би придонело кон подобрување на односите меѓу наставниците.

40 работа во мали групи (10 мин.)
Како може да се искористат стручните активи за да се обезбеди соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици? во дво/тријазичните училишта од партнерските училишта Се најавува активност во истите мали групи со прочитување на глас на прашањето од слајдот и половина од групите добиваат задача да работат на тоа како може да се искористат стручните активи за да се обезбеди соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици во дво/тријазичните училишта, а другата половина меѓу наставниците од партнерските училишта. Дополнително се објаснува дека, при наведување како може да соработуваат преку стручните активи, треба да ги имаат предвид различните облици на соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици наведени во претходниот работен лист. Групите добиваат празен лист за запишување на идеите. Обучувачот напоменува дека треба да се размислува од аспект на тоа какви би требало да бидат стручните активи, а не какви се актуелно. По завршување на активноста во мали групи, секоја група го презентира сработеното. При тоа се повикува по еден претставник од групите кои работеле на истата задача наизменично да кажат еден начин на кој може да се обезбеди соработката, а обучувачот ги запишува (во резимирана форма) на флипчарт хартија и ги потенцира разликите во соработката на стручните активи меѓу партнерските училишта и дво/тријазичните училишта. На крајот, обучувачот заедно со учесниците, пленарно, резимира дека стручните активи се важни и можат да се искористат за да се обезбеди соработка меѓу наставниците од различните наставни јазици, но неопходно е да работат по однапред подготвена и усвоена програма и да одржуваат редовни формални и неформални средби. работа во мали групи (10 мин.)

41 заеднички активности на/со учениците
Подобрување на состојбите во поглед на меѓуетничката интеграција на ниво на училиште: заеднички активности на/со учениците (секции, мултикултурни работилници, спортски активности, приредби, екскурзии) Обучувачот го користи слајдот за да најави дека следи разгледување на стратегијата за внесување промени кои треба да придонесат за воведување заеднички активности на/со учениците од различните наставни јазици.

42 Заеднички цртеж Се најавува дека ќе се гледа видео клип што е снимен за да се покажат неколку клучни работи што треба да се имаат на ум кога се реализираат секции со „мешани“ групи ученици. Са наведува дека учениците се свесни дека се снимани и дека „глумат“ за да се покаже активноста, а како реализатори се јавуваат Филипина Негриевска, експерт во ПМИО и Сафет Балажи, координатор на модел училиштата во ПМИО. Се нагласува дека на видео клипот не е прикажана целата активност, туку само сегменти од активноста кои овозможуваат да се стекне впечаток за тоа во што се состои активноста и кака се реализира.

43 Соработка меѓу реализаторите?
Користење на јазиците? Заеднички продукт? Формирање групи? Атмосфера? Обучувачот ги отвара полињата едно по едно и ги чита во вид на прашања. Во дискусијата ги води учесниците до следните одговори: 1. Како се користат јазиците? не се преведува, туку се користи парафразирање со надополнување редоследот на јазиците се менува (заради рамноправен третман) се учат елементи на јазикот на другиот (броење) насловите на цртежите се пишуваат двојазично 2. Каква е соработка меѓу реализаторите? со оглед на тоа што не се преведува што едниот ќе каже, мора и претходно да соработуваат за да се подготват си даваат видлива поддршка во обезбедување учество на учениците и меѓусебно се надополнуваат 3. Како се доаѓа до заедничкиот продукт (цртежот)?  секој член од малата група подеднакво придонесува за крајниот продукт иако секој индивидуално придонесува во цртежот, заеднички го осмислуваат (се надополнуваат во цртањето и заеднички определуваат наслов) 4. Како се формираат работните (малите) групи? со случаен избор (влечење карти) – обезбедува спонтано „мешање“ 5. Каква е атмосферата во групата? пријатно, забавно и опуштено, но со структура и ред 6. За што може да се искористи оваа активност?  Како придонесува за меѓусебно запознавање? спонтано се запознаваат на индивидуално ниво, работејќи на заедничка задача Како придонесува за градење групна кохезија? на групите им е доделен идентитет (преку ознаките на картите) и секоја „мешана“ група се труди да направат добар продукт што ќе биде подобар од другите За што може да се искористи оваа активност?

44 Какви секции придонесуваат за меѓуетничка интеграција?
Какви секции придонесуваат за меѓуетничка интеграција? балансиран број ученици од различните јазични/етнички заедници ја водат наставници од секој застапен наставен јазик – може да учествуваат и родители се користат сите застапени наставни јазици што е можно порамноправно се одржуваат редовни средби во траење од 1-1,5 саат, еднаш неделно, во текот на најмалку едно полугодие темата/активноста заеднички ја бираат учениците од сите застапени јазични/етнички заедници се работи во мали („мешани“) групи се работи во атмосфера на соработка (натпревар е можен само меѓу „мешани“ групи) Обучувачот најавува дека ќе се презентира идеалниот модел на организација и реализација на заедничка секција со етнички/јазично „мешана“ група ученици кој директно произлегува од постулатите на „Контакт хипотезата“ на Олпорт. Истакнува дека во праксата може да се случи да има извесни отстапувања, но мора да се знаат последиците од тие отстапувања. Потоа отвора една по една точка, ја чита и ги прашува групите која алтернатива од работниот лист ја одбрале (прво за двојазичното училиште, а потоа за партнерските училишта), па бара објаснување за важноста на секој од предусловите: Балансираниот број ученици од различните јазични/етнички заедници овозможува сите да се чувствуваат еднакви, безбедни и сигурни. Потребно е да има по еден наставник од секој наставен јазик за да може комотно да се зборува на двата јазика и тие да претставуваат модел на соработка за учениците (ако секцијата ја води само еден наставник, може воопшто да не се вклучат ученици од другиот етникум, барем во почетокот). Наставниците се трудат да обезбедат што е можно порамноправна застапеност на јазиците (како во пишаните материјали, така и во устната комуникација), додека при работа во мали групи самите ученици спонтано го користат јазикот на кој се разбираат. За да се постигне ефект средбите треба да бидат чести, редовни и подолготрајни. На крајот се констатира дека и во повеќејазично училиште, и во партнерски училишта заедничките секции треба да ги почитуваат истите критериуми за организација и реализација.

45 макетарска секција Се најавува дека ќе се гледа нов видео клип што е снимен за да се покажат други клучни работи што треба да се имаат на ум кога се реализираат секции со „мешани“ групи ученици. Са наведува дека како учесници ќе ги видат истите ученици што беа снимани за претходниот клип, но овој пат, во дел од активностите „глумат“ (активноста за избор на проект што се реализирала во минатите средби, во реалноста се одвивала многу подинамично), но дел е автентично однесување (што се реализира тековно). Се нагласува дека и на овој видео клип не е прикажана целата работа во секцијата, туку само сегменти кои овозможуваат да се стекне впечаток за тоа во што се состојат активностите што се дел од реализација на секција, која трае најмалку едно полугодие. Она што, за жал, не може да се види е дека реализаторката-Македонка (професорка во училиштѕето) има елемантарно познавање на албански јазик што го стекнала самоиницијативно (учела на курс за да може барем да разбира).

46 Соработка меѓу реализаторите?
Соработка меѓу учениците? Третман на учениците од страна на реализаторите? Траење на активноста? Обучувачот ги отвара полињата едно по едно и ги чита во вид на прашања. Во дискусијата ги води учесниците до следните одговори: 1. Каква е соработка меѓу реализаторите? и пред и за време на секцијата се договараат се надополнуваат додека даваат инструкции/насоки за време на реализацијата на активноста 2. Каква е соработка меѓу учениците? Заедно планираат, заедно изведуваат секој учествува во крајниот продукт 3. Како се третирани учениците од страна на наставниците?  на сите, независно од која група (и етничка припадност) се , им се даваат стручни насоки 4. Колку мотивирани се учениците? повеќе средби еднаш неделно, со вкупно времетраење од една учебна година 5. Колку мотивирани се учениците? темата за секцијата (макетарство) е од интерес на учениците од двата наставни јазика изборот на макетата што ќе прават е договорена меѓу учениците 6. Какви се ефектите по меѓусебните односи? и реализаторите и учениците се запознаваат на индивидуално ниво (интерперсонална комуникација) и научуваат да соработуваат Мотивираност на учениците? Ефекти?

47 меѓуетнички интегрирана приредба
Пред да се пушти видеото, се најавува дека ќе биде прикажан исечок од приредбата одржана во октомври 2012 во ОУ Санде Штерјоски од Кичево по повод приемот на првачињата во ученичката организација. На учесниците им се посочува да внимаваат на елементите на интегрирана приредба кои беа посочени во претходната активност. По гледањето на слајдот обучувачот констатира дека е многу очигледно дека приредбата е одржана во скромни услови, без посебна подготовка на просторот, што покажува дека не е инвестирано во формата, туку во содржината преку која се испраќаат јасни пораки до учениците и до нивните родители во врска со заложбите на училиштето за меѓуетничко интегрирано образование.

48 Ефекти? Учесници? Јазици? Содржини/точки? Подготовка? Публика? етникум
пол Јазици? застапеност редослед Содржини/точки? за кого/што како Подготовка? траење како/со кого Обучувачот вели дека ќе продискутираат за приредбата низ неколку аспекти. Потоа го отвора деловите еден по еден и води куса дискусија за секој од елементите: во однос на јазиците, прашува кои јазици се користеле, каква била нивната застапеност (дали имало доминантна или рамноправна застапеност) и каков бил редоследот (и во пишаниот материјал и при говорењето/пеењето) водејќи ги кон заклучок дека јазиците се користеле рамноправно, а редоследот бил наизменичен; во однос на учесниците, прашува од кои сè етникуми имало учесници и какви биле по пол, со заклучок дека имало вклучени учесници од три наставни јазици и од сите етнички групи,што учат во училиштето, вклучувајќи и Роми; во однос на содржините и точките, прашува за кого се наменети содржините, што се одбележува со нив (дали поводот е заеднички ) и како се реализирани содржините/точките (дали се посебни – секоја етничка/јазична група настапува одделно или се интегрирани – со заедничко учество на сите); во однос на подготовката, прашува колку време било потребно да се направи оваа приредба и дали можел само еден наставник да ја подготви; дали учениците се подготвувале заедно или одделено, заклучувајќи дека неопходно било да има соработка меѓу наставниците од различни наставни јазици и повеќе заеднички проби на учениците; во однос на публиката, прашува кој сè е присутен во публиката во однос на структурите во училиштето (дали има и наставници и родители и други гости) и во однос на етничка припадност, и какви се нивните реакции, обединувајќи ги одговорите во заклучок дека во публика има претставници на сите структури и етнички/јазични групи од училиштето и сите заедно уживаат во приредбата. На крај прашува какви се ефектите од оваа приредба по меѓуетничките односи, со заклучок дека придонесуваат за зголемување на соработката и довербата Публика? застапеност реакции Ефекти?

49 Приредби Кога се мултикултурни?
вклучуваат содржини за различни културни/етнички заедници или во нив учествуваат припадници на различни културни/етнички заедници Кога придонесуваат за меѓуетничка интеграција? се подготвуваат заеднички изведбата е „мешана“ – со учество на припадници на сите застапени јазични/етнички групи содржините се или „неутрални“ или заеднички, или за секоја етничка заедница подеднакво рамноправно ги третираат сите јазични/етнички заедници – во застапеноста и редоследот на јазиците (и на содржините) Обучувачот ги открива и ги прочитува прашањата и точките од слајдот со цел да се потенцираат заклучоците од прикажаното видео. НАПОМЕНА: „неутрални“ содржини се оние кои се сметаат за поуниверзални и/или немаат никаква видлива врска со РМ (пр.: изведба на странска песна или на танц на популарна странска песна, драматизација за пролетта и сл.) заеднички содржини се оние кои се однесуваат на училиштето, на пошироката или на потесната заедница и се од интерес за сите или за повеќето етнички заедници (пр.: драматизација за односите во училиштето, лични творби на учениците на тема „Мојата земја“, изведба на оро што се игра во две или повеќе етнички заедници) „етнички“ содржини се оние кои се поврзани со идентитетот на конкретна етничка/културна заедница што живее во РМ (пр.: албанска народна песна, турско оро, рецитал за Гоце Делчев, ромска носија). На крај се напоменува дека презентираните стандарди се идеални стандарди кои се целосно остварливи само за повеќејазични училишта.

50 Мултикултурни работилници
секција со програма според посебни прирачници – еднаш неделно, во текот на најмалку едно цело полугодие со јазично/етнички „мешана“ група ученици ја водат двајца наставници двојазично – со подеднаков број ученици од два различни наставни јазици или еднојазично – со подеднаков број ученици од две етнички заедници што учат на ист наставен јазик Обучувачот ги отвора речениците од слајдоте една по една, проследено со следните дообјаснувања: Мултикултурни работилници е назив на посебна програма, која се спроведува како посебен вид секција – еднаш неделно , во текот на најмалку едно полугодие (за мултикултурни работилници не се сметаат оние настани што се реализираат еднократно или во неколку наврати, според програма што ја подготвиле самите наставници) За нејзино спроведување се нудат специјално подготвени прирачници наменети за реализаторите – содржат детален опис на активностите (слично на работилниците во програмата за образование за животни вештини) и ги вклучуваат работните материјали наменети за учениците. Програмата ја водат двајца наставници - или двојазично – кога работат со „мешана“ група ученици од два наставни јазика (не може од три, заради природата на активностите) - или еднојазично – кога работат со „мешана“ група ученици од две етнички заедници (најчесто Македонци и Роми)

51 Еднодневни акции и работилници
Еднократна средба на „мешана“ група ученици од различни наставни јазици кои прават нешто заедно (на пр., еколошка акција, цртање, изработка на украси, фудбалски натпревар...) Може да се однесуваат на било каква активност или содржина, но треба да водат кон заедничка цел/продукт и да поттикнуваат на меѓуетничка соработка Вклучуваат балансиран број ученици од различните јазични/етнички заедници и ги водат наставници од сите застапени наставни јазици Имаат ограничен ефект Обучувачот отвора една по една реченица од слајдот, проследено со следните дообјаснувања: кога се организира еднодневна активност со „мешана“ група ученици, со цел да се спроведе некоја заедничка акција или некоја работилница во вид на наставен или воннаставен проект (истражувачки или изведбен), тоа се смета за краткотрајна активност треба да се организираат според критериумите кои важат и за подолготрајните активности: – да водат кон заедничка цел или продукт и да поттикнуваат на соработка, исклучувајќи меѓуетнички натпревар – да се реализираат со групи кои се составени од подеднаков број ученици од различни наставни јазици (и по можност со подеднаков број ученици од различен пол) – да ги реализираат наставници од сите наставни јазици застапени во групата Иако се популарни (се организираат често, особено при гостувања), имаат помал ефект од подолготрајните активности (заради краткотрајниот контакт, кој не обезбедува интерперсонална комуникација)

52 Образование за животни вештини (1)
Како подготовка на учениците за прифаќање на заеднички активности на одделенски/класен час се реализираат работилници од релевантни теми за основните училишта најрелевантни теми се: - Интерперсонални односи - Општествени односи за средните училишта најрелевантни теми се: - Односи со другите - Одговорно граѓанство Обучувачот укажува на тоа дека работилниците од ОЖВ може да се спроведуваат и во еднојазичните и во повеќејазичните училишта како поддршка на активностите за меѓуетничка интеграција на повеќе начини. Еден од тие начини обезбедува подготовка на учениците за прифаќање на заедничките активности. Потоа го отвора преостанатиот дел од текстот на слајдот, го чита и дополнува, посочувајќи дека во рамките на наведените теми има работилници преку кои на прифатлив и безбеден начин се зборува за стереотипи и предрасуди, за прифаќање на различности, за разрешување конфликти, за ненасилна комуникација и др.

53 Образование за животни вештини (2)
Како поддршка во реализација на секција на дадена тема целите работилници се реализираат со етнички/јазично „мешана“ група кога се работи на било која тема што е застапена во прирачниците (на пр., на тема Личен развој, или Здраво живеење, или Однос со/кон животната средина или ...) работните материјали се подготвуваат на двата/трите наставни јазика на кои учат учениците што учествуваат во секцијата Обучувачот вели дека ОЖВ работилниците може да се реализираат во рамки на определена секција. Потоа го отвора останатиот текст од слајдот и го прочитува, проследено со следниот пример за илустрација: Во училиштето е формирана еколошка секција со „мешана“ група ученици од два или три наставни јазика. За да се подготват учениците да преземат конкретна акција која ќе биде суштинска, а не само формална (како чистење отпадоци во училишниот двор) или банална (како садење и одгледување цвеќиња), може прво заеднички да ги поминат работилниците од темата посветена на животната средина, па потоа да се договараат да прават нешто заеднички. На тој начин учениците од различните наставни јазици подобро ќе се запознаат, ќе ги персонализираат меѓусебните односи и ќе бидат поподготвени за заедничка акција.

54 Образование за животни вештини (3)
За меѓусебно запознавање и поттикнување кооперативна атмосфера при реализацијата на заедничките активности може да се користат воведните и завршните активности (во вид на игри) што се дел од ОЖВ работилниците како почетни активности во „мешаните“ секции или како активности за дружење на заедничките излети и екскурзии Обучувачот најавува уште една примена на содржините од ОЖВ, која овозможува да се олесни меѓусебното запознавање на учениците од различните наставни јазици и да се создаде кооперативна атмосфера при изведување на некои заеднички активности. Потоа го отвора и чита преостанатиот дел од текстот на слајдот и го дообјаснува, користејќи ги следните примери за илустрација: Ако училиштето организира секција за планинарење со група ученици од два/три наставни јазика, не може да се очекува дека, доколку групата веднаш се упати на планинарење, ќе функционира како „мешана“. Многу е подобро претходно учениците меѓусебно да се запознаат преку игри и да се создаде релаксирачка атмосфера која ќе ја поттикне соработката. Примери на игри за запознавање може да се преземат од прирачникот за ОЖВ. На ист принцип може да се искористат „игрите“ за смислено и целисходно искористување на слободното време на учениците за време на заедничките излети и екскурзии.

55 Соработка со/меѓу родителите Учество на родителите
по барање или по сопствена иницијатива индивидуално или групно преку соработка со наставници/родители од „својата“ етничка/јазична заедница или соработка со родители од „другата“ етничка/јазична заедница Обучувачот го отвара слајдот за да најави дека следи разгледување на стратегијата за внесување промени кои треба да ја подобрат соработката на родителите од различните наставни јазици со училиштето и да овозможат соработка меѓу родителите од различните наставни јазици. Потоа го поставува прашањето: „Какво сè учество може да имаат родителите во училиштето?“, па веднаш продолжува со отворање на трите дела и го чита текстот во нив. На крај заклучува дека секое учество на родителите е исклучително важно и драгоцено. Обучувачот го отвора последниот дел на слајдот со коментар дека, кој и да е облик на учество, не може да тече добро ако нема активен и фнкционален Совет на родители. Обучувачот додава дека наодите од истражувањето покажаа дека во училиштата е утврден Советот на родители како формално тело, но дека тој најчесто воопшто не е ниту активен, ниту функционален; доколку Советот на родители би бил активен и функционален, тогаш едно такво тело може да се очекува дека ќе ги анимира и другите родители – апел што доаѓа од Советот на родители може да се смета за попривлечен отколку оној од наставниците. Активен и функционален Совет на родители

56 во соработка со родители од другата етничка/јазична заедница
Што може училиштето да направи за да ги привлече родителите да се вклучат во активностите за меѓуетничка интеграција? во соработка со наставници/родители од својата етничка/јазична заедница во соработка со родители од другата етничка/јазична заедница Обучувачот најавува дека ќе се работи на стратегија на привлекување на родителите од различните наставни јазици да соработуваат со училиштето и меѓу себе на активностите кои придонесуваат за меѓуетничка интеграција. Секоја група добива задача да предложи два-три конкретни начини како може училиштето да ги привлече родителите за да се вклучат во активностите што придонесуваат за меѓуетничка интеграција. Секоја група добива по три празни листа хартија и по еден маркер за да може да ги запише (со големи букви) конкретните начини за привлекување на родителите. Додека групите работат, обучувачот води сметка тие да пишуваат многу конкретно што училиштето може да направи. По 10 минути, обучувачот ги собира предложените начини од сите групи, ги залепува на флипчарт табла и ги прочитува на глас. Доколку има потреба нешто од напишаното да се појасни, повикува претставник од групата која го понудила напишаното да даде дополнително објаснување. работа во мали групи (10 мин.)

57 Како училиштето да ги привлече родителите да учествуваат и да соработуваат?
ги анкетира родителите за прибирање информации за нивната подготвеност за вклученост во МИО ги вклучува во заедничко планирање на активностите континуирано ги информира за сите реализирани активности активно ја почитува нивната јазична/културна припадност организира социјални настани што активно ги вклучуваат родителите бара мислење од нив за сите прашања што се важни за функционирањето на училиштето и го зема предвид при одлучувањето Обучувачот започнува со констатацијата дека одговорноста за тоа што родителите се неактивни не е само нивна, туку дека може да му се припише и на училиштето. Исто така, не може да се очекува да се преземат некакви мерки и сите родители веднаш да станат активни – доволно е на почетокот да се привлече и помала група родители, која понатаму ќе се шири доколку училиштето продолжи да работи на привлекување на родителите. Потоа, обучувачот ги отвора една по една точките од слајдот, ги прочитува на глас и ги илустрира со примери: училиштето подготвува листа со заеднички активности кои има намера да ги реализира и бара родителите да се запишат во што сакаат да партиципираат по спроведена анкета на Училишната заедница, училиштето ги информира родителите за добиените резултати сите соопштенија/покани што им се упатуваат на родителите се напишани на сите наставни јазици застапени во училиштето по повод патрониот празник училиштето организира коктел на кој им доделува благодарници на родителите што партиципирале во заедничките активности училиштето бара мислење од родителите како да ги организира смените, без да ги раздвои учениците од различните наставни јазици.

58 за активностите во соработка со партнер училиштето
за активностите во самото училиште Планирање на конкретните МИО активности за активностите во соработка со партнер училиштето Обучувачот го користи слајдот за да им посочи на учесниците дека од наставниците-реализатори се очекува да го направат деталното планирање на конкретните активности што ќе бидат посочени во Годишната програма на училиштето. При тоа се потенцира дека планирањето треба да ги опфати и заедничките активности со партнер училиштето и самостојните активности што ги спроведува самото училиште, независно од партнер училиштето.

59 Секој учесник добива по еден примерок од РЛ: Критериуми за успешно спроведување на заедничките активности. Обучувачот го отвора слајдот и кажува дека тоа што го гледаат на овој слајд се само делови од работниот лист кој треба да служи како инструмент за следење и само- евалуација на наставниците кои реализираат заеднички активности. На работниот лист се дадени критериумите, групирани во три подрачја: (1) подготовка, (2) реализација и (3) промоција на заедничката активност. Освен тоа, има и дел со скала за самопроцена и дел за коментари, кој треба да им помогне на реализаторите и членовите на СИТ-от да стекнат увид во тоа колку успешно е планирана, реализирана и промовирана предвидената заедничка активност. Се напоменува и дека овој инструмент всушност преставува сумирано резиме на критериумите кои парцијално се спомнуваа при презентирањето на различните видови заеднички активности. На крајот се најавува дека овој работен лист ќе се користи како потсетник при планирање на активноста во следната вежба.

60 Структура на планот за конкретна заедничка активност
заеднички активности со јазично „мешани“ групи Структура на планот за конкретна заедничка активност Наслов на заедничката активност Цели на активноста Подготовка на наставниците за реализација на активноста Конкретни чекори за реализација на активноста каква воведна активност ќе претходи? што ќе прават учениците во текот на реализацијата? што ќе биде продуктот од активноста? 5. Презентација/промоција на заедничката активност Обучувачот најавува дека вежбата која ќе следи ќе бара секоја група да смисли и да испланира по една заедничка активност која треба да биде опишана според структурата дадена на слајдот, односно на РЛ: Планирање заедничка активност (секоја група добива примерок од работниот лист). Додека ги чита точките на слајдот, ги користи следните појаснувања: Се започнува со смислување на некоја активност на која и’ се дава наслов – не мора веднаш, туку може и на крајот Се определува целта заради која се спроведува активноста (целта мора да вклучува и потреба за обезбедување соработка меѓу учениците/наставниците од различни наставни јазици) Како ќе тече реализацијата на активноста (од што ќе се состои), при што е важно да се наведе кои активности за запознвање ќе се реализираат (кога се работи за заеднички активности со ученици) и до каков продукт ќе води Се планира и како ќе се промовира активноста: пред кого, на кој начин и сл.

61 заеднички активности со јазично „мешани“ групи
краткотрајни заеднички воннаставни активности со учениците (излети, екскурзии, прослави, гостувања ...) подолготрајни заеднички воннаставни активности со учениците (проекти-секции, мултикултурни работилници ...) заеднички активности со учениците во редовната настава (настава во природа, заеднички часови, проекти на редовни часови ...) професионална соработка меѓу наставниците заеднички активности на ученичката организација/ученичките организации Се отвораат и читаат (една по една) сите пет наведени активности на слајдот. На секоја група ѝ се доделува по еден број од 1-5 (со броење) со задача да смисли една конкретна заедничка активност што би можеле да ја спроведуваат или партнерските училишта заедно или повеќејазичните училишта самостојно (зависно од какво училиште доаѓаат), а која спаѓа во категоријата означена со бројот што ѝ е доделен. Активноста што ќе ја смислат треба да ја опишат на РЛ: Планирање заедничка активност, цело време имајќе ги предвид критериумите дадени во РЛ: Критериуми за успешно спроведување на заедничките активности. Групите имаат околу 30 минути да работат на задачата. За тоа време, обучувачот ги поттикнува да се придржуваат до критериумите за заеднички активности додека ја опишуваат активноста што ја смислиле). По завршување на задачата обучувачот бара од групите (повикувајќи ги согласно редниот број на активноста) да го презентираат планираното. По презентацијата, секоја група добива аплауз. Потоа, обучувачот дава повратна информација за соодветноста на понудената активност. НАПОМЕНА: Во услови кога има повеќе од 5 групи, на една иста категорија активности ќе работат две групи истовремено.

62 Следење на МИО активностите во училиште
Прво, обучувачот најавува дека следи претставување на МИО активностите што се очекува да се реализираат во училиштата во склоп на ПМИО и начинот на тоа како би требало самото училиште да ја следи и евидентира нивната реализација. Потоа објаснува дека доследното следење на активностите во училиштето има две цели: (1) да се обезбеди основа за сертифицирање на наставниците кои учествуваат во реализацијата на МИО активностите и (2) да се стекне увид во различните облици на учество на училиштето во ПМИО (за да може да се земе предвид придонесот на училиштето во подобрувањето на меѓуетничката интеграција во образованието). На крајот, секој учесник добива по еден примерок од РЛ: Следење на МИО активностите во училиштето, со напомена дека ќе биде претставен на слајдовите што следат.

63 Следење на МИО активностите на ниво на училиште
Активности Докази Број* Во Годишната програма е вграден Планот на активности за МИО, а визијата и мисијата се адаптирани според МИО Посебна информација во која се наведени страниците во ГП што ги содржат бараните промени (и ГП е ставена на располагање) Наставниците спроведуваат подолготрајни заеднички воннаставни активности со „мешани“ групи ученици од различни наставни јазици Посебен извештај за секоја активност, со опис на активноста, список на учесниците (учениците и наставниците) и фотографии од реализацијата Застапена е мултикултурна иконографија (сликовен и пишан материјал во холовите) Фотографии од иконографијата и списоци на учениците и/или наставниците што ја подготвиле Обучувачот појаснува дека на слајдот се дадени неколку исечоци од табелата што го претставува РЛ: Следење на МИО активностите во училиштето (по една активност од сите три групи). Исечоците треба да се искористат за да се објасни дека следењето се состои во обезбедување докази на начинот кој е наведен во работниот лист: кога се работи за активностите поврзани со планирањето за ГП, се бара училиштето да има подготвено информација за тоа каде точно во ГП се наведени визијата и мисијата и каде се вклучени планираните МИО активности. кога се работи спроведување на подолготрајните заеднички воннаставни активности, треба да се подготви посебен извештај за секоја реализирана таква активност, кој ќе содржи кус опис на активноста, фотографии од реализацијата и список на вклучените ученици и список на наставниците-реализатори. При тоа е важно списокот за наставниците да содржи податоци за нивниот пол и за јазикот на кој ја изведуваат наставата, а списокот на учениците, освен тие податоци (за пол и наставен јазик) и податоци за етничката припадност на секој ученик. кога се работи за застапеноста на мултикултурната иконографија, треба да се обезбедат фотографии и списоци на учениците и наставниците што учествувале во нејзината подготовка. За подготовката на списоците важат истите правила што беа претходно објаснети (и се наведени на крајот на слајдот). Во списоците на учесници се идентификува полот и наставниот јазик на учесниците, а за учениците и етничката припадност *Во колоната број се запишува бројот на спроведени активности по категории, и/или бројот на вклучени наставници, ученици и/или родители на ниво на училиште

64 Следење на МИО активностите на ниво на училиште (2)
Доказниот материјал се обезбедува на две нивоа: Училишно портфолио – ги содржи документите и извештаите од реализираните МИО активности Индивидуални портфолија – најмалку 70% од наставниците кои присуствувале на обуката за дисеминација собираат докази дека учествувале во реализација на активност за меѓуетничка интеграција во образованието Евиденцијата се води тековно – извештаите се подготвуваат веднаш по завршување на активноста. Обучувачот укажува на тоа дека на слајдот е прикажана напомената дадена на крајот од РЛ: Следење на МИО активностите во училиштето. Потоа го чита и појаснува напишаното: Во училишното портфолио се собираат сите документи и извештаи кои докажуваат дека се реализирани конкретни активности од наведените категории. Ова портфолио им се дава на располагање на менторите одговорни за училиштето и им служи како основа за спроведување на надворешно мониторирање (за пишување на нивните извештаи до ПМИО) Индивидуалните портфолија ги подготвуваат самите наставници кои учествуваат во реализацоија на една или повеќе од МИО активностите. Тие ги содржат бараните извештаи и служат за: (1) подготовка на училишното портфолио и (2) сертификација на наставниците Се посочува и дека информациите за активностите се прибираат постапно – не се чека на крајот на полугодието/учебната година, туку се подготвуваат непосредно по завршувањето на секоја конкретна активност. Така например, кога се работи за спроведување на подолготрајните заеднички воннаставни активности, кај последната колона „број“ се впишува бројот на такви активности реализирани во текот на полугодието и вкупниот број на наставници и на ученици вклучени во нивната реализација. На крајот, на учесниците, поделени во мали групи, им се даваат десетина минути за да ги разгледаат сите наведени активности и барани докази и да побараат објаснување доколку нешто не им е јасно

65 Што опфаќа процедурата за сертификација?
СЕРТИФИКАЦИЈА Се укажува дека наставниците, директорите и стручните соработници имаат можност да добијат сертификати како потврда и признание дека учествувале во ПМИО и се стекнале со компетенции кои придонесуваат за унапредување на меѓуетничка интеграција во образованието и се најавува дека на следниот слајд ќе се објасни процедурата за сертификацијата.

66 Што опфаќа процедурата за сертификација
Развој на компетенции за меѓуетничка интеграција и обезбедување евиденција за реализирани МИО активности - планирање и реализација на активности за меѓуетничка интеграција (и документирање на најдобрите примери од реализираните активности) Самоевалуација и рефлексија - анализа на сопствената практика и идентификување на аспектите за натамошен развој Формална евалуација за сертифицирање демонстрирање на компетенциите за реализација на МИО активности и евалуација на професионално портфолио Обучувачот го прочитува насловот на слајдот во вид на прашање: Што опфаќа процедурата за сертификација ? Потоа, една по една ги открива и прочитува главните точки од процесот на сертификација наведени на слајдот.

67 Што вклучува портфолиото за меѓуетничка интеграција?
Подготовки за реализација на самостојни и/или заеднички активности Продукти на ученици од реализацијата на активностите Фотографии и/или видео материјали од реализацијата на активностите Белешки од рефлексија/анализа на спроведени активности Објавени успешни практики во публикации/на веб сајтови Акциски истражувања и студии на случај поврзани со проверка на ефективноста на приодите за меѓуетничка интеграција Извештаи од одржани обуки и работилници за МИО (во улога на обучувач) Портфолиото за наставниците може да ги вклучи сите наведени точки, а портфолиото за директорите и стручните соработници ги вклучува точките од 4 до 7 Обучувачот го поставува прашањето на слајдот : Што вклучува портфолиото за меѓуетничка интеграција ? Потоа, еден по еден ги открива и прочитува на глас точките наведени на слајдот. На крајот посочува дека портфолиото за наставниците може да ги вклучи сите наведени точки, а портфолиото за директорите и стручните соработници ги вклучува точките од 4 до 7.

68 Критериуми за добивање сертификат за меѓуетничка интеграција во образованието за реализатори на активностите Учество во обуки за меѓуетничка интеграција Приложени докази во портфолиото за реализирани самостојни активности (подготвителни активности со ученици од еден наставен јазик) и заеднички активности (со ученици од два или три наставни јазици) Заедничките активности треба да се спроведат според критерииумите од ПМИО кои се однесуваат на три подрачја: (1) подготовка, (2) реализација и (3) промоција Обучувачот го чита насловот на слајдот во вид на прашање: Под кои услови наставниците што реализираат определена активност од доменот на меѓуетничката интеграција можат да добијат сертификати за својот ангажман? Потоа, еден по еден, ги открива критериумите наведени на слајдот, проследено со следното дообјаснување: За да може да спроведуваат активност за промена реализаторите мора да учествуваат во соодветни обуки. Реализаторите треба да подготвуваат портфолио со доказен материјал за реализација на самостојни и заеднички активности со учениците – портфолиото треба да ги содржи елементите наведени на слајдот (што обучувачот ги чита од слајдот). На крајот се открива последната реченица на слајдот и се чита на глас, со дообјаснување дека критериумите за заедничките активности се наведени во РЛ: Критериуми за успешно спроведување на заедничките активности. На учесниците им се напоменува дека попрецизен опис на критериумите и постапката за сертификација ќа им бидат дополнително доставени на училиштата.


Скинути ppt "Проект за меѓуетничка интеграција во образованието"

Сличне презентације


Реклама од Google