Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Национална конвенција за европската унија во република македонија

Сличне презентације


Презентација на тему: "Национална конвенција за европската унија во република македонија"— Транскрипт презентације:

1 Национална конвенција за европската унија во република македонија
РГ III - Правосудство и основни права „Механизми за ефективна борба против корупцијата“ Заштитеното пријавување како нов механизам за борба против корупцијата во Република Македонија Проф. д-р Александра Деаноска, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Скопје Скопје,

2 Од Поглавје 23...борба против корупцијата
Едно од клучните поглавја релевантни за оценка на напредокот во евроинтеграцискиот процес на РМ Комплексност – вкрстување на детерминантите „антикорупција“ и „правосудство“ Важност на заштитата од влијанија, притисоци и корупција во правосудството Тема: Механизми за ефективна борба против корупцијата Ефикасна или ефективна борба против корупцијата? Ефикасноста е неопходна, но не и доволна. Респонзивност, организираност, брзо постапување од страна на институцииите. Ефективноста како квалификатив за посакуваниот резултат. Дел од механизмите кои се во функција на ефикасна и ефективна борба против корупцијата се: Заштитеното пријавување (како предуслов за откривање на коруптивни дејствија - од „ситна“ до „висока“ корупција) Доследна примена на институтот конфискација на имот и имотна корист (со посебен акцент на случаите кога постојат фактички или правни пречки за кривично гонење – на пример: смрт, амнестија, помилување, застареност), Други.

3 Закон за заштита на укажувачите
Основна цел на Законот е воведување на системска заштита на лицата кои заради заштита на јавниот интерес пријавиле дека е извршено, се извршува или постои веројатност дека ќе се изврши казниво или друго недозволено или неетичко постапување, односно дејствие за кое кај нив постои разумно уверување дека е такво. Нов модерен инстумент во борбата против корупцијата во РМ. Закон за заштита на укажувачите, Сл.весник на РМ бр.196/2015 год. Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, Сл.весник на РМ бр. 46/2016 г. Правилник за заштитено надворешно пријавување, Сл.весник на РМ бр. 46/2016 г. -Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор, Сл.весник на РМ бр. 46/2016 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите, Сл.весник на РМ бр. 35/2018 год. Иако во примена од март 2016 година, овој закон не е имплементиран

4 Закон за заштита на укажувачите
Со Закoнот се уредува заштитеното пријавување во јавниот и приватниот сектор - ако во правното лице се вработени најмалку 10 лица Јавен интерес - заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на РМ, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеењто на правото и спречување на криминалот и корупцијата. Заштитено пријавување се врши во неколку облици/видови: заштитено внатрешно пријавување заштитено надворешно пријавување заштитено јавно пријавување

5 Видови заштитено пријавување
Заштитено внатрешно пријавување е тоа кое се врши во институцијата/правното лице за каде што укажувачот има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело или неетичко или друго незаконито или недозволено постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес. Заштитено надворешно пријавување е она кое укажувачот го врши до МВР, надлежен јавен обвинител, ДКСК, Народен правобранител или други институции доколку се исполнети определени услови/постојат определени околности. Заштитено јавно пријавување значи правење одредени информации да се јавно достапни. Дозволено е под определени услови (невоспоставена процедура за прием на пријави за ЗВП и ЗНП или ако тие не вродиле со плод или ако постои опасност од уништување докази/прикривање одговорност. Заштитата на личните податоци на пријавените лица, класифицирани информации, национална безбедност, одбрана, територијален интегритет, загрозување судска постапка.

6 Закон за заштита на укажувачите
Укажувач е лице кое со добра намера и со разумнао уверување (анонимно и доверливо) врши заштитено пријавување Категории на лица кои може да се јават како укажувачи се следните: лице кое има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата/правното лице за каде пријавува кадидат за вработување, кандидат за волонтер, или практикант во институцијата/правното лице за каде пријавува лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата/правното лице за каде пријавува лице по било кој основ е или било во деловен или друг однос на соработка лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа лице кое користи или користело услуги во институцијата

7 Заштита на укажувачот Законот за заштита на укажувачите гарантира заштита на податоците и идентитетот на укажувачот (кој може да се открие со судска одлука, известување на укажувачот) За тешки дела, укажувачот како сведок може да се вклучи во Програмата за заштита на сведоци На укажувачот и нему блиско лице му се овозможува заштита од повреда на право, при утврдување одговорност, санкција, престанок на работен однос, суспензија на работно место, распоредување на друго работно место кои е понеповолно, дискриминација или штетно дејствие или опасност од настапување на штетни дејствија заради извршено ЗВП, ЗНП или ЗЈП. Заштитата ја обезбедува институцијата/правното лице каде е извршено пријавувањето. Доколку не е обезбедена заштитата, укажувачот пријавува во ДКСК, Народниот правобранител, Инспекцискиот совет, МВР и до Јавното обвинителство кои постапуваат по пријавата согласно своите надлежности

8 Заштита на укажувачот Доколку и покрај преземените дејствија, повредата на правото на укажувачот или нему блиско лице продолжи, односно нема резултат, институциите најдоцна во рок од најмногу 8 дена треба да преземат други мерки, односно да покренат: Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење против одговорното лице на институцијата Иницијатива за поведување постапка за разрешување, распоредување, смена или други мерки на одговорност за избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица Право на судска заштита и надомест на штета која настанала како резултат на заштитеното пријавување

9 Зошто сѐ уште не функционира заштитеното пријавување во РМ?
Непознавање на овој институт (што се свиркачи, нелегално прислушување, СЈО, разлики и исклучување на одредени дела) Укажувачите и нивната улога (нејасна терминолошка поставеност, позитивна или негативна улога? Информатор, свиркач, кодош...) Скептицизам и недоверба во институциите. Не се создадени основни предуслови (awareness raising, поставување овластени лица, достапни материјали, обуки итн.)

10 Што е потребно да се направи?
Кај обуките за овластените лица е клучно лицата да стекнат вештини да препознаат/ разликуваат неетичко постапување, дисциплинска повреда, прекршок, кривично дело итн. Кај обуки/дисеминација на информации кај потенцијални укажувачи е клучно да се нагласи заштитата на укажувачите за пријави со добра намера и разумно уверување vis a vis одговорноста за лажно пријавување/ злоупотреба на овој механизам. Применлива/ефикасна и ефективна заштита (точно да се знае која институција за каков облик на заштита има надлежност). Потреба од конзитетност на правните акти. Пракса: Франција – проблеми со заштитата -укажувачи на кои им е возвратено со отказ, Шведска – губење/напуштање на работните места од страна на укажувачи, но постапувањето по пријавите вродило со ефект, Полска – некозистентност во делот на судската заштита – отсуство на правна сигурност)

11 Важност и очекувани придобивки од примената на заштитеното пријавување
Важност и очекувани придобивки од примената на заштитеното пријавување Делумно надминување на проблемот со темната бројка на корупциски дела (во најширока смисла) Корисна алатка за откривање на случаи на висока корупција „Помош“ за надлежните институции, посебно на јавното обвинителство во откривањето на ваквите случаи Очекуван резултат: специјална и генерална превенција (превентивно влијание на потенцијалот за непречено имплементирање на одредбите за заштитено пријавување и ефикасната заштита на укажувачите)


Скинути ppt "Национална конвенција за европската унија во република македонија"

Сличне презентације


Реклама од Google