Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ПРОЕКТ № CB “ПРОИЗВЕДУВАЈ ОРГАНСКИ – ПАКУВАЈ ЕКОЛОШКИ”

Сличне презентације


Презентација на тему: "ПРОЕКТ № CB “ПРОИЗВЕДУВАЈ ОРГАНСКИ – ПАКУВАЈ ЕКОЛОШКИ”"— Транскрипт презентације:

1 ПРОЕКТ № CB006.1.31.115 “ПРОИЗВЕДУВАЈ ОРГАНСКИ – ПАКУВАЈ ЕКОЛОШКИ”

2 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ПРОЦЕС НА СЕРТИФИКАЦИЈА?

3 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

4 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Процесот на сертификација обезбедува потврда од трета независна страна (акредитирано сертификациско тело) дека производните или преработувачите операции се во согласност со соодветниот баран стандард за органско производство. Потврдата што производот ќе го добие во системот на органско производство во кој систем на производство му се дава посебно значење на здравјето на растенијата и животните, превентивна борба со болестите и штетниците и контролирана употреба на дозволени инпути. Производот се следи и заштитува од контаминација од нива до трпеза, без оглед дали станува збор за суровина или финален производ со повеќе состојки.

5 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Што е резултат на процесот на сертификација Органските производители се издвојуваат од конвенционалните производители или од своите конкуренти со повисок квалитет на своите производи. Купувачите добиваат гаранција и кредибилна информација за производите кои се сертифицирани како органски.

6 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Акредитација Исполнување на стандардот EN – исполнување на техничка способност на сертификациско тело за вршење на сертификација. Секоја година се врши акредитација со која се овластува сертификациското тело за работа во наредната година.

7 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Сертификациските тела ја зајакнуваат врската помеѓу производителите и купувачите преку проверка на квалитетот на производите, а во согласност со претходно определениот стандард и вршат редовни контроли и проверки. Со издавањето на сертификатот се наведуваат сертифицираните производи кои им служат на купувачите како гаранција на понудените производи.

8 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Стандарди за органско производство ЕУ Регулативата бр. 2092/91 од 24 Јуни 1991 за органско производство на земјоделски производи Регулатива бр. 834/2007 од 28 Јуни 2007 за органско производство и обележување на органски производи  Регулатива бр. 889/2008 од 5 Септември 2008 детални правила за исполнување на регулативата бр. 834/2007 Регулатива бр. 354/2014 од 8 Април 2014 – дополнувања и корекции на регулативите бр. 889/2008 и бр. 834/2007 Регулатива бр. 2016/673 од 29 Април дополнувања и корекции на регулативите бр. 889/2008 и бр. 834/2007

9 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Други стандарди: NOP - National Organic Program – US standard for organic production JAS – Japanese Agricultural Standard – Japan standard Стандарди од приватни организации: Naturland – German standard 1982 Bioland - German standard 1971 Demeter – German standard 1928 for biodynamic production Bio Suisse – Suisse standard 1981

10 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Заклучок: Сертификацијата е сет на мерки за контрола на целокупниот тек на производство, а не само контрола на производот, но исто така се следи и начинот на складирање, начинот на пакување, транспорт, дистрибуција и чување пред финалната продажба на тој ист производ.

11 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Ако имате идеја и желба да станете сертифициран органски производител потребно е да ги следите следниве ЧЕКОРИ ДО СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОД: Чекор 1: Соберете што повеќе информации за органското производство преку сите можности што ви се на располагање: консултација со луѓе што веќе сертифицираат, со луѓе кои ги познаваат методите на органско производство и запознавање на органското производство преку медиуми – весници, списанија, интернет и сл.

12 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Чекор 2: Донесете одлука по кој стандард ќе сертифицирате (ЕУ Стандард, НОП, ЈАС, Нацинален стандард или некој друг по потреба и во зависност од условите и можностите за пласман на производите) – набавете го соодветниот стандард и добро проучете го! Консултирајте луѓе запознаени со стандардот во случај да има непознаници со стандардот.

13 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Чекор 3: Информирајте се кои сертификациски тела се акредитирани во земјата како и за цените за контрола и сертификација и направете калкулација и анализа. Имајте на ум дека сертификацијата на органските производители се врши годишно и дека важноста на сертификатот е 1 (една година). Во МКД добар сајт за информации за органско производство е на страната на МЗШВ

14 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Чекор 4: Контакт со избраната сертификациска куќа и пријавување за сертификација (пополнување на барање за сертификација). Чекор 5: Сертификациската куќа испраќа понуда со цена на сите трошоци за сертификација Чекор 6: Доколку за операторот одговара понудената цена за контрола и сертификација се потпишува договор помеѓу двете страни (сертификациската куќа и операторот).

15 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Чекор 7: Спроведување на контрола од страна на овластен контролор на сертификациската куќа – по договор кога одговара на двете страни. Операторот е должен да му овозможи непречен пристап до сите операции кои ги врши операторот, како и до сите документи поврзани со тие соодветни операции. Најчести документи потребни за контрола се: копии од имотни листови за земјишта, договори, мапи, скици, кај одгледувачите на домашни животни - листи со број на одгледувалиште и број на грла издадени од овластени институции, записи за производствениот тек итн. Контролорот е обврзан за тајност на сите информации што ќе се соберат во текот на контролата и без согласност на операторот не смее да ги споделува со никого.

16 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
При контролата: 1. Се прави прво разговор со барателот за сертификација или управител на фирмата и се прецизира контролата. 2. Се прегледува достапната и обезбедена документација (имотни листови, договори, скици, записи, листи со броеви на ушни маркици и сл.). 3. Се прави физичка проверка на површините (кај растително производство), на добитокот (кај сточарско производство), на процесот на производство (кај преработувачките капацитети) или на просториите кај се складираат и чуваат органските производи (во трговските претпријатија).

17 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
4. Се пополнуваат соодветни документи како ПОУ - План за Органско Управување или Профил на операторот, со сите информации поврзани со активностите и операциите за сертификација на органско производство. Овие документи ги пополнува операторот со оставени коментари за контролорот. 5. Контрола на книговодство (фактури – влез/излез, договори за купопродажба, фискални сметки и др.)

18 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
6. Контрола на други документи во зависност од производството како рецептури, листа на добавувачи, регистер на залихи итн. 7. По потреба земање на мостри (во сомнителни случаи или како дел од ненајавена контрола). 8. Завршен разговор со управителот 9. Дополнителни информации од други извори (надлежни институции - локални и национални и лица) за операторот 10. Пополнување на извештај од контролорот

19 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Физичка контрола Растително производство – се проверуваат површините, состојбата на почвата, насадите, начинот на справување со плевели, болести и штетници, како е регулирано наводнувањето, организирање на жетвата и постбербеното ракување, простории за складирање, опрема итн. Сточарско производство – се проверува бројната состојба на грлата, објектите каде се чуваат грлата, како и објектите каде се чува сточната храна, како се хранат – дневните дажби, превентивните мерки за здравствена заштита, здравствените картони доколку ги има и употребата на вакцината и лекарствата кои се користат при нивната здравствена заштита, со еден збор се проверува благосостојбата на животните и сите услови на сместување, хранење и здравствена заштита.

20 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

21 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

22 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Физичка контрола Преработка – се проверуваат објектите каде се преработуваат органските производи, прво начинот на прием на органски производи, начинот на складирање и условите за складирање (температура, влажност, изолација итн.), одвоеност од конвенционални производи, просторот и машините за преработка, како и пакувањето и просторијата и условите во тие простории каде се складираат преработените органски производи. Од документи се прегледуваат сертификатите на добавувачите и нивната валидност, етикетите, рецептурите по кои се преработуваат итн.

23 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Физичка контрола Трговија - се проверува како е извршен транспортот на робата, приемот на робата, каде се складираат органските производи, нивна одвоеност од соодветни конвенционални производи, условите за нивно чување и условите при нивна продажба. Од документи се прегледуваат сертификатите и нивната валидност .

24 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Мешани фарми – операторот има желба да дел од фармата ја сертифицира за органско производство, а има и останат дел кој не сака да ја сертифицира како органско производство. Пример има житарица која ја сертифицира и овоштарник кој не сака да го сертифицира. Во тој случај треба да има јасно одвојување на тие површини и производства едни од други, се контролираат и двете со јасни записи за активностите и употребата на било какви инпути и за едното и за другото производство.

25 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Времетраењето на контролата зависи од спремноста на операторот, т.е. од запознаеноста со барањата на стандардот, достапноста на сите потребни документи за преглед, организација околу прегледот на самите површини, насади, објекти, животни и сл. По завршувањето на физичката контрола контролорот пополнува Извештај од контролата каде се опишува видувањето на контролорот дали опишаните процедури се имплементирани во пракса и се во согласност со стандардот, дали има несоодветности и нивно наведување и кои корективни мерки треба да се спроведат во одреден временски рок за да се отстранат тие несоодветности и се дава предлог за издавање или неиздавање на сертификат на операторот.

26 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Консултации и совети – операторите често имаат потреба од разјаснување на некои делови од стандардот, како и информирање за некои новости во стандардот, како и објаснување на некои постапки при имплементација на стандардот во пракса. Сертификациското тело или контролорот не смее да дава совети или препораки (при купување на одредени производи за заштита на растенија, планови за плодоред, третмани на животни и сл.) затоа што се смета за конфликт на интереси. Сертификациското тело треба да му укаже на операторот дека некое средство за заштита на растенија на пример е одобрено за органско производство и е на листата за користење на одобрени препарати, но не смее да препорачува одредени средства, исто како и да дава листа на приватни консултанти но не и да препорачува одреден консултант итн.

27 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Чекор 11: Сертификација – процесот на сертификација го обавува лице или лица кои се задолжени и обучени за преглед на сите потребни документи и ги имаат сите релевантни информации за контролата на одреден оператор, а кои не се во исто време и контролори на тој оператор заради конфликт на интереси и кои донесуваат сертификациско решение. Во некои случаи има разни несоодветности и во случај да имаме поголеми нарушувања се предлагаат одредени санкции во зависност од сериозноста на тие несоодветности во исполнување на стандардот. Се дава и временски рок за отстранување на несоодветностите пред да се преземат соодветни санкции. Доколку не се отстранат тие несогласувања може да дојде и до одземање на сертификатот и раскинување на договорот со сертификациското тело.

28 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Растително производство Имотен лист/листови Договор за закуп – доколку нема сопственост Скица на парцелите Мапа на областа Записи – со датуми за сите полски активности – обработка на земјата, садење/сеење, ѓубрење, заштита, наводнување, жетва/берба, собрани количини по парцели, начин на транспорт, складирање и нивно чување. Документи (сметки, фактури) за потекло на семе/садници, ѓубре, заштитни средства, сточна храна, а за ризични култури (пченка, соја, компир итн.) не се со потекло од ГМО. Од сите документи се потребни копии.

29 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

30 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Сточарско производство Список со број на грла со ушни маркици издадена од официјална ветеринарна станица Пасоши на животните (кај крупна стока – говеда) Записи за активности на фармата со датуми (колку грла се родени, колку грла се продадени, шкартирани, записи за вакцинации и лечења на животните итн.) Скици за објектите за одгледување на животните, како и за чување на сточната храна. Скици/мапи за напасување на животните Договори со ЈП за Пасишта Доколку имаат и растително производство и сите документи за растително производство Потребни се копии од документите.

31 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

32 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Пчеларство Мапа на реонот со точна локација на пчеларникот (обележување на територијата на користење за пчелна паша, потенцијални извори на контаминација, извори на вода итн) Пчеларски дневник (опис на сите активности по датуми кои се извршуваат во пчеларникот како прегледи, прихрана, третмани – со што, количество на собран мед итн.) Документи за набавки и продажба (сметки, фактури за набавени материјали и продажба на мед)

33 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

34 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Преработка и трговија Решение за регистрација или тековна состојба Имотни листови за објектите Договори за закуп за објектите Опис на основна дејност на компанијата Документација на подизведувачи доколку ги има (складирање, преработка, пакување и транспорт) Регистер на влезни суровини и материјали за преработка, а кај трговците фактури за влезни купени органски производи Фактури/Приемници за набавени материјали и суровини ГМО декларации з суровините и помошните состојки кои се користат при преработката

35 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

36 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Преработка и трговија Дневник на преработка Рецептури Инструкции за персоналот кој е ангажиран во процесот на производство Листа на органски и конвенционални производи Копии од сертификати на добавувачите на органски суровини и материјали Копии од етикети за органските производи Регистер на залихи Фактури за продажба на органски и конвенционални производи

37 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Диворастечки растенија Дозвола за собирање Решение за регистрација или тековна состојба Доказ дека растенијата/плодовите кои се собираат не се на листата на загрозени видови Мапа на регионот со обележување на потенцијални извори за контаминација, доколку ги има Потврда за нетретирање од соодветна институција Опис на потенцијалот на секое растение кое се собира Спецификација на реонот на собирање

38 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Диворастечки растенија Организациона структура на компанијата Спецификации на собраните растенија/нивни ботанички имиња Одржливост – детален опис на собирање со период на собирање, количини, интензитет на собирање, како и методи на собирање Одговорност за собирање и контрола на собирачите Список на собирачи по региони Список на региони каде се врши собирање Доказ за спроведени обуки на собирачите за начинот на собирање Договор со собирачите

39 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Потребни документи за контрола и сертификација Диворастечки растенија Откуп и преработка Опис на сите операции (од собирање до продажба) со содветни одговорности, документи и етикетирање Детали за сопствена или договорна преработка (сушење,чистење, екстракција)

40 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Заклучок: Една од најважните работи која е потребна во органското производство е постоењето на ЗАПИСИ за сите активности во процесот на производство, преработка или трговија на органските производи со што се олеснува процесот на сертификација на органските производи.

41 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА

42 КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА


Скинути ppt "ПРОЕКТ № CB “ПРОИЗВЕДУВАЈ ОРГАНСКИ – ПАКУВАЈ ЕКОЛОШКИ”"

Сличне презентације


Реклама од Google