Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Пристап на логичка рамка

Сличне презентације


Презентација на тему: "Пристап на логичка рамка"— Транскрипт презентације:

1 Пристап на логичка рамка
Проектот е финансиски поддржан од Европска Унијa

2 Што е логичка рамка? Алатка за планирање и менаџирање на проекти
Помош во размислувањето во врска со проектот Овозможува партиципативно планирање Овозможува анализирање на информациите на организиран и структуриран начин Ги презентира клучните компоненти на проектот на концизен, логичен и систематски начин – табела

3 Дава одговор на прашањата:
Што ќе се постигне со проектот? Кои активности ќе се реализираат за да се постигнат резултатите и целите? Кои ресурси се потребни? Кои потенцијални проблеми можат да влијаат на успехот на проектот? Како ќе се мери и верификува напредокот и успехот на проектот?

4 Логичка рамка Општа Цел(и) Цел на проектот Претпоставки Активности
Предуслови Индикатори Извори за верификација Резултати Средства Трошоци

5 Интерпретација на логичката рамка
Логика на интервенција Средства за верификација Претпоставки/ Предуслови Индикатори Општа цел ТОГАШ Цел на проектот АКО ТОГАШ Резултати АКО ТОГАШ Активности АКО

6 Логичката рамка не е: Механичко пополнување на рубрики. Неопходно е разбирање и претходна детална анализа. Индивидуална вежба. Бара тимски процес за да биде ефикасна.

7 Логика на интервенција
Општа цел(и) Цел на проектот Резултати Активности

8 Елементи на логика на интервенција
Општа цел(и) Зошто е важен проектот? Социјална и/или економска долгорочна корист кон која придонесува проектот. Цел на проектот Зошто на корисниците им е потребен проектот? Придобивки за целната група од проектот. Што ќе биде остварено со проектот ? Продукти (производи, услуги) кои се реализирани со проектот. Резултати на проектот Што ќе направат проектот и учесниците? Активности што треба да се преземат за да се постигнат бараните резултати. Активности

9 Логика на интервенција
Оддоле према горе, се чита: АКО се осигурани средства (Inputs), можно е спроведување на активностите; АКО се спроведени активностите (Activities), можно е постигнување на резултати; АКО се постигнати резултатите (Results), ќе се оствари целта на проектот; АКО е остварена целта (Purpose), проектот ќе допринесе за остварување на општите цели (Overall Objective(s)).

10 Чекори во изработката на Логика на интервенција
Чекори во изработката на Логика на интервенција Дефинирајте ја целта на проектот – така да упатува на централниот проблем; Дефинирајте ја општата/ите цел(и) кон која допринесува целта на проектот; Кои резултати се потребни за да се постигне целта на проектот? Што треба да направи проектот и учесниците за да се постигнат овие резултати?

11 Предуслови и претпоставки
Тие се надворешни фактори Влијаат на нашата интервенција Ние не можеме да влијаеме на нив Се битни за постигнување на нашата интервенција

12 Претпоставки “Што е она што би можело да направи промени во спроведувањето на проектот или да влијае на неговиот исход, а да ние не можеме да влијаеме на тоа?” Дел се од вертикалната логичка матрица (ги поврзуваат пониските нивоа со повисоките)

13 Предуслови Предуслов е надворешен фактор кој мора да биде остварен за да се започне со активностите

14 Шема на влијание Логика на интервенција Претпоставки Претпоставки
Општа цел Претпоставки Цел на проектот Претпоставки Резултати Претпоставки Активности Предуслови

15 Проценка на надворешните фактори:
Дали е важен надворешниот фактор? Да Не Не го вклучувајте во логичката матрица Дали е веројатно дека ќе се реализира? (пр. преку друг проект) Речиси сигурно Веројатно Малку веројатно Не го вклучувајте во логичката матрица Вклучете го во логичката матрица како претпоставка Дали може да се преработи интервенцијата за да се влијае врз надворешниот фактор? Да, Преработете ја интервенцијата Додајте активности и/ или резултати - и/или променете ја целта Не, Претпоставката е “убиец” претпоставка. Од техничка гледна точка интервенцијата не е изводлива

16 Индикатори Европската Комисија ги дефинира показателите/ индикаторите како: “опис на целите на проектот во смисла на квантитет, квалитет, целни групи, време и место”

17 Зошто се потребни Разјаснување на карактеристиките на општите цели, целта на проектот и резултатите По објективно раководење со проектот Обезбедување основа за мерење на спроведувањето Помош при набљудувањето и оценувањето Забелешка: Често е нопходно да се воспостават неколку индикатори за една цел. Заедно тие ќе обезбедат валидни информации за постигнувањето на целите

18 Квалитативни и квантитативни показатели
Квалитативни и квантитативни показатели Квантитативни показатели Мерливи промени Број Фрекфенција Размер Отстапување Квалитативни показатели Видливи промени Став Однесување Способности Перцепција Квалитет на живот Ниво на разбирање Степен на подобрување An EU-funded Project Managed by the European Agency for Reconstruction 18

19 SMART (Паметни показатели)
Specific Специфични Се однесуваат на целта која ја мерат Measurable Мерливи Квантитативно или квалитативно Available Достапни Се добиваат во рамки на прифатливи трошоци Relevant Релевантни Земени се предвид потребите на проектниот тим за информации Time bound Временски определени Одредуваат кога може да се очекува постигнување на очекуваните вредности

20 Нивоa на индикатори Општа Влијание После 6 месеци
Општа Влијание После 6 месеци цел предприемачи го зголемило својот нето приход за најмалку 10 % Намера на Ефект После 3 месеци Проектот (reaction) предприемачи водат книговодство Резултат Оutput обучени 20 предприемачи Активност Акција одржана 1 обука

21 Показатели: Пример Резултат: Унапредена рекреативна инфраструктура на велосипедските патеки Индикатор (специфични): 15км обновена патека (мерлив) ... Која води од точка А до точка В (лоциран-релевантен) ... До месец x во годината 20XY (временски определен) Индикаторот е достапен: можно е едноставно да се провери од извештаите на под-договарачите на изведувачката фирма и месечните извежтаи на проектните партнери  Извори на верификација

22 Извор на верификација Извор на верификација - SOV: Внатрешен
Надворешен SOV мора да биде: Достапен Сигурен Cost – effective – Ефтин

23 Изворите на верификација специфицираат:
Како би требало информациите да се прибираат (на пр. од административни документи, специјални студии, и сл.) и/или извор на документот (на пр. Извештај за напредок, финансиски извештај за проектот, официјална статистика и др.) Кој би требало да ги прибира/пружа информациите (на пр. дополнителни теренски помошници, под-договорни тимови за анкетирање, регионален здравствен центар, проектен тим и др.) Кога/и колку често информациите би требало да се дистрибуираат (на пр. месечно, четворомесечно, годишно и сл.)


Скинути ppt "Пристап на логичка рамка"

Сличне презентације


Реклама од Google