Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

КНИЖЕВНОСТА И ДРУГИТЕ УМЕТНОСТИ :

Сличне презентације


Презентација на тему: "КНИЖЕВНОСТА И ДРУГИТЕ УМЕТНОСТИ :"— Транскрипт презентације:

1 КНИЖЕВНОСТА И ДРУГИТЕ УМЕТНОСТИ :
сликарство,фотографија,музика

2 Постојат многу литературни дела во кои главниот лик е некој музичар или сликар и обратно – ликовни творби или композиции кои биле инспирација за создавање на одделни стихови или прози. Во историјата на уметноста чести се примерите на двојни или повеќестрани таленти,па така, честопати се среќаваат комбинации на сликар кој е истовремено и поет,или писател-режисер, писател- музичар итн. Оттаму се и неминовните врски меѓу уметностите,кои најчесто се покажуваат на тематско и на стилско рамниште.Ова значи дека едни исти мотиви можат да се појават во разни уметнички форми како сликата,песната,скулптурата,филмот и и друго.

3 Поврзаноста на книжевноста со сликарството
Уште од антиката се согледува силната врска помеѓу книжевноста и сликарството. Во теоријата на литературата и во естетската теорија, а особено во реториката,позната е категоријата екфрасис (ekphrasis).Во античката реторика овој поим се третирал како евокативен опис при што сликата му претходи на текстот а денес се здобива со едно пошироко значење сведено на книжевно претставување на визуелната уметност.

4 Двата различни модели на екфрасис што ни доаѓаат од антиката главно се врзуваат,од една страна, за Хомеровиот опис на Ахиловиот меч создаден од Хефајст,од 8 книа на Илијадата, како и сродниот опис на Ахиловиот штит од 18 книга на Илијадата, и од друга страна, прозните описи на Филострат кој твори во Второто софистичко раздобје.Екфразата на неговите “Слики” (Eikones) се разликува од Хомеровата,затоа што кај Филострат се инсистира врз живото толкување на сликите додека пак, описот на Хомер, вниманието на читателот го сосредоточува врз самата слика на мечот или штитот на Ахил, при што е јасно дека претставувањето е примерно.Кај Филострат описот на сликите се спроведува преку нивното вивидно толкување.

5 Книжевноста и скулптурата
Во познатата студија “Лаокоон” од 18в. чиј творец е Готхолд Ефраим Лесинг, се говори за спецификите на сликарството како уметност на просторот и на поезијата како временска уметност. Тој ја споредува книжевната обработка на митот за смртта на Лаокоон во второто пеење на Вергилиевата Ајнеида со скулптурата на истиот мотив од првиот век п.н.е- Лаокооновата група од Полидор,Атенидор и Агесандер.При оваа споредба се искажал за литературата како медиум во кој доаѓа до израз проследувањето на дејствата, а за сликарството односно скулптурата го потенцирал значењето на статичниот опис.

6 Лаокооновата група

7 Визуелна поезија Уште од античко време па и денес, се среќаат творби кои припаѓаат на т.н. Визуелна поезија.Оваа поезија со својата смисла, сака да го поттикне читателот и со својот визуелен изглед, со начинот на кој е напишана, и со типографските елементи,односно начинот на кој е напечатена. Примери за ваква поезија се “Прстен” ( била напишана во облик на прстен), “Обетки” на македонскиот поет Јован Котески а посебно место заземаат Калиграмите на францускиот писател Гијом Аполинер.

8 "Обетки" – Ј.Котески

9 Поврзаноста на книжевноста со музиката
Односот меѓу литературата и музиката е особено развиен и комплексен.Тоа може да се забележи преку употребата на разни музички термини при толкувањето на одделни книжевни појави, на пример: ритам,лајтмотив и сл. Звучните ефекти им даваат посебна убавина на стиховите, но и на прозните дела.Но, сепак врската со музиката најдлабоко се чувствува во поезијата.


Скинути ppt "КНИЖЕВНОСТА И ДРУГИТЕ УМЕТНОСТИ :"

Сличне презентације


Реклама од Google