Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ИЗГРАДЕТЕ ГО ВАШИОТ LinkedIn ПРОФИЛ

Сличне презентације


Презентација на тему: "ИЗГРАДЕТЕ ГО ВАШИОТ LinkedIn ПРОФИЛ"— Транскрипт презентације:

1 ИЗГРАДЕТЕ ГО ВАШИОТ LinkedIn ПРОФИЛ

2 ВАШАТА ONLINE СЛИКА LinkedIn е професионална мрежа која ќе ви даде можност да воспоставите контакт со потенцијални компании кои се од ваш интерес, да им се претставите на клучни индивидуи кои можат да ви помогнат во добивање на работата која ја сакате, како и директно да ги следите потребите за вработени на компаниите кои ви се од интерес; LinkedIn се користи и за директно барање на потенцијални вработени, па оттука отвара можност вие да бидете најдени и директно контактирани од страна на работодавачите;

3 ВАШАТА ONLINE СЛИКА Последните истражувања покажуваат дека преку 70% од работодавачите ги истражуваат своите кандидати online пред да ги повикаат на интервју; Притоа, LinkedIn профилот е место од каде најчесто се црпат и се споредуваат информациите кои сте ги претставиле во вашето CV и мотивационо писмо; LinkedIn е местото каде работодавачите се обидуваат и директно да ги идентификуваат кандидатите кои им се потребни; Социјалните мрежи како Facebook, Instragram, Twitter пак служат за проверка на вашата личност како потенцијален вработен.

4 ВАШАТА ONLINE СЛИКА Овие сознанија треба да ви укажат на следново:
Добро составениот LinkedIn профил е клучен за градење на силна професионална мрежа која ќе го унапреди развојот на вашата кариера; LinkedIn ќе ви овозможи да се поставите на пазарот на вашата професија, како локално така и интернационално! Поведете сметка за информациите кои ги поставувате на останатите online мрежи, како и на нивната достапност за трети лица (дали можат да бидат видени од оние кои не ви се пријатели и сл..)

5 ВРЕМЕ Е ДА НАПРАВИТЕ ОДЛИЧЕН LinkedIn ПРОФИЛ!!!

6 1. Соодветно користење на клучни зборови
Навратете се на анализата на вашите клучни специфични вештини, размислете кои од нив најдобро ќе го искажат тоа кое сакате да го работите; Погледнете ги уште еднаш формулациите за овие клучни вештини од страна на работодавачите; Изградете листа на клучни зборови кои сметате дека се најчесто споменувани и најдобро го изразуваат она што вие сакате да го работите; Ова може да бидат називи на работни позиции или пак клучни аспекти од работата која сакате да ја работите.

7 1. Соодветно користење на клучни зборови
На пр. Маркетинг асистент: анализа на пазар, дизајн на продукти, copy-writing. Изберете околу 10 клучни зборови/фрази; Водете сметка тие да се повторуваат во различни делови на профилот. Поставете 3-5 од вашите клучни зборови/фрази во вашиот Headline!

8 1. Соодветно користење на клучни зборови
Headline во LinkedIn е вашиот опис кој стои под името. По автоматизам, LinkedIn го става вашето моментално работно место како Headline. Сепак имате можност да ја промените оваа опција и како Headline да поставите клучни зборови. Со оглед на тоа што пребарувањето во LinkedIn е оптимизирано да ги приоретизира зборовите кои се содржани во headline – от искористете го овој простор да се претставите со компетенции, вештини и работни места за кои сакате да бидете најдени;

9 2. Без фотографија или несоодветна фотографија
2. Без фотографија или несоодветна фотографија Доколку немате никаква фотографија, вашиот профил ќе биде листан како некомплетен. Исто така многу е веројатно дека при пребарувањата, ќе бидете прескокнати во полза на оние кои имаат фотографија. Фотографијата ќе биде важна и при воспоставување на контакти и ширење на вашата мрежа затоа што луѓето полесно ќе ве препознаат, а дури и да контактирате некој кој индиректно го познавате многу е поверојатно вашето барање за поврзување да биде прифатено доколку другата страна може да види со кого воспоставува контакт. Несоодветна фотографија значи непрофесионална фотографија – LinkedIn не е Facebook и не е место каде што треба да ставите слика од вас на плажа, со мокра коса или со вашето милениче. Ставете фотографија која го прикажува горниот дел на телото, на бела/светла позадина. Погрижете се на фотографијата да делувате уредно. Формална облека е најдобар избор за овој тип на фотографија.

10 3. Некомплетен профил Ако вашиот профил не е комплетен, тоа значи и полошо рангирање при пребарувањата на LinkedIn. Исто така значи и дека LinkedIn автоматски ќе бара од вас информации за клучните делови од профилот секогаш кога ќе се логирате. Што треба да има во еден профил за да е 100% комплетен: Индустрија и локација Моментално работно место (со опис на истото) Две претходни позиции (доколку е ова ваша прва работа, можете да ставите краткорочни ангажмани или волонтерски позиции) Образование; Вештини (минимум 3); Фотографија; Барем 50 конекции.

11 3. Некомплетен профил Доколку немате моментално работно место вашиот профил ќе се води како 95% комплетен. Една опција е во ова поле да наведете ваше посакувано работно место, и да додадете дека сте отворени за нови можности. Ако се одлучите сепак да го оставите празно, 95% комплетиран профил секако подобро ќе котира отколку профил на која фалат поголем дел од наведените информации;

12 4. LinkedIn URL LinkedIn автоматски генерира URL адреса за секој профил кој е креиран. Оваа адреса претставува линк до вашиот профил кој можете да го ставите како дел од вашата визит карта, во вашето CV или пак во вашиот потпис кога испраќате пораки. Затоа е важно истиот да не изгледа вака:

13 4. LinkedIn URL Вашиот URL ќе го најдете под фотографијата на вашиот профил од каде можете да одберете да го промените. Ликот за уредување на URL ќе ве однесе на друга страна каде треба да изберете : Customize your public profile URL; Овде директно можете да внесете што сакате да се појавува во вашиот URL. Оваа опција прифаќа само мали букви, без посебни карактери така што обидете се со име-презиме, а доколку е зафатено пробајте презиме-име, прва буква од името итн.. Во секој случај ќе биде подобро од претходно :)

14 6. Препораки Добро напишани препораки, кои доаѓаат од релевантни лица (колеги, претпоставени, клиенти) се особено важни за впечатокот кој ќе го остава вашиот профил. Ова не е време да бидете срамежливи, контактирајте ги оние кои сметате дека можат да ви дадат препорака и замолете ги да го сторат истото. Сигурна сум дека ќе наидете на одличен одѕив!

15 6. Препораки Како да побарате препорака?
Со курсорот застанете на вашата фотографија во горниот десен агол на екранот. Ќе ви се отвори паѓачко мени од каде треба да одберете: Privacy & Settings → Manage. На страната на која ќе ве одведе, под табот Profile, ќе најдете Helpful links и оттаму изберете Manage your recommendation; На следниот екран одберете Ask for recommendations. Доколку добиете препорака која не ви се допаѓа, секогаш имате можност да побарате промена во истата или едноставно да не ја поставите на вашиот профил;

16 7. Број на конекции - 500 Ако сте сериозни околу користење на вашиот профил за унапредување на кариерата, треба да си поставите за цел да стигнете до магичните 500 конекции. ЗОШТО? LinkedIn го прикажува точниот број на конекции додека не стигнете до 500, сѐ над тоа е означено со 500+; Ова остава слика за вас како некој што има добро развиена професионална мрежа;

17 7. Број на конекции – 500+ Доколку немате барем 500 конекции тоа што ќе го споделите ќе биде достапно за ограничена публика, но уште повеќе, при пребарувањата, LinkedIn пребарува до 2ро ниво на конекции – така колку помалку конекции имате толку е помала веројатноста некој кој не е директно поврзан со вас да ве пронајде. Оттука секоја конекција плус, особено со лица со добро развиена професионална мрежа ја зголемуваат веројатноста дека ќе се појавите во пребарувањата.

18 7. Број на конекции – 500+ Како да го зголемите бројот на конекции:
Обратете им се оние кои ги познавате – би било добро доколку напишете индивидуална порака за поврзување, дури и да тоа една реченица, отколку автоматски генерираната порака на LinkedIn. Разгледајте ги контактите на вашите конекции – сигурно ќе најдете уште некој кој го познавате. LinkedIn автоматски ќе ви сугерира контакти кои можеби ги знаете преку People you may know. Можете да им пристапите на лица кои се посебно интересни за вашиот профил – на пр. Регрутери и слично и да побарате поврзување.

19 8. SUMMARY Ова е особено значаен дел од вашиот профил!
Тоа е затоа што е делот кој прв паѓа во очи и каде оние кои го разгледуваат вашиот профил ќе посветат најголемо внимание. Исто така клучните зборови вклучени во овој дел котираат повисоко при пребарувањата, па оттука даваат можност полесно да бидете најдени. При пополнувањето на Summary, од голема корист може да ви биде делот од комбинираното CV кое претходно го изработивме.

20 8. SUMMARY Што треба да се содржи во Summary?
Вашите клучни компетенции, вештини, достигнувања и искуства, формулирани како завршени задачи и достигнувања. Водете сметка за клучните зборови и осигурајте се дека често ќе ги користите за да ја зголемите можноста да бидете пронајдени преку пребарувањата.

21 9. Опис на работни места Описот на вашите задачи и достигнувања на моменталното и претходните работни места е значајно за да бидете полесно најдени, но и за потенцијалните интересенти да добијат јасна слика за сите ваши искуства и вештини. Исто како и кај CV то и во овој дел е особено важно да вклучите што е можно повеќе аргументи за вештините кои тврдите дека ги поседувате – размислувајте во насока на достигнувања, а не тоа што сте го работеле. Достигнувања можат да бидат: успешно завршени големи проекти, настани, работа за големи интернационални клиенти, докази за унапредување на работата на организацијата како разултат на вашите напори, награди и сл.

22 10. Уште неколку совети Колку поисполнет е вашиот профил со информации, толку е поголема веројатноста истиот да биде забележан при пребарувањата. Внесувањето повеќе информации значи и внесување на повеќе клучни зборови кои ќе направат да бидете полесно најдени. Не заборавајте да го пополните делот со вештини, како и да ја активирате можноста да бидете препорачани (Endorsed) за вештините кои ги имате – ова е различно од препораките за кои претходно зберувавме. Додека првите се пишани искази од искуството што некој го имал во соработката со вас, Endorsement е можноста вашите контакти да потврдат дека имате извесна вештина од делот на вештини кои вие веќе сте ги навеле, или пак да додадат нова.

23 Вашиот LinkedIn профил е вашата виртуелна професионална слика.
Искористете ја најдобро што можете!!!

24 Оваа обука се реализира во рамки на проектот ‘Е-Регион: Можност за развој’, реализиран во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007 E-Region: Development Opportunity 2007CB16IPO


Скинути ppt "ИЗГРАДЕТЕ ГО ВАШИОТ LinkedIn ПРОФИЛ"

Сличне презентације


Реклама од Google