Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ

Сличне презентације


Презентација на тему: "ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ"— Транскрипт презентације:

1 ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ
Проф. д-р Зоран Ивановски Асс. М-р Христина Анастасиевска Танеска

2 Во различните етапи од развојот на банкарскиот систем постоеле и различни разбирања за поимот и дефиницијата на банките. Денес за разлика од претходниот период банката се дефинира како акционерско друштво со сите права и обвсрки кои произлегуваат од типот на таквото организирање.

3 Банката претставува правно лице чија основна дејност е прибирање на депозити и нивно целосно, или делумно пласирање во кредити и други инвестиции за нејзина сметка со цел остварување на добивка (профит).

4 Законодавствата на развиените замји во поглед на статусниот облик на банките и нивните промени содржат различни решенија. Има земји во кои статусниот облик на сите правни лица, па и на банките, се дефинира со други прописи, како, на пример, закони за друштва, закон за претпријатија и сл., а во законот за банките се уредуваат само целите, функциите и видовите на банкарски работи. На пример, во Англија, познатиот Banking Act од 1987 година го регулира само описот на банката. Францускиот закон за банките и кредитните институции, ги дефинира и нивните активности, правилата и контролата врз работењето, заштитата на депонентните и должниците, како и казнените одредби. Во овој закон се исклучува можноста банката да се организира како друштво со ограничена одговорност, што самото по себе подразбира обврска, банката да се организира и дефинира како акционерско друштво. И во германско законодавство изрично се бара, банката да биде организирана како акционерско друштво.

5 Во периодот од политичкото и монетарното осамостојување на Република Македонија до денес, банкарското законодавство во нашата земја постигна голем степен на компатибилност со банкарското законодавство од земјите членки на Европската унија. Според Закнот за банки на Република Македонија, под терминот банка се подразбира правен ентитет со дозвола за работа од гувернерот на Народна банка чија основна дејност е прибирање депозити и други приносни извори на средства од јавноста и нивно целосно или делумно пласирање во вид на кредити или други инвестиции во свое име и за своја сметка. Банката се основа како акционерско друштво која добила дозвола од Народната банка да извршува банкарски работи.

6 ОСНОВАЊЕ НА БАНКА Според законските прописи на Република Mакедонија, банка може да основаат домашни и странски правни и физички лица, додека странска банка може да основа подружница. Банката се основа со донесување одлуки за основање на банка од страна на основачите на банката и со вложување на средства во основачкиот капитал на банката. Дозвола за основање и работење на банките издава гувернерот на Народна банка.

7 Лицата кои имаат намера да основаат банка поднесуваат барање до Народната банка за издавање дозвола за основање и работење на банка. Постапката за основање на банка ја започнуваат заинтересираните субјекти (правни и физички лица) преку формирање на основачки одбор на банката. Основачкиот одбор има задача да ги подготви предлог – актите и тоа: одлуката за основање на банката; статусот на банката и да изготви елаборат за економската оправданост за основање на банката.

8 Во елаборатот подетално се наведуваат целите и функциите на работењето на банката: името и седиштето на банката, заштитниот знак на банката, местото на работењето, големината на деловниот простор со кој располага банката, видот на техничката опременост, кадровската екипираност на банката и сл. На крајот се дава оценка односно проекција на работењето на банката од која ќе се види нужноста за нејзиното основање.

9 Според Законот за банки на Република Македонија, банка се основа со почетен капитал од денари. Потребно е да се потенцира дека почетниот капитал на банката и сите натамошни зголемувања на почетниот капитал мора да бидат само во паричен облик и да бидат уплатени во целост. Во Трговскиот регистар целосно уплатениот почетен капитал се впишува како основна главнина, но не се применува обврската од Законот за трговските друштва за задолжително наведување на висината на основната главнина во меморандумот.

10 Вкупниот номинален износ на приоритетни акции без право на глас во банка не може да биде поголем од 10 % од вкупниот номинален износ на вкупните акции на банката. Исто така, на банките не се применува одредбата од Законот за трговските друштва за случаите кога приоритетните акции без право на глас даваат право на глас. Кон барањето за издавање дозвола се приложуваат следниве документи, податоци и информации: предлог – акт за основање; стратешки и оперативен план на банката со проекција на финансиските извештаи за следните пет години; предлог име на банката; висина на почетниот капитал и изјава дека истиот ќе биде уплатен; извори на средства за уплата на почетниот капитал; потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;

11 идентитет на лицата кои имаат намера да основаат банка и бројот на акциите на секој од нив;
доказ за финансиската состојба на лицата кои имаат намера да основаат банка; идентитет, образование, искуство и професионална историја на предложените членови на надзорниот и управниот одбор; организациона структура на банката; системи за внатрешна контрола и за управување со ризиците; финансиски активности што ќе ги врши банката; докази за неосудуваност и информативен систем и техничка опременост на банката.

12 Правните лица кои имаат намера да стекнат квалификувано учество во банка, покрај претходно наведените документи, податоци и информации, со барањето доставуваат и: извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице; акт за основање и список на членови на органите на управување на правното лице; список на лица кои во правното лице поседуваат, директно или индиректно, повеќе од 10% од акциите, односно уделите и список на правни лица во кои правното лице поседува, директно или индиректно, повеќе од 10% од акциите, односно уделите со финансиски извештаи за последните три години.

13

14 Странска банка и/или странско лице со учество во странска банка кои имаат намера да стекнат контрола во банка, покрај горе наведените документи, податоци и информации за основање и за стекнување на квалификувано учество во банката, кон барањето за издавање дозвола за основање и работење приложуваат и: извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на странската банка и/или странското лице со учество во странската банка; доказ дека странската банка е овластена за прибирање на депозити и други приносни извори на средства во земјата во која е регистрирано седиштето на банката; мислење од надлежните органи на земјата во која е регистрирано седиштето на странската банка во врска со стекнувањето контрола во банката и доказ дека надлежниот орган на странската банка практикува адекватна супервизија на консолидирана основа, најмалку на начин и во обем пропишани со овој закон.

15 По доставеното барање за основање на банка или за стекнување квалификувано учество во банката, гувернерот донесува решение за издавање на привремена дозвола или за одбивање на барањето во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на барањето. Во рокот од 90 дена не се пресметуваат роковите кои ги определува гувернерот за комплетирање на поднесеното барање и периодот од поднесување на барање од страна на гувернерот до надлежни домашни и странски органи и институции за добивање документи, податоци и информации потребни за одлучување по барањето, при што од денот на поднесувањето на барањето до денот на одлучувањето на гувернерот по истото не можат да поминат повеќе од 180 дена.

16 При одлучувањето, гувернерот оценува дали банката ќе биде организирана и способна да работи согласно со прописите, пропишаните супервизорски стандарди и начелата на транспарентност и сигурност, дали ги исполнува стандардите за корпоративно управување и управување со ризиците, ги оценува квалификацијата, искуството и репутацијата на предложените членови на надзорниот одбор, управниот одбор и реалноста на стратешкиот и оперативниот план и проекцијата на финансиските извештаи.

17 Во привремената дозвола се наведуваат условите што треба да ги исполни банката за добивање дозвола за основање и работење, и тоа: уплата на почетниот капитал; изработка на статут; предлог на лицата со посебни права и одговорности, освен за членовите на надзорниот и управниот одбор со информации за нивниот идентитет, образование, искуство и професионална историја; план за вработување со квалификациона структура и обука на персоналот на банката; изнајмување или купување на деловен простор и опрема за работа и воспоставување на оперативен систем; изработка на политики и процедури за работење на банката во писмена форма и ангажирање на Друштво за ревизија.

18 Банката е должна да ги исполни условите наведени во привремената дозвола во рок од 180 дена од издавањето на самата привремена дозвола за што поднесува писмени докази до Народната банка. Врз основа на оцената за усогласеноста на банката со условите содржани во привремената дозвола, гувернерот одлучува со решение за издавање на дозвола за основање и работење на банка или за одбивање на барањето во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на писмените докази за основање на банка.

19 Во рокот од 60 дена не се пресметуваат роковите што ги определува гувернерот за комплетирање на доказите и периодот од поднесувањето на барањето од страна на гувернерот до надлежни домашни и странски органи и институции за добивање документи и информации потребни за одлучување, при што од денот на поднесувањето на доказите до денот на одлучувањето од страна на гувернерот по истото, не можат да поминат повеќе од 90 дена. При одлучувањето, гувернерот оценува дали банката и понатаму ги исполнува условите врз основа на кои била издадена привремената дозвола за што може да бара нови докази, документи и информации.

20 Решението за издавање дозвола за основање и работење со банката содржи:
име и седиште на банката; име, презиме и адреса на физички лица, односно име и седиште на правни лица кои запишале и уплатиле акции, со номинален износ и број на запишани и уплатени акции; износ на почетниот капитал на банката; финансиски активности што може да ги врши банката и согласност на статутот на банката.

21 Банката стекнува својство на правно лице со упис во трговскиот регистар што се води кај Централниот регистар. Пријава за упис во трговскиот регистар се поднесува во рок од 15 дена од денот на усвојувањето на статутот. Кон пријавата за упис во трговскиот регистар се поднесуваат: статут на банката; решение за издавање дозвола за основање и работење на банката; доказ дека се уплатени паричните средства на име почетен капитал на привремена сметка кај носител на платниот промет, односно доказ дека странското лице ги уплатило девизните средства на посебна сметка кај Народната банка и други документи согласно со прописите за упис во регистарот. Во случај на зголемување на почетниот капитал, банката е должна до Централниот регистар да достави пречистен текст на статутот во рок од осум дена по донесувањето на одлука за измени и/или дополнувања на статутот од страна на собранието на банката. Во трговскиот регистар се запишуваат и деловите на банката во согласност со прописите за упис во трговскиот регистар.

22 Акционер на банка може да стане домашно и странско правно или физичко лице. Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице: против кое е поведена стечајна постапка; кое е осудено со казна затвор за кривично дела од областа на банкарството и финансиите; на кое му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење професија, дејност или должност; кое не поседува репутација со што може да биде загрозено сигурното и стабилното работење на банката и кое не ги почитува одредбите од Законот за банки и прописите донесени врз основа на овој закон и/или не ги спроведувало или не ги спроведува и/или постапувало или постапува спротивно на мерките изречени од гувернерот, со што биле или се загрозени сигурноста и стабилноста на банката и нејзините доверители.

23 ФИНАНСИСКИ АКТИВНОСТИ И ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА НА БАНКАТА
Со постојната законска регулатива, банката претставува пазарен субјект организиран врз принципите на акционерското друштво, при што грижата за остварените финансиски резултати односно добивката претставува основен мотив на банката за донесување на сите видови одлуки поврзани со раководењето со средствата на банката. Гледано од аспект на финансиските активности на банките, постојната законска регулатива во Република Македонија промовира универзален тип на банки или т.н. банки од општ тип. Банката може да работи во свое име и за своја сметка, во свое име за сметка на други лица и од име и за сметка на други лица.

24 Според Законот за банки, банките можат да ги вршат следниве активности:
прибирање на депозити и други приносни извори на средства; кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции; кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции; издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меници); издавање на електронски пари, доколку е уредено со посебен закон; финансиски лизинг; менувачки работи;

25 платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи;
брз трансфер на пари; издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување; изнајмување сефови, остава и депо; тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови, сертификати за депозит); тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали; тргување со хартии од вредност; тргување со финансиски деривати; управување со средства и портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти; давање услуги на банка – чувар на имот; купопродажба, гарантирање и пласман на емисија на хартии од вредност; посредување во продажба на полиси за осигурување; посредување во склучување договори за кредити и заеми; обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица; економско-финансиски консалтинг и други финансиски активности утврдени со закон што може да ги врши банка.

26 Банките се должни, со актите на деловната политика на банката, поблиску да ги утврдат условите и начинот на вршењето на овие работи. Банката не може директно да извршува работи од областа на индустријата, трговијата или други нефинансиски активности. Со цел да се избегнуваат злоупотребите во финансиското работење банките се должни за сите штедни влогови (денарски и девизни) на физичките лица да издаваат штедни книшки. Во спротивно, Народна банка, со решение го укинува делот од дозволата што се однесува на прибирање штедни влогови. Исто така банките се должни да се заштитат од перење пари со тоа што секоја сомнителна трансакција се пријавува во Дирекцијата за спречување на перење пари.

27 Деловната политика на банките е основен документ со кој се утврдуваат мерките и активностите за остварување на целите предвидени во годишниот план на банката за престојната година, во рамките на деловниот план за развој на самата банка за даден временски период. Ефикасната реализација на деловната политика дава реална основа за натамошно проширување како на обемот, така и квалитетот на работењето со доследно почитување на основните банкарски принципи: принцип на ликвидност; принцип на сигурност на пласманите; принцип на солвентност и принцип на рентабилност.

28 Во рамките на деловната политика, генерално позначајни сегмент се следниве:
Политика на управување со кредитното портфолио која го вклучува следново: јасно разграничени овластувања за одобрување на кредитите, видови на кредити што се одобруваат, параметри за диверзификација на кредитите по видови, дејности и подрачја, лимити за кредитна концентрација, упатство за кредитирање на внатрешни лица, содржина на кредитните барања, кредитна анализа и критериуми за одобрување на кредити, практики за администрирање на кредити и процедури за следење на усогласувањето со законската регулатива и интерните политики поврзани за кредитирањето.

29 Политика за управување со средствата – оваа политика треба да вклучи: насоки за одржување на адекватно ниво на ликвидност, лимити за пораст на активата на банката врз основа на расположивиот капитал, поволни извори за повлекување на средства за инвестирање, лимити за вонбилансна изложеност и сл. Политика за инвестирање – оваа политика треба да ги определи основните видови на инвестиции кои може да ги прави банката од аспект на квалитетот, рокот на доспевање и можноста за конвертирање на инвестицијата во готовина. Политика за етички стандарди на однесување за членовите на Управниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности, како и вработените во банката

30 процедури за ракување со доверливи информации;
Минимум елементи што треба да ги содржи оваа политика се: основните инструкции за кредитирање на акционерите, лицата со посебни права и одговорности и вработените во банката (кредитирањето на внатрешните лица треба да се ограничи на кредитирање конзистентно на пазарните услови, додека извештаите за кредитирање на внатрешните лица треба да се достават до Управниот одбор и да бидат предмет на ревизија на внатрешните и надворешните ревизори); процедури за идентификување на сегашниот и потенцијалниот конфликт на интереси; процедури за ракување со доверливи информации; забрана за користење на интерни информации за лични интереси; ограничување на примање на подароци и други вредности од комитентите или други лица кои имаат деловна соработка со банката и процедури за следење на усогласувањето и почитувањето на оваа политика, како и активности кои ќе бидат преземени во случај на констатирана неусогласеност.

31 Целите и задачите на деловната политика се насочени кон зацврстување на стекнатиот имиџ како успешна банка во рамките на банкарскиот сектор преку реализирање на следново: зголемување на вкупниот потенцијал на банката; одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување и тоа преку политиката за понатамошно издвојување на значаен дел од нето добивката за резерви и преку емисија на акции со што би се обезбедила стапка на адекватност на капиталот која ќе соодвествува на планираните кредитни активности; максимизирање на профитабилноста на работењето; ефикасно управување со сите видови ризици што се јавуваат во банкарското работење; да стане препознатлив бренд на финансискиот пазар; континуирано усовршување на организацијата на работење и усогласување на нејзините стратешки цели и задачи и законски прописи; менаџмент на човечки ресурси што ќе обезбедат повисок квалитет на давање на услуги; спроведување на постојната регулатива и активности за борба против перење на пари во Република Македонија; унапредување на електронското банкарство и информатичката технологија во сите сегменти на работењето на банката и на политиката за безбедност на информациониот систем и развој на банкарски маркетинг.

32 КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО БАНКАТА
Со банката управуваат нејзините сопственици – акционери преку користењето на своето право да учествуваат во работата на органите на банката. Бројот на нивните гласови при одлучувањето е зависен од нивниот влог во основачкиот фонд и резервите на банката. Органи на управување со банка се следниве: Собрание на акционери, Надзорен одбор, Одбор за управување со ризици, Одбор за ревизија, Управен одбор и други органи утврдени со статут (Кредитен одбор и слично). Со статутот на банката поблиску се уредуваат бројот, составот, надлежностите, правата, должностите, одговорностите и начинот на работење на органите на банката, како и бројот, мандатот, надлежностите, правата, одговорностите и условите за именување на лицата со посебни права и одговорности. Управувањето на банката мора да биде во согласност со одредбите од Законот за банки и со правилата за добро корпоративно управување пропишани од страна на Советот на Народната банка донесени во согласност со меѓународните стандарди.

33 Законот на банките ги поставува основите на ефикасно корпоративно управување на банките. При тоа, воспоставувањето на солидни основи на корпоративно управување не претставува само законска обврска, туку треба да се сфати пред се, како добра деловна практика на банките. За разлика од инокосното управување, корпоративното управување подразбира сет од односи меѓу различните носители на управување и раководење со банката, и тоа во основа меѓу: извршниот менаџмент, членовите на Управниот одбор и останатите акционери на банката преку Собранието на акционери. Корпоративното управување ја одразува структурата во банката преку која се поставуваат деловните цели и начините и методите за остварување на тие цели. Доброто корпоративно управување значи можност за креирање на добри иницијативи од страна на работоводниот орган и останатите лица со посебни права и одговорности, кои се во функција на остварување на тие цели, како и ефикасно следење на остварувањето на тие цели и ефикасно користење на човечките и останатите ресурси во остварувањето на тие цели.

34 Од аспект на банкарската институција, корпоративното управување подразбира начини и методи на водење на бизнисот и извршувањето на секојдневните активности од страна на работоводниот орган и другите лица со посебни права и одговорности, со посебен акцент на: - дефинирање на стратешките цели на банката; - прецизно разграничување на одговорностите и овластувањата во донесувањето на деловните одлуки, преку постоење на јасно дефинирана хиерархиска структура; - дефинирање на односите меѓу работоводниот орган, Управниот одбор и ревизорите на банката; - начинот на раководењето со секојдневните активности на банката; - воспоставување на ефикасни системи на внатрешна контрола, како и ефикасно спроведување на функцијата на внатрешна и надворешна ревизија и функцијата на интегрирано управување со ризиците; - донесување на етички кодекс и други стандарди за “добро однесување” на сите вработени, вклучително и на лицата со посебни права и одговорности; - воспоставување на адекватни системи за проток на информации во банката и спрема надворешни корисници.

35 Дефинирање на стратешки цели на банката – секојдневното извршување на активностите во банката, како и раководењето и управувањето на дневна основа треба да се остварува во согласност со однапред дефинирани стратешки цели, кои треба да служат како рамка во која треба да се движи банката на долг рок.

36 Дефинирање на линиите на одговорности преку поставување на хиерархиската структура на банката – Управниот одбор треба прецизно да ги дефинира правата и одговорностите на неговите членови, како и правата и одговорностите на врвниот извршен менаџмент на банката. Непостоењето на јасно дефинирани линии на одговорности може да предизвика конфузија, односно мултиплицирање на линиите на одговорности што може да ја забави респонзивноста од страна на непосредните извршители во однос на поставените задачи од врвниот и средниот менаџмент. Врвниот извршен менаџмент е одговорен за поставување на транспарентна хиерархиска структура од која јасно може да се види нивото на одговорности и овластувања и линиите на контроли и проверки при секојдневното извршување на поставените задачи.

37 Дефинирање на односите меѓу работоводниот орган, Управниот одбор и ревизорите на банката – улогата на ревизорите претставува интегрален дел во процесот на корпоративно управување. Надворешниот и внатрешниот ревизор претставуваат исклучително важни агенти на Управниот одбор на банката. Ова особено се однесува на нивната улога во независна проверка и верификација на информациите кои врвниот извршен менаџмент на банката ги доставува до Управниот одбор.

38 Ефикасноста на врвниот извршен менаџмент и на Управниот одбор ќе се зголеми преку:
разбирање на важноста на ревизорската функција; зголемување на независноста на внатрешните ревизори во извршување на својата функција; навремено и ефикасно согледување на наодите на ревизорите од страна на Управниот одбор на банката обезбедување на независност на главниот внатрешен ревизор преку обезбедување на “независна директна линија на информирање” на членовите на Управниот одбор и ангажирање на независен надворешен ревизор кој меѓу другото посебно ќе ја цени поставеноста на системите на внатрешна контрола.

39 Начин на раководење со секојдневните задачи – врвниот извршен менаџмент на банката претставува клучна компонента на корпоративното управување. Принципот на “четири очи” задолжително треба да биде запазен при донесување на “главните менаџерски одлуки”, но истиот треба да се пренесе и на пониските нивоа на одлучување. Врвниот извршен менаџмент на банката го сочинува група на клучни луѓе одговорни за секојдневното извршување на активностите на банката, како што се работоводниот орган, директорите на секторите и задолжително, главниот внатрешен ревизор на банката.

40 Банката треба да ги избегне следните лица како потенцијални менаџери на банката:
Менаџер кој кај себе има концентрирано голем обем на секојдневни активности и претставува непосреден извршител на истите, не пренесувајќи ги на пониските нивоа. Ова лице е во постојана гужва, недостаток на време за извршување на сите активности и недоволно време за вработените кои за својата работа се одговорни пред него. Не е исклучена можноста од донесување на погрешни деловни одлуки од страна на лица со вакви карактеристики. Менаџер одговорен за раководење со одредена област за која нема доволно искуство и познавања и Менаџер кој покажува неспремност или воздржување од спроведување на интерните контролни процедури спрема “клучни и успешни непосредни извршители во банката”.

41 Дефинирање на сет од морални и етички вредности – банката треба да има воспоставено сет од прецизно дефинирани морални и етички вредности на однесување на вработените, вклучително и на лицата со посебни права и одговорности. Секоја банка треба да изработи етички кодекс за однесувањето на вработените. Формирањето на системот на плати треба да биде во согласност со деловната политика на банката при што стимулативниот елемент на наградување треба да биде запазен како кај менаџерскиот тим, така и кај пониското ниво на непосредни извршители (на пр. кај кредитните референти и дилерите на банката). Системот на наградување треба внимателно да биде поставен со оглед на можните негативни ефекти во одделни сегменти од работењето на банката, како последица на преземање на поголеми ризици заради остварување на повисоки приходи на краток рок, занемарувајќи ја при тоа профитабилноста и стабилноста на банката на долг рок. Бонусите и компензациите на врвниот извршен менаџмент на банката задолжително се одобруваат најмалку од страна на Управниот одбор на банката. На овој начин акционерите на банката преку своите претставници во Управниот одбор создаваат услови, врвниот извршен менаџмент на банката да биде мотивиран да работи за најдобрите интереси на банката и нејзините акционери.

42 Обезбедување на транспарентност на корпоративното управување во банката – ефикасно корпоративно управување претпоставува обезбедување на транспарентност во однос на стратешките цели на банката, структурата на органите на управување на банката и сл. Зголемување на одговорноста на лицата со посебни права и одговорности е во корелација со постоењето на транспарентност во однос на функциите и структурата на органите на управување на банката. Оттука, се препорачува најмалку следните податоци во врска со корпоративното управување во банката да имаат јавен карактер: структурата на Управниот одбор и на другите одбори (име и презиме и квалификации на членовите); структурата на врвниот менаџмент на банката (име и презиме, одговорности, квалификации и искуство) и глобална организациона структура на банката.

43 Со банката секојдневно управуваат Надзорниот одбор и Управниот одбор
Со банката секојдневно управуваат Надзорниот одбор и Управниот одбор. Надзорниот одбор има клучна улога во управувањето со банката од аспект на корпоративното управување: тој ги дефинира мисијата и целите на друштвото, ги застапува интересите на друштвото и се грижи за заштитата на сите акционери, врши контрола и надзор над работата на членовите на Управниот одбор како и на менаџерите во банката. Управниот одбор на банката се грижи за воспоставување и спроведување на стратегиите и деловните политики на банката и нивна имплементација во секојдневното работење и функцонирање на банката, како и застапување на банката.

44 Лице со посебни права и одговорности во банка задолжително треба да има соодветно високо образование и познавање на прописите од областа на банкарството и/или финансиите и да има соодветно искуство кое обезбедува сигурно и стабилно управување со банката. Лице со посебни права и одговорности во банка не може да биде лице: член на Советот на Народната банка; вработено во Народната банка; кое е осудено со казна затвор за кривични дела од областа на банкарството и финансиите; на кое му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

45 кое не поседува репутација со што може да биде загрозено сигурното и стабилното работење на банката;
кое не ги почитува одредбите од Законот за банки и прописите донесени врз основа на овој закон и/или не ги спроведувало или не ги спроведува и/или постапувало или постапува спротивно на мерките изречени од гувернерот, со што биле или се загрозени сигурноста и стабилноста на банката; член на Надзорен одбор, Одбор за управување со ризици, Одбор за ревизија и Управен одбор на друга банка или вработен во друга банка или кое извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во банка или друго правно лице во кое била воведена администрација или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка, освен доколку недвосмислено, врз основа на расположливите документи и податоци се утврди дека лицето не придонело за настанување на условите за воведување на администрација, стечајна или ликвидациона постапка или функцијата ја вршело непосредно пред или по настанување на причините кои довеле до воведување на администрација, отворање на стечај или спроведување на ликвидациона постапка.

46 Член на Надзорен одбор, Одбор за управување со ризици, Одбор за ревизија и Управен одбор на банка не може да биде лице кое е поврзано лице со правно лице во кое банката има учество. Поделба на надлежности – банката изготвува акт за внатрешна организација и систематизација на работни места во која што точно се определуваат работните задачи, надлежностите и одговорностите на секој вработен. Круцијален елемент при поделбата на надлежностите претставува одделувањето на предната канцеларија (front office) од позадинската обработка и поделбата на секторите во банката на сектори кои што ќе работат со комитенти и ќе вршат продажба на производи и сектори кои што ги носат одлуките. Со примената на овој принцип се овозможува избегнување на судир на интереси во работата и незвисност во донесувањето на професионалните одлуки. Исто така, во современото банкарско работење, се повеќе се става акцент на поделбата на органи за управување и органи за контрола и надзор во работењето.

47 Потребно е да се потенцира дека во банката, органите за контрола и надзор во работата се издвоени од останатите организациони единици и ги опфаќаат: интегрирано управување со ризици; контрола на сигурност на информативниот систем; контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите и внатрешна ревизија. Со цел да се обезбеди што поадекватна и континуирана контрола на банкарските активности, сигурност на информативен систем и усогласеност со регулативата, банката организира организациони делови кои се занимаваат исклучиво со контрола на активностите и тоа: центар за управување со ризици; одговорен за сигурност на информативниот систем; лице за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите и служба за внатрешна ревизија.

48

49

50 СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА
Собранието на акционери е највисок орган на управување на банката и претставува форум на кој што акционерите ги остваруваат своите акционерски права и заштита на сопствените интереси. Имено, улогата на собранието е насочена повеќе кон решавање на правата и интересите на акционерите внатре во банката, додека односите со трети лица надвор од банката и непосредното управување е надвор од надлежноста на собранието и е во надлежност на други органи на управување со банката.

51 Бројот на членовите на Собранието на банката и начинот на нивноит избор се утврдува во одлуката за основање на банка. Акционерите имаат право на глас согласно бројот на акциите со право на управување. Членовите на Органот на управување и на Надзорниот одбор учествуваат во работата на Собранието без право на глас, освен ако не се акционери.Собранието на банката не може да именува член на Надзорен одбор на банка без претходна согласност од гувернерот.

52 Собранието на банката ги врши следниве работи:
го усвојува статутот и измените и дополнувањата на статутот на банката; ја усвојува деловната политика и развојниот план на банката; го усвојува финансискиот план на банката; ги разгледува и усвојува годишниот извештај за работење на банката заедно со писменото мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор; го разгледува годишниот извештај за работа на службата за внатрешна ревизија заедно со писменото мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор;

53 го разгледува извештајот за работа на Одборот за ревизија;
го разгледува и усвојува извештајот на друштвото за ревизија и писменото мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор; ја усвојува годишната сметка и финансиските извештаи на банката; одлучува за употреба и распоредување на остварената добивка, или за покривање на загубите; одлучува за нова емисија на акции на банката; одлучува за статусни промени и за престанок на работење на банката; ги именува и разрешува членовите на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија; избира друштво за ревизија; ја усвојува листата на нето должници и одлучува и за други прашања од значење за работењето на банката предвидени со статутот на банката.

54 Постапка за свикување на Собрание – собранието на банката се состанува најмалку еднаш годишно. Годишното собранието на банката задолжително се одржува пред истекот на шест месеца од календарската година за претходната година. Кога е тоа во интерес на Банката, Управниот одбор или Надзорниот одбор со мнозинство на гласови, по своја иницијатива или по барање на акционер на банката можат да донесат одлука за свикување на Собрание. Собранието на Банката се свикува најмалку три недели пред одржувањето на собранието. Банката ги поддржува своите акционери при учеството на Собранието и остварувањето на нивните права, особено во поглед на: планирање на место и време на одржување на Собрание и доставување на навремени и комплатни информации за дневниот ред, материјали за работа како и усни консултации со одговорните и стручните лица во банката заради добивање на што по целосни информации за точките на дневниот ред.

55 Собранието може да биде свикано со покана за Собрание и/или со објавување на јавен повик до акционерите (најмалку во еден дневен весник) Во поканата и/или јавниот повик задолжително се наведува местото и датумот на одржување на Собранието, дневниот ред на Собранието, и начинот на кој што ќе бидат достапни материјалите за Собранието. Поканата за Собранието и дневниот ред се објавуваат на веб – страната на Банката.

56 Постапка на гласање на собранието – со седниците на собранието раководи Претседавач на собранието. Начинот на гласање на собранието го утврдува претседавачот на собранието, доколку собранието не определи посебен начин на гласње. Гласањето за изборот на членови на органите на управување гласањето е тајно. Доколку во деловникот или статутот на Банката е определено гласањето за поединечни прашања да биде тајно, по барање на еден или повеќе акционери кои имаат најмалку 1/10 од вкупниот број на акции, може да се пристапи кон јавно гласање. Одлуките на собранието влегуваат во сила со денот на донесување , освен доколу во одлуката не е утврден друг датум на влегување во сила. Банката е должна во рокот од 15 дена по одржувањето на собранието на банката, до Народната банка да го достави записникот од одржаното собрание заедно со материјалите и донесените одлуки. Покрај лицата определени во Законот за трговските друштва, тужба за утврдување ништовност на одлука на Собрание на банка може да поднесе и Народната банка.

57 НАДЗОРЕН ОДБОР НА БАНКАТА
Основните функции на Надзорниот одбор се: надзорот на работењето на Управниот одбор, одобрување на политиките за вршење на финансиски активности и надгледување на нивното спроведување. Исто така, Надзорниот одбор е одговорен да обезбеди добро работење, управување и стабилност на банката, како и навремено и точно финансиско известување на Народната банка. Надзорниот одбор на Банката го сочинуваат пет члена. Најмалку една четвртина од членовите на Надзорниот одбор на банката мора да бидат независни членови. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае четири години и членовите на Надзорниот одбор од своите редови избираат претседател и заменик на претседател на Надзорниот одбор. Надзорниот одбор се состанува најмалку еднаш месечно, а по потреба и доколку е тоа во интерес на банката и почесто на вонредни седници.Надзорниот одбор може да заседава и на телефонски и телефакс седници.

58 Надзорниот одбор на банката не може да именува член на Управен одбор на банката без претходна согласност од гувернерот. При изборот на член на Надзорен одбор, мора да се почитуваат следниве критериуми според кои член на Надзорен одбор не може да биде лице кое е: - член на советот на Народна банка; - вработен во Народна банка; - осудено со казна затвор за кривични дела од областа на банкарството и финанасиите; - има изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; - член на орган на друга банка; - било лице со посебни права и одговорности во банка на која што биле отворена стечајна или ликвидациона постапка или во која што била воведена администрација, (освен доколку не докаже дека мерките воведени над Банката недвосмислено не биле негова вина); - вработено во банката и - нето должник на банката.

59 Во рамките на своето делување, Надзорниот одбор ги врши и следниве работи:
ја одобрува деловната политика и развојниот план на банката; именува и разрешува членови на Управниот одбор на банката; именува и разрешува членови на Одборот за управување со ризици; го одобрува финансискиот план на банката; го одобрува воспоставувањето и организацијата на системот на внатрешна контрола; организира Служба за внатрешна ревизија и ги именува и разрешува вработените во службата; го одобрува годишниот план на Службата за внатрешна ревизија; ја одобрува политиката за сигурност на информативниот систем; ги одобрува политиките за управување со ризици на банката;

60 ги одобрува плановите и програмите за работа и општите акти на банката, освен актите што ги донесува Собранието на банката; ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор на банката; ги разгледува извештаите на Одборот за управување со ризици; ги разгледува извештаите на Одборот за ревизија; ги разгледува извештаите на лицето/службата за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите; ја одобрува годишната сметка и финансиските извештаи на банката; ја одобрува листата на нето должници на банката; одобрува изложеност спрема поединечно лице од над 10% од сопствените средства на банката; одобрува трансакции со поврзани лица со банката во износ од над денари; го одобрува стекнувањето на капитални делови и купувањето на хартии од вредност, поголеми од 5% од сопствените средства на банката, освен купување на хартии од вредност издадени од Народната банка и државата; го одобрува предлогот на Одборот за ревизија за назначување на друштво за ревизија и е одговорен за обезбедување на соодветна ревизија; ги одобрува политиката и процедурите за вршење на внатрешна ревизија, врши надзор на соодветноста на процедурите и ефикасноста на работењето на службата за внатрешна ревизија и ги разгледува нејзините извештаи;

61 ги разгледува извештаите на супервизијата, други извештаи доставени од Народната банка, Управата за јавни приходи и други надлежни институции и предлага, односно презема мерки и активности за надминување на утврдените неусогласености и слабости во работењето на банката; го одобрува годишниот извештај за работењето на банката и доставува писмено мислење по истиот до собранието на банката; го разгледува извештајот на друштвото за ревизија и доставува писмено мислење по истиот до собранието на акционери; дава писмено мислење до собранието на банката по годишниот извештај на службата за внатрешна ревизија; го одобрува етичкиот кодекс на банката и го одобрува деловникот за работа на одборот за ревизија.

62 Надзорниот одбор најмалку еднаш годишно врши оцена на сопствената работа од аспект на поединечните членови и колективно и за тоа го известува Собранието на банката. За работата во банката, како членови на Надзорниот одбор, на лицата – членови на Надзорен одбор им следи нагарада. Нагарадата се пресметува како: - награда за учество на седница и - награда за успешна работа и остварени цели. За пресметувањето на наградата на лицата – членови на Надзорен одбор се изготвува посебна Политика за наградување, која што ја потврдува Собранието на банката и чии што делови и основни принципи се јавно достапни и задолжително се објавуваат на веб – страницата на банката.

63 УПРАВЕН ОДБОР НА БАНКАТА
УПРАВЕН ОДБОР НА БАНКАТА   Управниот одбор игра една од најзначајните улоги во корпоративното управување на банката. Во остварувањето на обврските кон акционерите на банката, чии што интереси примарно ги претставува, кон депозиторите, кредиторите и заедницата воопшто, одговорноста на Управниот одбор е да обезбеди компетентен менаџмент, да обезбеди адекватни планови и политики на банката, да врши мониторинг на активностите во целина, да обезбеди адекватни интерни контролни системи за откривање и елиминирање на проблемите, како и за идентификација и управување со ризиците и да обезбеди усогласеност на работењето на банката со законската регулатива преку извршниот менаџмент. Управниот одбор е во крајна линија одговорен за работењето и финансиската стабилност на банката.

64 Управниот одбор на банка се состои од најмалку две, но не повеќе од седум лица. Членовите на Управниот одбор се избрани од страна на Собранието на банката и членовите на Управниот одбор од своите редови бираат претседател и заменик председател на Управниот одбор, а воедно именуваат и работоводен орган составен од две лица – Директори на банката, по претходна согласност на Народната банка.

65 Член на Управен одбор на банка мора да има шест години успешно работно искуство од областа на финансиите или банкарството или три години работно искуство како лице со посебни права и одговорности во банка со активности соодветни на банката во која се именува. Член на Управен одбор на банка не може да биде и лице кое е член на орган на управување или на Надзорен орган на кое било друго трговско друштво. Членовите на управниот одбор мора да се во постојан работен однос во банката и барем еден од членовите мора да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да има постојано живеалиште во Република Македонија. Доколку бројот на членовите на управниот одбор на банка се намали под пропишаниот со овој закон, надзорниот одбор од своите редови именува вршител или вршители на должноста член на Управен одбор. Вршителите на должност член на Управен одбор се предмет на упис во трговскиот регистар. Членот од надзорниот одбор кој е именуван за вршител на должност член на Управен одбор во периодот на извршување на оваа должност не може да учествува во донесувањето на одлуките што се во надлежност на Надзорниот одбор.

66 Карактеристики на членот на Управниот одбор:
Способност за независна проценка, мудрост, чесност и воопшто силен интегритет на личноста; Основно познавање на финансиската индустрија и законската регулатива која се однесува за банките, како и познавање на опкружувањето во кое функционира банката, посебно на сегментите кои ги користат услугите на банката. Како резултат на нивниот “статус” во сегментите кои се опслужувани од страна на банката, членовите на Управниот одбор можат и треба да помагаат во привлекувањето на нови клиенти во банката; Спремност да се стават интересите на банката над сопствените интереси, односно спремност да се избегне конфликтот на интереси. При настанување на ситуација во која се јавува конфликт на интереси, истиот треба да биде обелоденет и засегнатиот член од Управниот одбор треба да се повлече од одлучувањето заради неможноста од обезбедување нa потребното ниво на објективност; Лојалност спрема банкарските интереси; Спремност да се посвети доволно време за подготовка и редовно учество на седниците на Управниот одбор, односно активно извршување на предвидените должности и одговорности, и Спремност и способност на членот на Управен одбор да мисли и делува независно, да бара од врвниот менаџмент и останатите членови на Управниот одбор да даваат концизни и добро поткрепени објаснувања за одредени прашања.

67 Овие карактеристики треба да се имаат предвид при номинирањето на членови на Управен одбор.
Управниот одбор на банката ги врши следниве работи: управува со банката; ја застапува банката; ги извршува одлуките на Собранието и на Надзорниот одбор на банката, односно се грижи за нивното спроведување; покренува иницијативи и дава предлози за унапредување на работењето на банката; ги именува и разрешува лицата со посебни права и одговорности, во согласност со одредбите од овој закон и статутот на банката; изготвува деловна политика и развоен план на банката; изготвува финансиски план на банката; изготвува листа на нето должници; изготвува политика за сигурност на информативниот систем на банката; изготвува етички кодекс на банката и изготвува годишен извештај за работењето на банката и го доставува до надзорниот одбор.

68 Покрај редовните активности, Управниот одбор на банката е одговорен и за:
обезбедување услови за работење на банката во согласност со прописите; управување и следење на ризиците на кои е изложена банката во работењето; постигнување и одржување на адекватно ниво на сопствени средства; функционирање на системот на внатрешна контрола во сите области на работење на банката; непречено работење на службата за внатрешна ревизија на банката, односно осигурува дека службата за внатрешна ревизија има пристап до документацијата и до вработените во банката со цел за непречено спроведување на нејзините активности; водење на трговските и другите книги и деловната документација на банката, изработка на финансиски и други извештаи во согласност со прописите за сметководство и сметководствените стандарди; навремено и точно финансиско известување; редовност и точност на извештаите што се доставуваат до Народната банка во согласност со закон и прописите донесени врз основа на закон и спроведување на мерките изречени од страна на гувернерот спрема банката.

69 Управниот одбор на банката за својата работа одговара пред Надзорниот одбор и го известува Надзорниот одбор за своето работење најмалку еднаш месечно. Потребно е да се потенцира дека Управниот одбор е должен веднаш да го извести Надзорниот одбор за: влошената ликвидност или солвентност на банката; за постоење основ за укинување на дозволата за основање и работење или за забрана за извршување на одредена финансиска активност; за намалување на сопствените средства под пропишаното ниво во согласност со Законот за банки; за наодите на супервизијата и надзорот на Народната банка и за наодите на Управата за јавни приходи и други контролни органи.

70 ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ
Одборот за управување со ризици во банка се состои од најмалку три, но не повеќе од девет члена.Членовите на Одборот за управување со ризици се избираат од редот на лицата со посебни права и одговорности кои се вработени во банката. Еден од членовите на Управниот одбор на банката задолжително е член на Одборот за управување со ризици. Членовите на Одборот за управување со ризици, задолжително треба да имаат искуство во областа на финансиите или банкарството од најмалку три години. Одборот за управување со ризици се состанува најмалку еднаш неделно.

71 Одборот за управување со ризици ги врши и следниве работи:
перманентно го следи и оценува степенот на ризичност на банката и го утврдува прифатливото ниво на изложеност на ризици со цел минимизирање на загубите од изложеност на банката на ризик; воспоставува политики за управување со ризици и ја следи нивната примена; ги следи прописите на Народната банка кои се однесуваат на управувањето со ризици и усогласеноста на банката со овие прописи; врши оцена на системите на управување со ризиците во банката; утврдува краткорочни и долгорочни стратегии за управување со одделните видови ризици на кои е изложена банката; ги анализира извештаите за изложеноста на банката на ризик изработени од службите во банката кои вршат оцена на ризиците и предлага стратегии, мерки и инструменти за заштита од ризици; ја следи ефикасноста на функционирањето на системите на внатрешна контрола во управувањето со ризици; ги анализира ефектите од управувањето со ризиците врз перформансите на банката; ги анализира ефектите од предложените стратегии за управување со ризици, како и предложените стратегии, мерки и инструменти за заштита од ризици; најмалку еднаш месечно го известува Надзорниот одбор, а најмалку еднаш во три месеца Одборот за ревизија за промените во ризичните позиции на банката, промените во стратегијата за управување со ризици, ефектите од управувањето со ризиците врз перформансите на банката, како и преземенитемерки и инструменти за заштита од ризиците и ефектите од истите и најмалку еднаш квартално ги разгледува трансакциите со поврзаните лица со банката за што доставува извештај до Надзорниот одбор најдоцна до 15 во месецот кој следи на извештајниот период. Одборот за управување со ризици најмалку еднаш годишно врши оцена на сопствената работа од аспект на поединечните членови и колективно и истата ј а доставува до Надзорниот одбор.

72 ОДБОР ЗА РЕВИЗИЈА Одборот за ревизија во банка се состои од најмалку пет, но не повеќе од девет члена. Мнозинството членови во одборот за ревизија се избираат од редот на членовите на Надзорниот одбор, а останатите членови се независни членови. Најмалку еден член на одборот за ревизија треба да биде овластен ревизор и вработен во друштвото за ревизија не смее да биде член на Одборот за ревизија.Членовите на Одборот за ревизија од своите редови избираат претседател кој е одговорен за организација на работата на Одборот за ревизија. Членови на одборот за ревизија задолжително треба да имаат познавање и за: работењето на банката, нејзините производи и услуги; ризиците на кои е изложена банката; системите за внатрешна контрола и политиките за управување со ризици на банката и сметководството и ревизијата. Одборот за ревизија се состанува најмалку еднаш во три месеца, како и на барање на Надзорниот одбор. Исто така, овој одбор донесува деловник за работа што го одобрува Надзорниот одбор на банката.

73 Активности кои ги врши Одборот за ревизија се следниве:
ги разгледува финансиските извештаи на банката и се грижи за точноста и транспарентноста на објавените финансиски информации за работењето на банката во согласност со прописите за сметководство и меѓународните сметководствени стандарди; ги разгледува и оценува системите за внатрешна контрола; ја следи работата и ја оценува ефикасноста на службата за внатрешна ревизија; го следи процесот на ревизија на банката и ја оценува работата на друштвото за ревизија; ги донесува сметководствените политики на банката; ја следи усогласеноста на работењето на банката со прописите што се однесуваат на сметководствените стандарди и финансиските извештаи; одржува состаноци со Управниот одбор, службата за внатрешна ревизија и друштвото за ревизија во врска со утврдени неусогласености со прописите и слабостите во работењето на банката; ги разгледува извештаите на Одборот за управување со ризици; предлага друштво за ревизија и најмалку еднаш во три месеца го известува Надзорниот одбор на банката за својата работа. Одборот за ревизија најмалку еднаш годишно врши оцена на сопствената работа од аспект на поединечните членови и колективно. Поднесува годишен извештај за својата работа до Надзорниот одбор и до Собранието на банката.

74 БАНКАРСКА ТАЈНА Чувањето на Банкарската тајна претставува должност и морална обврска на секој вработен во банката. Документите, податоците и информациите кои се стекнати при вршење на банкарски и други финансиски активности за поединечни лица и трансакции со поединечни лица, како и за депозитите на поединечни лица, претставуваат банкарска тајна. Лицата со посебни права и одговорности, акционерите и вработените во банката, како и лицата кои преку давање услуги на банката имаат пристап до документите, податоците и информациите, опишани погоре, и се обврзани да ги чуваат, можат да ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат на трети лица. За чувањето и заштитувањето на Банкарската тајна секој вработен потпишува изјава со која се обврзува на нејзиното чување. Изјавата за Банкарска тајна се чува во досието на секој вработен. Исклучоци од правилото – обврската за чување на банкарската тајна не се однесува во следниве случаи, ако: со закон е пропишано објавување на податоците и информациите и лицето дало писмена согласност за откривање на податоците и за лицата со посебни права и одговорности, акционерите и вработените во банката.

75 Обврската за чување на банкарската тајна не се однесува и во следниве случаи:
по писмено барање на надлежен суд за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности; за потребите на Народната банка или на друг супервизорски орган овластен со закон; по писмено барање на Управата за јавни приходи за водење на постапки кои се во рамките на нејзините надлежности; ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во согласност со закон; ако податоците се соопштуваат на Биро за финансиската полиција, во согласност со закон; на писмено барање на Државниот девизен инспекторат за контрола на девизното работење; на писмено барање на Фондот за осигурување на депозити, во согласност со закон; ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирање на Кредитниот регистар на Народната банка и по писмено барање на лицата овластени за извршување во согласност со закон.

76 Лицата кои дошле до документите, податоците и информациите на кои се однесува банкарската тајна се обврзани да ги чуваат, можат да ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат на трети лица, освен во случаи и во постапка утврдена со закон. Обврската за чувањето на банкарската тајна продолжува и по престанокот на работниот однос, односно по престанокот на основот и статусот врз основа на кој е остварен пристап до податоците кои се сметаат за банкарска тајна.

77 СИСТЕМ НА КОНТРОЛА ВО БАНКАТА
  СИСТЕМ НА КОНТРОЛА ВО БАНКАТА Согласно принципот за поделба на работите во Банката на процеси кои поддржуваат/носат операции и контролни процеси, во Банката постои систем на контрола кој го сочинуваат следниве служби: Центар за внатрешна ревизија; Центар за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите; Центар за управување со ризици и Центар за сигурност на информативниот систем.


Скинути ppt "ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ"

Сличне презентације


Реклама од Google