Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит

Сличне презентације


Презентација на тему: "Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит"— Транскрипт презентације:

1 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Заради различни причини, во праксата се појавиле видови на превоз на патници кои по своите карактеристики спаѓаат помеѓу такси превоз на патници и редовниот јавен градски превоз на патници. Понекогаш овие превоз на патниции се илегални, но и легални, со услуги кои се даваат со автомобили, комби возила или минибуси, без редовен возен ред, а некои и без дефинирана траса

2 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Во сиромашни квартови каде нема редовен јавен градски превоз на патници, или каде тој работи со мала фреквенција, некои луѓе нудат превоз на патници поефтин од такси со свое возило Некои фирми ги превезуваат своите работници со свои возила Кога има интерес за превоз на патници до специфични точки (аеродром, помеѓу терминали на аеродром, големи здравствени центри, шопинг центри итн.) се организира посебен превоз на патници – шатл услуга Во поново време, со цел да се понуди услуга во средини каде заради малиот број на патници не може да работи редовен јавен превоз на патници се организираат различни форми на ЈАВЕН превоз на патници НА ПОВИК

3 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Сите овие видови на превоз на патници кои не се ни такси ни редовен јавен градски превоз на патници се опфаќаат со името алтернативен јавен превоз на патници или паратранзит. Постои големо шаренило во имињата на овие видови на превоз на патници во различни земји. Систематското опишување на овие услуги е тешко заради големото шаренило на услуги, а нивната улога во урбаниот транспорт систем не секогаш е јасна заради тоа што некои од овие услуги се илегални и не се знае дури ни бројот на превезени патници.

4 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Заеднички такси (shared taxi)- заради поефтина услуга, повеќе меѓусебе неповрзани патници се здружуваат заради патување до слична или заедничка дестинација Во Битола постои – на стојалишта на ЈГП таксистите собираат повеќе патници за иста дестинација Не е дефинирано во законот!

5 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Џитни (jitney) – со автомобил или комби возило се вози обично по дефинирана траса (поголема улица или булевар), но се застанува било каде по должина на трасата по желба на патниците – карактеристично за сиромашни земји

6 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Превоз на патници според побарувачка (Demand responsive service) или јавен превоз на патници на повик (Dial-a-ride, bus-on-call) патниците ја најавуваат својата услуга по телефон или на друг начин и возен ред се составува според моменталната побарувачка за превоз на патници

7 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Шатл услуги или циркулатори (shuttle, feeder, circulator) – возила за превоз на патници на обично куси растојанија, често една траса на која се вози напред- назад, каде има барем еден јак терминал, а може да имаат или да немаат возен ред (аеродром, помеѓу терминали на аеродром, големи здравствени центри, шопинг центри, кампуси итн.) Images may be subject to copyright.Send feedback

8 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Претплатнички автобус (subscription buses) – превоз на патници наменет само за оние кои се претплатиле со месечни плаќања за специфичен превоз на патници (ученици, работници итн.)

9 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Превозна услуга слична на такси (UBER) Со примена на инфрматичка технологија и смарт телефоните функционира на следен начин: Оние кои имаат сопствено регистрирано, осигурано возило и валидна возачка дозвола, можат да се регистрираат како УБЕР возачи. Корисниците на УБЕР треба да ја превземат апликацијата на својот смарт телефон, да се регистрираат (со име презиме, мобилен број на телефон, сметка)

10 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Превозна услуга слична на такси (UBER) Кога сакаат да користат превоз, со апликацијата го најавуваат тоа, заедно со својата локација и дестинација. Повратно добиваат информација за најблискиот УБЕР возач, негов телефон, и за колку време ќе дојде. Плаќањето е преку сметка (нема кеш). Процент зема УБЕР компанијата, а остатокот се плаќа на превозникот Жестоки реакции од регуларните такси возачи, бидејќи тие чувствуваат дека тоа е нелојална конкуренција

11 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Дефиниција на некои поими Превозна услуга слична на такси (UBER) – превоз

12

13

14

15 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Дополнителна опција во урбаните средини Поефикасен превоз во споредба со автомобили со еден патник Дава услуги каде другите видови на транспорт потфрлиле Давање услуга во средини со мали густини Давање на услуга на специјални групи на корисници

16 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Мобилност за сите Дава услуга на превоз на широка категорија на корисници: стари, болни, хендикепирани, невозачи, деца

17 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Квалитет на услугата Кај добро организирани системи во побогатите земји, зарaди помалите возила и комуникацијата со возач – поголема удобност, погодност, приватност во споредба со ЈГПП Во сиромашните земји, висока фрефенција и многу ефтина услуга

18 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Време на патување Поради малиот број на патници и мал број на застанувања само по барање на корисниците, во принцип времето на патување е покусо во споредба со ЈГПП Често, платата на возачот зависи од превезените патници, па тоа движење е и побрзо

19 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Флексибилност Во согласност со потребите, истиот автомобил или комбе може да се користи како заедничко такси или како џитни, а за викендите да се изнајмува за групи патници Видот на услугата може брз да се менува и прилагодува

20 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Вработување Во сиромашни земји и во земји со висока невработеност – можност за вработување како возачи на вакви возила – не бара преголеми вештини

21 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за подршка Лесна примена Не се потребни големи инвестиции (понекогаш се користат стари возила) Сообраќајниците веќе постојат Потребни минимални вештини (возачка дозвола) Може да е проблем легализација на услугите

22 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за внимателност Трошоци на работа Регуларните (легалните) видови на паратранзит во принцип се поскапи заради помалиот број на патници и многубројните критериуми за јавен превоз кои мора да ги задоволат Илегалните или полудивите видови на паратранзит се поефтини, бидејќи обично возачите работат за минимална плата, немаат административни трошоци, штедат на одржување

23 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за внимателност Еколошки прашања Во сиромашните земји проблемите на загадување, закрчување на сообраќајот, безбедноста се актуелни заради стари возила кои загадуваат, кои не се одржувани, непрофесионални возачи, и голема присутност на вакви возила

24 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за внимателност Прашања на вработувања Во сиромашните земји, илегалните и полуилегалните возачи работаат за минимални плати, без социјална и здравствена заштита

25 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за внимателност Однесување на возачите Во сиромашните земји, илегалните и полуилегалните возачи зависат од бројот на патниците, па често возат небезбедно, не почитуваат сообраќајни правила и прописи,

26 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Причини за внимателност Институционални прашања Има многу примери кога ваквите видови на превоз се појавуваат спонтано и често нелегално, надвор од институционалната рамка Делумно ова се должи и на ригидноста на постојните законски норми кои не се отворени за нови видови на транспорт

27 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Паратранзит во земјите во развој Многу распространет вид на превоз во земји на Азија, Африка и Јужна Америка Спонтано се појавуваат како израз на потребите на превоз на луѓето во услови кога не е обезбеден соодветен превоз со други видови на превоз од различни причини (делови на градот – често диви сиромашни квартови кои немаат никаков друг превоз, недоволен капацитет или скап превоз со постоен ЈГПП итн.) Најчест форма – џитни кои го возат многу индивидуални приватни превозници, кои се во постојана борба со конкуренцијата

28

29

30 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) Во развиените земји – иновативен начин на превоз со цел да се задоволат потребите за превоз во средини со мали густини каде бројот на патници е премал за редовен ЈГПП Подразбира постоење на континуирана услуга за превоз во дадено подрачје на неповрзана група на луѓе, со помош на релативно мали возила (комби, минибус), на променливи траси и со променливи возни редови, кои се составуваат според најавените или моментните барања за превоз од корисниците.

31 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) Начин на функционирање: Корисниците по телефон побаруваат превоз веднаш или однапред го најавуваат, со тоа што даваат податоци каде е почетната и крајната точка на нивното патување. Превозникот, според барањата за превоз кои ги има дефинира прелиминарна траса на движење на возилата, контактира со возилото на терен кое може најбрзо да одговори на дефинираната траса или возило кои стои во базата и го упатува да ги собере корисниците доделени на таа траса. Според тоа, возниот ред и дефинирањето на трасата се прават со помош на софтвер во реално време т.е. Според моменталинте потреби. Дури и кога трасата е веќе дефинирана, може да се вклучи и ново барање за превоз, доколку тоа може да се вклопи во времето и трасата на возило кое веќе ја почнало турата.

32 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) Идејата не е нова, но овој вид на превоз станал повторно актуелен со развојот на информатичката технологија која го враќа во водите на економски возможна категорија Во 1980те и 1990те години флексибилниот ЈГПП прво се воведува за опслужување на посебни групи на корисници (постари и лица со посебни потреби, опслужување на универзитетски кампуси или трговски и туристички зони) Во 1980те и 1990 те години прво се воведува за опслужување на специфични групи на корисници (пензионери, лица со посебни потреби, болни, универзитетски кампуси или туристички зони) во САД, Канада, Германија и др. земји Денес се смета дека превозот на патници на повик може да има значајна улога во подрачја со помали густини (предградија, приградски населби) каде заради малиот број на патници тешко се организира класичен јавен градски превоз.

33 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Функционирањето подразбира повеќе фази: Најава за потреба на превоз Изработка на прелиминарен возен ред; Определување на траса; Испраќање на возилото да ја изврши доделената задача; Корегирање на транспортната задача; Собирање на податоци за извршените превози, заради следење на работата и потребите на сметководството.

34 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Најавата за потреба за превоз може да биде: А) Во вид на резервација за некој период во иднина, обично после 24 часа или повеќе; Б) Во форма на претплата која важи во подолг временски период и се однесува на секојдневно патување на пример за одење на работа; В) Барање за превоз ведннаш, со тоа што во пракса во повеќето случаи операторот гарантира дека превозот ќе се изврши во рок од 15 мин до 1час.

35 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА При најавата на потреба за превоз се земаат податоци за саканото време за тргнување, адреса од каде се тргнува, до каде се патува, кога треба да стигне до целта на патувањето, колкав број патници ќе патуваат и телефонскиот број. Потоа, превозникот со помош на софтвер и дотогаш собраните потреби за превоз продуцира прелиминарен возен ред и му соопштува на корисникот временска рамка за која возило може да дојде до локацијата на корисникот (на пример најдоцна за 30 мин). Корисникот кажува дали се согласува со понудената временска рамка.

36 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Изработка на возен ред со секое ново барање за превоз, тоа се вметнува во моменталниот возен ред водејќи сметка за ограничувањата со времињата и трасата на веќе планираното возење и на саканите времиња за тргнување и пристигнување на корисникот. Откако земените податоци се уфрлуваат во компјутер, диспечерот веднаш на корисникот му кажува (доделува) временски термин кога возилото може да дојде. На пример во се јавува корисник кому му треба превоз веднаш. Диспечерот по внесувањето на податоците во компјутерот на пример ке рече дека возило може да го земе патникот во временски интервал помеѓу и минути. Трба да се истакне дека доделувањето на временски прозорец се усте не значи дека трасата на возилото во тој момент е конечно определена. Ова претсавува само ново ограничување кое заедно со другите барања треба да се вклопат во возниот ред.

37 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Определување на трасата Можни разни конфигурации на траса и режими на застанување со различен степен на флексибилност

38 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Определување на трасата Можни разни конфигурации на траса и режими на застанување со различен степен на флексибилност: Многу до многу точки (најтешко за организација) Многу до малку точки Многу до една точка Малку до малку или една точка Комбинација на флексибилна траса на еден дел и фиксна на другиот дел

39

40

41 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Превоз на патници на повик (Demand Responsive Transit, Bus-on-call, Dial-a-ride) ОРГАНИЗАЦИЈА И ВИДОВИ НА УСЛУГА Испаќање на возилото за извршување на превозот Претставува пуштање на возило да го изврши превозот на сите корисници кои се доделени на тоа патување. Возачот на возилото добива конкретна задача со дадени адреси, траси и времиња. Меѓутоа, и во оваа фаза можни се дополнителни измени на возниот ред заради откажувања на патувања или вметнувања на нови кои можат да се вклопат во веќе утврдената траса без измени на трасата или со мали измени на трасата. Во некои системи може да се одземе некое патување доделено на едно возило и да се додели на друго ако тоа е порационално и ако одговара на барањата на корисниците. Ефикасно работење на ваков начин е можно само со помош на примена на развиена компјутерска технологија и напреден систем за комуникација помеѓу сите учесници во овој процес.

42 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Компоненти на паратранзит Возила Трицикли, комби до минибус и стандарден автобус Возила наменети за лица со посебни потреби и постари лица – додатна опрема за полесен влез и излез

43 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Компоненти на паратранзит Возачи Доволна е дозвола од категорија Б Тоа дава можност за вработувања со неполно работно време Близок контакт со патниците па посебно – љубезност и коректен однос

44 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Компоненти на паратранзит Стојалишта, терминали, гаражи Често функционира без регуларни стојалишта кај илегалните превози. Прашање е дали легалните можат да ки користат стојалиштата на редовниот ЈГПП (ако ги има) Често преку ноќ, возилата се паркирани пред домовите на возачите, на улица или во гаража

45 Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит
Компоненти на паратранзит Систем за комуникација За современите превози на повик неопходно компјутер, софтвер, комуникациски можности помеѓу диспечерот и возачите


Скинути ppt "Алтернативен јавен превоз на патници - паратранзит"

Сличне презентације


Реклама од Google