Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ОДНОСИ МЕЃУ ПОСЕБНИТЕ КНИЖЕВНИ РОДОВИ

Сличне презентације


Презентација на тему: "ОДНОСИ МЕЃУ ПОСЕБНИТЕ КНИЖЕВНИ РОДОВИ"— Транскрипт презентације:

1 ОДНОСИ МЕЃУ ПОСЕБНИТЕ КНИЖЕВНИ РОДОВИ
ГЕНОЛОГИЈА – поддисциплината на книжевната теорија која се занимава со проблемот на книжевните родови.Во науката за литература постои поделбата на три книжевни рода: лирика, епика и драма. Родовите се стабилни, трајни начини на книжевно изразување, кои колку и да се менуваат, мешаат и развиваат, ги задржуваат своите суштински одлики.Тоа се трите најкрупни области во кои може да се класифицира книжевното творештво.

2 ЕМИЛ ШТАЈГЕР Разграничувањето на родовите се вршело на различни принципи: лириката изразува чувства, во епиката се раскажува, а во драмата ликовите дејствуваат.Теоретичарот Емил Штајгер се залагал за пофлексибилно толкување на родовската поделеност.Тој препорачувал наместо именската употребата на родовите епика, лирика, драма, да се користи придавска определба - лирско, епско и драмско дело.

3 КНИЖЕВНИ ЖАНРОВИ КНИЖЕВНИ ВИДОВИ (жанрови) – специфични форми кои се јавуваат во одреден историски миг, заживуваат, па отсуствуваат од сцената на книжевната историја.Некои од нив повторно се појавуваат, а некои сосема изчезнуваат.Во текот на историјата се појавиле жанрови својствени за една епоха: дитирамб, епиграм, за антиката; сонетен венец – за ренесансата; филозофски расказ – за просветителство.

4 Мешање на книжевните жанрови
Во антиката постоело мислењето дека жанровите треба да се негуваат такви какви што настанале.Исто мислење имале и торетичарите на класицизмот, а романтичарите сметале дека мешањето на жанровите не е ништо лошо, туку претставува проширување на можностите на литер. и зголемување на нејзините вредности.Италијанецот Бенедето Кроче, кој не ја признавал жанровската поделба на литературата, сметал дека секое индивидуално дело има засебна книжевна вредност и форма. Во денешно време литературата ги распознава и прецизно ги толкува чистите жанровски форми, но исто така има изградена свест дека жанровите се мешаат и постојано се создаваат нови т.н. Хибридни форми.

5 ХИБРИДНИ ЖАНРОВСКИ ФОРМИ
ХИБРИДНИ ЖАНРОВСКИ ФОРМИ – еден од најважните книжевни жанрови на дваесеттиот век е романот кој по својата суштина е хибриден.Според рускиот теоретичар Михаил Бахтин основен предмет на науката за литература се жанровите, а меѓу нив посебно место му припаѓа на романот.Со својата теорија за полифонијата на романот, Бахтин покажува дека во романот свое место можат да најдат сите видови јазични изразувања, така што не е чудно кога во некој роман ќе се сретне есеј, вметната песна, политички говор, народна поговорка, биографија.Романот овозможува најмногу мешање на жанровски обележја, на разни видови цитати.

6 Компаративистички пристап кон жанровите
За компаративистите жанровите имале друго значење.Тие се интересирале за создавањето на еден жанр, каква е неговата судбина во текот на историскиот развој. Компаративистот повеќе сакал да зборува за модели, а тоа значи самото дело колку и да е вредно, не може да претставува жанр доколку не предизвика појава на други нему слични дела.

7 „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“ - А.С.ПУШКИН
Романот „Евгениј Онегин“ е прв роман во стихови во руската литература во 19 век.„Евгениј Онегин“ претставува нов роман не само по форма, туку и посодржина.Го напишал во форма на стих во 8 глави (секоја глава има различен бриј на песни). Тема:односот на прогресивната благородничка имтелегенција кон проблемите на современата руска стварност во првата половина на 19 век. Романот за основа ги има односите меѓу Онегин и Татјана и Ленски и Олга, кои се мошне сложени и противречни.


Скинути ppt "ОДНОСИ МЕЃУ ПОСЕБНИТЕ КНИЖЕВНИ РОДОВИ"

Сличне презентације


Реклама од Google