Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Класицистичкиот рационализам на XVIII век

Сличне презентације


Презентација на тему: "Класицистичкиот рационализам на XVIII век"— Транскрипт презентације:

1 Класицистичкиот рационализам на XVIII век
1.Рационализам – правец во филозофијата што го признава разумот како единствен извор и критериум на научното сознание, што е сосема спротивно на искуството. 2.Литературен правец настанат во 18 век, што му дава предност на разумот над чувствата.

2 Теоријата на Џон Лок Тврдењето на Џон е дека не постојат вродени претстави во човековиот ум, туку дека содржините на човековиот ум се последица на неговото искуство. „Вистина е само тоа – вели Лок што го добиваме преку сетилата“.Се што не може да се докаже со здравиот разум е заблуда, предрасуда.Ова негово тврдење извршило големо влијание врз натамошниот развиток на човечката мисла во европската наука, филозофијата и литературата. На преминот од 17 во 18 век во Англија творат двајца многу популарни писатели – Даниел Дефо и Џонатан Свифт и Волтер, жесток гласноговорник на француското просветителство.

3 Разлики меѓу францускиот класицизам во 17 век и француското просветителство во 18 век
Писателите на францускиот класицизам во својот однос кон власта и авторитетот на црквата битно се разликуваат од заложбите на француското просветителство на Волтер во 18 век, кој е најгласниот и најостриот критичар на општествените состојби во своето време, а воедно и најлутиот противник на фанатизмот на црквата. Волтер е писател, филозоф и историчар роден во Париз.Напишал околу триесет илјади страници како публицист, поет, филозоф и историчар.Поважни литературни дела му се поемата „Орлеанската девица“, романот „Кандид“ и трагедијата „Олимпија“.Од областа на публицистиката објавил повеќе брошури во кои ја разобличувал католичката црква.

4 Како и Џон Лок и Волтер ја отфрлил идејата за тоа дека човекот кога ќе се роди во себе ја носи идејата за постоењето на Бог. Основната парола околу која Волтер сакал да ги собере сите напредни мислители била борбата против религиозното суеверие и фанатизмот на католичката црква. Литературните дела на Волтер се слични со делата на класицистите од 17 век.Тој се придржувал кон трите правила за единство во драмата, но како вистински просветител за трагедијата поставил нови, воспитни задачи.Неговите трагедии имаат публицистичко борбен карактер, така што Волтер се смета за творец на просветителската трагедија.

5 Општествената критика во делата на Свифт и Волтер
- Романот Гуливеровите патувања на англискиот писател Џ.Свифт од почетокот на 18 век (1726), ја посочува ослободеноста на англиската литература од строгите правила на уметничкото обликување. - Волтеровиот Кандид е сатиричен роман публикуван во 1795 година. Неговата критика е насочена против догматскиот авторитет на религијата и филозофскиот идеализам.

6 Просветителството во германската литература
Лесинг е најзначајниот претставник на просветителството во германската литература во 18 век. Славата ја стекнува како драмски писател на комедии, а во 1759 година ги издава Басните, а заедно со нив и Расправи за басните. Тој го педноставил стилот и јазикот на басната, пишувал во проза, ја осовременил нивната содржина, затоа што преку нив, укажувајќи на состојбите на своето време, сакал да ги поучи и воспитува луѓето на тоа што е добро и полезно. Иако многу мотиви презел од Езоп, поради јасноста и едноставноста, басните на Лесинг станале особено популарни.


Скинути ppt "Класицистичкиот рационализам на XVIII век"

Сличне презентације


Реклама од Google