Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Финансиските извештаи како предмет на анализата

Сличне презентације


Презентација на тему: "Финансиските извештаи како предмет на анализата"— Транскрипт презентације:

1 Финансиските извештаи како предмет на анализата
Асс М-р Христина Анастасиевска Танеска

2 Финансиските извештаи претставуваат збир на информации за финансиската положба, успешноста, промените во капиталот и паричните текови на едно претпријатие и претставуваат функционална и временски заокружена целина на деловни процеси кои се случиле во едно претпријатие и како такви, ја чинат основата за секоја рационална анализа. Корпорацијата станува деловно способна преку емисија на акции и обврзници на финансискиот пазар. Преку емисијата и продажбата на акции, корпорацијата прибира капитал од сопствениците, додека со емисија и продажба на корпоративни обврзници се стекнува со капитал од доверители (купувачи на обврзници, bondholders), а пак, преку кредитните активности стекнува капитал од големите кредитори, како што се банките.

3 Креирањето на вредноста за оваа група се одвива преку три активности:
- финансиски, - инвестициони и - оперативни. Сите спомнати активности претставуваат деловни настани (трансакции) кои сметководството ги бележи и на крајот од деловната година ги внесува во финансиските извештаи. Значи, сите активности на една компанија се материјализирани во следните финансиски извештаи: 1. биланс на состојба, 2. биланс на успех, 3. извештај за паричните текови и 4. извештај за промените на капиталот.

4

5 Билансот на состојба е моментална слика на финансиската положба на некое претпријатие на одреден ден. Овој финансиски извештај ја покажува големината и структурата на средствата и изворите на финансирање. Активата на претпријатието во билансот на состојба се дели на: постојани (фиксни, долгорочни) средства и обртни (тековни, краткорочни) средства. Изворите на средствата на претпријатието или пасивата го покажува потеклото на средствата, односно од каде средствата од активата потекнуваат. Во билансот на состојба потеклото на средствата може да биде одредено како: сопствен капитал и позајмен, туѓ капитал на претпријатието (обврски или долгови, капитал на доверители). Во деловната пракса на претпријатијата се користат следните критериуми на распределување на позициите во билансот на состојба: критериум на растечка ликвидност во активата и опаѓачка доспеаност во пасивата, и критериум на опаѓачка ликвидност во активата и растечка доспеаност во пасивата.

6 Билансот на успех е сметководствен извештај во кој се искажани остварените приходи и расходи на претпријатието во одреден пресметковен период. За разлика од билансот на состојба кој ја покажува финансиската позиција на претпријатието на точно одреден ден, билансот на успех е периодичен извештај. Приходите, во склад со МСС, се дефинираат како „зголемувања на економските користи во текот на пресметковниот период во облик на прилив или зголемување на средствата, односно намалување на обврските, што доведува до зголемување на сопствениот капитал“. Расходите како негативна компонента на вкупната успешност на претпријатието, во МСС се третираат како „загуби и трошоци кои произлегуваат од вообичаени активности на претпријатието (деловни, финансиски расходи)“ Резултатот се утврдува како разлика помеѓу остварените приходи и расходи во одреден пресметковен период, не следниот начин: Приходи – Расходи = Резултат, добивка, Пр > Р или загуба, Пр < Р

7 а) метод на трошоци на продадени учиноци и б) метод на вкупни трошоци.
два општоприфатени методи на пресметка на резултатот во теоријата и деловната пракса: а) метод на трошоци на продадени учиноци и б) метод на вкупни трошоци. ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ -Трошоци на продадени готови производи Бруто добивка (загуба) + Останати деловни приходи -Трошоци на продажба -Општи трошоци за управа и администрација Добивка (загуба) од оперативни активности + Финансиски приходи -Финансиски расходи + Останати приходи (добивки) - Останати расходи (загуби) Нето добивка (загуба) ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ + Зголемување на вредноста на залихите на учиноци - намалување на вредноста на залихите на учиноци + Останати деловни приходи -Амортизација -Трошоци за материјали -Трошоци за услуги - Трошоци за плати - Останати деловни расходи Добивка (загуба) од оперативни активности + Финансиски приходи - Финансиски расходи + Останати приходи - Останати расходи Нето добивка (загуба)

8 Извештајот за паричните текови претставува изведен финансиски извештај, бидејќи настанува со реаранжирање на позициите на билансот на состојба и билансот на успех. Извештајот за парични текови ги прикажува приливите и одливите на готовината, кои се класифицирани како основни активности во претпријатието – оперативни, инвестициони и финансиски активности. Оперативните активности се најважни за претпријатието. Тие се последица на дејноста со која се занимава претпријатието. Нето паричниот тек од оперативни активности е значајна информација за корисниците, бидејќи ја покажува способноста и умешноста на претпријатието за остварување на позитивен нето паричен тек од дејноста со која се занимава. Инвестиционите активности ги прикажуваат приливите и одливите на готовината која потекнува од трансакциите на продажба и набавка на постојани средства (недвижности, постројки, опрема, хартии од вредност). Кога се поголеми приливите од одливите тоа значи дека претпријатието го продава својот постојан имот, а кога се поголеми одливите, значи дека е во прашање претпријатие кое расте, бидејќи инвестиционите вложувања секогаш укажуваат на раст на претпријатието

9 Финансиските активности ги прикажуваат приливите од емисија на акции, земање на кредити и одливи на готовина по основ на плаќање на главнина на кредити и дивиденди на акционерите. Финансиските активности прикажуваат поголеми приливи кога претпријатието преку земање на додатни кредити или емисија на акции настојува да ја финансира инвестиционата активност, или пак оперативната активност во случај на недостаток на готовина за покритие на тековните расходи. Целта на составувањето на извештајот за парични текови, е содржана во обезбедувањето на информации кои им служат на корисниците за да можат да проценат: Способноста на претпријатието да генерира доволно парични средства со кои ќе ги финансира секојдневните оперативни активности, Способноста на претпријатието да ги плаќа главнината и каматите по основ на земени кредити и дивидендите на акционерите, и Способноста на претпријатието да расте и да се развива преку додатни вложувања во недвижности, постројки и опрема, или пак, да врши продажба на постојаните средства како би се генерирала готовина.

10 Извештајот за промените во капиталот е составен дел од финансиските извештаи составени во согласност со МСС 1 и кој е наменет на сопствениците на капиталот. Овој извештај се составува како посебен извештај и во него како минимум позиции се искажуваат: Нето добивка или загуба за пресметковниот период, Ставките на приходи и расходи кои не влегуваат во билансот на успех, туку се признаваат во корист или на терет на капиталот, и Збирниот ефект на промените во сметководствените политики.

11 Белешките на финансиските извештаи, кои содржат скратен опис или детална анализа на износите прикажани во финансиските извештаи, треба да: прикажуваат информации за основите за составување на финансиските извештаи и специфичните сметководствени политики кои се применети за проценка на сите значајни ставки, обелоденуваат информации кои не се прикажани во финансиските извештаи, а МСС/МСФИ ги бараат, и пружат додатни информации кои допринесуваат за верното прикажување на финансиските извештаи.

12 Во пракса, финансиските извештаи се само еден, почетен извор на информации и често овие информации конкурираат во анализата заедно со останатите извори на информации. Замерките кои им се упатуваат на традиционалните сметководствени информации се дека тие имаат историски карактер, не ги прикажуваат сите средства на некое претпријатие (интелектуален капитал), средствата се вреднуваат по историски трошоци, а не по фер вредност и друго. Ваквите замерки упатени до традиционалниот сметководствен систем на известување, им дале на аналитичарите основа за користење на некои други извори на информации – грански публикации, анализи на државни органи, анализи во финансиски медиуми, анализи од брокерските куќи и слично. Оваа нееднаквост во количината и квалитетот на информациите кои ги поседуваат различните корисници (инвеститори во акции и обврзници, кредитори наспроти претпријатијата емитенти) се нарекува информациона асиметрија. Од информационата асиметрија произлегуваат два проблеми: спротивна селекција и морален хазард (злоупотреба).

13 Спротивната селекција настанува кога инвеститорите немаат доволен обем и квалитет на информации па донесуваат деловни одлуки за вложување во акции и обврзници на погрешни претпријатија. Спротивната селекција постои уште пред да се донесе одлуката за инвестирање. Морален хазард (злоупотреба) настанува кога парите веќе ќе се вложат во конкретни акции и обврзници на претпријатието. Тогаш инвеститорите се соочени со проблемот дека менаџерите на претпријатието нема да работат за нивниот најдобар интерес, туку дека раководени од себични цели ќе работат за сопствени интереси. Тука станува збор за ризик дека емитентот (менаџментот на претпријатието) ќе превземе активности кои се во спротивност на целите на инвеститорите и кредиторите, односно дека тоа се такви активности кои ќе го загрозат претпријатието, кое нема да биде во можност да им ги врати парите на инвеститорите (преку дивиденди и пораст на пазарните цени на акциите) и на кредиторите (преку камати и главнината на кредитот или главнината на долгот на кој гласи обврзницата).


Скинути ppt "Финансиските извештаи како предмет на анализата"

Сличне презентације


Реклама од Google