Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Осигурување ЕЛЕМЕНТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ

Сличне презентације


Презентација на тему: "Осигурување ЕЛЕМЕНТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ"— Транскрипт презентације:

1 Осигурување ЕЛЕМЕНТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурување ЕЛЕМЕНТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ Асс М-р Христина Танеска

2 ЕЛЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Предмет на осигурување; Ризик на осигурување; Осигурен случај; Сума на осигурување; Премија на осигурување.

3 Предмет на осигурување
Тоа заради што се склучува договор за осигурување, односно во поглед на што може да се оствари осигурениот случај; Телесни ствари на кои постои интерес на осигурување (ствари во нечија сопственост или во нечие користење); Лица (старост т.е. пристапна старост, здравје, телесна повреда, инвалидитет); Правни односи (барања, долгувања, трошоци и издатоци, одговорност за штета, изгубена добивка).

4 Предмет на осигурување
Предмет на осигурување треба да се разликува од предметот на договорот за осигурување; Предметот на договорот за осигурување се чинење плаќања (престации) на договорните страни – плаќање премија и плаќање на надоместок од сумата на осигурување. Не се предмет на договорот за осигурување ствари, лица и правни односи.

5 Ризик на осигурување Настан сооглед на кој се склучува осигурување, односно кој е опфатен со осигурување (čl. 922/2 ZOO). Битни елементи на ризикот: 1) иден настан, 2) неизвесен, 3) независен од исклучителната волја на договорувачите на осигурување или осигурениот, 4) можен настан, 5) правно дозволен настан; Неизвесност на ризикот значи неможност во нормални околности да се предвиди неговиот настап (карактер на вонреден настан); Неизвесноста мора да постои во моментот на склучување на Договорот за осигурување; Во поширока смисла сватен ризикот се поистоветува со опасност; Ризикот е само замислена опасност на настанување на некој настан, кога таа опасност се реализира тогаш веќе станува збор за осигурен случај.

6 Осигурен случај Осиурен случај претставува настан предизвикан од осигурениот ризик (čl. 933/1 ZOO). Осигурен случај претставува остварување на ризик; Тоа е настан однапред предвиден со договорот за осигурување со чие настанување настанува обврски на осигурителот да исплати надомест од сумата на осигурување; Во случај на осигурување на имот осигурениот случај има карактер на штетен настан; Во осигурените лица осигурениот случај може, но не мора да има карактер на штетен настан.

7 Осигурен случај Договорот за осигурување е ништавен ако во моментот на неговото склучување осигурениот случај веќе настанал, или бил во настанување, или било извесно дека ќе настапи или веќе престанала можноста веќе тогаш престана можноста тој да настане. (čl. 923/3 ZOO)

8 Сума на осигурување Горна граница на обврската на осигурителот (исплатите на осигурителот не може да биде поголеми од износот на сумата на осигурување, и покрај тоа ако висината на штетата е поголема од сумата на осигурување); Се одредува со договорот за осигурување и со пропис; Разликување на сума на осигурување и осигурнина (надоместок од осигурување- паричен износ кој се исплатува на осигурениот доколку настапи осигурен случај).

9 Сума на осигурување- осигурување лица
Се изедначува со надоместокот од осигурувањето кој осиурителот го исплатува кога настапува осигурен случај; Сумата на осигурување претставува битен елемент на догоровот (essentialia negotii) – мора да се наведе во полисата за осигурување; Осигурената сума не е ни во каква врска со висината на претрпената штета (исклучок претставува загубената заработка и трошоците на лечење поради несреќен случај кој имал за последица смрт или инвалидитет на осигуреното лице).

10 Сума на осигурување – осигурување имот
Кај осигурување на имот сумата на осигурување е во функција на надоместок на штетата; Горната граница не мора да биде секогаш постигната како кај осигурување лица; Не се изедначува со надоместокот од осигурувањето (која зависи од висината на надоместокот на штетата и вредноста на осигурените предмети); Таа не е битен елемент на договорот (naturalia negotii), бидејќи ако не се договори сумата на осигурување, тогаш се смета вредноста на осигурениот предмет како сума на осигурување (на пр. осигурување на предмет од домакинство).

11 Премија на осигурување
Паричен износ кој договрувачот на осигурувањето е должен да плати како надомест за исполнување на обврските на осигурителот од договорот за осигрување; “Цена на осигурување” Битен елелемент на договорот за осигурување; Се одредува согласно просечниот интензитет на ризикот и вредноста на предметот на осигурување (кај имотните осигурувања); Помеѓу премијата и ризикот постои начело на сразмерност; Сукцесивна премија – кај долгорочните осигурувања се плаќа за одреден временски период (на пр. годишно, или месечно); Еднократна премија – се плаќа одеднаш во целина, за целиот период на осигурување.

12 Склучување на договор за осигурување
Начело на консензуалност - договор за осигурување е склучен кога понудата за осигурување е прифатена (čl. 925/1 ZOO); Понудата по правило ги поставува идниот договрувач на осигурувањето, а по исклучок осигурителот; Објавувањето на условите на осигурување од страна на осигурителот од страна на осигурителите не е понуда, туку повик под објавените услови да се направи понуда; Понудата може да се даде во усмен или писмен облик.

13 Склучување на договор за осигурување – рок на важење на понудата
Пишаната понуда направена од осигурителот за склучување на договор го врзува понудувачот (доколку не одредил пократок рок) за време од 8 дена од денот кога доспеа до осигурителот, а ако е потребен лекарски преглед тогаш тој рок изнесува 30 дена (čl. 925/4 ZOO); Роковите од 8 и 30 дена претставуваат рокови за понуда – Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот на осигурувањето (понудувач) ќе го прими прифатот на понудата од страна на осигурителот (понудениот) (аргумент од čl. 262/1 ZOO).

14 Преќутно склучување на договор за осигурување
Čl. 925 st. 5. ZOO A) понуда во писмен облик; Б) понудата не отстапува од условите за осигурување; В) осигурителот во споменатите рокови (8 и 30 дена) не ја одбие понудата; Тогаш се смета дека договорот за осигурување е склучен кога понудата пристигнала кај осигурителот (čl. 925/6 ZOO).

15 Склучување на договор за осигурување со плаќање на премија
Специфичен начин на склучување на договор за осигурување; Осигурителот со општа понуда нуди склучување на договор за осигурување со заинтересираните страни; Тогаш се смета дека договорто за осигурување склучен кога се исполни барањето наведено во понудата или ако на некој друг начин ја изрази согласноста со понудата; Уплатата на премија е еден начин на изразување на согласноста со таква општа понуда, а кој го признава самиот ZOO (čl. 927). Со самото плаќање на премија во таков случај доаѓа до склучување на договор за осигурување.

16 Полиса за осигурување Темелна исправа за договорто за осигурување;
Lat. Policeri – ветување, осигурителот се обврзува со полисата за осигурување дека ќе ја исполнува својата договорна обврска; Формата на полисата е писмена, а во ново време се јавува и електронски облик на полиса.

17 Полиса за осигурување Функција на формата на полисата:
A) ad probationem – доказ дека договорто за осигурување е склучен и дека неговата содржина се утврдува од содржината на полисата на осигурување; Б) ad solemnitatem – испоставувањето на полиса претставува услов за настанување и валидност на договорот за осигурување. И овде полисата служи како доказ дека договорот за осигурување е склучен.

18 Полиса за осигурување Функцијата на полисата ad probationem карактеристична е за осигурување на имот– за склучениот договор за осигурување осигурителот е обврзан без одлагање на договрувачот на осигурувањето да ја предаде уредно составена и потпишана полиса за осигурување или некоја друга исправа (925/2 ZOO); Функцијата на полисата ad solemnitatem карактеристична е за осигурување лица– договор за осигурување лица кога странките ќе ја потпишат полисата за осигурување (925/3 ZOO) (iznimno od opće odredbe da je UOS sklopljen prihvaćanjem ponude o osiguranju).

19 Обавезна содржина на полисата за осигурување (čl. 926/1 ZOO)
Во полисата мораат да бидат наведени: договорните страни, осигурените лица, односно осигурените ствари или други предмети на осигурување, ризикот што се опфаќа со осигурување, траење на осигурувањето и време на покритие, износ на осигурување или дека осигурувањето е неограничено, премија или придонес (влог), издавање на полисата и потписи на договорните страни; Општи и посебни услови на осигурување не се составен дел на полисата, но се составен дел на договорот за осигурување. Тие со тоа, мораат да бидат или печатени на полисата, или ако не се, тогаш осигурителот мора да ги предаде на договрувачот на осигурување (čl. 926/3 ZOO); Исполнувањето на овие обврски мораат да бидат наведени во полисата (čl. 926/4 ZOO).

20 Правила за одредување на редот на примена на договрните одредби (926/5 ZOO)
Во случај на неслагање на некои одредби од општите илои посебните услови и некои одрдеби од полисата ќе се применуваат одредбите од полисата; Во случај на неслагање на некои печатени и одредби ќе се применат одредбите напишани во полисата; Во случај на неслагање на со машина за пишување напишани одредби со одредбите напишани со ракопис, ќе се применуваат ракописните одредби.

21 Видови полиси за осигурување (926/6 ZOO)
Полиса на име – е полиса во која осигуреникот поименично наведен; Полиса по наредба – во неа осигуреникот ја одредува по наредба на договрувачот на осигурувањето или осигурениот; Полиса на доносител – осигурениот е лице кое ја поднесува полисата на осигурителот (не се применува за осигурување на живот 967/ZOO). Овде спаѓа и полисата по наредба со бланко индосамент; Полиса за сметка на кој се однесува– е полиса за сметка на трето неодредено лице; се испоставува во околности кога во моментот на склучување на Договорот за осигурување на осигурување не се знае кое лице ќе има интерес на осигурениот предмет во моментот на настапување на осигурениот случај; се третира како полиса на доносител.

22 Дали полисата за осигурување е ХВ?
Полисата за осигурување не се смета за ХВ; Поради фактот што барањето за исплата на надоместок од сумата на осигурување базира врз договорот за осигурување, а не врз полиса на осигурување; Кај имотните осигурувања потребно е да се докаже покрај формалната легитимација (предочување на полиса) и материјална легитимација т.е. интерес на осигурување. Ова значи дека –поседувањето на полиса не ја означува особата која е само легитимирана да и се исплати надоместокот од сумата на осигурување, туку дека е вистински осигуреник; Новиот корисник на полисата, осигурителот може да ги постави сите тие приговори од Договорот за осигурување кои би можел и неговиот претходник.

23 Лист на покритие Лист на покритие претставува исправа која привремено ја заменува полисата за осигурување o (čl. 926/2 ZOO); Листот на покритие се издава кога не се познати сите елементи на договорот за осигурување; Тој е пишан доказ за постоење и содржина на договорот, со испоставување на полисата за осигурување тој губи полноважноста.

24 Содржина на листот за покритие
Во него не се внесува податоци кои се внесуваат во полисата за осигурување, туку само тие кои се битни елементи на Договорот за осигурување; То се: предмет на осигурување, ризикот на покритие, сума на осигурување и обврската на исплата осигурнина во случај на настнување на осигурениот случај.

25 Права и обврски на страните од Договорот за осигурување
A) Права и обврски во моментот на склучување на договорот за осигурување; Б) Права и обврски во текот на траењето на договорот за осигурување; В) Права и обврски кога ќе настапи осигурен случај.

26 A) Права и обврски во моментот на склучување на договорот за осигурување
Пријавување на околности значајни за оцена на ризик (čl. 931 ZOO) – поради намерно неточна пријава или преќутување на тие околности (измама) осигурителот може да бара поништување на договорот (čl. 932/1 ZOO); ако се работи за ненамерна неточна или непотполна пријава тогаш осигурителот може по избор да го раскине Договорот за осигурување или да предложи зголемување на премијата сразмерно на зголемениот ризик (č. 933/1 ZOO); но, осигурителот не може во овие два претходни случаеви да се повика на неточност или непотполност на пријавата ако околностите за оценка на ризикот му биле познати или не можеле да останат непознати; Известување на договорувачот на осигурувањето за условите за осигурување и ги предава тие услови (čl. 926/3 ZOO-a) Плаќање на премија (или први премии) за осигурување (čl. 936 ZOO) – ако премијата се плаќа одеднаш таа доспева при склучување на договорот за осигурување, ако се плаќа повеќекратно тогаш нејзиното плаќање доспева согласно со договорените рокови.

27 Б) Права и обврски во текот на траењето на договорот за осигурување
Плаќање на подоцнежната премија на осигурување Информирање на осигурителот за промена на ризикот– должност на договорувачот на осигурувањето за информирање на осигурителот за зголемениот ризик (čl. 938/1 i 2 ZOO); можно е осигурителот да го раскине договорот, ако зголемувањто на ризикот толкаво што би придонело да не го склучи договорот од почетокот (938/3); можно е осигурителот да предложи нова стапка на премија за осигурување ако зголемувањето е толкаво со што осигурителот ќе го склучи договорот за осигурување при поголема премија j (938/4 ZOO); ако по склучување на договорот за осигурување ризикот се намали договрувачот на осигурувањето има право на соодветно намалување на премијата (940/1 ZOO);

28 Б) Права и обврски во текот на траењето на договорот за осигурување/2
Спречување настанување на осигурен случај (950 ZOO) – осигуреникот има обврска за преземање мерки за спречување на настанување на осигурен случај (950/1), осигурителот е должен да ги надомести трошоците, загубите и штетите настанати со обидот да се отстрани настанување на осигурен случај, па дури и ако обидот да останал со неуспех (950/2) пришто ако таквиот надоместок заедно со надоместокот на штетата ја преминува висината на износот на осигурувањето (950/3).

29 В) Права и обврски кога ќе настапи осигурен случај.
Информирање на осигурителот за настанувањето на осигурениот случај – обврската на осигуреникот на информирање на осигурителот за настанување на осигурениот случај во рок од 3 дена од сознанието, освен за осигурување живот (941/2 ZOO); Преземањето мерки заради отстранување или смалување на штетните последици од настанатиот случај (čl. 950/1 ZOO).

30 В) Права и обврски кога ќе настапи осигурен случај/2
Исплата на осигурнина – главна обврска на осигурителот, рокот е 14 дена од кога осигурителот добил известување за тоа дека се случил осигурен настан (943/1 ZOO), а ако за утврдување на обврската на осигурителот е потребно (stanovito vrijeme) рокот за исплата на осигурнината е 30 дена од применото оштетно барање или во тој рок мора да го извести осигуреникот дека барањето е носновано (943/2 ZOO Последиците од непочитување на роковите: плаќање на затезни камати надоместок на штетата (943/4 ZOO). Не постои обврска на исплата на осигурнина ако договрувачот на осигурување, осигуреникот или корисникот на осигурувањето го предизвикал осигурениот случај намерно или поради измама (944.); Плаќање на трошоците за спасување (čl. 950/2 i 3 ZOO).

31 В) Права и обврски кога ќе настапи осигурен случај.
Од кога почнува обврската на осигурителот за плаќање на осигурнина? Ако е договорено премијата да се плаќа при склучување на договорот, обврската на осигурителот да ја исплати осигурнината одредена со договорот почнува идниот ден од денот на уплатата на премијата (937/1 ZOO); Ако е договорено премијата да се плаќа по склучување на договорот, обврската на осигурителот да ја исплати осигурнината одредена со договорот за осигурување почнува од денот одреден како ден на почеток на осигурувањето (937/2 ZOO).

32 Траење на договорот Време во кое Договорот за осигурување ги произведува своите правни ефекти и во кој странките се должни да ги исполнуваат своите обврски; Посебни одредби за траење : 1) Договор за осигурување склучен на одредено време, 2) Договор за осигурување склучен на неодредено време, 3) Договор за осигурување склучен на време подолго од 5 години, 4) (за престанок) Договор за осигурување поради неплаќање на премија.

33 ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СКЛУЧЕН НА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ
Ако поинаку не е договорено, договорот за осигурување произведува свои ефекти со истекот на денот кој е означен како ден на почеток на траење на осигурувањето, па се до завршувањето на последниот ден рок за кој осигурувањето е договорено (946/1 ZOO); Значи, ако поинаку не е договорено осигурителското покритие започнува во 24-тиот час на денот на почетокот на осигурувањето т.е. во 00:00 идниот ден, а престанува во 24-тиот час последниот ден предвиден соп договорот за осигурување.

34 ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СКЛУЧЕН НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ
Ако рокот на траење на осигурувањето не одреден со договорот, секоја страна може да го раскине договорот со денот на доспеаноста на премијата, известувајќи ја по писмен пат другата страна најдоцна три месеци пред доспеаноста на премијата (946/2 ZOO); Ако ниту една страна не го искористи правото на раскинување, договорот за осигурување се продолжува на неодреден рок, обично за година дена.

35 ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СКЛУЧЕН НА ВРЕМЕ ПОДОЛГО ОД 5 ГОДИНИ
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СКЛУЧЕН НА ВРЕМЕ ПОДОЛГО ОД 5 ГОДИНИ Ако осигурувањето е склучено на рок подолг од 5 години, секоја страна може по истекот на тој рок, со отказен рок од 6 месеци, писмено да изјави на другата страна дека го откажува договорот.

36 Престанок на Договорот за осигурување поради неплаќање премија
Случај кога премијата се плаќа по склучување на договрот за осигурување Ако договорувачот на осигурувањето доспеаната премија по склучувањето на договорот не ја плати, ниту тоа го направило некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување претсанува по самиот закон по истекот на рокот од 30 дена откако на договрувачот му е врачено препорачано писмо од осигурителот со известување за доспеаност на премијата, но со тоа што тој рок не може да истече пред да истечат 30-те дена од доспеаноста на премијата (937/3 ZOO).

37 Престанок на Договорот за осигурување поради неплаќање премија/2
Ако во меѓувреме се случи осигурениот случај, тогаш осигурителот е во обврска да ја исплати осигурнината, но може нејзиниот износ да го компензира со износот на неплатена премија; во секој случај му преостанува да го утужи плаќањето на премија; Во секој случај договорот за осигурување престанува по самиот закон ако премијата не биде платена во рок од година дена од доспеаноста (937/4) – ова одредба се применува на пример, кога премијата не е платена а осигурителот не го испратил гореспоменатото препорачано писмо на договорувачот на осигурувањето.

38 Неплаќање премија која треба да се плати при склучување на договорот за осигурување
Ако е договорено премија да се плати при склучување на договрот за осигурување, а таа не се плати, во таков случај осигурителот нема да биде во обврска да ја исплати осигурнината.

39 Примена на одредбите за траење на договорот за осигурување
Наведените одредби за траење на договорот за осигурување, како и за последиците од правовремено неплаќање на премијата се од когентна природа (čl. 946/4 ZOO), и не се применуваат на договорот за осигурување живот и договорот за осигурување од несреќен случај (čl. 937/5 i 946/5 ZOO).

40 Влијание на стечајот на осигурувањето (čl. 947 ZOO)
(1) Во случај на стечај договорувачот на осигурувањето продолжува, но секоја страна има право да го раскине договорот за осигурување во рок од 3 месеци од отворањето на стечај, во кој случај од стечајната маса на договрувачот му припаѓа платените премии кои одговараат на преостантото време на осигурување; (2) Во случај на стечај на осигурителот договорот за осигурување престанува по истекот на 30 дена од отворање на стечај; (3) Стечај на осигурениот не влијае на полноважноста на договорот за осигурување.

41 На кои се начини престанува договорот за осигурување?
1) Истек на договорот; 2) Отказ на договорот; 3) Спогодбен раскин на договор; 4) Пропаст на осигурените ствари или со смрта на осигуреното лице (од причини кои не се покреини со осигурување); 5) Престанок на постоење ризик; 6) Престанок на интерес на осигурени ствари, продажба; 7) Стечај на осигурителот (и договорувачот на осигурување); 8) Поништување на договорот за осигурување; 9) Раскинување на договрот поради неплаќање премија за осигурување.


Скинути ppt "Осигурување ЕЛЕМЕНТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ"

Сличне презентације


Реклама од Google