Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ПО СЕКТОРИ

Сличне презентације


Презентација на тему: "ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ПО СЕКТОРИ"— Транскрипт презентације:

1 ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ПО СЕКТОРИ
Проф. д-р Зоран Ивановски Асс. М-р Христина Анастасиевска Танеска

2 Во рамките на современата банкарска индустрија, банките според банкарските активности што ги реализираат може да се класифицираат на: банкарство на мало (retail banking), банки кои директно работат со поединци, население или со мали бизниси; бизнис банкарство (business banking), банки кои обезбедуваат услуги на средни деловни ентитети (бизниси);

3 корпоративно банкарство (corporate banking), банки кои обезбедуваат услуги за големи бизнис клиенти, корпорации; приватно банкарство (private banking), банки кои обезбедуваат услуги за богати поединци или фамилии и инвестиционо банкарство (investment banking), банки кои реализираат активности на финансискиот пазар (пазарот на капитал).

4 Мноштво од банките се приватни деловни ентитети со лукративна цел, но постојат и државни банки кои се не – профитни организации. Централните банки се државни банки и имаат регулаторна обврска, како на пример, супервизија на комерцијалните банки или контрола на каматната стапка на пазарот за пари.

5 Генерално, централните банки обезбедуваат ликвидност на банкарскиот систем и се јавуваат во улога на позајмувач од последна дистанца (lender of last resort) во случај на банкарска криза.

6 Во групата на банки кои работат на мало (retail banks) влегуваат следниве банки:
Комерцијални банки (commercial banks) – терминот се користи за „нормална“ банка со цел да се разграничи од инвестиционите банки. По Големата депресија (Great Depression), според Американскиот конгрес, комерцијалните банки ги реализираат само банкарските активности, додека инвестиционите банки се ограничени за активности на пазарот на капитал.

7 Од средината на седумдесеттите години на XX век, со преструктуирањето на комерцијалното банкарство и со законската регулатива е укината сепарацијата помеѓу комерцијалните и инвестиционите банки. Според тоа, денес, со терминот „комерцијална банка“ се означува банка или сектор на банка што најмногу се занимава со депозити и заеми од корпорации или големи бизниси;

8 Приватни банки (private banks) – банки што менаџираат со финансиските средства на богати клиенти;
Прекуокеански банки (offshore banks) – банки лоцирани надвор од националните граници на јурисдикција; се карактеризираат со ниско ниво на регулација и одданочување; мноштво од офшоре банките се приватни банки; Исламски банки (islamic banks) – банки што функционираат според исламските принципи.

9 Во групата на инвестициони банки (investment banks) влегуваат следниве банки:
Инвестициони банки како преземачи на ризикот (investment banks “underwriter”) – ја гарантираат продажбата на акции и емисијата на обврзници; тргуваат на своја сметка; се јавуваат во улога на креатори на пазарот и во улога на советодавци на компаниите за низа трансакции и активности на пазарот на капитал во контекст на спојување и аквизиции и

10 Трговски банки (merchant banks) – станува збор за банки кои традиционално се ангажирани за финансирање на трговијата. Современата дефиниција се однесува на банки кои обезбедуваат капитал на фирми во форма на акции (процентуално е помала застапеноста на одобрување кредити). За разлика од вентуре фирмите (venture capital firms), трговските банки не инвестираат во нови компании.

11 До средината на седумдесетите години од XX век, комерцијалните банки во развиените земји имале доминантна позиција во финансиското посредување помеѓу носителите на штедењето и инвестициите.

12 Комерцијалните банки во рамките на традиционалниот модел на пазарна економија имале примат во рамките на следново: апсорбирање на штедењето преку депозити; кредитирање на населенитето и стопанството; рочна трансформација на финансиските средства и реализирање на платниот промет.

13 Во современиот модел на пазарна економија карактеристично е потиснувањето на комерцијалните банки во целокупното работење. Имено, развојот на пензиските и инвестиционите фондови повлекува голем дел од новоформираното штедење на населението во новиот финансиски механизам со што се менува протокот на капиталот во корист на институциите на финансискиот пазар.

14 Преструктуирањето на комерцијалното банкарство во основа се реализирало по пат на приближување на комерцијалните банки кон финансискиот пазар и со проширување на активностите на овие банки. Со трендот на намалување на депозитно – кредитните активности, комерцијалните банки го прошируваат опсегот на сопственото работење, пред се со вклучување во сферата на инвестиционото банкарство.

15 Имено, комерцијалните банки се сé повеќе вклучени во активности поврзани со хартии од вредност. Исто така, во согласност на законската регулатива, се укинува разграничувањето помеѓу комерцијалните и инвестиционите банки, со што се креира институционална основа да мноштво комерцијални банки станат универзални банки.

16 Универзалните банки, познати и како компании за финансиски услуги (financial services companies) вклучуваат комерцијално, инвестиционо и прекуокеанско банкарство (преку супсајдери основани во „даночниот рај“ нудат офшоре банкарски услуги во други земји).

17 За реализирање на банкарски активности и услуги во банката се формирани низа организациони единици: сектори, дирекции, служби и референти. Деловите на банката се формирани како: филијали, експозитури, подружници или претставништва во странство кои се основаат со Одлука на Управниот одбор на банката.

18 СЕКТОР ЗА РАБОТА СО НАСЕЛЕНИЕ
Основни функции на Секторот за работа со население се следниве: штедни влогови, картично работење, кредитирање, работа со државни хартии од вредност, Western Union, сефови и платен промет. Деловната политика на Секторот за работа со население се состои од следново: во областа на депозитно работење, банките настојуваат да ги зголемат сите видови на депозити во национални валути и девизни депозити за физички лица со понуда на поволни и конкурентни камати; зголемување на обемот на работа и во двата правца т.е. лоро и ностро дознака;

19 следење и понуда на поволни тарифи по извршени услуги за физички лица;
зголемување на бројот на издадените платежни картички (дебитни и кредитни); воведување на нови видови на платежни картички; развивање инфрастртуктурата за воспоставување на мрежа на банкомати (ATM – automated teller machines) и POC (point of sale) терминали кај трговци во земјата;

20 поедноставување на условите за одобрување на кредитите за физички лица;
нови продукти во делот на кредити за физички лица според потребите и барањата на комитентите; електронско банкарство за физички лица; технички и технолошки развој; обука и едукација на вработените кои работат со физички лица; едукација на корисниците за предностите од употребата на електронските банкарски продукти; активности за наплата на сомнителни и спорни побарувања по сите видови на продукти за физички лица согласно интерните акти и афирмирање на сефовското работење.

21 ШТЕДЕЊЕ (ДЕНАРСКО И ДЕВИЗНО)
Секој граѓанин кој сака да штеди може својот паричен депозит да го вложи во банка. За штедниот влог како паричен депозит вложен во банката се издава штедна книшка во која се пишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штеден влог. Штедната книшка може да гласи на име и на лице под старателство. Со средствата од штедната книшка може да располагаат: лицето на која гласи штедната книшка и ополномоштено лице овластено од вложувачот, законски застапник и старател.

22 Штедните влогови можат да бидат:
по видување и орочени (орочени со месечно подигање на каматата, со отказен рок или без отказен рок, со посебна намена или без намена); отворени штедни влогови и детско отворено денарско штедење.

23 Податоците за депозитите на граѓаните претставуваат деловна тајна на банката. Исто така, банката може да отвори штедни книшки на странски физички лица во Република Македонија. Каматните стапки се пропишани со деловната политика на банката. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица на сите шалтери на банката, експозитурите во Скопје, како и филијалите и експозитурите низ Републиката. Користењето на средствата од штедната книшка може да се врши во неограничен износ покрај шалтерите на банката, експозитурите низ градот и Републиката, во банките со кои дадената банка има склучено договор, како и поштите на целата територија на Република Македонија.

24 Издавање на полномошно може да се направи на сите шалтери на банката, додека лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат полномошно во кое ќе стојат личните податоци за сопственикот и лицето кое го ополномоштува. Полномошното треба да биде заверено во дипломатско конзуларни претставништва во земјата каде се издава или кај овластен нотар во истата. Загубената, искинатата или уништена штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка.

25 Денарските штедни влогови се осигурани во Фондот за осигурување на штедни влогови. Фондот ги обештетува физичките лица во висина на 100% од депозитот на секое физичко лице до износот од денарска противвредност на EUR и 90% од депозитот на секое физичко лице во една банка или штедилница до износот од денарска противвредност помеѓу EUR и EUR, но не повеќе од денарската противвредност на EUR. Во наведениот износ се пресметува главнината на штедниот влог зголемена за камата во висина најмногу до есконтната стапка на Народна банка на Република Македонија важечка во соодветниот период.

26 КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ Секторот за работа со население се занимава и со издавање и трансакции врз основа на следните видови картички: дебитни картички, револвинг кредитна картичка, дебитна картичка со дозволен минус, кредитни картички и бизнис картички.

27 Дебитните картички (VISA Electron, Maestro) претставуваат безготовинско средство за плаќање на стоки и услуги на сите продажни места за прифаќање на истата како и за подигање на готовина на банкомати и сите исплатни места кои носат ознака за прифаќање на дадената дебитна картичка во земјата и странство.

28 Дебитната картичка е поврзана со трансакционата сметка на корисникот и со истата може да се користи дозволено пречекорување. Дозволеното пречекорување на картичката се одобрува на секое работно способно полнолетно лице кое својата плата или пензија ја добива на трансакционата сметка и за кое банката ќе оцени дека ги исполнува условите за издавање на картичката.

29 Kредитна картичка (VISA Classic револвинг, Visa Gold кредитна картичка, Visa Classic Standard кредитна картичка, Visa Classic Revolving кредитна картичка, MasterCard Revolving кредитна картичка, MasterCard SP Cobranding кредитна картичка, MasterCard Standard кредитна картичка, MasterCard домашна кредитна картичка, MasterCard меѓународна кредитна картичка) е безготовинско средство за плаќање на стоки и услуги на сите продажни места означени за прифаќање на истата како и за подигнување на готовина на банкомати и сите исплатни места кои носат ознака за прифаќање на дадени кредитни картички во земјата и странство.

30 Во категоријата наменски кредити влегуваат следниве кредити:
КРЕДИТИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ Секторот за работа со население одобрува наменски, ненаменски и рамковен револвинг кредит – лимит. Во категоријата наменски кредити влегуваат следниве кредити: Кредити за купување или изградба на недвижен имот (стан, куќа или деловен простор). Намената на кредитот е: купување на куќа, стан или деловен простор; изградба на куќа; доградба, надоградба, реконструкција, реновирање на недвижен имот (стан, куќа); изградба, доградба и реновирање на деловен простот; купување на градежно земјиште и рефинансирање на друг стамбен кредит.

31 Корисници на овој вид кредити се кредитоспособни лица во редовен работен однос и пензионери кои ја примаат својата пензија на сметка на дадената банка. Износот на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката. Врз висината на стапката на вкупните трошоци влијае рокот на враќање на кредитот, надоместокот за аплицирање и обработка, како и висината на номиналната каматна стапка.

32 Обезбедувањето на кредитите се врши со:
колатерал (хипотека) од прв ред на имотот кој се купува или друг имот во сопственост на кредитобарателот или друго лице во вредност од 140% од износот на кредитот; административна забрана на плата и полиса за осигуруваање на имотот под хипотека со винкулација во корист на банката обновувана за време на цело времетраење на кредитот.

33 Потребни документи за аплицирање за добивање кредит се следниве:
преддоговор за купопродажба заверен на нотар или целокупна инвестиционо – техничка документација со одобрение за градба и потребни средства; барање за кредит; копии од лични карти; имотен лист за објектот кој се става под хипотека; потврда од интабулационите книги дека објектот не е под хипотека, идадена од Агенцијата за катастар на Република Македонија; за вработени во приватниот сектор, три последни рекапитулари заверени од Управата за јавни приходи и солвентност на жиро сметката од банката во која се депоненти.

34 Семеен автомобилски кредит со залог на возило – наменет за купување на возила од фирми продавачи на возила. Износот на кредитот зависи од кредитната способност на барателот, не повеќе од износот во фактурата и корисници на овој вид кредит се кредитоспособни физички лица во редовен работен однос и пензионери кои својата пензија ја примаат преку сметка во банката. Рокот на отплата на овој кредит е до 84 месеци и минимум 20 % учество од износот на автомобилот. Исплатата се врши на жиро сметката на фирмата продавач на возилото.

35 Обезбедувањето на кредитот се врши со:
меница и менична изјава потпишана од кредитобарателите; административна забрана од плата за кредитокорисниците; рачна залога на возилото во полза на банката; полиса за каско осигурување винкулирана во полза на банката и обновувана за целото времетраење на отплата на кредитот.

36 Потребна документација за добивање на овој кредит е следната:
профактура од продавачот; копија од валидни лични карти; извод од матична книга на родени/венчани за ко – кредитобарателот; барање за кредит; за вработени во приватен сектор, три последни рекапитулари заверени од Управата за јавни приходи и солвентност на жиро сметка од банката во која се депоненти и талон за последна пензија на пензионери.

37 Кредити за патнички возила – намената на кредитот е купување на возила од фирми продавачи на возила. Корисници се кредитоспособни лица во редовен работен однос и пензионери кои својата пензија ја примаат преку сметка од банката. Износот на кредитот зависи од кредитната способност на барателот, не повеќе од износот во фактурата. Рокот на отплата на кредитот е до 72 месеци; до 120 месеци за кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот; до 60 месеци за користени возила (доколку возилото се става под залог) при што рокот на враќање ќе се определува обратнопропорционално од староста на возилото.

38 Учеството е минимум до 20 % или без учество доколку како обезбедување се понуди хипотека на недвижност. Обезбедувањето на кредитот е следново: до € (во денарска противвредност): еден жирант, административна забрана од плата за кредитокорисниците и жирантот и полиса за каско осигурување винкулирана во полза на банката; од € до € (во денарска противвредност): двајца жиранти, административна забрана од плата за кредитокорисниците и жирантите, полиса за каско осигурување винкулирана во полза на банката; над € (во денарска противвредност): алтернатива 1 – административна забрана од плата за кредитокорисниците, полиса за каско осигурување винкулирана во полза на банката и рачна залога на возилото во полза на банката. алтернатива 2 – хипотека на недвижен имот во висина од 140% од износот на кредитот, полиса за осигурување на недвижен имот во полза на банката, административна забрана од плата на кредитокорисниците.

39 Врз висината на годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) влијае: рокот на враќање на кредитот, износот на кредит, надоместокот за одобрување и администрирање на кредит, надоместокот за аплицирање и обработка и висината на номиналната каматна стапка. Потребна документација за овој вид кредит е следната: профактура од продавачот, копија од валидни лична карта, барање за кредит, имотен лист за недвижен имот – доколку како обезбедување се понуди хипотека, потврда од интабулационите книги дека објектот не е под хипотека, издадена од Агенцијата за катастер на Република Македонија – доколку како обезбедување се понуди хипотека.

40 Кредити за школување во земјата и странство – намената на кредитот е за плаќање на трошоци за школување за средно образование, високообразовни институции во земјата и странство и регистрирани образовни центри. Овој вид кредит го користат кредитноспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои примаат своја пензија на сметка во банката кои за себе или за член од семејството ќе достави доказ за извршен упис на одредена образовна институција.

41 Средствата на кредитот за средно образование, редовни студии и образование во регистрирани образовни центри се пренесуваат на трансакциска сметка на среднообразовна, високообразовна институција или образовниот центар. Средствата од кредитот за специјалистички и постдипломски студии се пренесуваат на сметка на кредитобарателот. За плаќање трошоци за странство средствата се пренесуваат на сметка на корисникот на кредит, при што банката врши продажба на странски ефективни пари во валута на која гласи фактурата во висина на денарска противредност на кредитот и го спроведува плаќањето во странство. Обезбедувањето на кредитот се врши со административна забрана на плата и со сопствена меница и менична изјава. Потребна документација за добивање на овој кредит е следнава: барање за кредит, копија од лични карти, фактура или друг документ издаден од регистриран образовен центар, институција за средно образование или високообразовна институција во кој е содржан податок за висината на потребните средства, доказ за извршен упис на постдипломски или специјалистички студии.

42 Туристички кредити – намената на кредитот е плаќање на трошоци за туристички патувања во земјата и странство. Исплатата на кредитот се вржи на жиро сметката на туристичката агенција, додека обезбедувањето е преку административна забрана на плата и со сопствена меница и менична изјава. Кредити за уживање.

43 Во категоријата готовински ненаменски кредити влегуваат следниве кредити:
Тип – топ потрошувачки кредит – овој вид на кредит може да го користат кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавна администрација или фирми прифатливи за банката кои примаат плата на платежна картичка во банката и имаат најмалку два производи во банката за работа со население (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит). Потребна документација е следнава: барање за кредит, копија од валидна лична карта, за вработени во приватни фирми, три последни рекапитулари заверени од Управата за јавни приходи и солвентност на жиро сметка од банката во која се депоненти.

44 Исплатата на средствата се вршат на трансакционата сметка на кредитокорисникот. Обезбедувањето на кредитот се врши на седниов начин: со административна забрана на плата или траен налог за фирми што не издаваат административна забрана, меница и менична изјава, жирант или жиранти во зависност од висината на кредитот. Потребна документација за кредитот е следнава: барање за кредит, копија од валидна личнакарта, за вработени во приватни фирми прифатливи за банката се потребни три последователни рекапитулари заверени од Управата за јавни приходи и солвентност на жиро сметка од банка во која се депоненти (за депоненти од банката која го одобрува кредитот не е потрена солветност).

45 Кредити врз основа на меница со еден жирант – корисници се пензионери кои примаат пензија на сметка на банката. Средствата се исплаќаат на сметка на барателот. Потребна документација е следнава: барање за кредит, копија од валидни лични карти, за вработени во приватниот сектор се потребни три последователни рекапитулари заверени од Управата за јавни приходи, солвентност на жиро сметката во која се депоненти и талон од последната пензија за пензионери.

46 Кредити врз основа на меница без жиранти - право на користење имаат кредитоспособни лица во редовен работен однос кои примаат плата на тековна сметка т.е. платежна картичка на банката. Потребни документи за овој кредит се барање за кредит и копија од лична карта. Обезбедувањето на кредитот се врши на следниов начин: административна забрана на плата, сопствена меница и менична изјава, вкупната кредитна изложеност по кредити одобрени по овие услови не може да надмине одредена парична сума без жиранти.

47 Кредит врз основа на залог на депозит – корисници се физички лица кои ќе заложат депозит без разлика на староста и месечните примања (не мора да биде во редовен работен однос). Средствата се исплаќаат на сметка на кредитобарателот. Потребни документи се барање за кредит и копија од валидна лична карта.

48 За обезбедување на кредитот се користи залог на безкаматен денарски или девизен депозит чиј рок на депонирање е еднаков со рокот на враќање на кредитот. Доколку кредитобарателот и залогодавачот се различни субјекти, по избор може да се користи и залог на денарски или девизен депозит на кој се нуди пасивна камата по актуелната каматна стапка пропишана за денарски или девизни депозити, а кредитот се одобрува по каматна стапка зголемена за актуелната каматна стапка на кредитот над каматната стапка на депозитот. Корисникот има право на квартално ослободување на заложениот депозит и тоа по висина на отплатениот дел на кредитот, при што секогаш треба да биде запазен пропорционалниот однос.

49 Кредити врз основа на залог на државни должнички хартии од вредност – обврзници:
Обврзници како инструмент за обезбедување – корисници се кредитоспособни физички лица државјани на РМ кои се во редовен работен однос и кои ќе заложат обврзници. Износот на кредитот е 280% од номиналната вредност на обврзниците и кредитна способност на барателот. Доспеаноста на кредитот е до рокот на доспевање на последната рата на обврзницата. Обезбедувањето на кредитот се врши со административна забрана на плата од кредитобарателот, договор за залог на обврзници заверен кај Нотар, чија номинална вредност треба да биде 280% од вредноста на кредитот заедно со каматата пресметана по каматна стапка важечка во моментот на одобрување.

50 Врз висината на годишната стапка на вкупни трошоци влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредит, надоместокот за одобрување и администрирање на кредит, надоместокот за аплицирање и обработка, и висината на номиналната каматна стапкаПотребни документи за кредитот се следниве: барање за кредит, извештај од Централниот депозита за хартии од вредност и копија од лична карта. Обврзници како избор на отплата – корисницци се физички лица државјани на РМ кои не мора да се во редовен работен однос и кои ќе заложат обврзници. Износот на кредитот е 170% од номиналната вредност на обврзниците. Рокот на доспеаност на кредитот е еднаков на доспевање на претпоследната рата на обврзниците. Кредитот се обезбедува со договор за залог на обврзници заверен кај Нотар, чија номинална вредност треба да биде 170% од вредноста на кредитот; овластување од сопственикот на обврзници со кое банката како залогопримач се овластува да ги наплатува достасаните камати и главници од заложените обврзници се до целосна отплата на кредит.

51 Врз висината на годишната стапка на вкупни трошоци влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредит, надоместокот за одобрување и администрирање на кредит, надоместокот за аплицирање и обработка, и висината на номиналната каматна стапкаПотребни документи за кредитот се следниве: барање за кредит, извештај од Централниот депозита за хартии од вредност и копија од лична карта. Кредити врз основа на хипотека на недвижен имот – корисници се кредитоспособни физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери кои примаат пензија преку сметката на банката. Средствата се исплаќаат на сметка на барателот. Обезбедувањето на кредитот се врши со хипотека на недвижен имот чија проценета вредност изнесува 140% од износот на кредитот, административна забрана на плата и полиса за осигурување на имотот под хипотека со винкулација во корист на банка и обновувана за цело времетраење на кредитот.

52 Потребни документи се барање: за кредит, копии од лични карти, потврда од интабулационите книги дека објектот не е под хипотека (издадена од Агенцијата за катастар на РМ), а за вработени во приватниот сектор се потребни три последователни капитулари заверени од Управата за јавни приходи и солвентност на жиро сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на банката што одобрувакредит не е потребна солветност). Кредити врз основа на 30% или 50% депозит и хипотека на недвижен имот.

53 Корисник на SMS услугата може да стане секој клиент физичко лице кое:
Услугата SMS банкарство е информациска услуга на банката, која на Корисникот му овозможува преку SMS известување испратено на неговиот мобилен телефон, кој го пријавил во банката, добивање на информации за трансакции поврзани со платежни картички. Корисник на SMS услугата може да стане секој клиент физичко лице кое: е корисник на дебитна и/или кредитна картичка; има отворено трансакциска тековна сметка, има доставено Барање за користење на SMS услуга и ги прифаќа Општите услови за користење на услугата SMS банкарство и поседува мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Република Македонија.

54 Надоместот за SMS услугата е 5,00 денари за SMS Известување за:
прилив на сметката на картичката и одлив на сметката на картичката преку POS и АТМ. Додека пак, без надомест се SMS Известувањата за: обновување на картичка; реиздавање на изгубена/украдена картичка и реиздавање на PIN. Наплатата се врши на почетокот на следниот месец за сите пораки испратени во текот на претходниот месец, директно од трансакциската сметка. Банката му овозможува на корисникот на услугата, користење на сите услуги, а корисникот самостојно по сопствен избор одредува која услуга сака да ја користи. Со прифаќање на некоја од услугите, корисникот се согласува да ги добива и сите други бесплатни известувања за кои Банката не наплатува надомест. Потребни документи се: барање за користење на SMS услугата за физички лица и општи услови на дадената банка за користење на услугата SMS банкарство.

55 СЕКТОР ЗА РАБОТА СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ
Во рамките на секторот за работа со корпоративни клиенти (трговски друштва), банката работи со депозити од корпоративни клиенти, одобрува кредити, дава гаранции, работи со акредитиви, реалзира платен промет и трансакции со државни хартии од вредност. Во рамките на кредитирањето, банката одобрува кракорочни кредити за правни лица и долгорочни кредити за правни лица со и без девизна клаузула.

56 Целите кои треба да се постигнат во сферата на кредитирањето на корпоративните клиенти се следни:
зголемување на вонбилансните активности (гаранции, акредитиви, дозволено пречекорување на транскациски сметки, кредитни лимити на бизнис картички); диверзификација на кредитното портфолио; ревидирање на кредитнта политика на банката и банкарски принципи на сигурност и профитабилност на пласманите.

57 Краткорочните кредити се наменети за финансирање на тековните потреби на клиентите, одржување на краткорочната ликвидност во трговијата, за производство, за извоз и плаќање на услуги. Користењето на краткорочните кредити е по барање на клиентот и може да биде сукцесивно или револвинг. Враќањето на кредитот е во еднакви месечни ануитети до рокот на враќање или револвинг со договорна динамика. Обезбедувањето на кредитите се врши со хипотека на недвижност, залог на подвижни предмети, депозит, банкарска гаранција, хартии од вредност и права.

58 Видови на краткорочните кредити се следниве:
Кредит за обртни средства – едноставно користење на средствата до висина на одобрениот лимит овозможувајќи финансирање на потребите на клиентот за обртни средства или одржување на тековната ликвидност. Кредитот се одобрува на 12 месеци со поволна каматна стапка, а истиот може да се враќа согласно договорениот план за отплата; Кредит за подготовка на извоз (извозни аражмани) – денарски кредити со девизна клаузула наменети на извозно ориентирани клиенти што остваруваат нето девизни приливи преку сметки во банката; Револвинг кредит – повеќекратно користење и враќање на кредитот во однапред договорен лимит. Се одредува висината на износот односно рамка до која може да се користи истиот и Факторинг – специфична финансиска услуга која врши финансирање на клиентот по пат на продажба на недоспеани краткорочни побарувања.

59 Долгорочните кредити за правни лица со и без девизна – намената на овој вид кредити е за долгорочни вложувања, реализација на инвестициони проекти, купување на основни средства и сл. Рокот на враќање на долгорочните кредити е до три години (или над три години во зависност од политиката на банката). Деноминирани се во денари или се денарски со девизна клаузула. Начинот на користење на долгорочните кредити е во зависност од барањето на клиентот, сукцесивно на база на документација која докажува наменско користење на средствата. Кредитот се враќа во еднакви месечни ануитети, месечно, тромесечно или полугодишно во зависност од динамиката на инвестицијата. Кредитите се обезбедуваат со хипотека на недвижност, залог на подвижни предмети, депозит, банкарска гаранција, хартии од вредност и права.

60 Долгорочните кредити за правни лица со и без девизна клаузула се одобруваат за основни средства, за трајни обртни средства и за проектно финансирање: Кредит за основни средства – набавка на основни средства или финансирање на објекти кои бараат средства со отплата поголем од една година. Планот на отплатата се утврдува согласно проектираните идни приходи; Кредит за трајни обртни средства – набавка на обртни средства за кои клиентои има потреба преку целата година поради природата на работата;

61 Кредит за проектно финансирање – финансирање на посебни проекти од долгорочен карактер при што на клиентот му е потребен дополнителен извор на средства. Согласно проектираните идни приходи може да се овозможи грејс период. Депозити – во време на големи и брзи промени на финансискиот пазар, како доверлив и сигурен партнер банките нудат: сигурност на депозитите; конкурентни услови на  депонирање; флексибилни услови на депонирање и разноврсност и прилагоденост на депозитите спрема потребите и бизнис можностите на правните лица.

62 Депозитите можат да бидат по видување или орочени депозити:
депозити по видување - слободните парични средства се депонираат по видување со каматна стапка согласно Одлуката за каматни стапки на дадената банка; орочени депозити – слободните парични средства може да се орочат на одредено или неодредено време со каматна стапка согласно Одлуката за каматни стапки на дадена банка.

63 Акредитиви – акредитивот е инструмент на платниот промет со странство  со кој извозникот го обезбедува своето побарување, а увозникот има можност за одложено плаќање и плаќање по прием на документи поврзани со испораката на договорената стока(по квалитет и квантитет). Документарниот акредитив представува најсигурен инструмент за плаќање кој максимално ги штити и купувачот и продавачот. Доколку клиентот е купувач/увозник со користењето на акредитивот неговите интереси  се обезбедени бидејќи исплатата на договорената сума ќе биде извршена откако продавачот/извозникот со документи ќе докаже дека стоката е испратена согласно договорениот квантитет, квалитет и рок. Доколку клентот е продавач/извозник користењето на документарниот акредитив обезбедува сигурна наплата на неговото побарување под услов да ја испорача стоката и на банката да и ги презентира документите согласно условите во акредитивот.

64 Гаранции – банкарска гаранција е писмена, безусловна обврска на банката дека нејзиниот клиент (налогодавец) ќе ги исполни своите обврски согласно договорот потпишан помеѓу него и корисникот или согласно фактура издадена од корисникот, односно обврска на банката дека, согласно условите предвидени во текстот на гаранцијата, ќе исплати одреден износ на корисникот на гаранцијата на неговиот прв писмен повик во случај тоа да не го изврши налогодавецот.

65 Банката ги издава следните видови гаранции:
лицитациони-тендерски банкарски гаранции; царински гаранции за добро извршување на договорени обврски; банкарски гаранции за добро извршување на договорени обврски, консигнациони банкарски гаранци; авансни банкарски гаранции и платежни банкарски гаранции.

66 Денарски и девизен платен промет – со отварање на сметка во дадената банка, корпоративните клиенти се стекнуваат со право да користат низа услуги на самата банка. Клиентите можат да ги извршуваат сите работи поврзани за платниот промет во земјата и тоа: отворање на денарска сметка; уплата на оснивачки влог на Трговско друштво; уплата на готовински пари на шалтер; исплата на готовински пари на шалтер и извршување на безготовински плаќања.

67 Исто така, банката на своите клиенти им обезбедува целосна услуга при извршувањето на платниот промет со странство. Во рамките на своето девизно работење Банката отвара сметки на домашни и странски правни лица, странски представништва, странски хуманитарни организации и дипломатски представништва. Клиентите може да ги извршуваат сите работи врзани за платниот промет во  странство и тоа: плаќања во странство; наплати од странство и наплата на странски чекови.

68 Државни хартии од вредност – државните хартии од вредност (ДХВ) се безризични хартии од вредност кои во име на Владата на РМ ги издава Министерството за финансии на РМ. ДХВ се продаваат преку аукции кои се организирани преку Агентот на Министерството за Финансии, а тоа е Народната Банка на Република Македонија. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во РМ), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку банките.

69 Државни записи се краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 3, 6 и 12 месеци, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 2 и 3 години. Минималниот износ за поединечно барање изнесува денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од денари), a каматната стапка се одредува пазарно во зависност од понудата и побарувачката. Физички лица имаат можност да аукцираат на неконкуренти понуди што подразбира купување на ДХВ со аукцирање само со износ, а цената е еднаква на пондерирана (просечна) каматна стапка постигната на соодветната аукција. Државните записи се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се уплатуваат по дисконтирана вредност. Државните обврзници се издаваат, уплатуваат и исплатуваат  по номинална вредност, а на нив се плаќа купонска камата.

70 Одредени банки учествуваат на аукциите на државни записи и државни обврзници во функција на властен директен учесник во свое име, а за сметка на индиректни учесници (домашни и странски правни и физички лица) согласно нивните потреби. За учество на аукцијата на државни хартии од вредност, заинтересираните потребно е на ден на одржување на аукцијата да: достават пополнето Барање за купување на државни записи/обврзници потпишано од овластено лице, до Службата за управување со ликвидност и финансиски пазари на факс; потпишат Договор за посредување, склучен помеѓу банката и клиентот, заради регулирање на правата и обврските при посредување во купување на државни записи/обврзници и најдоцна до часот на денот на одржување на аукцијата да извршат уплата на дисконтираниот износ за купување на државни записи (номинална вредност намалена за износот на каматата), а номинален износ за државни обврзници. Во случај заинтересираните да имаат потреба од ликвидни средства пред доспевање на хартиите од вредност им се нуди можност Банката да ги откупи на секундарен пазар (без провизија).

71 СЕКТОР ЗА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ
Платниот систем е крвотокот на финансиската инфраструктура во стопанството на секоја држава. Тој овозможува едноставен проток на националната валута меѓу купувачот и продавачот со што го поттикнува развојот на трговијата и стопанството. Всушност, платниот систем е една од највиталните компоненти на финансиската и економската инфраструктура. Преку ефикасно функционирање на платниот систем се овозможува безбедно и навремено комплетирање на финансиските трансакции со што се создава клучен придонес за перформансите на националната економија.

72 Но од друга страна платните системи можат исто така да вклучат значителна изложеност на ризик за учесниците и да претставуваат канал за трансмисија на потреси од еден дел во друг дел на финансискиот односно економскиот систем. Овој т.н. системски ризик е главна причина за поблизок интерес на Народна банка во доменот на надгледување на платните системи.

73 Воведувањето на комјутерското процесирање на податоци со комбинација на современите телекомуникациски системи резултира со низа технолошки промени во контекст на функционирањето на банките и развој на електронското банкарство. Клучните промени на планот на електронското банкарство се карактеристични за рутинските трансакции во банките, а особено за платниот промет кој темелно се менува со воведувањето на електронскиот трансфер на парични средства (EFT – electronic funds transfer); банкарски автомати (ATM – automated teller machines) преку кои се реализираат рутински операции за корисниците и електронски систем за плаќање при купување на стоки во трговијата, односно телекомуникациски систем што ги спојува потрошувачите, банката и трговијата (POS – point of sale или EFTPOS – electronic funds transfer at the point of sale).

74 ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА
Македонскиот платен систем нуди ефикасност, функционалност и транспарентност во начинот на изведување на финансиските трансакции и зближување на правните лица со своите банки. Банките во овој сегмент на своето работење ги преземаат следниве мерки и активности: целосна имплементација на Законот за платен промет; подобрување на квалитетот на услугата на комитентите; креирање на нови палети на услуги со цел задржување на постојните комитенти и привлекување на нови комитенти; зголемување на делокругот на работа на експозитурите; континуирана обука на вработените од експозитурите; континуирано надградување на системот за електронско банкарство; подршка на сите сервиси на услуги кои ги нуди клириншката куќа; следење на приходите и расходите и корекција на тарифата на надоместоците за услугите кои ги нуди банката од областа на платниот промет.

75 Во центарот на платниот систем во Република Македонија се двата системи за порамнување и тоа:
- Македонски интербанкарски платен систем (МИПС) – на врвот на пирамидата е системот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) т.н. МИПС (Македонски интербанкарски платен систем), кој претставува Систем за бруто порамнување во реално време (RТGS - Reаl Тime Gross Settlement System). Преку овој систем се процесираат меѓубанкарските плаќања на големи износи (над еден милион денари) и секоја индивидуална трансакција се порамнува во реално време преку сметките на банките кај НБРМ, поради што овој вид плаќање е поскап и се користи за плаќања на поголеми износи и за итни плаќања.  

76 1. Народна банка на Република Македонија.
Македонскиот интербанкарски платен систем  на  Народна банка на Република Македонија е на располагање  на овластените  учесници во текот на секој работен ден. Учесници во МИПС може да бидат: 1. Народна банка на Република Македонија. 2. Носителите на платен промет. 3. Клириншките системи: Клириншката куќа и Централниот депозитар на хартии од вредност. Трезорскиот систем со Единствената трезорска сметка. Останати институции согласно прописите. Секој учесник во МИПС има своја адреса која се нарекува BIC код. Сите учесници во МИПС се водат во посебен Список на учесници во МИПС. За поврзување со учесниците во системот МИПС користи неколку  начина: SWIFT меѓународна мрежа; Frаme Relаy мрежата на Македонски телекомуникации и директна врска преку локална мрежа (LAH).

77 - Клириншки интербанкарски систем (КИБС) – вториот систем за порамнување е Клириншка куќа - КИБС (Клириншки интербанкарски систем), систем за одложено нето порамнување за обработка на плаќања со мала вредност. Клириншката куќа - Клириншки интербанкарски системи АД Скопје е основана 2001 година од страна на банките, согласно Законот за платен промет, со цел утврдување и пребивање на мали меѓубанкарски плаќања на мултилатерална основа. 

78 Учесници во клирингот се сите банки регистрирани за вршење на домашен платен промет во Република Македонија. Клириншката куќа работи во рамките на позитивната законска регулатива на платниот промет во Република Македонија, имајќи ги во предвид правилата и препораките од Банката за меѓународно порамнување во Базел и специфичностите на економско – финансискиот систем во нашата земја.

79 Порамнувањето на нето позициите на банките се врши на крајот на работниот ден во системот на НБРМ, заради што преку овој систем се извршуваат мали и неитни налози. Средствата процесирани преку овој систем, налогопримачот може да ги користи наредниот ден. - За извршување на плаќањата помеѓу субјекти депоненти во иста деловна банка, се користи системот за интерни плаќања на банката. Овие плаќања се најевтини и се извршуваат во моментот на обработката на налогот за плаќање. Колку е поголем бројот на иматели на сметки во една банка толку е поголема можноста да се користи овој систем на плаќања.

80 Носители на платниот промет се Народната банка на РМ и банките со дозвола за вршење на платен промет.Учесник во платниот промет е домашно или странско правно или физичко лице коие врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платен промет. Во платниот систем правните лица можат да имаат повеќе сметки кај една банка и сметки кај повеќе банки. Колку сметки ќе отвори правното лице е важна деловна одлука, чии последици се одразуваат не само врз висината на трошоците на платниот промет туку и врз прегледноста и ликвидноста на работењето. За сите отворени сметки кај банките во Клириншката куќа се води Единствен регистер на иматели на сметки, во кој сите банки се должни да ги доставуваат податоците од својот регистер на иматели на сметки.

81 Платни инструменти кои се користат во платниот промет во земјата, пропишани со "Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата" ( Сл. Весник на РМ 43/2001 и 103/2001 ), се: - уплатница (образец ПП10); - налог за исплата на готовина (образец ПП40); - упатница за исплата на готовина (образец ПП41); - налог за пренос (образец ПП30); - налог за плаќање на јавни приходи (образец ПП50). Потребни се следниве информации во вршењето на платниот промет: шифрарник на уплатни сметки за јавни приходи; статистички ознаки на општини во Република Македонија; шифри на плаќање кај единствените платни инструменти и објава за трошоците на живот и исплатените плати.

82 извршување на платниот промет преку интернет ( E-banking);
Во рамките на секторот за платен промет во земјата се реализираат следниве активности: безготовински платен промет, готовински платен промет, се даваат информации за прометот и состојбата на сметката: Безготовински платен промет: доставување на налозите во хартиен и магнетен медиум во ескпозитурите на Банката; извршување на платниот промет преку интернет ( E-banking); прекорачување на сметката (overdraft)  кај сметките на учесниците во Банката. Готовински платен промет: уплата и исплата на готовина на шалтерите во ескпозитурите на банката и користење на мрежата на банкоматите на банката. Информации за промет и состојба на сметките: по пошта; ; E-banking; факс и на шалтерите во експозитурите на банката.

83 ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО
Резиденти – домашни правни лица – резиденти се домашни правни лица со седиште во Република Македонија, подружници на странски правни друштва, запишани во трговскиот регистар во Република Македонија и јавни претпријатија кои самостојно се финансираат како и непрофитни институции кои третман на правно лице добиваат по други закони освен по Законот за трговски друштва. Резидентите може да отворат само една девизна сметка кај една деловна банка.

84 Отворањето и водењето на девизната сметка банката го врши во согласност со принципите утврдени во општите услови за отворање и работење со тековни сметки во странска валута на правни лица- резиденти: отварање на девизна сметка; наплата од странство со инструмент дознака и плаќања во странство со инструмент дознака

85 ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПЛАЌАЊА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПЛАТЕН ПРОМЕТ
Банките активно учествуваат во финансирање на меѓународната трговија со помош на разни инструменти за плаќање: документарен акредитив (LC – Letter of Credit), банкарски акцепт (Banks Accept), документи на инкасо (Documents on collection), одобрување на краткорочни и среднорочни кредити, факторинг и други активности.

86 Плаќањата кои настануваат по основ на договорените обврски помеѓу два субјекта со различно домицилно седиште (различни држави), се одвиваат со помош на меѓународниот платен промет. Меѓународниот платен промет ги подразбира сите облици на плаќање надвор од територијата на една држава, каде што непосредни учесници во плаќањата се јавуваат банките.

87 Предмет во меѓународниот платен промет претставуваат трансферите на финансиските средства од една земја во друга по разни основи: плаќање по основ на извршен увоз; наплата по основ на извоз; дознаки од странски лица вработени во некоја земја; трансфери по основ на кредитни аранжмани; поклони; помош и финансиски трансфери по нестокови основи.

88 Трансакциите вообичаено се обавуваат на безготовински начин а помал дел во ефективни пари, со оглед дека безготовинските плаќања се побрзи, поефикасни и посигурни благодарение на користењето на SWIFT системот. Извршувањето на Меѓународниот платен промет се одвива во посебни системски и организациони услови, кое е потпомогнато со разни инструменти на плаќање. Импликациите на Меѓународниот платен промет врз националната економија можеме да ги разгледуваме од макроекономски аспект. Имено, динамиката на вклучување на една национална економија во тековите на меѓународните плаќања, зависи од нивото на развиеноста на таа економија. Колку е поразвиено стопанството, толку е поголема можноста за вклучување во тековите на меѓународниот платен промет и обратно. Меѓународниот платен промет претставува верна слика на економските односи на домашната економија со странство.

89 Посебни инструменти на плаќање кои служат за што поефикасно и посигурно извршување на договорните обврски се: меѓународен документарен акредитив; меѓународно документарно инкасо; банкарска дознака; меѓународно кредитно писмо; кредитни картички; меница и чек.

90 Трговско финансиските трансакции можат да бидат извршени на повеќе начини. Во зависност од тоа колку партнерите се познаваат меѓусебно, во зависност од државите кои се вклучени во тие трансакции како и од конкуренцијата на пазарот, се рефлектира и начинот и структурата на извршување на тие трансакции. На пример, продавачот може да бара авансно плаќање доколку: купувачот е нова фирма, нема долга кредитна историја, постои голема побарувачка за производот што се продава, и продавачот не сака да му излезе во пресрет на купувачот во поглед на одредени поволности при плаќањето; на тој начин, продавачот се заштитува од сите евентуални несакани ризици.

91 постојат силни меѓусебни врски меѓу продавачот и купувачот и
Испорака на отворено (opean account) односно плаќање на отворено при необезбедена испорака, во случај кога: постојат силни меѓусебни врски меѓу продавачот и купувачот и кога купувачот има силна кредитна историја и претставува сигурна бонитетна фирма. Еден од најшироко распространетите инструменти кој се користи за плаќање во меѓународната трговија е документарниот акредитив (LC – Letter of credit). Тој е воедно и еден од наједноставните и најефективните начини со кои банките ги финансираат извозно/увозните активности.

92 Акредитивот претставува формално писмо што го издава банката по налог на својот комитент и по кој може да се наплати другата договорна странка кај својата банка, но само доколку се исполнети одредени услови. Банката игра улога на интермедијатор која помага да се заврши трговската трансакција.

93 Трговската меѓународна комора којашто е формирана пред околу 90-тина години со седиште во Париз (ICC – International Chamber of Commerce) во Еднообразните правила и обичаи за документарни акредитиви (UCPDC) го дефинира акредитивот како aранжман во кој банката издавач (issuing bank) постапува по барање и инструкции на комитентот налогодавач (applicant) со цел: да изврши плаќање на корисникот (beneficiars) или да акцептира меница (bill of exchange) влечена на корисникот; да овласти друга банка да го изврши плаќањето или да акцептира и да ја плати меницата и да овласти друга банка да изврши негоцирање по доставените документи доколку се во согласност со условите наведени во акредитивот.

94 Значајни елементи кои мора да се содржат во акредитивот се следните:
име на налогодавачот; банка на издавачот (issuing bank); датум на издавање на акредитивот; датум на доспевање на акредитивот; име на корисникот; банка на корисникот (beneficiar’s bank) и начин и услови на плаќање по акредитивот – по презентација на одредени документи: испратница (камионски товарен лист, бродски товарен лист и сл.), царинска декларација, сертификат за потекло на стоката и други документи.

95 Постојат повеќе видови на акредитиви што се употребуваат во меѓународниот платен промет:
отповликлив акредитив; неотповиклив акредитив; потврден акредитив; акредитив по видување; меѓубанкарски акредитив; пренослив акредитив; stand – by акредитив и банкарски акцепт.

96 Отповиклив акредитив (Reveocable L/C) – oтповикливиот акредитив може во секое време да биде отповикан или модифициран од било која причина, во било кое време од страна на банката издавач без нотификација. Многу ретко се користи во меѓународната трговија и не претставува поволен инструмент за плаќање за извозниците. Неотповиклив акредитив (Irrevocable L/C) – во овој случај не е можно да се отповика или промени акредитивот без согласност на банката издавач, потврдната банка и корисникот. Од гледна точка на извозникот, овој акредитив е многу поповолен; доколку се документите што се презентираат за наплата кај банката во согласност со условите, плаќањето ќе се изврши.

97 Потврден акредитив (Confirmed L/C) – потврдниот акредитив е посебен вид на акредитив во кој друга банка различна од банката издавач ја додава својата гаранција. Иако трошоците за потврдување од две банки го прават поскап, овој акредитив е многу покорисен за корисникот бидејќи има двојна гаранција. Акредитив по видување (Sight L/C) – aкредитивот по видување подразбира дека плаќањето ќе биде извршено од страна на банката издавач по доставено барање или презентација на документи. Меѓубанкарски акредитив (Bank to Bank L/C) – oвој акредитив е познат и како меѓубанкарски кредит кога акредитивот што се отвора е гарантиран со друг акредитив. Во суштина овој акредитив претставува метод на финансирање на двете страни на трансакцијата каде субјектот што се наоѓа во средина купува стока од едниот комитент и продава на другиот.

98 Пренослив акредитив (Transferable L/C) – преносливиот акредитив е вид на акредитив каде првиот корисник може да побара од банката истиот да го трансферира во целост или дел на вториот корисник. Овој вид на акредитив се користи обично од компании коишто дејствуваат како интермедијатори завреме на трансакцијата. Во овој акредитив постои можност фактурата да биде заменета и целиот износ да биде трансфериран на вториот корисник. Првиот корисник или интермедијаторот има право да ги смени следните услови од акредитивот: да го намали износот на акредитивот; да го скрати денот на доспевање; да го скрати последниот ден за презентација на документите и да го намали денот на испорака на стоката.

99 Stand – by акредитив – иницијално користен од банките во САД, stand-by акредитивот е многу сличен по својата природа на банкарската гаранција. Главната цел на издавањето на ваков акредитив е да се осигураат банкарските кредити. Stand-by акредитивите вообичаено се издаваат од банката налогодавец во земјата на налогодавецот и се авизираат на корисникот преку неговата банка во неговата земја. За разлика од традиционалниот акредитив каде корисникот се наплатува по презентација на документите, станбѕ акредитивот му дозволува на корисникот да се наплати дури и во случај кога налогодавецот на акредитивот нема да ги исполни условите.

100 Банкарскиот акцепт – при издавање на акредитивот, извозникот може да издаде и меница (bill of exchange) и воедно да побара од банката на увозникот истата да ја акцептира. Техниката се одвива така што по прифаќањето на меницата од страна на банката на увозникот односно по акцептрирањето, сега банката станува главен меничен должник. Потоа истата ја враќа на банката на извозникот а таа ја проследува до својот комитент односно до извозникот. Тој има можност да ја чува кај себе меницата и да ја достави на наплата на датумот на доспевање. На тој начин извозникот всушност го кредитира увозникот. Но, извозникот може и предвреме да ја достави меницата за наплата кај својата банка и на тој начин да дојде до средства, а банката ќе му го исплати износот со одреден дисконт. Понатаму банката може да ја продаде меницата, односно банкарскиот акцепт на секундарниот пазар на некој инвеститор со дисконт, при што банката повторно ќе оствари добивка од разликата помеѓу поголемиот износ од дисконт остварен при откупот на меницата од извозникот и помалиот износ на дисконт постигнат при продажбата на меницата на секундарниот пазар. Банкарскиот акцепт освен што е корисен и често употребуван при финансисрање на меѓународната трговија, претставува и многу привлечен инструмент со кој се тргува на секундарниот пазар, од причина што него го издаваат меѓународни банки со голема репутација каде постои многу мал ризик при наплата на истиот.

101 Документарна наплата или меѓународно документирано инкасо: извозникот дава налог на својата банка да сама или преку коресподентните банки наплати одредено побарување врз основа на документирана фактура или други комерцијални документи. Видови на инкасо работи: обични, нестоковни – на наплата се праќаат хартии од вредност кои не се врзани за отпрема на стока; документирани, стоковни – на наплата се праќаат документи кои се однесуваат на утовар на стика; ностро – домашната банка претставува банка на налогодавачот од кој прима документи за наплата и лоро – домашната банка е инкасо банка, ги собира документите од странскиот добавувач.

102 Учесници во инкасо активности:
налогодавач, извозник – на својата банка ги предава хартиите од вредност и документите со налог да ги наплати од должникот, увозникот после реализирањето на трговските трансакции; банка на налогодавачот – од налогодавачот ги прима документите за наплата и ги доставува до инкасо банката; инкасо банка – ги прима документите и истите ги доставува до должникот за наплата и должник, увозник – по примањето на документите ја реализира договорената облигација.

103 лоро – трансфер на парични средства во домашната земја;
Банкарска дознака – налог што го издава една банка на друга банка за исплата на одредена сума на парични средства на некоја трета особа. Постој повеќе видови на банкарски дознаки: ностро – домашната банка врши трансфер во странство на сума парични средства одредена со дадена дознака; лоро – трансфер на парични средства во домашната земја; стоковна – плаќање врз основа на стоковни трансакции (плаќање на фактури и сл.); нестоковна – од деловни и неделовни релации; безусловна – исплата во странство без никакви детерминирани услови и условна – договорена обврска е услов за исплата. Банкарските дознаки по правило се користат за плаќање на услуги и стоки под услов да се деноминирани во мали парични износи.

104 Кредитно писмо – домашната банка со издавање на писмо во посебна форма го овластува својот коресподент во странство да исплати одредена парична сума на лицето наведено во писмото. Видови на кредитно писмо: посебно – банката издавач овластува одредена банка да изврши плаќање детерминирано со кредитното писмо; циркуларно – банката издавач овластува повеќе коресподентни банки да можат да ја извршат исплата и патничко – банката го издава на основ на покривање или отплата на парични средства по барање на дадена особа која го користи при патување во странство. Учесници во реализирање на кредитно писмо се: налогодавачот, банката издавач, банката која го исплаќа и корисник на писмото. Кредитни картички – инструмент на безготовински платен промет и средство за краткорочен потрошувачки кредит. Издавачот на кредитни картички се обврзува дека ќе плати за сите издатоци што ги има направено корисникот врз основа на картичката.

105 Е – БАНКАРСТВО ЗА ДЕВИЗЕН ПЛАТЕН ПРОМЕТ
Е – банкарскиот (E – banking) сервис за девизен платен промет на банките им овозможува на своите клиенти брзо, ефикасно и сигурно работење со низа на поволности во извршувањето на своите безготовински плаќања. За користење на е-bank сервисот за девизен платен промет потребна е еднократна инсталација на FXClient апликацијата. FXClient апликацијата за девизно електронско работење на корисниците (правни лица) им нуди во секое време пристап до информациите за нивните сметки. Преку апликацијата може да се гледа: состојбата на сметките по сите конта и валути; листа на изводи за сите валути и конта; известување за приливи од странство; пресметка на провизии по разни основи и увид во SWIFT пораките.

106 Исто така преку FXClient апликацијата за девизно електронско работење, клиентите можат да ги вршат следниве активности поврзани со платниот промет со странство: креирање на налог за плаќање во странство; купопродажба на девизи т.е. креирање на барање за купување или продажба на девизи на девизен пазар и распоред на прилив т.е. внесување на инструкции за распоред на прилив. Услови за користење на FXClient апликацијата: отворена девизна сметка во банката; пополнета пријава за договор за користење на е – bank апликацијата за девизно работење и од банката, клиентот да преземе инсталациско CD со Smart картичка и читач на картичката. За добивање на услугата е – bank девизно работење, се наплатува еднократен надомест за инсталациската опрема (инсталационо CD со Smart картичката). На корисниците на апликацијата за е – bank за работење во националната валута, може на клиентите да се овозможи прикачување на апликација за e – bank девизно работење, на истата Smart картичка за работење со трансакции деноминирани во националната валута.

107 ЕЛЕКТРОНСКА МРЕЖА НА ИНТЕРБАНКАРСКИТЕ ПЛАЌАЊА
Во развиените пазарни економии потенцирана е дихтомијата помеѓу две сфери на платниот промет: плаќања на големи износи и плаќања на мали износи на парични средства. Системите на плаќања на големи износи можат да се опишат како „артерија“ на платниот систем, а системите на трансфер на мали вредности како комплексна мрежа на „вени“ што ја поврзуваат целата економија. За интербанкарско процесирање на плаќањата на мали износи се користат автомизирани клириншки институции (ACH – automated clearing houses). Овој вид на клириншки институции вршат дневно порамнување на побарувањата и обврските на комерцијалните банки кои учествуваат во клириншки аражмани.

108 Втора сфера на плаќање се однесува на плаќања на големи износи кои првенствено се однесуваат на плаќања помеѓу комерцијалните банки како оперативни носители на платниот промет за потребите на нивните клиенти. Во овој домен, спаѓаат и плаќањата помеѓу комерцијалните банки и централните банки. Оваа сфера на плаќања е директно поврзана со функционирањето на пазарот за пари, при што централните банки својата монетарна политика ја операционализираат преку пазарот за пари.

109 Финалните плаќања се реализираат помеѓу овластените комерцијални банки кои имаат сметки кај централната банка. Стратешката позиција на централната банка може да е организирана по пат на два алтернативни системи на плаќање на големи износи: Netting системи и RTGS системи. Во рамките на двата платни системи на големо, централната банка може да регулира со соодветни режими кои значително влијаат врз функционирањето на платниот промет на големо и на однесувањето на комерцијалните банки во рамките на платниот промет, што има понатамошни импликации врз однесувањето на банките во целина како и врз однесувањето на пазарните трансактори кои се комитенти на тие банки: Нетинг системи (netting systems) – клучна карактеристика на netting системот се состои во тоа што порамнувањата помеѓу комерцијалните банки се врши по пат на нето принципот. Имено, побарувањата и обврските на секоја поединечна банка се пребиваат (компензираат) во текот на работниот ден, така што дефинитивните плаќања (порамнувањето) помеѓу банките на крајот од работниот ден се реализираат само за некомпензираните нето износи.

110 Процесот на плаќање на големи износи содржат три сукцесивни компоненти:
првата компонента се однесува на комуникација во смисла на издавање на платни инструкции; вторат фаза е процесирање на плаќањата и третата фаза е порамнувањето (settlement), што претставува финален трансфер на парични средства (или хартии од вредност) помеѓу комерцијалните банки.

111 Во нетинг системот постои посебна институција т
Во нетинг системот постои посебна институција т.н Клириншка куќа (clearing house) преку која се организира и операционализира процесирањето на плаќањата и мултилатерална компензација и тоа по правило на дневни циклуси. Системи за бруто плаќање во реално време (RTGS – real time gross settlement systems): Fedwire, SIC (Swiss Interbank Clearing System), RIX системи, TARGET и SWIFT (Society for World Interbank Financial Telecommunications).

112 Карактеристики на овој систем се следниве:
во овој платен систем, платниот промет се врши континуирано и инстантно процесирање на платните инструкции, поради што станува збор за процесирање на плаќањат во реално време; овој систем врши трансфер на парични средства во бруто методи, што значи дека секоја поединечна платна инструкција повлекува посебен трансфер на пари и RTGS системот има гарантирано порамнување во смисла на трансфер на пари помеѓу сметките на комерцијалните банки кај централната банка, но под услов да на сметката на банката има доволно покритие за дадениот трансфер на пари.

113 Fedwire (федерална жица) – најстар RTGS систем со кој управува FED со цел да реализира порамнување помеѓу комерцијални банки кои имаат свои сметки во федералните резервни банки. Претставува моќен електронски платен систем за големи плаќања со кој се вршат интербанкарските плаќања (Fedwire funds transfer service) и трансфер на државните обврзници преку посебен сервис на Fedwire (Fedwire securities transfer service).

114 SIC (Swiss Interbank Clearing System) – швајцарски RTGS платен систем, кој е воведен во 1987 година и има најстрог режим на ликвидност. Имено SIC има оперативна процедура во која нема интрадневни кредити (overdraft). Платните налози се реализираат веднаш преку SIC, во случај да банката која го издала налогот има доволно покритие на сопствената сметка кај швајцарската централна банка. Во случај да банката нема доволно покритие, платниот налог оди на листа на чекање со цел да биде реализиран до крајот на работниот ден, ако стигнат парични средства на сметката на соодветната банка.

115 TARGET (TransEuropean Automated Real-Time Gross Settlement Express Transfer System) – воведен во 1999 година, со кој управува Европската централна банка. Всушност TARGET претставува електронска платформа за процесирање на плаќањата. Се состои од 15 национални RTGS системи на земјите членки на Европската Унија )во Германија ELS, во Франција TBF итн) како и платниот систем на Европската централна банка (EPM). TARGET е дизајниран за плаќања на големи износи на парични средства, вклучувајќи трансакции на пазарот на пари и на девизниот пазар. Овој електронски платен систем нема горен или долен паричен лимит за платните налози, така да и плаќањата на мали износи можат да бидат процесирани. Меѓутоа, провизијата е одредена во фиксен износ за секоја трансакција, користењето на овој електронски систем не се исплати за трансакции деноминирани во мали износи, освен во исклучиво хитни ситуации.

116 SWIFT (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunications) системот започнува да функционира во средината на седумдесеттите години од XX век и претставува непрофитна акционерска компанија во која секоја земја членка има учество во капиталот во согласност со учеството во вкупниот промет. Преку SWIFT се реализираат меѓународни плаќања по електронски пат. Овој телекомуникациски систем воведува меѓународни стандарди со што се обезбедува поголема брзина и сигурност во трансферот на платните информации. Системот работи online и на секоја база. Трансферот се врши за краток временски интервал, а тајноста на плаќањата е обезбеден по пат на шифрирање на пораките. Секој корисник на системот имасопствен код, што може да се смета како SWIFT адреса. Постојат и валутни кодови.

117 SWIFT-овата телекомуникациска мрежа користи EDI (Electronic Data Interchange) во рамките на кој се користи ЕDIFACT (Electronic Data Interchange for Administration, Commerce & Transport) т.е. меѓународен стандард за електронски трансфер на сите основни документи (фактура, ценовник, понуда, транспортни документи, порака за плаќање и сл.). Станува збор за електронски пренос на деловни информации во стандарден формат помеѓу две институции со посредство на SWIFT –овата телекомуникациска мрежа. Во тој контекст, посебно е значајна улогата на SWIFT како електронска платформа за меѓународни електронски плаќања како и за други стандардизирани банкарски работи. Така преку SWIFT-овата мрежа помеѓу банките се пренесуваат информации за трансфер на пари, за работи на менувачници, депозити, зајмови со фиксни каматни стапки, плаќање на камати, работи на девизниот пазар, трансакции со хартии од вредност, плаќања на акредитиви и сл.


Скинути ppt "ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ПО СЕКТОРИ"

Сличне презентације


Реклама од Google