Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

УТВРДУВАЊЕ НА ОПТИМАЛНА МЕТОДСКА ПОСТАВЕНОСТ И

Сличне презентације


Презентација на тему: "УТВРДУВАЊЕ НА ОПТИМАЛНА МЕТОДСКА ПОСТАВЕНОСТ И"— Транскрипт презентације:

1 УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ - СКОПЈЕ
УТВРДУВАЊЕ НА ОПТИМАЛНА МЕТОДСКА ПОСТАВЕНОСТ И КОМПАРАЦИЈА НА БИОМЕХАНИЧКИОТ СТАТУС НА МОТОРНИТЕ СТЕРЕОТИПОВИ ОД НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД VI -то ДО IX-то ОДДЕЛЕНИЕ СО РАЗЛИЧНИ КВАЛИТАТИВНИ ПРИОДИ - магистерски труд - Александар Аргироски

2 1. ВОВЕД Биомеханиката е интердисциплинарна наука која всушност преставува функционален спој од анатомија, физиологија, физика и математика или поконкретно таа преставува интегрална целина од функционална анатомија, физиологија на мускулен и нервен систем, механика и математика. Оттука произлегува и основниот предмет на биомеханиката кој се содржи во проучување на биомеханичките карактеристики на човечкиот локомоторен систем и неговите моторни манифестации односно физички вежби. Имено познавањето на биомеханичката структура на вежбите, односно спортската техника има суштинско значење за нивната рационална примена во наставните програми за физичко и здравствено образование. Познавајќи ги биомеханичките карактеристики на елементите од наставната програма од основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6, 7, 8 и 9 одделение ќе се овозможи утврдување и компарирање на ангажираноста на пооделни мускулни групи во изведувањето на движењата поединечно за секој елемент.

3 2. ДОСЕГАШНИ ИСТРАЖУВАЊА Во трудот се анализирани истражувања кои на директен и индиректен начин се повразни со предметот на истражувањето.

4 3. ПРЕДМЕТ, ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО 3. 1
3. ПРЕДМЕТ, ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Предмет на истражувањето Предмет на истражувањето се моторните стереотипови застапени во наставната програма од основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6,7,8 и 9 одделение Цел на истражувањето Целта на истражувањето е да се утврди оптималната методска поставеност, како и да се компарира биомеханичкиот статус на моторичките стереотипови од наставната програма од основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6,7,8 и 9 одделение со примена на различни квалитативни приоди.

5 3. 3. Задачи на истражувањето Задачи во истражувањето се: 1
3.3. Задачи на истражувањето Задачи во истражувањето се: 1. да се утврдат и компарираат биомеханичките карактеристики на моторичките стереотипови од 6-9 одделение, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа, 2. да се утврди и компарира биомеханичката интерсличност на моторичките стереотипови од 6-9 одделени, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа, 3. да се утврди и компарира целосната биомеханичка сличност на моторичките стереотипови од 6-9 одделение, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа,

6 4. да се утврди и компарира соседната биомеханичка сличност на моторичките стереотипови од 6-9 одделени, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа, 5. да се утврди и компарира силата на биомеханичка поврзаност на моторичките стереотипови од 6-9 одделени, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа, 6. да се утврди и компарира биомеханичката структура на моторичките стереотипови од 6-9 одделени, со примена на бинарни и ординални податоци од биомеханичката анализа

7 4. ХИПОТЕЗИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Врз основа на предметот на проучувањето во ова истражување се поставени следните хипотези: Х1- Се очекува низок степен на оптималност кај предвидените наставни програми по предметот физичко и здравствено образование за 6 одделение. Х2- Се очекува низок степен на оптималност кај предвидените наставни програми по предметот физичко и здравствено образование за 7 одделение. Х3- Се очекува низок степен на оптималност кај предвидените наставни програми по предметот физичко и здравствено образование за 8 одделение. Х4- Се очекува низок степен на оптималност кај предвидените наставни програми по предметот физичко и здравствено образование за 9 одделение. Х5- Се очекуваат значајни разлики во резултатите што го дефинираат биомеханичкиот статус со бинарен и ординален приод во квалитативната биомеханичка анализа кај сите моторни стереотипови од 6 одделение. Х6- Се очекуваат значајни разлики во резултатите што го дефинираат биомеханичкиот статус со бинарен и ординален приод во квалитативната биомеханичка анализа кај сите моторни стереотипови од 7 одделение. Х7- Се очекуваат значајни разлики во резултатите што го дефинираат биомеханичкиот статус со бинарен и ординален приод во квалитативната биомеханичка анализа кај сите моторни стереотипови од 8 одделение. Х8- Се очекуваат значајни разлики во резултатите што го дефинираат биомеханичкиот статус со бинарен и ординален приод во квалитативната биомеханичка анализа кај сите моторни стереотипови од 9 одделение.

8 5. МЕТОД НА РАБОТА 5. 1. Примерок на моторни стереотипови 5. 1. 1
5. МЕТОД НА РАБОТА Примерок на моторни стереотипови –то одделение 1. Совладување на правилно спортско одење (СПО) 2. Трчање висок старт и истрајно трчање (ТВСИТ) 3. Трчање низок старт и брзо трчање (ТНСБТ) 4. Штафетно трчање (ШТ) 5. Скок во далечина од место (СДМ) 6. Скок во височина ножички (СВН) 7. Додавање топка (ДТ) 8. Примање топка (ПТ) 9. Водење топка во ракомет (ВТР) 10. Колут напред (КНП) 11. Колут назад (КНЗ) 12. Свеќа (СВ) 13. Мост (МО) 14. Став на раце (СР) 15. Одење во страна со вкрстување на нозе (ОВН) 16. Вртење во место со две нозе (ВМДН) 17. Вртење во место со една нога (ВМЕН) 18. Фаќање топка со две раце (ФТДР) 19. Додавање топка од гради (ДТГ) 20. Додавање топка од подлога (ДТП) 21. Додавање топка над глава (ДТНГ) 22. Додавање на топката со една рака од рамо (ДТР) 23. Водење на топка во кошарка (ВТК) 24. Фрлање топче во далечина и цел (ФТДЦ) 25. Шутирање седмерец (ШС) 26. Скок шут во далечина (СШД) 27. Скок шут во височина (СШВ) 28. Шут со пречекор (ШП) 29. Скок шут (СШ)

9 мо одделение 1. Трчање висок старт и истрајно трчање (ТВСИТ) 2. Трчање низок старт и брзо трчање (ТНСБТ) 3. Штафетно трчање (ШТ) 4. Скок во далечина со залет техника „увината“ (СДТУ) 5. Скок во височина техника „стредел“ (СВТС) 6. Фаќање топка со две раце (ФТДР) 7. Додавање топка од гради (ДТГ) 8. Додавање топка од подлога (ДТП) 9. Додавање топка над глава (ДТНГ) 10. Додавање топка со една рака од рамо (ДТР) 11. Водење на топка во кошарка (ВТК) 12. Шут од место (ШМ) 13. Шут на кош од двочекор (ШКД) 14. Колут напред (КНП) 15. Колут назад (КНЗ) 16. Став на раце (СР) 17. Премет во страна „ѕвезда“ ( ПСЅ) 18. Прескок – разношка ( ПРАЗ ) 19. Одење по ниска греда со вкрстување на нозе (ОВН) 20. Вртење во место со две нозе (ВМДН) 21. Вртење во место со една нога (ВМЕН) 22. Далекувисок скок (ДВС) 23. Еленски скок (ЕС) 24. Одбивање со прсти (ОП) 25. Одбивање со чекан – подлактица (ОЧП) 26. Школски сервис (ШС) 27. Скок шут (СШ) 28. Фрлање ѓуле техника „школска“(ФЃТШ) 29. Фрлање топче во цел и далечина (ФТДЦ)

10 5. 1. 3. 8 - мо одделенеие 1. Штафетно трчање (ШТ) 2
мо одделенеие 1. Штафетно трчање (ШТ) 2. Скок во далечина со залет техника „увината“ (СДТУ) 3. Скок во височина техника „стредел“ (СВТС) 4. Одбивање со прсти (ОП) 5. Одбивање со чекан – подлактица (ОЧП) 6. Школски сервис (ШС) 7. Тенис сервис (ТС) 8. Став на раце (СР) 9. Мост (МО) 10. Премет во страна „ѕвезда“ ( ПСЅ) 11. Машка шпага (МШ) 12. Женска шпага (ЖШ) 13. Вага (ВА) 14. Прескок - разношка (ПРАЗ) 15. Прескок – згрчка (ПЗГР) 16. Одење по ниска греда со вкрстување на нозе (ОВН) 17. Вртење во место со две нозе (ВМДН) 18. Вртење во место со една нога (ВМЕН) 19. Далекувисок скок (ДВС) 20. Еленски скок (ЕС) 21. Додавање со внатрешниот дел на стапалото (ДВС) 22. Додавање со надворешниот дел на стапалото (ДНС) 23. Примање со внатрешниот дел на стапалото (ПВС) 24. Примање на горниот дел на стапалото (ПГС ) 25. Примање со натколеница (ПН) 26. Примање со гради (ПГ) 27. Фрлање ѓуле техника „школска“(ФЃТШ) 28. Водење на горниот дел на стапалото (ВГС) 29. Жонглирање на топка со нога (ЖТН) 30. Удар во горно-внатрешен дел на стапалото (УГВС) 31. Удар со горен дел на стапалото (УГС) 32. Удар со горно-надворешниот дел на стапалото (УГНС) 33. Удар со челото на главата (УЧГ) 34. Фаќање ниски топки со претклон (ФНТП) 35. Фаќање високи топки (ФВТ) 36. Боксување топка со една рака (БТЕР)

11 то одделение 1. Трчање низок старт и брзо трчање (ТНСБТ) 2. Трчање висок старт и истрајно трчање (ТВСИТ) 3. Скок во далечина со залет техника „увината“ (СДТУ) 4. Скок во височина техника „стредел“ (СВТС) 5. Фрлање ѓуле техника „рационална“(ФЃТР) 6. Фрлање ѓуле техника „школска“(ФЃТШ) 7. Штафетно трчање (ШТ) 8. Одбивање со прсти (ОП) 9. Одбивање со чекан - подлактица (ОЧП) 10. Школски сервис (ШС) 11. Тенис сервис (ТС) 12. Фаќање топка со двете раце во кошарка (ФТДР) 13. Додавање топка од гради (ДТГ) 14. Додавање топка од подлога (ДТП) 15. Додавање топка над глава (ДТНГ) 16. Додавање на топката со една рака од рамо (ДТР) 17. Шут на кош од двочекор (ШКД) 18. Додавање топка во ракомет (ДТ)

12 19. Примање топка (ПТ) 20. Водење топка (ВТ) 21
19. Примање топка (ПТ) 20. Водење топка (ВТ) 21. Шут во пречекор (ШП) 22. Пикерски шут (ПШ) 23. Додавање со внатрешниот дел на стапалото (ДВС) 24. Додавање со надворешниот дел на стапалото (ДНС) 25. Примање со внатрешниот дел на стапалото (ПВС) 26. Примање на горниот дел на стапалото (ПГС) 27. Примање со натколеница (ПН) 28. Примање со гради (ПГ) 29. Колут напред (КНП) 30. Колут назад (КНЗ) 31. Свеќа (СВ) 32. Мост (МО) 33. Премет во страна „ѕвезда“ (ПСЅ) 34. Став на раце (СР) 35. Прескок - разношка ( ПРАЗ) 36. Прескок - згрчка (ПЗГР) 37. Форхенд серва без ротација (ФСБР) 38. Бекенд серва без ротација (БСБР) 39. Форхенд чист удар (ФЧУ) 40. Бекенд чист удар (БЧУ) 41. Узмав – вратило ( УВ) 42. Нишање напред во упор – разбој (ННПУР) 43. Нишање назад во упор – разбој (ННЗУР) 44. Одење по ниска греда со вкрстување на нозе (ОВН) 45. Вртење во место со две нозе (ВМДН) 46. Вртење во место со една нога (ВМЕН) 47. Жонглирање на топка со нога (ЖТН) 48. Удар со челото на главата (УЧГ) 49. Удар со глава во скок (УГСК)

13 5.2. Примерок на биомеханички варијабли Секој елемент од наставната програма во основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6, 7, 8 и 9 одделение се утврди со биомеханичките варијабли кои што се одредени според биомеханичките карактеристики на движењата, а дефинирањето на тие карактеристики ќе биде извршено со методата на квалитативна биомеханичка анализа. Првата група варијабли е наменета за определување на целта на секоја моторен елемент, без да се навлегува во моторните задачи со кои се остварува таа цел. Тие моторни задачи кои се остваруваат поопределен специфичен редослед за секој елемент детално се обработени, односно биомеханички дефинирани со други групи варијабли. Втората група варијабли ги дефинираат почетните и завршните положба на сите елементи. Истакнувајќи ги овие карактеристики на димамичките стереотипови, во понатамошната анализа овозможено е попрецизно дефинирање на моторните елементи изведени од почетната до завршната положба. Со функционално-анатомската структура на елеменмти се одредува третата група варијабли. Посебна карактеристика кај оваа група е тоа што една варијабла дава повеќе информации за функционално-анатомските карактеристики при реализацијата на моторните задачи во рамките на еден елемент. Имено, информациите од една варијабла се групирани на тој начин со што е овозможено истовремено утврдување на видот на мускулната контракција, група на мускули агонисти по функција, актуелни зглобови, потпор на мускулните споеви и симетричност или асиметричност на сите претходни показатели. Варијаблите од четвртата група, наменети за одредување на механичката структура на моторните елементи се конструирани на сличен начин како и претходните.

14 5.3. Биомеханички методи и обработка на податоци Примерокот на елементите од наставната програма во основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6, 7, 8 и 9 одделение е анализиран со методот на квалитативна биомеханичка анализа, а резултатите за биомеханичките карактеристики се дадени во бинарна матрица со симболи 1 и 0 и ординална матрица со симболи 1, 0,5 и 0, каде по хоризонтала се поставени елементи од наставната програма во основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6,7,8 и 9 одделение., а по вертикала варијаблите. Добиените податоци од биомеханичката анализа на елементите посебно во бинарна и посебно во ординална форма се обработени со повеќе математички операции дефинирани со алгоритмот АЛПРОБИ. Потоа прво се формирани појдовни бинарни и ординални матрици со основни биомеханички карактеристики на движењата. Од овие матрици се добиени симетрични матрици на нормирани мерки на биомеханичката сличност (интерсличност) а потоа се одредени и останатите параметри за биомеханичкиот статус на моделот. Биомеханичката структура за сите моторни стереотипи од наставната програма во основното деветгодишно образование по предметот физичко и здравствено образование за 6,7,8 и 9 одделение е утврдена со факторизација на матрицата на интерсличност со методата на главни компоненти, каде што ќе се примени Кајзер Гутмановиот критериум за задржување на значајни главни компоненти. Обработката на податоците е извршена со статистичкиот пакет програми АЛПРОБИ и SPSS 16.

15 6. РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА БИОМЕХАНИЧКИ СТАТУС НА МОТОРНИТЕ СТЕРЕОТИПОВИ ОД 6-ТО ОДДЕЛЕНИЕ Со цел да се дефинираат групи на елемнти сродни во биомеханичката структура на моторни стереотипови, направена е анализа на примерок од 29 елементи, од различни спортки дисциплини, односно наставни теми, предвидени за изучување во наставато по ФЗО за предметна настава во 6-то одделение.

16

17

18

19 Од добиените резултати кај матриците на интерсличност прикажани се констатира дека и кај двата приод најголема сличност има помеѓу елементите додавање топка од гради ( ДТГ ) и додавање топка од подлога ( ДТП ) со коефициент .98. Високите коефициенти на сличност кај бинарниот приод се движат од .66 до .98, а кај ординалниот приод се движат од .62 до Коефициентот на целосна биомеханичка сличност ( КЦБС) кај бинарниот приод изнесува .280 што покажува релативно ниска биомеханичка сличност – хомогеност во однос на дефинираните биомеханички карактеристики, исто и кај ординалниот приод коефициентот изнесува .253 кој иста така спаѓа во релативно ниска биомеханичка сличност — хомогеност. Значи според двата приода нема голема разлика во однос на биомеханичката сличност — хомогеност. Имајќи ги во предвид овие коефициенти како и бројот на елементи кои се застапени во наставниот програм за 6-то одделение, висината на овој коефициент е очекувана. Коефициентите на соседна биомеханичка сличност ( КСБС) кај бинарниот приод изнесува .589, а кај ординалниот приод Висината на овој коефицинент ни укажува на средна оптималност во процесот на трансфер при учењето на елементите.

20 Коефициентите на соседна биомеханичка сличност ( КСБС) кај бинарниот приод
изнесува .589 , а кај ординалниот приод Висината на овој коефицинент ни укажува на средна оптималност во процесот на трансфер при учењето на елементите. Резултатите прикажани во табела 5 потенцираат дека најголема сила на биомеханичка поврзност ( КСБП ) кај двата приода е присутна кај елементот со број 7 а тоа додавање топка (ДТ) со коефициент .389 кај бинарниот приод и .352 кај ординалниот приод, и тоа покажува дека овој елемент е најсличен со сите останати по однос на дефинираните биомеханички карактеристики, со што се покажува неговото централно место во процесот на учење на елементите, односно приоритетното место во однос на другите елементи.

21 Биомеханичка структура на моторните елементи од 6 - то одделение

22 Од добиените резултати преку примена на методата на главни компоненти, може да се констатира дека кај бинарниот приод се добиени 7 главни компоненти кои анализираниот простор го објаснуваат со 76,56%, додека кај ординалниот приод се добиени 8 главни компоненти кои истиот простор го објаснуваат со 77,86%.

23 Од анализата на резултатите каде е прикажана биомеханичката структура на динамичките стереотиопови, може да се констатира дека не постои разлика во интерпретабилноста на добиената структура помеѓу VARIMAX и DIRECT OBLIMIN солуцијата. Врз основа на досега изнесеното очигледно е дека не е присутна голема разлика во добиените коефициенти помеѓу двата приода, но сепак кај ординалниот приод е присутна почиста биомеханичка структура во однос на дефинирањето на групите на елементите и нивната интерпретабилност.

24 6.2. БИОМЕХАНИЧКИ СТАТУС НА МОТОРНИТЕ СТЕРЕОТИПОВИ ОД 7 - мо ОДДЕЛЕНИЕ Од добиените резултати кај матриците на интерсличност може да се констатира дека и кај двата приод најголема сличност има помеѓу елементите 7 и 8 додавање топка од гради ( ДТГ ) и додавање топка од подлога (ДТП ) со коефициент Високите коефициенти на сличност кај бинарниот приод се движат од .60 до 1.00, а кај ординалниот приод се движат од .62 до Коефициентот на целосна биомеханичка сличност ( КЦБС) кај бинарниот приод изнесува .253 што покажува релативно ниска биомеханичка сличност, а кај ордниналниот коефициентот изнесува .230 кој иста така спаѓа во релативно ниска биомеханичка сличност — хомогеност.

25 Коефициентите на соседна биомеханичка сличност ( КСБС) кај бинарниот приод изнесува .521, а кај ординалниот приод Висината на овој коефициент ни укажува на средна оптималност во процесот на учењето на елементите. Резултатите добиени во табела 15 покажуваат дека најголема сила на биомеханичка поврзност ( КСБП ) кај двата приода е присутна кај елементот со број 10 а тое додавање топка со една рака од рамо (ДТР) со коефициент .324 кај бинарниот приод и .301 кај ординалниот приод, и тоа покажува дека овој елемент е најсличен со сите останати по однос на дефинираните биомеханички карактеристики, и на тој елемент треба да се посвети најмногу внимание во текот на учењето, односно да има приоритетно значење во наставата во однос на другите елементи.

26 Биомеханичка структура на моторните елементи од 7 - мо одделение

27 Од добиените резултати преку примена на методата на главни компоменти, може да се констатира дека кај двата приоди се добиени 7 главни компоненти кои кај бинарниот приод анализираниот простор го објаснуваат со 72,97%, додека кај ординалниот приод го објаснуваат со 70,92%.

28 Од анализата на резултатите каде е прикажана биомеханичката структура на динамичките стереотиопови, може да се констатира дека не постои разлика во интерпретабилноста на добиената структура помеѓу VARIMAX и DIRECT OBLIMIN солуцијата. Врз основа на досега изнесеното очигледно е дека не е присутна голема разлика во добиените коефициенти помеѓу двата приода, но сепак кај ординалниот приод е присутна почиста биомеханичка структура во однос на дефинирањето на групите на елементите и нивната интерпретабилност.

29 6.3. БИОМЕХАНИЧКИ СТАТУС НА МОТОРНИТЕ СТЕРЕОТИПОВИ ОД 8 – мо ОДДЕЛЕНИЕ Од добиените резултати кај матриците на интерсличност прикажани се констатира дека и кај двата приод најголема сличност има помеѓу елементите 14 прескок - разношка ( ПРАЗ ) и 15 прескок згрчка ( ПЗГР ) со коефициент Високите коефициенти на сличност кај бинарниот приод се движат од .60 до 1.00, а кај ординалниот приод се движат од .61 до Коефициентот на целосна биомеханичка сличност ( КЦБС) кај бинарниот приод изнесува .221 што покажува релативно ниска биомеханичка сличност - хомогеност во однос на дефинираните биомеханички стереотипови , исто и кај ординалниот приод коефициентот изнесува .191 кој иста така спаѓа во релативно ниска биомеханичка сличност — хомогеност. Значи според двата приода нема разлика во однос на биомеханичката сличност — хомогеност. Имајќи ги во предвид овие коефициенти како и бројот на елементи кои се застапени во наставниот програм за 8-мо одделение, висината на овие коефициенти е очекувана.

30 Коефициентите на соседна биомеханичка сличност ( КСБС) кај бинарниот приод изнесува .528, а кај ординалниот приод Висината на овие коефициенти ни укажуваат на средна оптималност во процесот на учењето на елементите. Резултатите покажуваат дека најголема сила на биомеханичка поврзност ( КСБП ) кај двата приода е присутна кај елементот 22 додавање со надворешниот дел на стапалото (ДНС) со коефициент .297 кај бинарниот приод и .274 кај ординалниот приод, и тоа покажува дека овој елемент е најсличен со сите останати по однос на дефинираните биомеханички карактеристики, и овој елемент треба да има приоритетно место во техниката на учењето во однос на останатите елементи.

31 Биомеханичка структура на моторните елементи од 8 - мо одделение

32

33 Од добиените резултати преку примена на методата на главни компоменти, може да се констатира дека кај бинарниот приоди се добиени 9 главни компоненти кои анализираниот простор го објаснуваат со 73,92%, додека кај ординалниот приод се добиени 10 главни компоненти кои анализираниот простор го објаснуваат со 73,97%. Од анализата на резултатите каде е прикажана биомеханичката структура на динамичките стереотиопови, може да се констатира дека не постои разлика во интерпретабилноста на добиената структура помеѓу VARIMAX и DIRECT OBLIMIN солуцијата. Врз основа на досега изнесеното очигледно е дека не е присутна голема разлика во добиените коефициенти помеѓу двата приода, но сепак кај ординалниот приод е присутна почиста биомеханичка структура во однос на дефинирањето на групите на елементите и нивната интерпретабилност.

34 6.3. БИОМЕХАНИЧКИ СТАТУС НА МОТОРНИТЕ СТЕРЕОТИПОВИ ОД 9 – то ОДДЕЛЕНИЕ
Од добиените резултати кај матриците на интерсличност прикажани ( табела 33 и табела 34 ) се констатира дека и кај двата приод најголема сличност има помеѓу елементите 35 прескок разношка (ПРАЗ) и 36 прескок згрчка (ПЗГР) со коефициент .99. Високите коефициенти на сличност кај бинарниот приод се движат од .60 до .99, а кај ординалниот приод се движат од .62 до .99. Коефициентот на целосна биомеханичка сличност ( КЦБС) кај бинарниот приод ( табела 33 ) изнесува .206 што покажува релативно ниска биомеханичка сличност - хомогеност во однос на дефинираните биомеханички стереотипови , исто и кај ординалниот приод ( табела 34 ) коефициентот изнесува .186 кој иста така спаѓа во релативно ниска биомеханичка сличност — хомогеност. Значи според двата приода нема разлика во однос на биомеханичката сличност — хомогеност. Имајќи ги во предвид овие коефициенти како и големиот број на елементи со различна структура кои се застапени во наставниот програм за 9-то одделение, висината на овој коефициент е очекувана.

35

36 Коефициентите на соседна биомеханичка сличност ( КСБС) кај бинарниот приод изнесува .534 (табела 33) , а кај ординалниот приод ( табела 34 ). Висината на овие коефициенти ни укажува на средна оптималност во процесот на учењето на елементите. Резултатите добиени во табела 35 покажуваат дека најголема сила на биомеханичка поврзност ( КСБП ) кај двата приода е присутна кај елементот 16 додавање топка со една рака од рамо (ДТР) со коефициент кај бинарниот приод и .255 кај ординалниот приод, и тоа покажува дека овој елемент е најсличен со сите останати по однос на дефинираните биомеханички карактеристики, овој елемент треба да има централно место во процесот на учењето во однос на останатите елементи.

37 Биомеханичка структура на моторните елементи од 9 - то одделение

38

39

40 Од добиените резултати преку примена на методата на главни компоменти, може да се констатира дека кај бинарниот приоди се добиени 13 главни компоненти кои анализираниот простор го објаснуваат со 76,59%, додека кај ординалниот приод се добиени 14 главни компоненти кои анализираниот простор го објаснуваат со 76,96%. Од анализата на резултатите каде е прикажана биомеханичката структура на динамичките стереотиопови, може да се констатира дека не постои разлика во интерпретабилноста на добиената структура помеѓу VARIMAX и DIRECT OBLIMIN солуцијата. Врз основа на досега изнесеното очигледно е дека не е присутна голема разлика во добиените коефициенти помеѓу двата приода , но кај ординалниот приод е присутна почиста биомеханичка структура во однос на дефинирањето на групите на елементите и нивната интерпретабилност.

41 7. ТЕОРЕТСКО И ПРАКТИЧНО ЗНАЧЕЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
Објективно утврдената биомеханичка структура на динамичките стереотипи овозможува рационализација на наставните планови и програми. Врз основа на добиените резултати може да се види на кој елемент во кое одделение пооделно треба да се посвети поголемо внимание во текот на учењето на техниката, за ангажирање на неангажираниот дел од локомоторниот апарат за движење. Дефинираните модели на реализациаја по однос на диференцијацијата во биомеханичката комплексност на самите наставни содржини кои се однесуваат на техниката на изведување на одредени спортско-технички елементи, овозможуваат да се постават основите за инкорпорирање на компонентата на биомеханичката сложеност на движечките манифестации при изборот на редоследот на обучување на наставните содржини по предметот ФЗО.

42 8. ЗАКЛУЧОК Врз основа на резултатите од ова истражување генерално може да се заклучи дека при конкретизацијата на наставните содржини од спортско-техничко образование, кои треба да се инкорпорираат во наставните програми по предметот физичко и здарвствено образование во основното деветгодишно образование во предметна настава од 6-то до 9-то одделение, неминовно треба да се земе во предвид и биомеханичката комплексност на моторните манифестации. Утврдувањето на оптималноста на биомеханичката анализа не е брз, едноставен и лесен процес со цел изнаоѓање на најадекватни приоди за дефинирање на биомеханичкиот статус. Резултатите добиени од ова истражување укажуваат дека применетиот бинарен и ординален приод не се разликуваат суштински во однос на нивната интерпретабилност, но сепак ординалниот приод дава почиста и пологична биомеханичка структура на елементите.

43 ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!


Скинути ppt "УТВРДУВАЊЕ НА ОПТИМАЛНА МЕТОДСКА ПОСТАВЕНОСТ И"

Сличне презентације


Реклама од Google