Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

МСР 530 – Метода на примерок во ревизијата

Сличне презентације


Презентација на тему: "МСР 530 – Метода на примерок во ревизијата"— Транскрипт презентације:

1 МСР 530 – Метода на примерок во ревизијата
Ненад Ранѓеловиќ, АССА Deloitte

2 ЦЕЛИ Дефинирање на метода на примерок и ризик од користење на методата на примерок Статистичка наспроти нестатистичка метода на примерок Разбирање на стратификацијата на популацијата Фактори кои што влијаат на големината на примерокот Разгледување на различните методи за избор на примерок Проектирање на идентификуваните грешки/девијации и вреднување на резултатите од методата на примерок

3 МСР 530 – Метода на примерок во ревизијата
Делокруг Користење на метода на примерок во извршувањето на ревизорските постапки; Статистички и нестатистички методи на избор на примерок; Применлив за тестови на контроли и суштински тестови на детали. Се применува за ревизии на ФИ за периодите кои започнуваат на/после 15 декември 2009

4 Kлучни промени во МСР 530 Ревидиран МСР 530 Претходен МСР 530
Метода на примерок и други постапки за тестирање Референци до ревизорски техники поддржани од компјутери (РТПК) Ревидиран МСР 530 Метода на примерок во ревизијата (користењето на другите постапки е пренесено во МСР 500) Избришани се сите референци кои се однесуваат на РТПК

5 Клучни поими Метода на примерок во ревизијата Ревизорски постапки
Помалку од 100% на ставките од популацијата Секоја ставка има шанса за избор Разумна основа за формирање на заклучок во врска со целата популација. Ризик кој произлегува од метода на примерок Заклучокот заснован на примерокот се разликува од заклучокот кој би бил донесен доколку се спроведе ревизорската процедура на целата популација. Ризик кој не произлегува од метода на примерок Ризик дека ревизорот ќе донесе погрешен заклучок заради било која причина која што не е врзана со ризикот кој произлегува од методата на примерок.

6 Постапки Извршување на ревизорски постапки Дизајнирање на примерокот
Определување на големина на примерокот Избор на ставки за тестирање Извршување на ревизорски постапки Природа и причини на девијациите и грешките Проектирање на грешките Вреднување на резултатите од примерокот

7 Дизајнирање на примерокот
6

8 Дизајнирање на примерок
Да ја определи целта на ревизорските постапки, Да ги определи карактеристиките на популацијата. Тест на контроли или суштински тест на детали; Популацијата треба да биде комплетна; Очекувана стапка на девијација на интерните контроли; Очекувано ниво на грешки при суштински тестови на детали; Дали ќе се користи статистички или нестатистички примерок; Кога ги оценува карактеристиките на популацијата, ревизорот може да се определи за стратификација на популацијата. Кога го дизајнира примерокот ревизорот треба:

9 Статистичка vs. Нестатистичка метода
Метода на примерок Статистичка метода на примерок Нестатистичка метода на примерок Случаен избор на примерок репрезентативен; непристрасен; избор на ставки кои имаат карактеристики типични за популацијата. Користење на теорија на веројатност за оценка на резултатите Алтернативно ревизорот може да избере ставки од популацијата поради одредени нивни специфични карактеристики (МСР 500). Резултатите од овие процедури не можат да се проектираат на целата популација, но можат да се користат заедно со други ревизорски процедури за остатокот од популацијата. Пример: Избор на ставки со високи износи, избор на клучни ставки, избор на сите ставки над одреден износ, ставки за добивање на информации, ставки за тестирање на процедури.

10 Стратификација на популацијата
Раздвојување на популацијата во одредени подпопулации коишто имаат идентификувачки карактеристики. При спроведување на суштински тестови на детали, стратификацијата најчесто се извршува по монетарна вредност. Резултатите од ревизорските постапки може да се проектираат единствено на подпопулацијата од соодветниот стратум. За да се вреднуваат резултатите од ревизорските постапки на целата популација, треба да се земат во предвид резултатите од постапките спроведени на различните стратуми. Стратификација

11 Примери за стратификација на популацијата
Купувач Салдо А 100,001 Б 12,000 В 500 Г 150,000 Д 8,000 Вкупно 270,501 Стратификација според монетарна вредност Стратум над 100,000 Стратум под 100,000: Купувачи Б, В и Д Купувач Салдо Старост А 100,001 > 1 година Б 12,000 В 500 < 1 година Г 150,000 Д 8,000 Вкупно 270,501 Стратификација според старост на побарувањето

12 големината на примерокот
Определување на големината на примерокот 11

13 Определување на големината на примерокот
Ревизорот ќе определи соодветна големина на примерокот со цел да го намали ризикот кој произлегува од методата на примерок на прифатливо ниско ниво. Ризик од метода на примерок Големина на примерок Поврзанст Пониското ниво на ризик кое ревизорот е спремен да го прифати, води кон поголем примерок.

14 Фактори кои влијаат на големината на примерокот – тестови на контроли
Ефект врз големина на примерок Зголемување на степенот на потпирање на оперативната ефективност на контроли во спроведувањето на ревизорските постапки Зголемување на прифатлива стапка на девијација Зголемување на очекуваната стапка на девијација на популацијата која треба да биде тестирана Зголемување на бараното ниво на уверување, коешто сака го постигне ревизорот, дека вистинската стапка на девијација не ја надминува прифатливата стапка на девијација Зголемување на бројот на ставки во популацијата

15 Ефект врз големина на примерок
Фактори кои влијаат на големината на примерокот – суштински тестови на детали Фактор Ефект врз големина на примерок Зголемување на ризикот за материјално погрешно прикажување Зголемување на користењето на други суштински постапки насочени кон истото тврдење Зголемување на бараното ниво на уверување на ревизорот дека прифатливата грешка не ја надминува фактичката грешка во популацијата Зголемување на прифатливата грешка Зголемување на износот на грешка којшто ревизорот очекува да го открие во популацијата Стратификација на популацијата Број на ставки во популацијата

16 Избор на ставки за тестирање
15

17 Методи за избор на примерок
Систематски избор Случаен избор Методи за избор на примерок Блок избор Неметодичен избор (Haphazard) Избор на монетарни единици (MUS)

18 Пример за случаен избор за тестови на контроли
Случаен избор Се обезбедува сите ставки во популацијата да имаат еднаква веројатност за избор (преку таблици или пак генератор на случајни броеви). Пример за случаен избор за тестови на контроли Ставка Износ А 100 Ѕ 29 Б 50 И 132 В 20 Ј 96 Г 14 К 1 Д 77 Л 190 Ѓ 34 Љ Е 155 М 4 Ж 67 Н 76 З 33 Њ 15 За тестирање на оперативнатата ефективност на контролите, големината на примерокот беше одредена на 6 ставки (популација од 18 ставки). Со користење на генератор на случајни броеви беше селектиран примерокот.

19 Пример за систематски избор за тестови на контроли
Систематски избор Претставува селектирање на ставки со употреба на константен интервал помеѓу селектираните ставки од примерокот, при што првата ставка е селектирана со случаен избор. Пример за систематски избор за тестови на контроли Ставка Износ А 100 Ѕ 29 Б 50 И 132 В 20 Ј 96 Г 14 К 1 Д 77 Л 190 Ѓ 34 Љ Е 155 М 4 Ж 67 Н 76 З 33 Њ 15 За тестирање на оперативнатата ефективност на контролите, големината на примерокот беше одредена на 6 ставки (популација од 18 ставки). Интервалот за селекција е 3. Со користење на генератор на случајни броеви беше селектирана првата ставка од примерокот (втората ставка – Б).

20 Неметодичен избор (Haphazard)
Претставува селектирање на ставки од примерокот при што ревизорот не следи структуирана техника. Претставува алтернатива на случајниот избор. Треба да биде репрезентативен примерок. Пример за неметодичен избор за тестови на контроли Ставка Износ А 100 Ѕ 29 Б 50 И 132 В 20 Ј 96 Г 14 К 1 Д 77 Л 190 Ѓ 34 Љ Е 155 М 4 Ж 67 Н 76 З 33 Њ 15 За тестирање на оперативнатата ефективност на контролите, големината на примерокот беше одредена на 6 ставки (популација од 18 ставки). Ревизорот сам го избира примерокот, без притоа да следи структуирана техника.

21 Неметодичен избор – заштитни мерки
Ревизорот треба да биде уверен дека примерокот кој што го избрал е репрезентативен. Овој метод бара внимание како ревизорот би бил осигурен дека во изборот на ставките не е пристрасен. на пример избор на ставки кои лесно се лоцираат, може да значи дека примерокот не е репрезентативен. Не треба да се користи доколку ревизорот спроведува статистичка метода на примерок. Заштитни мерки при употреба на неметодичниот избор

22 Претставува селектирање на блок на последователни ставки.
Блок избор Претставува селектирање на блок на последователни ставки. Пример за систематски избор на тестови на контроли Ставка Износ А 100 Ѕ 29 Б 50 И 132 В 20 Ј 96 Г 14 К 1 Д 77 Л 190 Ѓ 34 Љ Е 155 М 4 Ж 67 Н 76 З 33 Њ 15 За тестирање на оперативнатата ефективност на контролите, големината на примерокот беше одредена на 6 ставки (популација од 18 ставки). Блокот е избран за ставките од Ѓ до И.

23 Блок избор – предности и слабости
Може да се користи за проверка дали одредени ставки имаат точно специфицирани карактеристики. На пример ревизорот може да селектитра 50 последователни договори како би потврдил дека сите се потпишани од соодветните авторизирани лица, одошто да селектира 50 ставки по случаен избор. Овој метод не продуцира примерок којшто е репрезентативен за целата целата популација, особено за грешки кои што се настанати само во одреден период, при што откриените грешки не можат да се проектираат на остатокот од популацијата. Предности и слабости на блок изборот

24 Избор на монетарни единици – MUS
Изборот на монетарни единици (Monetary Unit Sampling – MUS) е вид на селекција според пондерирана вредност, според кој големината и изборот на примерокот, како и вреднувањето на резултатите се изразуваат во монетарни единици (Денари).

25 MUS – Пример за суштински тест на детали
Во процесот на определување на големината на примерокот беше дефинирано дека интервалот за примерокот изнесува 110 денари. Вкупниот износ на популацијата е 1,107 денари. Ставка Износ Кумулатив Остаток А 100 Ѕ 29 Б 50 150 40 И 132 161 51 В 20 60 Ј 96 37 Г 14 74 К 1 38 Д 77 151 41 Л 190 8 Ѓ 34 75 Љ 22 Е 155 230 10 М 4 26 Ж 67 Н 76 102 З 33 110 Њ 15 7

26 Извршување на ревизорски постапки 25

27 Извршување на ревизорски постапки
Извршување на постапките Откако ќе се избере примерокот ревизорот мора да ги изврши соодветните ревизорски процедури на секоја избрана ставка. Доколку ревизорската постапка не е применлива на некоја ставка, тогаш постапките ќе бидат спроведени на единица која што е замена (обично е неприменливо за суштински тестови на детали). Неможност да се спроведат дизајнираните ревизорски процедури Доколку ревизорот не е во состојба да ги примени дизајниранираните ревизорски процедури (пример: документацијата за одредена селектирана ставка е изгубена), на одредена селектирана ставка, тогаш таа мора да се третира како девијација или грешка. Неприменливост Неможност Замена Девијација/Грешка

28 Природа и причини на девијации и грешки 27

29 Девијации и Грешки Девијации и грешки
Девијациите претставуваат отстапување од пропишаните постапки за интерни контроли (тестови на контроли). Грешките се однесуваат на погрешни прикажувања коишто ревизорот ги утврдил со суштинските тестови на детали. Откако примерокот е тестиран, ревизорот мора да ја истражи природата и причините за секоја откриена девијација или грешка и да го оцени нивниот потенцијален ефект на целта на ревизорските процедури и на другите области на ревизијата. Аномалии Аномалија е грешка или девијација, за која што може да се обезбеди висок степен на сигурност, дека не се репрезентативни како грешки/девијации на популацијата. Во екстремно ретки случаи, девијацијата или грешката може да се смета за аномалија, во кој случај ревизорот мора да обезбеди висок степен на сигурност дека таа не е репрезентативна за популацијата, преку спроведување на дополнителни ревизорски процедури.

30 Проектирање на грешките
29

31 Проектирање на грешки Суштински тестови на детали
Ревизорот ќе ги проектира грешките пронајдени во примерокот врз популацијата. Проекциите не се доволни да се определи точниот износ којшто Ентитетот треба да го евидентира. Аномалиите се исклучуваат од проекциите. Тестови на контроли Според МСР 530 не е потребна проекција на девијациите од тестовите на контроли, бидејќи стапката на девијација од примерокот е вкупната стапка на девијација на популацијата. На пример, доколку е тестиран примерок од 75 ставки и се откриени 4 девијации, тогаш проектираната стапка на девијација е 5% (4/75).

32 резултатите од примерокот
Вреднување на резултатите од примерокот 31

33 Вреднување на резултатите
Неочекувано висока стапка на девијација на примерокот може да доведе до зголемување на проценетиот ризик од материјално погрешно прикажување. Тестови на контроли Неочекувано висок износ на грешки од примерокот може да доведе до тоа да ревизорот верува дека класа на трансакции или салдо на сметки е материјално погрешно. Суштински тестови на детали

34 Разгледувања за суштински тестови на детали
Проектирани грешки Најдобра проценка за грешки на ревизорот за целата популација Прифатливо погрешно прикажување Аномалиски грешки Примерокот не обезбедува разумна основа за тестираната популација

35 Примерокот не обезбедил разумна основа за заклучок во врска со тестираната популација
Доколку ревизорот заклучи дека ревизорскиот примерок не обезбедил разумна основа за заклучок во врска со тестираната популација Да побара раководството да ги истражи грешките кои се идентификувани и можноста за понатамошни грешки и да ги изврши соодветните корекции Да ја прилагоди природата, временскиот распоред и обемот на понатамошните ревизорски процедури за најдобро да се добие бараното уверување

36 Проблемска задача Стартер

37 Kлучни прашања кои треба да се разгледаат
МСР 530 ја обработува единствено методата на примерок. Користењето на другите начини за селектирање на ставки за тестирање е пренесено во МСР 500; Стратификација - раздвојување на популацијата во одредени подпопулации коишто имаат идентификувачки карактеристики; Аномалиите се екстремно ретки грешки/девијации; Треба да се одредат природите и причините од откриените девијации/грешки; Грешките треба да се проектираат на целата популација.


Скинути ppt "МСР 530 – Метода на примерок во ревизијата"

Сличне презентације


Реклама од Google