Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Метода на примерок во ревизијата

Сличне презентације


Презентација на тему: "Метода на примерок во ревизијата"— Транскрипт презентације:

1 Метода на примерок во ревизијата
МСР 530 ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 18 септември 2013 година Презентер: Габриела Милошевска

2 Цел на модулот МСР 530 МСР 500 МСР 700
Употреба на статистички и нестатистички методи на примерок за извршување тестови кои се дел од ревизорските постапки за обезбедување на ревизорски доказ за формирање на мислење на ревизорот.

3 Содржина на модулот: Преглед на МСР 530
Вовед Главни карактеристики на стандардот Дефиниции Барања Дизајнирање на примерок, големина и избор на ставки за тестирање Извршување на ревизорски постапки Природа и причини на девијации и грешки Проектирање на грешки Оценка на резултатите од примерокот Примена и примери Главни методи на примерок Документирање

4 Вовед Основи на МСР 530: Извршување на ревизорски постапки преку метода на примерок Соодветни постапки за донесување на разумен заклучок Цел: врз основа на заклучокот од примерокот да се донесе разумен заклучок за целата популација Важи за ревизии на финансиски извештаи за периоди кои почнуваат на или од 15 декември година 4 4

5 Дефиниции Метода на примерок Популација Ризик од метода на примерок:
Примена на ревизорски постапки на помалку од 100% од ставките во популацијата Популација Вкупниот број на податоци (настанати и евидентирани трансакции) Ризик од метода на примерок: Грешно оценети ефективни контроли – помал примерок, помалку тестирање → несоодветно ревизорско мислење Грешно оценети неефективни контроли – поголем примерок, повеќе тестирање → неефикасно извршена ревизија

6 Дефиниции Ризик кој не е од метода на примерок Аномалија
Од било кои причини неповрзани со методата на примерок (пр. несоодветно толкување ревизорски докази, неутврдена аномалија, девијација или грешка и сл.) Аномалија Отстапување кое докажано не е репрезентативно за отстапувањата во популацијата (пр. кражба евидентирана како расход и одлив) Единица примерок Поединечни ставки што сочинуваат популација (пр. трансакција на продажба, набавка, наплата, плаќање и сл.)

7 Дефиниции Статистичка метода на примерок Стратификација
Пристап на одредување примерок кој ги поседува следниве карактеристики: Случаен избор Користење на теорија на веројатност за оценка на резултатите Стратификација Процес на делење на популација во суб-популации (пр. стратуми по вредност на трансакции – од до , од до , од до и над денари и сл.)

8 Дефиниции Прифатливо погрешно прикажување Вкупна стапка на девијација
Монетарен износ поставен од ревизорот кој е во директна корелација со нивото на материјалноста за извршување и може да биде ист или понизок од нивото на материјалноста Вкупна стапка на девијација Стапка на отстапување (процент) од пропишаните постапки за интерни контроли поставена од ревизорот, при што ревизорот сака да се увери дека реално добиената стапка на девијација од извршените тестирања не е повисока од поставената (на пр. ако врз основа на сите претходно извршени процедури ревизорот одреди дека вкупната прифатлива стапка на девијација е 5%, реално добиената по тестирањата треба да биде пониска од оваа)

9 Барања Дизајнирање на примерок
Избор на метода со која најдобро ќе се процени ревизорскиот доказ Секогаш се има во предвид целта која треба да се оствари и се комбинираат постапки и популацијата мора да е комплетна Се има јасно разбирање што претставува девијација или грешка При определување примерок за тестирање на контроли прво се одредуваат карактеристиките на популацијата и очекуваната девијација (може да се одлучи да не се тестираат контроли при очекувано високо ниво на девијација) Се проценува дали да се изврши стратификација на популацијата Се донесува одлука дали да се користи статистичка метода на избор или не

10 Барања Големина на примерокот Избор на ставки за тестирање
Нивото на ризикот кој е прифатлив ја определува големината на примерокот Големината на примерокот може да се определи со статистичка формула или професионално расудување Избор на ставки за тестирање Секогаш е важно да се избере метод со кој ќе се избегне пристрасноста; со статистичка метода секоја ставка има еднаква можност на избор, со нестатистичка метода се користи расудување – ставките од примерокот мора да се репрезентативни за популацијата Основни методи: случаен, систематски и неметодичен избор

11 Барања Извршување на ревизорски постапки
Однапред дефинирани ревизорски постапки се спроведуваат на ставките избрани во примерокот Во случај некоја ставка да не може да се истестира, може да се земе друга ставка како замена или да се спроведат други алтернативни постапки кои повеќе ќе одговараат (најчест пример неодговорени конфирмации) Природа и причини на девијаци и грешки Секогаш мора да се има јасно разбирање за овие за да може да се процени дали се чести и со слични карактеристики или се намерни – ова со цел да може навреме да се одлучи да се промени ревизорската постапка или да се предефинира популацијата

12 Барања Проектирање на грешки
Добиената грешка како резултат на тестирањето мора да се проектира на целата популација (пр. по начин на коефициент: износот на добиена грешка х вкупната вредност на популацијата / вредноста на примерокот; или разлика: број на ставки со грешка х вкупен број на ставки во популација / број на ставки од примерок) Утврдени аномалии може да се исклучат од проектирањето При тестови на контроли не се врши проектирање – има однапред определена стапка на прифатлива девијација

13 Барања Оценка на резултатите од примерокот Кај тестови на контроли:
Ако се јави ниво на девијација повисоко од прифатливото кое е проектирано може да се зголеми примерокот, да се изврши пеоценка на ризикот, да се сменат, најчесто прошират ревизорските постапки Кај тестови на детали: Ако се јави високо ниво на грешка кое заедно со нивото на реално утврдена аномалија од тестовите на контроли го надминува прифатливото проектирано ниво на грешка може да се донесе заклучок дека класата на трансакција или книговодствената состојба се материјално погрешно прикажани При оценка дека не се добива разумна основа за заклучок од тестираниот примерок може да се побара од раководството да ги истражи грешките и да изврши соодветни корекции или да се прилагоди природата, обемот и временскиот период на ревизорските процедури

14 Примена и примери Основен постулат за големина на примерок:
Висок ризик – поголем примерок Низок ризик – помал примерок Основен постулат за прифатлива девијација/грешка: Висок ризик – пониска стапка на девијација/грешка Низок ризик – повисока стапка на девијација/грешка

15 Примена и примери Големина на примерок за тест на мануелни контроли:
Фреквенција на трансакција Број на ставки Повеќе пати дневно 50 Еднаш дневно 30 Еднаш неделно 15 Помалку од еднаш неделно, а повеќе од еднаш месечно 10 Еднаш месечно 2 Еднаш годишно 1 Кај автоматизирани контроли секогаш ИТ ги тестира поставените алгоритми во системот, а се тестира само една трансакција за да се провери дали функционираат

16 Примена и примери Ризик на земање примерок кај тест на контроли:
Вистинска состојба на популација Голем или проширен/зголемен примерок Мал или непроширен/незголемен примерок Заклучок на ревизорот од примерокот: Точна одлука Неточна одлука (ризикот за точно одредување на контролниот ризик е голем) (ризик од неефикасна ревизија) Стапката на девијација ја надминува прифатливата проценета стапка Стапката на девијација е пониска од прифатливата проценета стапка

17 Примена и примери Големина на примерок кај тест на детали:
Релација помеѓу факторот на сигурност, нивото на ризик и нивото на доверба (вообичаено се изразуваат во проценти) R – фактор на сигурност Ниво на ризик во %* Ниво на доверба во %* 3,0 5 95 2,5 8 92 2,3 10 90 2,0 14 86 1,5 22 78 1,0 37 63 0,5 61 39 100 Обратно пропорционална релација помеѓу факторот на сигурност и нивото на ризик, а право пропорционална со нивото на доверба * Нивото на ризик и нивото на доверба собрани секогаш треба да се еднавки на 100%

18 Ризик со тестирање примерок Ризик без тестирање примерок
Примена и примери Големина на примерок кај тест на детали: Примерокот треба да е соодветен за да овозможи низок ризик на детекција, а на неговата големина влијаат: Материјалноста и бројот на ставки во популацијата Инхерентниот ризик (ризик од настанување грешки) Значењето и сигурноста на доказите обезбедени преку други процедури, а не примерок Потребните трошоци и време Модел на ризик на ревизија за оценка на нивото на примерок врска факторот на сигурност: (Ризик на детекција) Ризик на ревизија Инхерентен ризик Контролен ризик Ризик со тестирање примерок Ризик без тестирање примерок Ниво на ризик 5% = 100% х 37% 14% R – Фактор на сигурност 3 + 1 2

19 Примена и примери Одредување на примерок:

20 Примена и примери Метод на селекција според подерирана вредност на стратифицирани податоци:

21 Примена и примери Ризик на земање примерок кај тест на детали:
Вистинска состојба на популација Голем или проширен/зголемен примерок Мал или непроширен/незголемен примерок Заклучок на ревизорот од примерокот: Точна одлука Неточна одлука (ризик од погрешно прикажување) (ризик од неефикасна ревизија) Нивото на грешка во сметката го надминува прифатливото ниво Нивото на грешка во сметката е пониско од прифатливото ниво

22 Главни методи на примерок
Случаен избор – статистички: компјутерски асистирана техника – генератор на случајни броеви Систематски избор – се знае бројот на единици кои треба да се изберат и вкупниот број на единици во популацијата се дели со овој број за да се добие интервал (пр. 900 единици / примерок од 30 = секоја 30-та единица); најдобро да се користи компјутеризиран генератор за објективен избор на првата Избор на монетарни единици – селекција според пондерирана вредност, поврзана со износ кое најчесто резултира во избор на поголемите износи од популацијата Неметодичен избор – без структурирана техника, но да се избегнува пристрасност или предвидливост Блок избор – блокови од последвателни ставки; скоро да не се користи во избор на примерок во ревизија

23 Документирање Се документира
Нивото на проектирана прифатлива девијација кај тестови на контроли Нивоата на прифатлива грешка кај тестови на детали Причините и начинот на избор на метод за примерок Извршените ревизорски постапки за тестирање Заклучокот од оценката на нивото на девијација/грешка Во/кон Документот за планирање на ревизијата и ревизорската стратегија Во/кон документот Програма за ревизорски постапки Во/кон Документот за некорегирани разлики од ревизијата Кон Писмо за презентација од менаџментот на ентитетот и Писмо со препораки до менаџментот

24 Благодарам за вниманието


Скинути ppt "Метода на примерок во ревизијата"

Сличне презентације


Реклама од Google