Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Разделни (дисјунктивни) назависносложени реченици

Сличне презентације


Презентација на тему: "Разделни (дисјунктивни) назависносложени реченици"— Транскрипт презентације:

1 Разделни (дисјунктивни) назависносложени реченици

2 А. Разделни реченици со ИЛИ
Во рамките на овие реченици ги изделуваме прво речениците со сврзникот или употребен еднаш меѓу две дел-реченици. Со овој сврзник се воведува втора можност, алтернатива. Така, во речениците со или се среќаваме со следните односи меѓу дејствата во дел-речениците:

3 - во двете дел-реченици се даваат дејства што не се исклучуваат: А јас те гледам во секоја капка роса на лисјето од тутунот, кога го поткинуваме, или кога го требиме од колтук. - во двете дел-реченици се даваат дејства што се исклучуваат: Промени го портирот , или јави се. - дејството во втората дел-реченица се јавува како можна последица на дејството во првата: Бегајте оттука или ќе платите толку и толку!

4 - во втората дел-реченица се изнесува дејство што изгледа поверојатно од она во првата: Возрасните болеста на Антима и бегањето на Стојана не ги забалежаа, или не сакаа да ги забележат. - Сврзникот или, сам или со некои честички, го среќаваме во алтернативните прашања: Заедно сме или не сме? – Дали си нерасположена или си ми нешто лута? – Го сожалуваат ли луѓето или го мразат? Според “Правописот на македонскиот летературен јазик”, разделните независносложени реченици со сврзникот или не се одделуваат со запирка.

5 Б. Разделни реченици со повторени сврзници
Врз основа на сврзниците што се јавуваат во нив, овие реченици мажеме да ги поделиме на следниве групи: Реченици со: или - или; било – било; ја – ја. Третиов повторен сврзник е карактеристичен за народните умотворби. Примери: O, boже, или скамени го, или нека ми се врати! – Било тие бегаат од училиште, било домашните ги задржуваат дома. – Ја млад жени се, ја млад калуѓери се.(пословица).

6 За нагласување на наизменично вршење на дејствата ги употребуваме повторените сврзници: де – де; ту – ту; час – час, на пример: Нивните фамилии де беа закарани, де се миреа. – Плашлива гордост час и го стегаше, час и го отпушташе срцето. Во одделна група го вклучуваме и – и, а покрај него и ем – ем, повторен сврзник карактеристичен за разговорниот стил: Ем сакам да го видам, ем се плашам од него. Примери: И Темелка Кузманоски ќе го најдеме и снага ќе стоплиме и душа ќе заголнеме. – Ем разбираш, ем се збунуваш некако.

7 Со одречно значење се сврзниците ни – ни и ниту – ниту: Ni трага му видовме ни глас му чувме. – Ни жив ја нејќеше, ни мртов ја сака! – Ниту се насмевна, ниту воздивна. – Тој мене ниту ме праша, ниту ме слуша. За разделните назависносложени реченици со повторени сврзници во “Правописот на македонскиот литературен јазик” се дава општо правило дека дел-речениците во нив не се одделуваат со запирки, но се предвидуваат и исклучоци: кога е особено истакната втората реченица, или пак кога се речениците многу долги и, на крајот, ако има повеќе од две дел-реченици. Значи можеме да кажеме дека овие реченици сепак се одделуваат со запирка.

8 Прашања 1. Какви дејства се искажуваат со разделните реченици со или?
2. Кажи пример, реченица за: дејства кои не се исклучуваат, дејства кои се исклучуваат, дејства како последица и алтернативно прашање. 3. Со кои сврзници се поврзуваат разделните реченици со повторени сврзници? 4. Кажи по една реченица за: дејства како втора можност, наизменично вршење на дејства и одречно значење. 5. Кое е правилото во однос на употребата на запирката? 


Скинути ppt "Разделни (дисјунктивни) назависносложени реченици"

Сличне презентације


Реклама од Google