Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ТАНГРАМ.

Сличне презентације


Презентација на тему: "ТАНГРАМ."— Транскрипт презентације:

1 ТАНГРАМ

2 Танграм е стара кинеска игра која e составена од седум делови (танови).
Зборот танграм на кинески јазик значи “седум плочки на мудроста”.

3 За настанувањето на танграм се знае малку.
Една од легендите вели дека слугата на некој кинески цар, носејќи многу вредна керамичка плочка во облик на квадрат,се сопнал и паднал. Плочката се скршила на седум делови. Пробувајќи да ги состави во квадратен облик, слугата направил разни фигури на животни, луѓе и предмети.

4 Големи обожаватели на танграмите биле:
Edgar Alan Po, познат американски писател, Наполеон, кој своите денови во затвор на Света Елена, ги скратувал со оваа игра. Edgar Alan Po . Napoleon Bonaparte

5 Традиционално, танграм плочките се изработувале од камен, коски, глина, жад или порцелан.
Денеска се изработуваат од пластика, дрво или тврд картон.

6 Од кои геометриски фигури се состои танграмот ???

7 Рамнокраки правоаголни триаголници
квадрат 1 паралелограм

8 Дали има помеѓу нив еднакви ???

9 Два големи триаголници се складни.
Два мали триаголници се складни. Останатите фигури не се складни.

10 Да ги споредиме плоштините на сите делови од танграмот!
Нека плоштината на најмалиот триаголник ја означиме со P... P P

11 Тоа значи дека плоштината на средниот триаголник е
Триаголник со средна големина е двојно поголем од најмалиот триаголник. Тоа значи дека плоштината на средниот триаголник е P P 2P.

12 Затоа, најголемиот триаголник има плоштина
2P 2P Најголемиот триаголник има двојно поголема плоштина од триаголникот со средна големина! Затоа, најголемиот триаголник има плоштина P P 4P.

13 Квадратот има двојно поголема плоштина од најмалиот триаголник.
4P 2P 4P Квадратот има двојно поголема плоштина од најмалиот триаголник. Значи, плоштината на квадратот е P P 2P.

14 4P 2P 2P 4P Паралелограмот има плоштина која е двојно поголема од плоштината P на најмалиот триаголник, па неговата плоштина е P P 2P.

15 4P 2P 2P 2P 4P Сега “ги знаеме” плоштините на сите делови. Вкупната плоштина на танграм е 16 P, што значи дека е 16 пати поголем од плоштината на најмалиот триаголник. P P

16 P Вкупно 16 P. P

17 Задача 1. Користејќи два мали триаголници и еден со средна големина, направи ги следните геометриски фигури: Квадрат Трапез Паралелограм (ромбоид) Правоаголник Триаголник

18 P P P P 2P 2P P P 2P P P 2P 2P P P Сите слики се составени од исти делови, па заклучуваме дека нивните плоштини се еднакви!

19 P P P P 2P 2P P P 2P P P 2P 2P P P Тоа значи дека плоштината на сите тие фигури е еднаква и изнесува 4P ! Заклучуваме дека различни фигури можат да имат исти површини!

20 Задача 2. Користејќи пет мали делови (два мали триаголници, еден со средна големина, паралелограм и квадрат), направи ги следните геометриски фигури: Квадрат Трапез Паралелограм Правоаголник Триаголник

21 Задача 3. Користејќи седум делови од танграмот, направи ги следниве геометриски фигури: Квадрат Трапез Паралелограм Правоаголник Триаголник

22 КРАЈ Aвтор: Јелена Воларов Превод: Марија Панова ДОДАТОК

23 Додатак Се верува дека во далечно време Кинезите користеле танграм како би “раскажале приказна”. Човекот кој ја раскажувал приказната, со помош на танграм би ги илустрирал деловите на самата приказна и на тој начин ги “оживувал” случките и ги развеселувал малите слушатели.

24 Еве една “раскажана приказна” со помош на танграм.
Додека приказната тече, пробај да ги направиш ликовите на животните кои се појавуваат во приказната.

25 Незадоволен зајак Незадоволен зајак шетал по полето и шумата.

26 Зајакот сретнал верверичка.
Колку ти е убава опашката! Погледај колку е голема и како е бушава! A колку е пак вешта! Што би дал јас да имам таква опашка и да ја имам твојата вештина!!!

27 - Но, ти имаш најбрзи нозе од сите во шумата
- Но, ти имаш најбрзи нозе од сите во шумата! – зачудено му одговори верверичката. Зајакот не се ни замисли на овие зборови на верверичката, туку продолжи понатаму низ шумата.

28 Ја сретна мечката. -Ти си најјака во целата шума! Сите се плашат од тебе и сите те почитуваат. Кога јас би можел барем еден ден да бидам јак како ти! -Тебе не ти е потребна сила покрај толку брзи нозе – му возврати мечката.

29 Зајакот повторно не дослуша до крај, туку ја сврте главата и продолжи понатаму.
Движејќи се низ шумата, си замислува како е јак како мечка и вешт како верверичка. Во тој свој занос не ја примети лисицата.

30 Размисли која е пораката на оваа приказна!
И што се случи тогаш? Размисли која е пораката на оваа приказна!

31 Автор на презентацијата:
Јелена Воларов Превод: Марија Панова


Скинути ppt "ТАНГРАМ."

Сличне презентације


Реклама од Google