Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

КИНЕСКАТА ФИЛОЗОФИЈА Во VI век пр.н.е. во Кина имало две филозофски школи:конфучијанизмот – филозофија на општественото уредување и смислата на практичните.

Сличне презентације


Презентација на тему: "КИНЕСКАТА ФИЛОЗОФИЈА Во VI век пр.н.е. во Кина имало две филозофски школи:конфучијанизмот – филозофија на општественото уредување и смислата на практичните."— Транскрипт презентације:

1 КИНЕСКАТА ФИЛОЗОФИЈА Во VI век пр.н.е. во Кина имало две филозофски школи:конфучијанизмот – филозофија на општественото уредување и смислата на практичните знаења и таоизмот – филозофија на набљудување на природата.Подоцна се појавува неоконфучијанизмот (основач Чуанг – Цу), ги обединува конфучијанизмот, будизмот и таоизмот.Конфучијанизмот го основал Кунг Фу Цу врз основа на петте класични кинески дела (Книга песни, Книга промени, Книга обреди, Книга историја и Пролет и есен).Основач на таоизмот е Лао Це.Учењето на таоизмот е изнесено во Тао Те Кинг или Книга за патот.

2 Појава на кинеската литература
Кинеската литература се вбројува во редот на најстарите литератури во светот.Нејзината писмена традиција трае над три илјади години.Првите пронајдени хиероглифски споменици се натписи врежани на коски за гатање, а содржината на тие натписи била пророштва и гатања (од XVIII и XVII век).Најстаро дело со уметничка вредност во кинеската литература е зборникот од народни песни „Шицзин“(Книга песни).

3 Се смета дека песните ги запишал и ги собрал Конфуциј
Се смета дека песните ги запишал и ги собрал Конфуциј.Зборникот содржи триста песни. Еден дел од песните имаат обреден и пофалбен карактер, а останатите песни се раскажувања на одредени личности, клетви, совети. Голем расцут во овој период достигнала филозофијата.Тогаш живеел и творел најзнаменитиот кинески филозоф Конфуциј.Негово најпознато дело е книгата „Лун јој“(Размислувања и разговори).Во основата на учењето на Конфуциј сае наоѓа идејата за должната почит на синот кон таткото, односно почит на младите кон старите.

4 Конфуциј - поет, филозоф, теоретичар
Конфуциј - поет, филозоф, теоретичар Во својата теорија за поезијата Конфуциј го внел терминот вен, кој подоцна станал основа на терминот венсју – литература. Тој го објаснува поимот литература и вели: „Таа е повисика појава, повисока мудрост на зборот, таа е убав збор што воспоставува врска на современикот со идеите на старите вистини“.Учењето на Конфуциј било општоприфатено и канонизирано во вториот век пред н.е.

5 Конфуциј како поет пишувал мисловни и рефлексивни песни
Конфуциј како поет пишувал мисловни и рефлексивни песни.Во песната „Епитаф на паднатиот јунак“ преку поетски слики го изнесува своето размислување за минливоста на времето што носи заборав и за тоа како човек може да го победи заборавот.Како може да се победи заборавот? На ова прашање одговорот е во песната – јунаштвото. Конфуциј со своето филозофско учење и со поезијата извршил огромно влијание врз развитокот на кинеската филозофска мисла, а и врз понатамошниот развиток на кинеската литература.

6 УЧЕЊЕТО НА ТАОИЗМОТ Во таоизмот светот е виден како постојан тек и мена.Текот и мената се манифестираат во модели што на човекот му се податливи за набљудување.Текот и мените во природата се циклични.Идејата за цикличните модели упатува на поларните спротивности јин (осој) и јанг (присој), темелник на кинеската мисла.Јин – женското, мрачното, земјата. Јанг – машкото, солното, творечкта сила, небото.

7 Будизмот во Јапонија Будистичкото учење во Јапонија познато како зен – будизам има крајна цел, постигнување просветленост – сатори. Зенот се разликува од будизмот со тоа што упатува на најдиректниот пат до просветлувањето.За зен-будизмот единствено низ парадоксот се допира до конечната вистина, при што како средство за постигнување на таа цел се воведени коаните.


Скинути ppt "КИНЕСКАТА ФИЛОЗОФИЈА Во VI век пр.н.е. во Кина имало две филозофски школи:конфучијанизмот – филозофија на општественото уредување и смислата на практичните."

Сличне презентације


Реклама од Google