Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Споделување на цели: стратегии за колективно преговарање

Сличне презентације


Презентација на тему: "Споделување на цели: стратегии за колективно преговарање"— Транскрипт презентације:

1 Споделување на цели: стратегии за колективно преговарање
Actrav-ITC-ILO, Турин

2 Слобода на здружување и право на колективно преговарање: Пат кон достојна работа
Темелни права и развојна политика Улога на законите наспроти колективното преговарање: со закон може да се присили усогласеност, но не и соработка меѓу страните ILO C 87 и C 98 – олеснување на репрезентативен социјален дијалог, помагање во постигнување на заеднички решенија со почитување на туѓите потреби

3 Значи, што е тоа Договор за колективно преговарање?
Слика наспроти концепт ДКП е како „устав“ за компанијата – тоа не треба да биде само документ за добивање на пораст на плати, ТУКУ и документ за правата и обврските на договорните страни – средство за заедничко регулирање на прашањата на работното место, вклучувајќи го и синдикалното право на информации и преговори во „политиката на управување“ Значи – потреба за визија на синдикат – за работниците, за компанијата – потоа стратегија и дејствија за постигнување на таа визија

4 Стапки на работата наспроти трошоци на работата
Пример: Две компании од автомобилската индустрија– за 8 часови работа, компанија Н плаќа повисоки плати, но им помали трошоци на работа, додека компанија Г плаќа пониски плати, а но има повисоки трошоци на работа. Како може тоа да биде? Продуктивност игра главна улога. Компанијата Г прави 1 автомобил за 47 часа, а компанијата Н прави 1 автомобил за 23 часа Фокус на трошоците, а не на платите – кои се главните трошоци во компанијата? На што директорите трошат максимално време?

5 Глобална финансиска криза и одговор на компаниите
Управата на компанијата ја искористи глобалната финансиска криза и од синдикатот побара да прифатат намалување на плати за 20% или намалување на работната сила за 20%. Структура на трошоци според билансот на компанијата: Материјални трошоци % Трошоци на енергија   10% Административни трошоци...4% Трошоци на работа      8%  Намалувањето од 20% на работната сила или на платите значеше само 1.6% заштеда (20% од 8%), НО насочената заштеда на трошоците за материјали и енергија за 10% ќе даде 8.8% заштеда на трошоци. Управата мораше да го прифати предлогот на синдикатот, и на тој начин синдикатот ги спаси работните места и платите.

6 За што треба да преговарате?
Прашања од интерес (низ колективно преговарање) наспроти прашања за правата (според законот) - што е пропишано со законот – идеално не треба да биде дел од КП – од работодавачите се очекува да се придржуваат кон законот (MW, стапки на ОТ плаќање) – со КП треба да се добие повеќе отколку од законот Да се преговара за системите за надоместок и пакетите за надоместок, а НЕ само за платите (некои компании плаќаат повеќе плати, помалку бенефиции или обратно ) – вкупните трошоци на пакетот за надоместок се важни и треба да се пресметуваат. Стабилност на вработувањето наспроти прашањето за плати.

7 Елементи на надоместокот
Плаќање за работата – 8 часови работа Плаќање за изведбата – компонента поврзана со продуктивноста Плаќање за периодот кога не се работи (платен годишен одмор, недели итн.) Компензација при отказ (за привремена состојба) Одложен приход (бонус, социјално осигурување) Плаќања еквивалентни со приходот (додатоци) Здравствена заштита, заштита од несреќи и од одговорност Бонус за резултатите на компанијата

8 Дали профитот е добра основа за поставување на барањата за плата?
Фокус на додадена вредност – што е тоа?

9 Потребни способности За ефикасно колективно преговарање, на синдикатите им е потребан следниов капацитет: Разбирање на економската ситуација во земјата, влијание на „надворешните настани“ Финансиска анализа на компанијата – разбирање на билансите и сметките на добивка и загуба Системи и филозофија на управување (пр. германски наспроти американски, јапонски, корејски, кинески, индиски работодавачи) Разбирање на продуктивноста, техники за мерење на работата, промени во компанијата, во економијата Што друго?

10 За ефективно КП, синдикатите треба да знаат
За каква компанија станува збор? Интензивност на работата? Интензивност на капиталот? Снабдување директно на пазарот или е во снабдувачки синџир? Капацитет на компанијата за плаќање Споделување на трудот во богатството (додадена вредност) произведено во компанијата Враќање на вложениот капитал во компанијата (ако тоа премногу оди надолу, инвеститорите ќе се повлечат и компанијата ќе се затвори) Каде можат да се добијат овие информации?

11 Потребни информации за ефективно КП
Вкупна продажба/промет Вложен капитал/големина на капитал Големина на вработување Додадена вредност = Приход – Нефакторски расход (тука нефакторски расход значи расход поинаков од трошок за вработен, амортизација и камата). Материјален интензитет/интензитет на влегување продажба = додадена вредност

12 Потребни информации за ефективно КП
Сооднос на интензитет на капитал/излез на капитал капитал = додадена вредност Додадена вредност по човек на ден Повратен капитал по човек на ден Стапка на профитот Удел на капиталот = Вложен капитал

13 Потребни информации за ефективно КП
Трошоци на вработените (за кои се преговара/синдикални) по човек на ден Додавање на процент на цената, т.е. на додадена вредност по единица Тренд на влезни и излезни цени. Искористување на капацитетот на погонот и машините Учество на компанијата на пазарот

14 Потребни информации за ефективно КП
Коефициент на задолженост Процент на неоперативен приход Точка на рентабилност на продажба и производство Биланс и Сметка на добивка и загуба за последни три години Податоци за продуктивноста за секоја работна станица вклучувајќи ги сите елементи. ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ПЛАТИ И ПРАКСИТЕ НА КОМПЕНЗАЦИЈА

15 Анализата на биланс Особености/година 2007 2006 2005 2004 2003 2002 2001 2000 ВКУПНО ВЛОЖЕН КАПИТАЛ 168 199 113 110 105 95 80 ПРИХОД 408 327 217 203 163 141 138 147 НЕФАКТОРСКИ РАСХОД 301 254 166 142 104 106 96 91 ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ 107 73 51 61 60 35 42 56 УДЕЛ НА ВРАБОТЕНИ 33 32 23 26 25 21 УДЕЛ НА КАПИТАЛ 74 41 28 9 19 36 УДЕЛ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОДАВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ (%) 31 44 45 75 37 УДЕЛ НА КАПИТАЛОТ ВО ДОДАВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ (%) 69 55 58 59 63 ПОВРАТ ВО КАПИТАЛ (%) 20

16 Продуктивност на преговори
Што е продуктивност? Продуктивност наспроти интензитет на работа Продуктивност не значи само зголемување на работното време или брзината на работа; тоа може да значи и изнаоѓање начини да се произведе повеќе во исто време или исти резултати во помалку време преку - - Технолошки напредок/иновации - Подобрување на системи и методи - Балансирање на производството

17 Типични проблеми во фабриката/компанијата
Строги (понекогаш и застарени) работни норми Рестриктивни и кратки описи на работните места Премногу дејности без додадена вредност Неактивна работна сила од една страна и висока појава на прекувремена работа од друга страна Лошо направен план на продуктивност Недостаток на критични ставки од една страна, раст на инвентар од друга страна Неурамнотежен обем на работа и тесни грла Прекини Отфрлање и повторна обработка Отсуство од работа и промет на трудот Недостаток на одговорност Незадоволство, низок морал и одговорност. Несогласност помеѓу авторитетот и одговорностите

18 Предуслови за продуктивно преговарање
Студија за работата и балансирањето на производство – заеднички вежби на синдикатот и управата и донесување на одлуки – не само консултации Одлучување за времето на смената, земајќи во предвид време на одмор, ручек, време за лични потреби, замор, опасни работни места, време на прекини и време за ракување со материјал Посветеност на врвната управа да инвестира во промени потребни за подобрување на продуктивноста Споделување на добивки од продуктивноста – удел во додадената вредност, додаток за резултатите на компанија (преку и над договорот од КП)

19 Групна расправа Работниците сакаат зголемување платите од 20% – ситуацијата со која се сочува компанијата е: Влезните цени расходи (трошоците за суровини, електрична енергија, вода и сл.) се зголемени за 10 % Поради конкуренцијата, компанијата мора да ја намали цената на производот за 10% Во исто време акционерите очекуваат 5% повеќе поврат од постојаните 15% Како да се развие стратегија за да се одговори на ситуацијата? Кои подрачја можат да се истражуваат за да се пронајде одговор?

20 Зголемување на влезните трошоци:
Намалување на трошење Управување со инвентар Промени во дизајнот на производот за да се заштеди повеќе материјал Заштеда на енергија Конкуренција во цената: продажба на пониска граница, но во масовно ниво. За тоа треба да се подобри продуктивноста. Подобрување на продуктивноста вклучува различни фактори, како што се:   Подобрување на процесот и системите Ажурирање на технологијата Примена на различни алатки за подобрување Културни и промени на став, итн. Кога продуктивноста и продажбата ќе се зголемат, тоа ќе генерира повеќе приходи – што може да доведе до K&L.

21 Заклучоци Слободата за здружување и колективното преговарање не се само за права на работниците, туку воедно се и инструменти на државната политика за постигнување на цели на социјална правда и за промовирање на одржлив економски раст Тоа не треба да се гледа како нешто што е ограничено на ниво на индустријата или компанијата, туку овој принцип (на промовирање на социјалниот дијалог) треба да се прошири на национално ниво во врска со прашањата на политиките за работа, социјални и економски прашања – тоа ќе промовира социјална хармонија и социјална стабилност. Важноста на разбирање на финансиските бројки за сметководствено управување Потреба да се движиме од колективното преговарање за платите кон партиципативни права во индустријата и во економијата

22 Политики на колективно преговарање и пракси во вашата земја
Политики на колективно преговарање и пракси во вашата земја Дали имате закон или правна рамка која го уредува колективното преговарање? Кои фактори се основа на вашите барања за плати? Колективниот договор е потпишан на кое ниво – на ниво на компанија? Индустриско ниво? Дали федерациите на синдикатите ги потпишаа договорите? Или дали се договорите потпишани само од страна на синдикатите на ниво на компанија? Што синдикатите вклучуваат во колективниот договор? Кои се главните тешкотии во остварувањето на правата на колективното преговарање за синдикатите?


Скинути ppt "Споделување на цели: стратегии за колективно преговарање"

Сличне презентације


Реклама од Google