Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА.

Сличне презентације


Презентација на тему: "СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА."— Транскрипт презентације:

1 СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

2 Што претставува „социјалната заштита” и „социјалниот ризик”?
Социјалната заштита претставува систем на мерки и активности чија цел е спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на својот живот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост како и за јакнење на неговиот капацитет во поглед на сопствената заштита. Социјален ризик претставува ризик по здравјето, ризик на старост и стареење, ризик на еднородителско семејство, ризик од невработеност, губење на приход за издржување врз основа на работа и слично, ризик од сиромаштија и ризици од друг вид на социјална исклученост.

3 Кои субјекти се носители на системот на социјална заштита во Република Македонија и какви се нивните надлежности? Република Македонија Градот Скопје Во рамки на нивните надлежности влегува обезбедување на социјална заштита на лицата кои имаат потреба од истата преку преземање на мерки за социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита и парична помош од социјална заштита. Општините

4 Кои субјекти се корисници на правата од социјална заштита во Република Македонија?
Корисници на правата од социјална заштита се : -лица кои се државјани на Република Македонија -лица кои имаат постојано живеалиште во Република Македонија -како и странците кои имаат регулиран постојан престој во Република Македонија, согласно со закон. Што се однесува пак на државјаните на Република Македонија кои немаат живеалиште во рамки на републиката, како и странците кои имаат регулиран привремен престој, тие можат да ги користат правата од социјална заштита под одредени услови кои се детално уредени со законот за социјална заштита, или пак некој друг закон и меѓународен договор.

5 Што претставува и во што се состои социјалната превенција?
Социјалната превенција претставува преземање на мерки и активности чија цел е да го спречат настанувањето на социјалните ризици, при што се врши рано откривање и ран третман на граѓанинот изложен на социјален ризик, со цел да се надминат или ублажат штетните последици од изложеноста на социјален ризик. Социјалната превенција се состои од мерки за спречување на настанување на социјален ризик кои опфаќаат едукативно-советувалишна работа, развивање на форми на самопомош, волонтерска работа со лично ангажирање и примена на други методи кои соодветствуваат на потребите на корисниците на социјалната заштита.

6 СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Вонинституционална Институционална

7 Какви права опфаќа вонинституционалната социјална заштита?
сместување во мал групен дом и организирано живеење со поддршка Вонинституционалната заштита која се остварува во или преку центарот за социјална работа опфаќа право на: сместување во згрижувачко семејство помош на поединец прва социјална услуга на корисници на социјална заштита помош на семејство дневно и привремено прифаќање и згрижување како помош на поединец и семејство домашна нега и помош на поединец и на семејството

8 Во што се состои правото на прва социјална услуга на корисници на социјална заштита?
Правото на прва социјална услуга на корисниците на социјална заштита подразбира воочување на проблемот кој се јавил како последица од состојбата на социјален ризик, укажување на корисникот на можните решенија, овозможување услуги и средства за негова заштита, како и за мрежата на установи надлежни за давање услуги.

9 Во што се состои правото на помош на поединец?
Во што се состои правото на помош на семејството? Правото на помош на семејството опфаќа стручна помош на членовите на семејството како би ја надминале семејната криза во брачните односи, или пак во односите помеѓу родителите и децата како и оспособување на конкретното семејство за остварување на функциите во секојдневниот живот Правото на помош на поединец претставува примена на стручна, советодавна или советувалишна работа, преку која на поединецот му е овозможено да се стекне со потребните информации, да се оспособи за самостојно одлучување, да ги зачува и развие своите социјални потенцијали.

10 Во што се состои правото на домашна нега и помош на поединец и семејство?
Правото на домашна нега и помош на поединец се овозможува на старо, изнемоштено и лице со телесна попреченост и лице со умерена, тешка и длабока ментална попреченост, кое не е во состојба да се грижи за себе и поради тоа му е потребна нега и помош во задоволувањето на егзистенцијалните потреби. Ова право не е ограничено само на лица кои живеат сами, истото им се овозможува и на лица кои живеат во рамки на семејство.

11 Во што се состои правото на дневно и привремено прифаќање и згрижување како помош на поединец и семејство? Правото на дневно згрижување во дневен центар подразбира згрижување во соодветниот центар на: старо, изнемоштено лице и друго возрасно лицелице со умерена и тешка попреченост во менталниот развој и на лице со телесна попреченост кое не може само да се грижи за себе, дете со телесна попреченост, дете на улица, лице кое употребува, односно злоупотребува дроги и други психотропни супстанции и прекурзори и на членовите на неговото семејство и лице кое злоупотребува алкохол или се лекува од зависнот од алкохол и на членовите на неговото семејство.

12 Покрај тоа, правото на згрижување во центар за дневно и привремено прифаќање и згрижување им се овозможува и на следните лица: бездомник, лице кое употребува, односно злоупотребува дроги и други психотропни супстанции и прекурзори, жртва на семејно насилство жртва на трговија со луѓе.

13 Во што се состои правото на сместување во згрижувачко семејство?
Сместување во друго семејство е една од формите на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица, која се реализира во рамките на системот на социјалната заштита Правото на сместување во згрижувачко семејство претставува сместување во соодветно згрижувачко семејство на лице коешто нема услови за живот во своето семејство или пак од други причини му е потребно вакво сместување.

14 дете без родители и дете без родителска грижа,
За лица кои имаат право да бидат сместени во згрижувачки семејства, кои ќе им ги пружат соодветните услови за живот кои претходно не им биле овозможени се сметаат следните категории лица: дете без родители и дете без родителска грижа, дете со воспитно-социјални проблеми (злоставувано, занемарено и социјално необезбедено дете) дете жртва на семејно насилство малолетен сторител на кривично дело или прекршок лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој лице со длабоки пречки во менталниот развој лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега и старо лице возрасно лице со телесна попреченост лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбената и семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг начин

15 Во што се состои правото на сместување во мал групен дом ?
Право на живеење во мал групен дом има дете без родители или без родителска грижа, со воспитно-социјални проблеми, со пречки во менталниот или телесниот развој, лице со ментална или телесна попреченост, кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство, кое нема семејство или од други причини му е потребно сместувањето во мал групен дом.

16 Во што се состои правото на организирано живеење со поддршка ?
Право на организирано живеење со поддршка има лице со ментална или телесна попреченост,деца без родители и родителска грижа и деца со воспитно-социјални проблеми, преку самостојно и организирано живеење во посебна станбена единица со постојана или повремена помош од стручни или други лица во остварување на основните животни потреби, социјални, работни, културни, рекреативни и други потреби. Нивото на поддршката се определува во согласност со потребите, видот и степенот на попреченоста на корисникот.Поддршката за организирано живеење може да ја организира центарот, установата која сместува.

17 Видови установи за вонинституционална социјална заштита ?
Дневен центар и клубови за стари и возрасни лица Центар за социјална заштита Дневен центар за улични деца – деца на улиците Дневен центар за лица кои употребуваат односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанции и прекурсори Дневен центар за лица кои злоупотребуваат алкохол или се лекуваат од завист од алкохол Центар за лица жртви на трговија со луѓе Центар за лица бездомници Центар за лица жртви на семејно насилство Советувалиште Мал групен дом Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост Центар за давање помош во домашни услови

18 Функциите и надлежностите на Центарот за социјални работи
Од делокругот на јавните овластувања центарот ги врши следниве работи: решава за правата од социјална заштита, решава за правата утврдени со Законот за заштита на децата, и тоа: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче и родителски додаток за дете, решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита, решава за работите утврдени со семејно-правните прописи, постапува по работите од својата надлежност утврдени со кривично-правните прописи, води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната и семејно-правната заштита за применетите облици на социјална заштита

19 Функциите и надлежностите на Центарот за социјални работи
При спроведувањето на социјалната заштита, како и стручната работа, центарот: открива, следи и проучува социјални појави и проблеми, -врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба на лицето или семејството, -поттикнува и презема превентивни дејствија и отстранување на причините за настанување на положба од социјален ризик, изготвува планови и програми за социјална заштита, -применува и спроведува соодветни облици и форми на социјална заштита и непосредно помага на граѓанин или семејство, -развива и спроведува вонинституционални облици на социјална заштита, поттикнува, организира и координира волонтерски активности на граѓани, нивни здруженија, хуманитарни организации, организации во спроведување на програми за социјална заштита.

20 Работејќи со граѓанинот и семејството, центарот помага во разрешувањето на животните тешкотии и проблеми во индивидуалното живеење, партнерските односи, предбрачните и брачните односи, односите родители и деца, укажува помош на семејството во остварувањето на неговата заштитна, воспитна и репродуктивна функција, поттикнува сакано и одговорно родителство и планирање на семејството, заштита на лица - жртви на семејно насилство и жртви на трговија со луѓе и дава други советодавни и советувалишни услуги за прашања од значење за развојот и социјализацијата на личноста и остварувањето и унапредувањето на односите во семејството.

21 Институционална заштита
Институционалната заштита опфаќа право на оспособување за работно-производна активност и право на сместување во установа за социјална заштита. Во што се состои правото на оспособување за работно-производна активност? Право на оспособување за работно-производна активност има лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој. Правото на оспособување за работно-производна активност опфаќа упатување во установа за социјална заштита или во друго правно лице кое ги исполнува потребните услови, надоместок на трошоци за сместување и исхрана, надоместок на трошоци за оспособување за работно-производна активност и надоместок на трошоци за превоз.

22 Во што се состои правото на сместување во установи за социјална заштита и кои лица имаат право да бидат сместени во таквите установи? Право на сместување во установа за социјална заштита, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установа за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита. Право на сместување во установа за социјална заштита, се обезбедува на: -Лице кое нема соодветни услови за живеење со своето семејство или нема семејство или од други причини потребно му е да биде сместен таму -дете без родители и дете без родителска грижа до оспособување за самостоен живот и работа но не подоцна до завршување на средното образование

23 дете со воспитно-социјални проблеми, занемарено, запоставено, злоставувано, необзебедено дете и дете жртва на семејно насилство дете со нарушено поведение бремена жена еден месец пред породување и самохран родител со дете до тримесечна возраст лице со умерени и тешки телесни и ментални попречености и лице со трајни попречености на кое му е потребно трајна грижа и нега стари лица, восрасни лица со телесна попреленост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи за себе, а поради смејната положба нема можност да му се обезбеди помош на друг начин. лице барател на право на азил

24 Видови установи за институционална заштита
Установа за сместување на деца без родители и без родителска грижа над три годишна возраст- младинци Установа за сместување на доенчиња и мали деца без родиели и без родителска грижа до три годишна возраст Установа за сместување на деца и младинци со нарушено поведение Установа за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми Установа за сместување на деца и младинци со умерени и тешки пречки во менталниот развој Установа за сместување на деца и младинци со умерени и тешки телесни пречки Установа за сместување на лица баратели на азил Установа за сместување на возрасни лица со телесна попреченост Установа за сместување на лица со пречки во менталниот развој

25 Парични права на парична помош постојат во системот на социјална заштита
социјална парична помош парична помош за социјално домување постојана парична помош надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа право на здравствена заштита паричен надометок за помош и нега од друго лице парична помош на мајка која родитела четврто дете еднократна парична помош и помош во натура

26 Во што се состои правото на социјална парична помош и кои лица се стекнуваат со можноста за користење на ова право? Право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство, материјалнонеобезбедено и кое не може да обезбеди средства за егзистенција. Како домаќинство се подразбира заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички придонесуваат, стопанисуваат и трошат. -Подносител, односно носител на правото на социјална парична помош е невработено лице, кое активно бара. -За материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува приходи по сите основи пониски од износот на социјалната парична помош и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува Висината на социјалната парична помош за носителот на правото изнесува денари .За секој следен член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент 0,37, а најмногу до пет члена.

27 Висината на социјалната парична помош се утврдува во зависност од периодот на користење на правото, и тоа: - во првите три години, во висина 2.334ден. - по истекот на третата година, во висина од 50% од утврдената висина Во случај на прекин во користењето на правото на социјална парична помош до 60 месеца,корисникот има право да го доискористи преостанатото право на социјална парична помош.Ако прекинот на користењето на правото на социјална парична помош е подолг од 60 месеца корисникот има повторно право на социјална парична помош. Во што се состои правото на постојана парична помош и кои лица се стекнуваат со можноста за користење на тоа право? Право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и материјално необезбедено.

28 Неспособно за работа, се смета лице:
- со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој и лице со комбинирани и други пречки во развојот, кое заради степенот на попреченоста не може да се стекне со образование, како и лице со телесна попреченост, поради која е неспособно за работа, - лице душевно заболено и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради која е неспособно за работа, - самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител до три години возраст на детето, - дете без родители и без родителска грижа кое не се штити врз основа на правото на сместување, кое нема приходи врз основа на имот и имотни права и не остварува средства врз основа на други прописи, но најмногу до 18-годишна возраст и - лице постаро од 65 години.

29 Материјално необезбедено лице се смета лице кое нема приходи или чии приходи по сите основи по член на семејство се помали од денари, Постојаната парична помош се обезбедува за носителот на правото и друг член на семејствотокако соуживател на помошта, неспособен за работа.Право на постојана парична помош како соуживател има и дете до навршени 18 години живот или до 26 години живот, ако е на редовно школување. -Висината на постојаната парична помош изнесува денари.

30 Во што се состои правото на парична помош на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа? - Доколку лицето е запишано по прв пат на студиска година од прв и втор циклус студии, како редовен или вонреден студент на јавните високообразовни установи има право на парична помош во висина од денари месечно ако користи социјален стан под закуп, односно денари доколку не користи под закуп социјален стан. Во случај лицето да ја повторува годината, паричната помош се запира се до запишувањето на нова студиска година за прв пат. Право на парична помош има секое лице кое до својата 18 годишна возраст, имало статус на дете без родители и родителска грижа и нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години. -Висината на овој паричен износ е 4000денари, доколку лицето се наоѓа во редовно школување тогаш сумата изнесува 5600денари.

31 Во што се состои правото на парична помош на мајка која родила 4 дете?
Доколку лицето е запишано на докторски студии има право на оваа парична помош за времетраење на студиите, но најмногу 5 години од запишувањето, со тоа што треба еднаш годишно до центарот да достави потврда за редовно извршување на обврските. -Лицето кое е корисник на парична помош за студирање, нема право на користење на претходната парична помош. Во што се состои правото на парична помош на мајка која родила 4 дете? Право на парична помош има мајка која родила четврто живородено дете од 1 јануари 2009год. , потребно е мајката да се грижела за децата до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по навршувањето на 62години живот. Доколку на мајката и било одземено родителското право над било кое од нејзините деца не може да биде корисник на оваа парична помош. -Висината на паричната помош изнесува 8000денари месечно.

32 Во што се состои правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице?
-Правото на парична помошзапомош и нега од друго лице имаат лица над 26годишна возраст со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лица со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице поради неможноста само да ги задоволува основните животни потреби, доколку ова право не го користи врс основа на друг пропис. - Правото може да го оствари лице чиј годишни нето приходи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец од претходната година. -Висината на паричниот надоместок се утврдува во зависност од обемот на потребата за помош и нега од друго лице.

33 -Потребата од помош и нега од друго лице во поголем обем има и лице со тешки и длабоки пречки во менталниот развој , лица со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо леце, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради што не може да ги задоволува основните животни потреби, не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од него, самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личнат хигиена, ниту да ги обавува основните физиолошки потреби. Потреба од помош и нега во помал обем има лице со умерени пречки во менталниот развој и лице кое поради трајни промени во здравствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги обавува основните животни потреби. Висината на паричниот надоместок за помош во поголем обем изнесува 4185 денари, доколку се разботи за помал обем тогаш изнесува 3702 денари.

34 Во што се состои правото на еднократна парична помош и помош во натура?
-Еднократната парична помош или помош во натура се доделува на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, како и поради претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа. -Под помош во натура се подразбира обезбедување на облека, исхрана и други средства кои се неопходни за минимална егзистенција на граѓанинот и семејството. -Ова право по исклучок се доделува во несреќни случаи, акутна болест која бара болничко лекување и слично, може да го користат државјани на РМ кои немаат постојано живеалиште како и странци со привремен престој и регулиран влез во државата. -Правото на еднократна парична помош се определува пооделно во зависност од вкупниот број жители.

35 -Износот на еднократната парична помош може да изнесува до 30
-Износот на еднократната парична помош може да изнесува до денари, и тоа: - за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, а која може да остави трајни последици, заради претрпена природна непогода (земјотрес,поплава, пожар), епидемија и смрт на член на семејството, - на семејство чиј член е корисник на земјоделско земјиште на плодоуживање во сопственост на државата, во моментот на склучување на договорот за плодоуживање согласно со прописите, - лице кое има потреба од оперативен зафат или подолго лекување во здравствена установа во странство и - станбено необезбедено лице - корисник на постојана парична помош, како помош во обезбедување на нужно сместување.

36 Износот на еднократната парична помош може да изнесува до 15
Износот на еднократната парична помош може да изнесува до денари за потребите на -членот на семејството кое е лице со пречки во менталниот развој или лице со трајна телесна попреченост би можело да оствари право на сместување во установа за социјална заштита, како и за потребите на лице - жртва на семејно насилство за обезбедување на итна заштита и згрижување. Износот на еднократната парична помош може да изнесува до денари за задоволување на -потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик во случај на подолго лекување во здравствена установа, како и за лице - жртва на семејно насилство за остварување на право на здравствена заштита и медицински третман.

37 Износот на еднократната парична помош може да изнесува до 4
Износот на еднократната парична помош може да изнесува до денари за задоволување на -потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик кој не остава трајни последици, а е неопходно социјално и материјално обезбедување на лицето. Износот на еднократната парична помош изнесува денари за дете или младинец без родители и без родителска грижа, кој по наполнување на 18 годишна возраст ја напушта установата или згрижувачкото семејство, заради негово адаптирање во социјалната средина. -Еднократната парична помош се остварува во центарот за социјална работа, а во итни и неодложни случаи министерот може да донесе решение за доделување еднократна парична помош.

38 Во што се состои правото на надомест на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни ли ментални пречки во развојот? -Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи, се оставрува во центарот. -Висината на надоместокот на плата изнесува денари. -Придонесите и другите обврски ќе се пресметуваат и наплатуваат согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

39 Во што се состои правото на парична помош за социјално домување?
-Правото на парична помош за социјално домување, се обезбедува на социјално загрозени лица -станбено необезбедени. -Социјално загрозени лица се: корисници на постојана парична помош и лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа,односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст. -Начинот на остварување на правото на парична помош за социјално домување за лицата,со акт ги определува советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје.

40 Во што се состои правото на здравствена заштита и кои лица се стекнуваат со можност за користење на ова право? -Правото на здравствена заштита се состои во тоа што секој има право на здравствена заштита и обврска да се грижи и да го чува и унапредува своето здравје.Никој не смее да го загрозува здравјето на другите и секој е должен во итни случаи да укаже прва помош според своите можности и во случај на опасност по животот, да ја извести најблиската здравствена установа и да овозможи пристап до итна медицинска помош.

41 Право на здравствена заштита имаат корисниците на
лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи социјална парична помош постојана парична помош лица сместени во згрижувачко семејство Право на здравствена заштита имаат корисниците на лица сместени во установа за социјална заштита лице опфатено со организирано живеење со поддршка лице - жртва на семејно насилство и лице - жртва на трговија со луѓе корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице

42 Во што се состои правото на додаток за слепило и мобилност?
Во што се состои правото на додаток за слепило и мобилност? -Правото на додаток за слепило се обезбедува за потполно слепо лице со навршени 26 години, а правото на додаток за мобилност се обезбедува за лице со навршени 26 години, со 100% телесен инвалидитет кое самостојно користи инвалидска количка или лице со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кое користи инвалидска количка со придружник, поради создавање на услови за изедначување на нивните можности за вклучување во секојдневниот живот во заедницата на овие лица. -Месечниот износ на додатокот изнесува денари.

43 Правото на додаток за слепило и мобилност се остварува од денот на поднесувањето на барањето, а врз основа на конзилијарно мислење потпишано од тројца лекари специјалисти или врз основа на наод и мислење донесени од страна на првостепена комисија за утврдување на правото на додаток за слепило или мобилност, којашто ги утврдува видот и степенот на оштетувањето и потребата за остварување на ова право. и мислењето на првостепената комисија за остварување на право на мобилност или слепило. -Право на додаток на слепило и мобилност може да оствари лице чиј годишен нето приход по сите основи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година.

44 Во што се состои правото на додаток за глувост?
-Правото на додаток за глувост се обезбедува за тотално глуво лице со навршени 26 години коешто има потполно згасната слушна перцепција и истото не може да ги задоволи своите животни потреби без толкувач на знаковен јазик. -Правото на додаток за глувост се остварува врз основа на конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветните специјалности од терцијарна здравствена установа (Универзитетски клиники во Скопје). -Право на додаток за глувост може да оствари лице чиј годишен нето приход по сите основи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година. -Месечниот износ на додатокот изнесува денари.

45 Во што се состои правото на парична помош за самохран родител кој има дете со пречки во развојот?
Право на парична помош има секој самохран родител кој има дете со пречки во развојот и истиот се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст во континуитет од наредните 15 години, без истото да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж. -Доколку му било одземено родителското право на самохраниот родител не може да оствари право на парична -Висината на паричната помош изнесува денари.

46 Жалбата не го одложува извршувањето на решението
Како се спроведува постапката за остварување на правата од социјална заштита? БАРАЊЕ ЦСР ЖАЛБА МТСП во прв степен решава центарот надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште или престојувалиште. Жалбата не го одложува извршувањето на решението ЦСР да ја изготви службената документација во рок од 60 дена од денот на започнувањето на постапката по службена должност ја поведува по сопствена иницијатива, поиницијатива на граѓанин, надлежен орган или други органи и организации, кога тоа е во интерес на граѓанинот или кога постои интерес на трети лица изготвува план за индивидуална работа со корисникот се определуваат целите што се планира да се постигнат и мерките

47 По барање на центарот правните и физичките лица се должни да достават податоци и документација што претставуваат докази за остварување на правата на корисниците. Право на парична помош од социјална заштита се остварува од денот на поднесувањето на барањето.Правото на парична помош од социјална заштита престанува со денот на престанокот на условите за користење на правото. Подносителот на барањето е одговорен за вистинитоста на податоците во барањето. Доколку настанат промени, најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале да го извести центарот, во спротивно му престанува правото. издава потврда или уверение за статусот на корисникот на социјална заштита согласно со службената евиденција во рок од десет дена од денот на поднесувањето на барањето. ЦСР е должен да донесе решение во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација

48 JУ за згрижување на деца со
Листа на установи од областа на социјалната заштита со информации за контакт ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје ул. „Никола Карев“ бр / ЈУ Завод за социјални дејности Скопје ул. „11тиОктомври“ бр.42а 02/ ЈУ Детски дом „11 Октомври“ Скопје ул. „Васил Ѓорѓов“ бр.25 JУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми Скопје ул. „Петар Манџуков“ б.б., Бутел 1 02/ ; 02/ ; JУ „Ранка Милановиќ“ Завод за згрижување, воспитание и образование на деца и младинци Скопје ул. „Перо Наков“ бр.2, Гази Баба 02/ ; 02/

49 JУ Завод за рехабилитација на деца и младинци, Скопје
ул.„Втора македонска бригада“ б.б. Топанско поле 02/ ; 02/ ; 02/ ЈУ Прифатен центар за баратели на азил Скопје ул. „Визбегово“ бб 02/ JУ Геронтолошки Центар“13 Ноември” „МајкаТереза“-Скопје ул.„4-ти Јули” бр.129 (02) Центар за лица жртви на семејно насилство Кризен центар НАДЕЖ тел. 02/ СОС линија 02/15 315 Бездомништво Ул. „Бојмија“ 1/2/ Скопје, Македонија +389(0)

50 Дневен Центар за деца на улица - Шуто Оризари zpd.dci@gmail.com
Здружение за поддршка на деца и семејства под ризик “ За среќно детство”, Скопје, Македонија ул. Јуриј Гагарин, 52/10-5, Скопје, Македонија Отворена Порта – Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Адреса: Сава Ковачевиќ 1а, 1000-Скопје Телефон: Факс: Е-пошта:


Скинути ppt "СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА."

Сличне презентације


Реклама од Google