Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Шарл Бодлер – татко на симболизмот.

Сличне презентације


Презентација на тему: "Шарл Бодлер – татко на симболизмот."— Транскрипт презентације:

1 Шарл Бодлер – татко на симболизмот.
Претходници на симболизмот и импресионизмот: Шарл Бодлер, Едгар Алан По и Артур Рембо Симболизмот и импресионизмот ќе бидат формулирани во осумдесеттите години на 19 век, но нивните теми, преокупации и насоки биле однапред одредени со појавата на нивните претходници:Едгар Алан По, Шарл Бодлер и Артур Рембо. Шарл Бодлер – татко на симболизмот. „Цвеќињата на злото“ - најзначајната европска поетска книга во втората половина на 19 век, која овозможила појава на најзначјаните книжевни правци симболизам, надреализам...Од печат излегла 1857 година, во Париз.По објавувањето книгата била запленета, судот ги казнил авторот и издавачот, а на издавачот му наложил да исфрли шест песни кои го навредувале јавниот морал.

2 Поезијата на Бодлер Во своите песни Бодлер промовира нова поезија, нов модел на нејзино создавање, нова убавина.Поетот повеќе не се интересира за природата, туку е свртен кон себе си, во себе.Неговото мото е: „прикриената и навестена убавина е поубава од соголената и откриената“. Но најзначајна новина што ја промовира во своите стихови е новата естетика – естетиката на грдото, убавината на злото.Него не го интересира раскошниот, светлиот, туку мрачниот, гнасниот Париз. Бодлер е и поет на сплинот.Spleen е англиски збор кој значи црн дроб. За разлика од мислењето на медицината, за Бодлер овој збор има пошироко значење.

3 Сплинот за Бодлер значи душевна состојба, здодевност,мачнина од живеењето, безнадежност, рамнодушност. Но Бодлер напати излегува од оваа состојба, го покажува својот револт, гнев, покажувајќи ја сета сложеност на својата и поетска човечка природа.

4 Артур Рембо – наследникот на Бодлер
Артур Рембо – наследникот на Бодлер.Отишол подалеку во развивањето на теоријата, тврдејќи дека треба да се растројат сите сетила за да се испреплетат во едно. Во песната „ Пијаниот брод“ симболички го прикажува испловувањето од мирните текови на јазикот на традицијата и поетската авантура. Со творештвото на Шартл Бодлер и Артур Рембо најавен е големиот потрес на модерната.

5 Едгар Алан По – доминантен мотив во неговата поезија се јавува романтичарскиот мотив на мртвата љубена. Мотивот на смртта во поезијата на По е предизвикан од несреќните 7агуби кои го чинат неговиот живот.Својата поетска постапка најдобро ја има протолкувано во есејот „Филозофија на композицијата“ и песната „Гарванот“.За настанокот на оваа песна поетот зборува во својот познат есеј „Филозофија на композицијата“Песната се одликува со извонредна музикалност и ритмичност.


Скинути ppt "Шарл Бодлер – татко на симболизмот."

Сличне презентације


Реклама од Google