Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Својства на агрегатните состојби на материјата

Сличне презентације


Презентација на тему: "Својства на агрегатните состојби на материјата"— Транскрипт презентације:

1 Својства на агрегатните состојби на материјата
Цели на часот: -Ја користи теоријата за честички на материјата за да ги објасни својствата на цврстите тела,течностите и гасовите, вклучувајќи промена на агрегатна состојба, гасен притисок и дифузија. -Прави предвидувања користејќи научно знаење и разбирање. -Споредува резултати со предвидувања. -Дискутира објаснувања за резултати користејќи научно знаење и разбирање. -Јасно ги споделува со другите. 1

2 Цели на часот: -Сите ученици знаат дека цврстите тела, течностите и гасовите имаат различни својства поради различниот распоред и движење на честичките. -Повеќето ученици ги објаснуваат и разликуваат својствата на цврстите тела, течностите и гасовите -Само некој од учениците употребуваат табеларен приказ при споредување на својства поради различниот распоред и движење на честичките.

3 Прва активност Учениците да изработат мисловна мапа на која ќе покажат што тие подразбираат под поимот „хемија“. 3

4 https://phet.colorado.edu/mk/simulation/states- of-matter-basics
Учениците претходно имаат учено за дифузија на гасовите и течностите. Ова е добра можност да се повтори наученото. of-matter-basics 4

5 Корпускуларна теорија
Материјата е составена од честички(корпускули)и нивното движење кај цврстите супстанци,течностите и гасовите е опишан со корпускуларната теорија . Скицирај ги честичките кај цврсти,течни и гасовити супстанци!

6 Втора активност Дадете им на учениците шприцови полни со песок, и побарајте од нив да го потиснат клипот од шприцот. Дали лесно може да се потисне клипот? Како може да го објасниме она што го гледаме?Објаснете зошто течностите и гасовите протекуваат лесно. Со помош на теоријата за честички на материјата дискутирајте зошто течностите и гасовите лесно протекуваат но не и цврстите тела. 6

7 Од аспект на теоријата за честички на материјата,
Покажете им на учениците тегла со песок.Во каква агрегатна состојба е песокот?Потоа претурете го песокот во друга тегла.Дали тоа значи дека и тој е течност? Од аспект на теоријата за честички на материјата, објаснете зошто гасовите и течностите ја добиваат формата на садовите во коишто се наоѓаат, но не и цврстите тела. 7

8 Повторно вратете се на примерот со теглата со
песок. Дискутирајте за големината на честичките и зошто се чини дека песокот може да „тече“. Покажете им нењутнова течност (на пр. нишесте помешано со вода). Дали смесата се однесува како цврсто тело или како течност? Побарајте од учениците да дискутираат во парови дали таа е течност или пак цврсто тело? Слушајте ги нивните размислувања за да утврдите на кое ниво е нивното разбирање и дали евентуално имаат некои погрешни претстави. 8

9 Општи својства на агрегатните состојби
Агрегатна состојба Општи својства цврста Има волумен и има определен облик(форма) течна Има волумен но нема определен облик(форма) гасовита Нема волумен и нема определен облик(форма)

10 различниот распоред и движење на честичките.
Заклучете дека цврстите тела, течностите и гасовите имаат различни својства поради различниот распоред и движење на честичките. 10


Скинути ppt "Својства на агрегатните состојби на материјата"

Сличне презентације


Реклама од Google