Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Хемиски симболи (знаци со кои што се пишуваат хемиските елементи)

Сличне презентације


Презентација на тему: "Хемиски симболи (знаци со кои што се пишуваат хемиските елементи)"— Транскрипт презентације:

1 Хемиски симболи (знаци со кои што се пишуваат хемиските елементи)
Цели на часот: -ученикот треба: -да ги опишува хемиските симболи на првите 20 елементи **да го објаснува хемискиот елемент на соодветниот хемиски симбол. ***Знае да ги поврзува хемиските симболи со соодетните елементи

2 Прва активност -Обезбедете фотографии од првите 20 елементи од периодниот систем.Учениците го опишуваат секој елемент во една реченица, на пример, водородот е безбоен гас. U

3 Во 1813г познатиот шведски хемичар Јонс Јакоб Берцелиус предложил за симбол да се земе првата буква од името на хемискиот елемент на латински Читањето на хемиските симболи е така што се нагласува секоја буква на симболот посебно Секој хемиски симбол покажува 1 атом на тој хемиски елемент

4 Хемиски знаци (симболи ) на хемиски елементи
H Hidrogenium Водород ха C Carbonium Јаглерод це N Nitrogenium Азот ен O Oxigenium Кислород о Na Natrium Натриум ен-а Fe Ferrum Железо еф -е Al Aluminium Алуминиум а -ел Cl Chlorum Хлор це-ел Cu Cuprum Бакар це-у Hg Hydraroirum Жива ха - ге S Sulphur Сулфур ес Au Aurum Злато а-у Ag Argentinium Сребро а-гe Pb Plumbum Олово пе-бе

5 При пишувањето на хемиски знаци(симболи) на хемиските елементи постојат правила :
--никогаш пред и после знакот не се пишува бројот 1 пр:Na1-неправилно; Na-правилно

6 --Ако бројот на атомите е поголем од еден атом,тогаш пред симболот се пишува бројот на атомите.Овој број пред хемискиот симбол се нарекува коефициент ,и тој означува број на слободни атоми не сврзани во молекул. Пр:5 О бројот означува број на слободни атоми не сврзани во молекул --Постојат хемиски елементи каде што нивните атоми се сврзани во молекули пр:Н2;О2;N2-бројот 2 означува број на атоми на водород поврзани во молекул и овој број е наречен долен индекс.

7 Втора активност -Запознајте ги со симболите на првите 20 елементи, како и на некои други познати елементи (вклучително железо, цинк, бакар, олово, сребро, злато и јод). Нагласете дека треба да се внимава на правилно користење на големи и мали букви во пишувањето на секој симбол.

8 Трета активност -Учениците ќе треба да ги научат првите 20 симболи. Учениците во своите тетратки ги запишуваат хемиските симболи за девет од првите 20 елементи во табела 3 х 3. Наставникот кажува име на елемент. Доколку учениците го имаат тој симбол, тогаш го штиклираат. Учениците се јавуваат кога ќе имаат штиклирано цел ред, колона или дијагонала. Ученикот што прв ќе ги има штиклирано сите симболи е победникот. s

9 За дома Препиши ги во табела (и научи ги) првите 20 елементи од периодниот систем како и елементите- железо,цинк,бакар,олово,сребро,злато и јод


Скинути ppt "Хемиски симболи (знаци со кои што се пишуваат хемиските елементи)"

Сличне презентације


Реклама од Google