Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

ИМАГОЛОГИЈА – поддисциплина на компаративната книжевност

Сличне презентације


Презентација на тему: "ИМАГОЛОГИЈА – поддисциплина на компаративната книжевност"— Транскрипт презентације:

1 Основни компаративистички поими ИМАГОЛОГИЈА, ИНТЕРТЕКСТУАЛНОСТ, ИНТЕРМЕДИЈАЛНОСТ
ИМАГОЛОГИЈА – поддисциплина на компаративната книжевност.Потекнува од зборот imago, што значи слика. Имагологијата е развиена во француската компаративистичка теорија, кое преку анализа на книжевни текстови, ги согледува сликите што се создаваат во една национална култура за некоја друга култура, или за некои други национални, етнички, расни или друг вид групации.Првите имаголошки студии на Мадам де Стал се однесувале на сликата на германската култура и нација во очите на Французите од 19 век.

2 Стереотип Стереотип – често употребуван поим во оваа компаративната концепција (имагологија).Стереотипи се клиширани, општоприфатени слики за некој народ, земја, раса, кои имаат силно дејство и се утврдуваат како константи во подолги временски периоди.На пр.стереотипи се ставовите дека „Евреинот е скржавец“, Балканецот секогаш доцни“, „Англичанецот пие чај“ и др. Книжевните дела кои нагласено зборуваат за меѓукултурните запознавања и даваат обемен имаголошки материјал се : патописите, репортажите, есеите, биографиите, драмските текстови, романите, расказите. Најзастапени проблеми во имаголошките истражувања се прашањата за патувањата и средбите со другите култури, преселбите, миграциите.Имагологијата е отворена кон сите други области на општествениот живот, а има релации и со политиката.

3 ИНТЕРТЕКСТУАЛНОСТ ИНТЕРТЕКСТУАЛНОСТ – поим што означува еден пристап кон книжевноста и културата, со став дека ниеден текст не може да постои и не постои сам, изолиран, одделен од другите текстови. Текстовите се преплетуваат и влегуваат во меѓусебни релации. Големо знчење за компаративистичката теорија на интертекстуалноста, има дијалогизмот, а како едно од најважните толкувања на дијалогизмот се смета толкувањето на рускиот филолог Михаил Бахтин.Според него секое книжевно дело со својата појава во културната јавност се вклучува во неограничен дијалог на идеи, ставови и размислувања.Секој литературен текст има некоја врска со останатите книжевни дела. Инетертекстуалност – значи допир меѓу текстовите, меѓу книжевните дела, кои се во постојан меѓусебен дијалог.Допирите меѓу делата можат да бидат остварени на различни начини, а видовите на допирите ги проучува „теоријата на цитатност“.Теоријата на цитатност под цитат подразбира многу нијанси во кои едно дело може да цитира друго дело.

4 ИНТЕРМЕДИЈАЛНОСТ ИНТЕРМЕДИЈАЛНОСТ – под овој поим се подразбираат односите и мешањата на книжевноста со другите медиуми: со другите уметности, со филмот, фотографијата, радиото, телевизијата, компјутерските крации. Најголема заслуга за вклучувањето на другите уметности во компаративната книжевност има американската компаративна школа со нејзиниот претставник Хенри Х.Х.Ремак. Тој е приврзаник на т.н. интердисциплинирани студии со кои се истражуваат врските на литературата со другите дисциплини и уметности.


Скинути ppt "ИМАГОЛОГИЈА – поддисциплина на компаративната книжевност"

Сличне презентације


Реклама од Google