Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Антон Панов.

Сличне презентације


Презентација на тему: "Антон Панов."— Транскрипт презентације:

1 Антон Панов

2 Биографија Антон Панов е роден на 13 Април 1906 година во град Дојран во многучленото (биле 8 деца) сиромашно семејство на Ѓорѓи (Ѓуро) Панов. Како и многу млади македончиња од тоа време и неговиот животен пат беше определен мачно да го пробива за своја животна егзистенција. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затварани и испраќани на заточени. И таткото на Антон Панов Ѓуро ке биде затворен и испратен на заточение во Беаз - Куле во Солун. Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации.      Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает- трговијата. Нижите одделинија ги завршува во родното си место, но поради рушењето на град Дојран во 1916 година неговото семејство се преселува во Струмица и овде ги завршува вишите одделенија и 1-ви клас гимназија. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите пиетет.

3 од VI и VII клас. Паралелно со подготвувањето на испитите ги посетува и средното музичко училиште, во кое учи виолина и соло пеење. Поради неговиот нескротлив темперамент не го завршува гимназиското и музичкото образование. Тоа е и причина да дојде во судир со својот татко кој му откажува понатамшна материјална поддршка. За да опстане Панов се вработува во хорот на Белградската Опера каде минува цели тринаесет години. И тука му се вродува љубовта спрема театарската уметност,  односно оттогаш почнува неговата работа на литературното поле и проучувањето на македонското фолклорно богатство. За кратко време, по тешка болест, на 28 август 1968 година умира човек и уметник кој толку многу ја задолжи нашата национална култура и кон него македонскиот народ секогаш ке го има должниот.

4 Антон Панов ПЕЧАЛБАРИ

5 ЛИЦА: ЈОРДАН, селски трговец РАЈНА, негова жена СТОЈЧЕ| СИМКА\ нивни деца БОЖАНА, бедна вдовица КОСТАДИН, нејзин син КОЛЕ, син Костадинов СТРИКО КОЉО, стројник ТЕМКОВИЦА СЛАВЧЕ, нејзин син АРАНЃЕЛ, сопственик на фурна КАРАМАН АТАНАС| ЗАФИР | ЃОРШЕ БОЖИН ФИДАН СТОЈАН СТРИКО МАРКО \ п е чалбар и Народ. Време на дејствието: од година. Се случува во едно село во Западна Македонија. Само шестата слика станува на печалба

6 ЧИН ПРВИ Старинска македонска соба, видна и сино варосана. Вратата десно води надвор, левата води во другата соба. Собата е послана со ќилими. На сред соба бакарен мангал. Миндерлак со перници. Перниците и пердињата се во македонски стил. Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот. Првиот мрак се спушта. Во собата Симка е сама. СИМКА: (Млада, бујна девојка внесува од другата соба миени садови и ги реди на полица во долапот). СТОЈЧЕ: (Се враќа од играње). Дај ми да јадам! СИМКА: (Вади од долапот леб и му намачкува едно парче со пекмез). СТОЈЧЕ: (Вади од пазува ашици и, фалејќи се, и ги покажува на Симка). Гледај; гледај! Сето ова го добив. Им ги собрав до еден!(Ги префрлува од рака на рака како некоја голема парична вредност). Ихи, хи! Ихи, хи!... СИМКА: (Весело). Што се прибра ти, Стојче, денес така рано дома? Да не

7 дуќан, мајка му рече: „Денес, Јордане, порано дома врати се, зашто ќе дојдат
нишан да разменат.“ СИМКА: (Неспокојна). Кој ќе дојде? СТОЈЧЕ: Од две страни. Од Ѓурѓиновци за баче Јован и од Итромановци за баче Костадин. СИМКА: Стојче, кажи, кого го сакаш повеќе да ти биде баче: Јован или Костадин? СТОЈЧЕ: Баче Јован повеќе го сакам. Тој ќе ми дава бакшиш и ќе ми купи јагне. Баче Костадин ништо нема... СИМКА: Магаре ниедно! Уште од малечко со татковите очи гледа... (На

8 те скара татко! СТОЈЧЕ: (Ѓаволесто). Не. СИМКА: Да не скрши некој џам? СТОЈЧЕ: (Со полна уста). Не!... (Предизвикувачки). Ти мислиш, јас не знам зошто ме прашаш... СИМКА: Што знаеш?... Јас ништо не знам, се дома седам... СТОЈЧЕ: (Намигнувајќи). Слушај! Изутрина, кога татко излегуваше за на

9 Стојчета). Да молкнеш! Да не те чујам веќе така да зборуваш!...
СТОЈЧЕ: Дадо, дадо! Мајка се враќа од црква. Со неа е и баба Божана... (Влегуваат Рајна и Божана). РАЈНА: Што го караш пак, Симке? СИМКА: Не слуша. Добре дојде, тетко! БОЖАНА: Дал ти бог добро, ќерко! (Седнува на миндерот). РАЈНА: Запали го кандилото, Симке. Денес е петок. А ти, Стојче, оди викни го татко ти. (Стојче истрчува). СИМКА: (Придржувајќи се до обичајот уште еднаш пристапува кон Божана). Добре дојде, тетко! (Се ракуваат). БОЖАНА: Добро ве најдов. СИМКА: Како си, добро ли си? БОЖАНА: Сполај му на господ. РАЈНА: Симке, оди подмеси го квасецот за утре. (Симка излегува). Е па, добре дојде, Божано! (Се ракуваат). РАЈНА: Како си, добро ли си? БОЖАНА: Е, сполај му на господ, да кажеме добро... Ех!...

10 РАЈНА: Нема петок да не одиш в црква, Божано. БОЖАНА: Е, Рајно
РАЈНА: Нема петок да не одиш в црква, Божано? БОЖАНА: Е, Рајно! Ништо друго не ми остана само Костадин и прквата. РАЈНА: Господ да ти го прости, мори Божано, домаќинот. Што човек беше! Од ум не ми излегува. Па што беше личен, личен како твојон Костадин на тие години!... БОЖАНА: Навистина, тогаш ти мерак беше фрлила по него. РАЈНА: Е, е... Момински ум, луди години. БОЖАНА: Лесно ти е тебе да си спомнуваш за младоста... Ти дал господ маж домаќин: само куќата и децата си ги гледате. Има нема, куќа ти полна а прашаш ли ме мене? И младост и старост- мачнотија. Да ги прашаш овие две раце, тие знаат и од солзи подобро да зборуваат. Гледај како се тресат. По студ, по мраз-туѓи прагови миеле само Костадина да го изгледаат. Зашто на шест месеци сирак остана! Ти поубаво знаеш... Туку н сакам тој да знае што се има тука набрано. Тебе како н сестра ти се изжалив... И ништо на страна, бе брате, да не остави! Ни една скршена паричка!...

11 БОЖАНА: Лесно ти е тебе да си спомнуваш за младоста
БОЖАНА: Лесно ти е тебе да си спомнуваш за младоста... Ти дал господ маж домаќин: само куќата и децата си ги гледате. Има нема, куќа ти полна а прашаш ли ме мене? И младост и старост- мачнотија. Да ги прашаш овие две раце, тие знаат и од солзи подобро да зборуваат. Гледај како се тресат. По студ, по мраз-туѓи прагови миеле само Костадина да го изгледаат. Зашто на шест месеци сирак остана! Ти поубаво знаеш... Туку н сакам тој да знае што се има тука набрано. Тебе како н сестра ти се изжалив... И ништо на страна, бе брате, да не остави! Ни една скршена паричка!...

12 РАЈНА: Костадин нека ти е жив! Ќе спечали. На млади години измачувачка,
под старост раат ќе биде. БОЖАНА: И јас така си мислев, Рајно. Велам, и му дојде време на печалба да оди, да остави некој грош на страна. А тој, нејќе ни да чуе. Срам ми е, Рајно! Толкао момче дома да седи!... „На печалба, вели, нека оди кој што има долг“!... РАЈНА: Тука слабо се заработува. Камо му за свадба, камо за гозба? БОЖАНА:„На работа, вели, тука, во родниот крај со овци по гора, со рало по нива, со прачка во лозје“!... РАЈНА: Свети му вода, Божано! Да не згрешил пред господа.Знаеш...младо,...лудо.

13 БОЖАНА: Бидува, бидува... И знаеш, Рајно сестро, уште сака да се жени...
За тоа сум дојдена... Фрлил мерак по вашата Симка. Нема ден да не ми зборува: „Оди, сакај ми ја,мајко!“ Немој да го земеш за лошо: што имав да имав, се ти кажав... РАЈНА: Е, сестро слатка, тука Јордан се прашува. Тој што ќе каже, тоа ќе биде... (Надвор се слуша поткашлувањето на Јордан}. Ете го и него кај иде. (Станува). СТОЈЧЕ: (Дотрчува). Ете го тако, иде! РАЈНА: (На Божана). Не срами се, Јордан, тој знае. Нешто начул од мене. Ред е прво од женска уста да помине. (Божана исто така станува). ЈОРДАН: Охо, хо! Е-е, бре! Гости пред мене! Не ли си помлада, мори Божано, уште коски те држат! Е, па добро ми дојде в куќи ако е аирлија! БОЖАНА: Да даде господ, брат Јордане! (Чекајќи да седне прво Јордан, седнува потем и таа на миндерлакот).

14 РАЈНА: Нема петок да не одиш в црква, Божано. БОЖАНА: Е, Рајно
РАЈНА: Нема петок да не одиш в црква, Божано? БОЖАНА: Е, Рајно! Ништо друго не ми остана само Костадин и прквата. РАЈНА: Господ да ти го прости, мори Божано, домаќинот. Што човек беше! Од ум не ми излегува. Па што беше личен, личен како твојон Костадин на тие години!... БОЖАНА: Навистина, тогаш ти мерак беше фрлила по него. РАЈНА: Е, е... Момински ум, луди години.

15 БОЖАНА: Лесно ти е тебе да си спомнуваш за младоста
БОЖАНА: Лесно ти е тебе да си спомнуваш за младоста... Ти дал господ маж домаќин: само куќата и децата си ги гледате. Има нема, куќа ти полна а прашаш ли ме мене? И младост и старост- мачнотија. Да ги прашаш овие две раце, тие знаат и од солзи подобро да зборуваат. Гледај како се тресат. По студ, по мраз-туѓи прагови миеле само Костадина да го изгледаат. Зашто на шест месеци сирак остана! Ти поубаво знаеш... Туку н сакам тој да знае што се има тука набрано. Тебе како н сестра ти се изжалив... И ништо на страна, бе брате, да не остави! Ни една скршена паричка!... РАЈНА: Костадин нека ти е жив! Ќе спечали. На млади години измачувачка, под старост раат ќе биде.

16 СТОЈЧЕ: (Се зафаќа настрана во играње со ашици)
СТОЈЧЕ: (Се зафаќа настрана во играње со ашици). ЈОРДАН: Донеси, Рајно, малку ракија да ни тече полесно муабетот. (На Божана). Повели. (Рајна излегува). БОЖАНА: Брат Јордане, јас сум дојдена за Симка, ако биде среќа и ако си согласен да ми ја дадеш за син ми Костадин. ЈОРДАН: Повели, повели... Бидува, зошто да не бидува? Костадин е млад, здрав, работен. Ќе работи, ќе гледа куќа. Само, не сум чул, Божано, дали Костадин бил на печалба? Уште не сум чул... БОЖАНА: Тука по нешто работи... во селово, што ќе најде..

17 ЈОРДАН: А нешто сермиичка настрана има ли
ЈОРДАН: А нешто сермиичка настрана има ли? Не лути се, од прашањето нема лошо. Чедо давам, Божано! Треба да знам, што живот го чека. Од порано мислење, зашто после нема врнувачка? БОЖАНА: Ако де, ако... ЈОРДАН: Уште сум чул дека Костадин нејќе на печалба да оди... Навистина, ако може без печалба жена и мајка да рани и куќа да гледа, чинам кабул. Што е до мене ред, ќе си го исполнам. Чорапи, кошула, што стои до женска страна, земам на себе. А вашиот, машкиот ред? Ти го знаеш, Божано, редот. Триесет лири, сакам готови пари. Еден чифт руба промена, појас, саат со ќустек од сребро... БОЖАНА: Ама, Јордане!...

18 ЈОРДАН: Нема ама! Ја гледаш Симка? Чиста ти ја давам како роса, како
солза, како китка босилек!... БОЖАНА: Ама знаеш, брат Јордане... Костадин уште не застанал на нога... Се нема толку пари... А време му е. Фрлил мерак на Симка. Девојче нема што- чесно, од сој; само што е многу, многу... ЈОРДАН: Не е многу! Само по еден орев да јадеше на ден, пак не е многу! РАЈНА: (Донесува пагурче со ракија и му го подава на Јордан). На! ЈОРДАН: Ај, на здравје, Божано! (Тргнува голтка и и го подава пагурчето на Божана). БОЖАНА: Здраво- живо, брат Јордане! (Му го враќа пагурчето без да пие).

19 ЈОРДАН: (Тргнува уште еднаш). Е, мори Божано
ЈОРДАН: (Тргнува уште еднаш). Е, мори Божано!... Уште триесет лири одгоре ќе дадев, само прва радост дома да ми бегае машка радост! Се рекло, да не чуе Симка; кога женско се раѓа и стреата плаче. А на машко и огништето пее! А тебе, прва радост, прво машко чедо жениш, жал ти е за триесет лири!... Што се триесет лири? Гледај, век со кого ќе векува... Толку ти е од мене... БОЖАНА: Ама брат Јордане, не ми е мене за парите... Така Костадин сака. Тој мисли да го одмине тој ред, без него да биде...

20 ЈОРДАН: А, а! Ич што не бидува работа! Мома без ред каде се давала?
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!БОЖАНА: Од сој, од сој... Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост... ЈОРДАН: А, а тоа не бидува! БОЖАНА: (Кревајќи се да си оди). Навистина, тој е домаќин, тој се прашува... Ама, јас сум му мајка! Од црна земја ќе ги ископам, само Костадин да земе што му срце милува!... Тој е машка глава и него треба да го прашам... Е, со здравје, брат Јордане!... (Тргнува да си оди).

21 ЈОРДАН: Здравје да имаш, Божано. (Испраќајќи ја до вратата)
ЈОРДАН: Здравје да имаш, Божано! (Испраќајќи ја до вратата). Со ова не е се свршено. Костадин е умен, нека размисли. (Од кога остануваат сами, на Рајна). Хм! Го гледаш Костадинчета? Колку е итар, сојот му кажува!... РАЈНА: Подобро да ја дадеме за Јован Ѓургиноски. ЈОРДАН: Сакал така, од чиста милост, да му дојде Симка. На дедо му Итроман се метнал! Ама нашол пиперка!... РАЈНА: Пак и оваа, нашава чума, фрлила мерак по него. ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли. Ете, чу... Не сака на печалба да оди. Мајка си и, поучи ја. Што ќе јаде, што ќе облече? Од гледање не може да се најаде. А, а, ништо од тоа нема да биде!... ЃОРШЕ: (Однадвор). Семоже ли

22 ЈОРДАН: Повели, повели. Сами сме. Што работа те довела, брат Ѓорше
ЈОРДАН: Повели, повели! Сами сме. Што работа те довела, брат Ѓорше? ЃОРШЕ: Брат Јордане, старата зимска песна, само на нов глас... Пари ми требаат... И си мислам, од каде, од кого да најдам? Ајде велам, до брат Јордана, тој ти е најблиску за тие редови... Знаеш, наши сме, тебе можам да ти кажам: домаќинката ми донесе приновче... ЈОРДАН: Е, нека е честито! Машко? ЃОРШЕ: Машко.

23 ЈОРДАН: Да е живо и вековито!
ЃОРШЕ: Со господ напред, амин!... А за друго, срам ми е да ти кажам. Куќата ми остана без брашно, без сол... А зима иде долга, јака... До тебе дојдов, брат Јордане, да ми дадеш на заем. На есен ќе ти ги вратам... ЈОРДАН: Колку ти треба? ЃОРШЕ: Три наполеона. ЈОРДАН: Бидува, бидува. Ама по печалба да вратиш!... ЃОРШЕ: По печалба, по печалба... Збор да не стане!... ЈОРДАН: Добро де, добро! Имам верба во тебе, само подобро да ти спомнам... Уште, треба да знаеш, еден грош од банка на месец! Согласен ли си? ЃОРШЕ: Согласен.

24 ЈОРДАН: (Вади ковчеже од под миндерлакот, го отклучува и зема пари)
ЈОРДАН: (Вади ковчеже од под миндерлакот, го отклучува и зема пари). Немој да мислиш дека многу ти земам. Тебе грош, на други, пооддалеку, грош и пол. На, земи! (Му брои иа рака три златници). ЃОРШЕ: Црно на бело, брат Јордане, треба ли? ЈОРДАН: Не треба. Се знаеме. На, цврцни си на нога! (Му го подава пагурчето). ЃОРШЕ: Охо, хо, лута! Ај, со здравје, брат Јордане! Голема добрина ми направи. (Тргнува да си оди).

25 ЈОРДАН: (По него). Со здравје, со здравје
ЈОРДАН: (По него). Со здравје, со здравје! Дојди утре кај мене да направиме сметка што му чини лихвата до есен. Со здравје! Многу здравје дома! (На Рајна). Што има за вечера? РАЈНА: Ќовте со каша. ЈОРДАН: Нека го стави Симка да се стопли. РАЈНА: Добро. (Излетува). ЈОРДАН: (Се доближува до Стојчета и го гали по главата). Гледај, Стојче! Учи занает! Кога ќе пораснеш, ќе ти треба. Виде ли? Така пари се печалат! Овде два, онде три, ваму десет, таму педесет гроша- ете ти сермија! Само со тули куќа не се прави! И вар треба. Така и печалењето. Парите ништо не чинат, ако ум не ти достига. Учи се, учи се!... Оди, нека ти го даде Симка големиот тефтер. (Сојче истрчува, а Јордан го прибира ковчежето).

26 СТОЈЧЕ: (Бргу се враќа со тефтерот од вересиите). На, тате
СТОЈЧЕ: (Бргу се враќа со тефтерот од вересиите). На, тате. (Седнува покрај татка си. Симка, со ѓумови во рацете, врви низ собата и излегува во дворот по вода). ЈОРДАН: (Препишува сметки од џепното бележниче во големиот тефтер). На дедо Никола Пиперот четирн наполеона по грош и пол. На Спиро Апостолски пет наполеона по грош и пол. На мајстор Василе Антаров две турски лири по два гроша. На Ѓорше стрико Најденов, три наполеона.... СТРИКО КОЉО: (Од вратата). Се може ли? Ааа? ЈОРДАН: Може, може! Повели! (Станува да го пречека). СТРИКО КОЉО: Сметка правиш? Во наше време повеќе на рабуш се бележеше.

27 СТОЈЧЕ: (Штом стрико Кољо влегува, го зема тефтерот од Јордана и го носи во другата соба. По некое време се враќа и играјќи со ашици, го следн разговорот меѓу Јордан и стрико Кољо). ЈОРДАН: (Се поздравуваат). Беше тоа време, стрико Кољо! А и луѓето не се тие, што беа порано: со образ, со карактер. Сега треба да учиш, очите на четири да са отвориш, ако сакаш пари да спечалиш! СТРИКО КОЉО: Така е синко. Ми се бендисуваш. Тоа си беше поубаво. Немаше тогаш ни мерници, мелници, како ли се викаат? ЈОРДАН: Меници, стрико Кољо, меници. Повели! СТРИКО КОЉО: (Седнува). Така, така, меници... Ама, за друго нешто сум дојден, Јордане. Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија. д дете.

28 ЈОРДАН: (Му го подава пагурчето). Повели, стрико Кољо! Цврцни си!
СТРИКО КОЉО: (Го погледнува пагурчето). Ти си го доцицал, та мене ми го даваш! (На Стојчета). Ела, бре ајдамак, кај дедо ти Кољо. (Му го дава пагурчето, вика накај другата соба). Невесто, Јорданице! Дај малку ракија и две- три пиперки полути!... (Кон Јордана). Ти ме знаеш: од празно не пијам... (Стојче и го однесува пагурчето на Рајна во другата соба и пак се враќа). ЈОРДАН: Е, стрико Кољо, од многу години се вака те думам. Уште од дете.

29 СТРИКО КОЉО: Е, мој синко. Овој свет ти е лажовен свет
СТРИКО КОЉО: Е, мој синко! Овој свет ти е лажовен свет. Затоа, јади, пиј, весели се и на друг лошо не мисли! РАЈНА: (Донесува полно пагурче со ракија и кисели пиперки). -Добре дојде, стрико Кољо! (Се ракуваат). СТРИКО КОЉО: Добро те најдов, ќерко. РАЈНА: (Почнува по обичајот). Како си... СТРИКО КОЉО: Дај да цврцнам па после за здравје прашај!... РАЈНА: Повели, стрико Кољо. (Ги става пиперките пред него и му го подава пагурчето). СТРИКО КОЉО: Живи-здрави! Се за добро! На радост да тргне! Господ да повели на венчавање, крштавање! ЈОРДАН И РАЈНА: Амин, дај боже! СТРИКО КОЉО: Охо, хо!... А, лута!... Е, ама е ракија! Да простиш, Рајно, крај таква ракија не ми се седи вдовец!

30 ЈОРДАН: Море, остави, стрико Кољо! Си ги префрлил шеесетте, имаш
внуци женети!... Или шега тераш!... СТРИКО КОЉО: Си ја имаш до тебе, затоа велиш: внуци, снаи. Нека се живи, ме слушаат, измет ми чинат. Грев на душа, да се поплачам. Ама, се рекло: каде што женина рака чеша, друга не!... Лебами, да најдам нешто, ни многу младо, ни многу старо- ќе се женам! После, нека се лутат децата... Ех, младост, младост!(Пие).

31 ЈОРДАН: Така, така, тргни стрико Кољо! Заборави на младост!
СТРИКО КОЉО: Не знаеш ти. Не помниш... Во мое време, бев уште малечко, беше некој Серафим. Не го знаеш ти. Тој често ми зборуваше: останал вака вдовец, како јас сега и на старост се оженил. Снаи се лутат, синови се караат, сакаат да се делат. Едно утро, тој ги повикал и му рекол ка поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го вндат. Дошла поголемата и уште од врата вика: „Стани, татко! Не си слаб!“ - „Не можам снао, вели Серафим. Да простиш, направив малку аџамилак, не сум чист.“ Излегла таа и и рекла на помалата јатрва, што е со свекорот, та се смеат. Дошла помалата и уште од врата го затнала носот, наѕрела и си отишла.

32 На крај, дошла и старата негова
На крај, дошла и старата негова. И нејзе и вели: „Да простиш, стара, направив малку ацамилак“. Зела леген да го измие... Ете, зошто се жени човек, за такви редови! Се си има свој ред!... Живи-здрави! Ај, на радост, на венчавање!... Их, бре! Заборавив зошто сум дојден! Проштавајте, старост... (Со чувство за важноста на задачата). Јордане, јас сум дојден за Симка. Ако е среќа да ми биде снаа за внук ми Јован, на брат ми детето. Го знаеш Јован. Здрав, млад, работен. Сега е на печалба во Белград. Кажи ми, Јордане, ама со еден збор: бидува или не бидува?

33 ЈОРДАН: Бидува!(Стојче веднаш истрчува да разгласи на другарките од
Симка за нејзината свршувачка). РАЈНА: Ама, Јордане, Симка да ја прашаме! ЈОРДАН: Нема што! Јас кога велам, ќе се согласи! Викни ја Симка! РАЈНА: (Оди да ја викне Симка). СТРИКО КОЉО: Е, свату! Ај, нека е среќно! ЈОРДАН: Амин, свату! СТРИКО КОЉО: Кажувај, свату, што е ред за момата да се даде. Адет ти е, адет ми е! ЈОРДАН: За Симка, дека сум ја хранел и гледал, ќе дадеш четириесет лири готови пари, пет рала опинци, еден кат руба промена, појас, саат со ќустек од сребро...

34 СТРИКО КОЉО: Сето тоа е добро, ама колку за парите, ич не ми се
бендисуваш! Каде се чуло четириесет лири мома да се купи? Злато е тоа, еј! ЈОРДАН: Е, ама Симка е чорбаџиска ќерка, тешко газн. Колку чини името! СТРИКО КОЉО: Кажи, Јордане, со еден збор: за триесет лири, бидува ли? ЈОРДАН: (Откога поразмислува). Бидува! Не за друго, ами да не чујат соседине. Што ќе речат? Гледај ги чорбаџииве, се фатиле како џамбази за гуша...

35 СИМКА: (Влегува од дворот со осум другарки, повикани од Стојчета за
свршувачка. По нив Рајна и Стојче). СТРИКО КОЉО: Машала, машала! Си пораснала! ЈОРДАН: Слушај, ќерко. Ете, стрико ти Кољо те сака, да му бидеш снаа за внук му Јован. Го познаваш? СИМКА: Го познавам, само од малечко... ЈОРДАН: Милуваш ли да појдеш за него? СИМКА: Татко, ти знаеш... ЈОРДАН: Немој после пред попот да вратиш! СИМКА: (Низ солзи). Татко, ти знаеш... СТРИКО КОЉО: А така де! Татко ти знае. Кој друг ќе знае. (Вади да ја дарува, а другарките почнуваат обредна песна за свршувачка

36 ОСУМТЕ ДРУГАРКИ: (Пеат). Зошто ти се, баш девојко, тие туѓн луѓе
ОСУМТЕ ДРУГАРКИ: (Пеат). Зошто ти се, баш девојко, тие туѓн луѓе?... СИМКА: (Го прима дарот). СТРИКО КОЉО: Е, честито ти момче, ќерко. Нека е вечно и вековито. СИМКА: (Му бацува рака на стрико Кољо). ОСУМТЕ ДРУГАРКИ:(Пеат) Што целиваш, баш девојко, свекру десна рака? СИМКА: (Го зема дарот и го предава својот дар. Во тоа време). ОСУМТЕ ДРУГАРКИ::(Пеат) Девојко, мори девојко, зошто се бргу предаде во јунакова родбина? СИМКА: (Плаче).

37 РАЈНА: Молчи, ќерко, молчи. Така господ рекол...
СИМКА: (Следена од другарките и мајка и, се повлекува во другата соба, додека другарките ја продолжуваат песната.) Не лн ти велев, девојко, не оди често в комшии, комшии ти се душмани. Од татко ќе те одделат, од мајка ќе те одделат и сета мила родбина. (Песната стивнува). СТРИКО КОЉО: Е, е! Момински ум! Која поминала без тие солзи? (На Стојчета). На ти и тебе, бре ајдамак, да пораснеш голем!... Ај, свату, на здравје! За век! И на свадба да се радуваме!

38 ЈОРДАН: Амин! Ај, ај, се за добро! И на внуци да се радуваме!...
СТРИКО КОЉО: Дај боже.... Гледаш свату, дојде ден и ред, со господ напред, и во твојата куќа, свирка да засвири, песна да запее, песна свадбинска!... Е, свату! На децата останува веков! А ние? Еве вака... (Го крева пагурчето). (ЗАВЕСА)

39 ЧИН ВТОРИ слика прва Дома кај Костадина. Ниска, темна соба со крив таван ол гредн. Во аголот огниште, над огнот обесен котел. Десно, врата што води во мудбакот, лево, за надвор. На левиот ѕид прозорец, под него миндер покриен со черга. На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто. При кревањето на завесата оддалеку се слуша песната„На сон ми е дојдена“, пеена од седум девојкн. На сон ми е дојдена една црноока. Главата си врзува ем се огледува... Приквечерина е. Костадин сам и замислен, седи на миндерот со глава потпрена на прозорецот. БОЖАНА: (Внесува од мудбакот газено ламбиче без стакло и го клава на огништето. Го гледа некое време Костадина и потем претпазливо вели). Се за неа мислиш, синко! КОСТАДИН: (Уште замислено). Не можам да не мислам, мајко... Гледаш, се една мисла, се една храна... Друго не ти јадам. Ми заседнала како мора на душата ме стега, ме дави... и слатко ми е! Е, тоа ми е храна... БОЖАНА: (Топло и благо). Костадине, синко! Немој, не мисли толку. Лошо е се за неа да мислиш. И грев е!... Зошто не ти е ни свршена, ни венчана. Слушај, мајка што ти вели!...

40 КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат...
(Чекори нервозен). БОЖАНА: Ти знаеш, Костадине, уште од старо е така!... КОСТАДИН: Да ве плаќаат, купуваат!... Ама, зошто, зошто? Тоа сакам да знам. Срамота е тоа што се прави со човечкото срце!... БОЖАНА: Ама и дедо ти така ме дале... КОСТАДИН: И тој бил мамбаз! БОЖАНА: Дал и требал да земе! КОСТАДИН: Будала бил! Зошто дал? БОЖАНА: Молчи, синко! И татко ти даде... КОСТАДИН: И на печалба отиде... Те остави тебе млада, мене да ме родиш... А дома не се врати!...

41 БОЖАНА: Бог да го прости. (Ги задржува солзите)
БОЖАНА: Бог да го прости... (Ги задржува солзите). Да ти беше тој жив, инаку ќе беше... Да се вратеше од печалба, ќе платеше... и не ќе ги слушав тие зборови... Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза). КОСТАДИН: (Пристапува кон неа). Мака ти сторив... БОЖАНА: Ако, сине. Твојата е поголема... КОСТАДИН: (Молчи). БОЖАНА: Знам дека не ти е лесно. Ден и вечер си врват, сон не врзуваш. И јас со тебе заедно... Времето си врви, синко, в гроб ќе се оди... И јас самата си мислам: да те задомам, додека не сум тргнала на голем пат... Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе не каниш... КОСТАДИН: На свадба со пари се кани!... Од каде, од кого да најдам? Од чичко Сотир и тој нема.

42 БОЖАНА: Од вујко ти Вангел. Тој има и ќе ти даде... Ти да си жив,
Костадине! Ќе работиш, ќе му ги вратиш. Да одам ли? (Тргнува). КОСТАДИН: (По извесно двоумење). Не, не сакам жена за пари! Јас милувам, Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари! Сакам со неа век да векувам како со жена, не како со платен добиток. Ме разбираш ли? Јас сакам и таа да се праша! Зашто, навистина ако таа се праша, право ќе си каже: „Костадина го сакам“! Сега дали ти е јасно? Сакам жена, не роб... БОЖАНА: Дека немаш, така зборуваш. Да имаше дваесет-триесет лири... КОСТАДИН: И ди имав, пак не давав!... БОЖАНА: Млад си, ќе спечалиш...

43 КОСТАДИН: Слушај. Постара си, а јас ум да ти давам
КОСТАДИН: Слушај! Постара си, а јас ум да ти давам! Збери си го умот и размисли: зошто татко ми си ги остави коските на печалба? Зошто јас не сум чул ни еден збор од неговата уста? Зошто цел век јадеме сол и црн леб? А и ти, додека можеше, миеше, пред празник туѓи куќи! Имаше маж само три месеци! А јас татко ни еден ден... Дење-вечер правеше метании за здравје на домаќинот, а куќата ти остана без домаќин... БОЖАНА: Што сум јас крива, та така ми зборуваш?... Јас и денес му палам кандило... Дваесет години тој ми е на ум... А сега, за тебе метании правам, Костадине, за да ти даде господ во животот помин, среќа! Дење-вечер се за тебе се молам Костадине, да те чува господ од лошо и на мајка да ми останеш жив и здрав... КОСТАДИН: Нема ден да не ти зборувам, мајко. Уште ли мислиш по некој ден на печалба да тргнам! Ете пак ти кажувам: како куче ќе гладувам, за корка леб да сум страден, динар да немам, само за печалба не зборувај ми! БОЖАНА: Срам ми е, само ти дома да седиш... КОСТАДИН: Од кого? БОЖАНА: Од светот. КОСТАДИН: Светот ли ти дава да јадеш?

44 БОЖАНА: Машко дома не седи. Сите одат. КОСТАДИН: Кој има долг
БОЖАНА: Машко дома не седи! Сите одат... КОСТАДИН: Кој има долг! Јас немам! БОЖАНА: А за свадба? КОСТАДИН: Ќе биде, само без долгови... и без пари... БОЖАНА: Чорбаџи Јордан не ќе сака ни да чуе без дваесет-триесет лири... КОСТАДИН: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму, во туѓина? Далеку, може дури преку море... На секого си туѓ... Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват; скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја нзбрнше, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко!

45 Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони таму! Проклет да и е коренот!... И големо и малечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж- роб! Жена- роб! Син- роб! Ќерка- роб! А мајките; само за солзи се родени!... БОЖАНА: Од старо, од дедовци ни е оставено... КОСТАДИН: Знаат, тогаш беше друго, а сега друго? Во тоа време, човек не беше роб на парите, туку на Турцнте! И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба. И кога се враќал од печалба се женел. И давал откуп за невестата како дар на татко и. И тој под стари години да види фајда. Сега е друго време! На работа, но тука, во родниот крај! Што не чини, нека се растури и лек да му се најде! (Се внесува во своите мисли. Пауза)

46 БОЖАНА: (Како смаена неволно ја поставува софрата за вечера. Бојазливо). Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав). КОСТАДИН: (Седнува занесен, по него седнува и Божана). Како те пречекаа? БОЖАНА: Од високо... Ние сме луѓе бедни, сиромаси. КОСТАДИН: (Одеднаш реско). Со кого зборуваше? БОЖАНА: Со Рајна, со Јордан... КОСТАДИН: А, со Јордан. Што вели? БОЖАНА: Ама ништо не вели. И даваа и не даваа... Сака триесет лнри пари... појас и саат со ќустек од сребро...

47 КОСТАДИН: Ха, ха, ха. Куче е тој. Куче чорбациско
КОСТАДИН: Ха, ха, ха!... Куче е тој! Куче чорбациско! Право вели дедо Насте! Добро ги познава тој сите тие чорбациски кожодери како гнили печурки по гората! Ех, да ми беше ти, мајко, согласна, ќе ја грабнев Симка, па право во гора зелена! Да биде горека невеста!... А тука в село? Адет, свадбарина, светот, свекор, свекрва... ЗАФИР: (Влегува задишан). На здравје да ви е вечерата!... БОЖАНА: Здравје да имаш, синко! КОСТАДИН: (Скокнува). Што е?... Што има? ЗАФИР: Вечерва Симка се сврши! КОСТАДИН:Се сврши?... ЗАФИР: Вистина... За Јован Ѓурѓиноски... КОСТАДИН: Мајко, дај ми го пиштолот! (Божана се колеба). Дај ми го кога ти велам!... А ти Зафире, приготви се! Чекај ме во нејзиното сокаче! Вечерва Симка ќе ми биде жена!

48 БОЖАНА: (Го прегрнува околу рамењата). Аман синко. Што ќе направиш
БОЖАНА: (Го прегрнува околу рамењата). Аман синко. Што ќе направиш!... Немој, не чини го тоа, не е добро! Од срам не ќе можам пред светот да излезам. Срамотно е за нашата И за Јордановата куќа... Ќе и пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе). КОСТАДИН: Нема друго, мајко. Што ќе биде, нека биде! Симка е за мене родена, не за некој си Јован!... Ајде не плачи!(Ја крева). Стани и оди право кај поп Гаврила. Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети... Речи му: „На Зафира лошо му падна“. И ти таму дојди, зашто ноќва ќе не венча... (Истрчува од дома).“ БОЖАНА: (Останува некое време беспомошна во страв за Костадина. Потем се приберува и пријдува до пред иконата и се крсти). Ти се молам, господи, чувај го од куршум... Ах, света Пречисто, ти знаеш како ми е на душава. Чуј ме, зашто мајка сум му... (Паѓа пред иконата). (ЗАВЕСА)

49 втора слика (Прeд Јордановата куќа. Напред улица, во дното сокаче. Долу вратниче,горе два прозорцн. Ноќ. Костадин доаѓа со тројца другари.) КОСТАДИН: Ти, Зафире, зад ќошево! А вие двајца, таму скријте се! Штом ќе чуете да пукнам, до мене да сте! Се разбравме ли? ЗАФИР: Се разбравме, побратиме... КОСТАДИН: Како да ја викнам, Зафире?

50 ЗАФИР: Како порано, со песна. Си имате песна Симка ќе знае дека си ти
ЗАФИР: Како порано, со песна. Си имате песна Симка ќе знае дека си ти. КОСТАДИН: Не ми е до песна: Запеј ти, Зафире! ЗАФИР: (Пее: „Море да те турам во десна пазувај море, на коњ да те качам...“ По песната се скрива). СИМКА: (Се јавува на прозорецот). КОСТАДИН: Знам дека не е ред... Срамно и грдо е пред светот и понатака да ти доаѓам под прозорец... Ама, ете и срцево и образов не ми даваат да не дојдам... Слези долу, два збора имам да ти кажам. СИМКА: Немој, Костадине! Не сакај го тоа од мене. Кажи ми одоздола... КОСТАДИН: Два збора само... Симке! Толку ми тежат на душа, не можат да летнат до тебе! Слези долу! Прв пат го сакам тоа од тебе. Толку можеш. СИМКА: Немој, Костадине! Како на брат ти се молам! Без друшки сум, сама не можам! Ќе пукне глас низ село... КОСТАДИН: Со какво срце ти дојдов да те видам! А ти пазарлак правиш... Слези! Ништо лошо нема да ти биде!...

51 СИМКА: Еве сум, еве... Сега ќе слезам... (Слегува долу и застанува на
прагот од вратничето). Не лути се, Костадине... Многу те молам, пушти ме да си одам... Грдо е да не видат заедно. Ти се молам, немој да се видуваме. Грев е... КОСТАДИН: Од срце или од уста зборуваш? ! И верувај, Симке, толку те имам на ум: дење-ноќе сон не ме фаќа, се за тебе мислам!... Јас ли сум крив?... (Ја зема топло за рака). Милувам секој ден под твојов прозорец да поминам и секој пат со уста слатко да ми се

52 насмееш и со очи мило да ме погледаш
насмееш и со очи мило да ме погледаш! Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна! Милувам, за љубов да ми зборуваш- да ја имам и да ми ја даруваш! Милувам, да си како бел цвет, како бел каранфил! Само на срце да те носам! Само на уста да те имам!... (Ја прегрнува). СИМКА: (Прва се тргнува). Пушти ме... Пушти ме... КОСТАДИН: (Ја пушта). Ех, Симке!... СИМКА: Грев правиме... Ти се молам... Костадине... Што беше меѓу нас, беше... Не е ред веќе да се видуваме... Свршена сум... КОСТАДИН: Не требаше веќе ни да те погледнам, кога и самата си се согласила!... Гледаш, пак ти дојдов! Може ли инаку, кога срцето милува? СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми... КОСТАДИН: Нема побела китка од мома, нема почиста мисла од моминска мисла!... Нема послатка љубов ол моминска љубов!

53 СИМКА: Има, Костадине, има. Од сето тоа е најслатка детинската радост
СИМКА: Има, Костадине, има. Од сето тоа е најслатка детинската радост... Помниш ли, Костадине, кога бевме малечки? Тоа ми е најслаткото време, Костадине! Сега, татко ме дава, каде што срце ми нејќе... Мене, Костадине, ме купуваат, јас треба со љубов да платам! Не давај ме, Костадиие! Најди пари, откупи ме, откупи ме од татко ми!... Не давај ме на друг, Костадине!... КОСТАДИН: (Со левата рака ја прегрнува Симка, со десната го вади пиштолот). Глава ќе падне на друг не те давам! (Пука. Зафир и другарите дотрчуваат). СИМКА: Што стори, Костадине? Нешто ме стегна... Пушти ме, не сме сами! КОСТАДИН: Ајде, Симке, побргу! Кај Зафировци! СИМКА: Страв ми е... Што ќе рече светот?... Татко и мајка треба во црно да се завијат... За дотаму ли сум дојдена?... КОСТАДИН: А ти појди за Јован, ако не сакаш така! СТОЈАН: Ајде, побратиме, побргу! Побргу! СИМКА: Костадине! Тешко ми е од мајка и од татко без проштенка да се разделам... (Плаче). Без ред, без друшки... како вдовица... Без песна и свирка свадбинска... по црна темнина... (Се слушаат чекори и гласот на Јордан). ФИДАН: Јордан!... КОСТАДИН: Ете што направи! Еве го татко ти. ЈОРДАН: (Влегува низ вратничето). Каде си бре, арамија? Така ли се води мома? Денски мома се води, денски гнездо се прави! (На Симка). А ти, кучко ниедна, назад! На легало!... КОСТАДИН: (Застанува меѓу Симка и Јордан). Не! Тука ќе остане! Јас сум за неа дојден! сум...

54 ЈОРДАН: По сојот ти се гледа во кое време идеш
ЈОРДАН: По сојот ти се гледа во кое време идеш! Ако си маж, дојди денски! Хм! Крвта вода не бидува! На дедо ти Итрешан си се метнал! КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!... ЈОРДАН: Кој е нечесен бе, пезевенк?!... КОСТАДИН: (Се здржува макар што врие од лутина). Слушај, Јордане. Како човек те прашам: согласен ли си да ми ја дадеш Симка како се може? ЈОРДАН: Кој си ти, бре, тебе да ти ја дадам? Не ти ја давам! Дадена е!... КОСТАДИН: Размисли, Јордане! Немој до лошо да дојде. Согласи се! Јас и

55 Симка се милуваме. Ете ја Симка нека ти каже...
СИМКА: (Му се фрла на Јордана в нозе}. Црна закопај ме, татко, не давај ме за Јован,.. Костадин го сакам... ЈОРДАН: (Од кога размислува). Нема што, нели е мерак, согласен сум... Само, сите свадбински редови и адети да се исполнат... Слушај, Костадине! Ти си млад. Уште леташ. Ако рекол господ да ми бидеш зет, сакам отсега да бидеш поумен. Не да леташ како ластовица. По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш! КОСТАДИН: Јас пари немам! ЈОРДАН: Јас ќе ти дадам на заем. КОСТАДИН: Да се задолжам? На татко и?... Не, тоа не бидува, Јордане! ЈОРДАН: Де! Де! Триест лири за Симка и дваесет за свадба, доста се. Педесет лири не се многу... Има време. Ќе работиш, ќе спечалиш, ќе ми ги вратиш. Само, што е ред, ред. Согласен ли си? (Костадин се колеба). СИМКА: Согласи се, Костадине... Заради мене... КОСТАДИН: (Молбата на Симка го скршува). Согласен сум...

56 ЈОРДАН: Е, повели, зету. (На побратимите). Елате и вие горе да видите.
Немој после лошо да се рече!... (Влегуваат прво Симка и Костадин, а потем и другите). (ЗАВЕСА)

57 ... (КРАЈ) ЧИН ТРЕТИ слика прва (Кај Костадиновци) по женидбата. Празнично утро. Костадин е сам,и,токму после миењето, се брише со крпа). СИМКА: (Празнично облечена, се враќа сама од црква). (Нежно). Слатко си спиеше! Кроток сон те крепеше, сабајле во света недела! КОСТАДИН: (Восхитен од неа). Нешто си ми, Симке, бело променета, во невестинско руво... Колку те гледам, се полична стоиш. И лицето ти е денес друго: радосно, моминско, младо невестинско!... СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам... КОСТАДИН: (Не се сеќава веднаш на што мисди Симка). И јас те милувам, Симке! СИМКА: Денес празник ми царува во срцево, Костадине. КОСТАДИН: Симке!... Да не е ѓоа? СИМКА: (Дури сега подига очи). Тоа, Костадине, тоа! Го осетив сношти на полноќ!... Ми зачука, тука ми заигра... Цела вечер сон не ме фати. Мајка, и таа вели, тоа е...

58 КОСТАДИН: Симке. Уште машко да биде
КОСТАДИН: Симке!... Уште машко да биде!... СИМКА: Колку силно ме чукна, машко ќе биде!... КОСТАДИН: (Ја прегрнува). Машко, машко!... БОЖАНА: (Се враќа од црква, облечена во празнична црнина). Слатките пилпи на мајка!... СИМКА: (Се тргнува). Мајка иде!... БОЖАНА: Земи си, синко, нафора. Денес сте му на господа помили. КОСТАДИН: Што, ти сама се врати? БОЖАНА: Се најдов со сватот. КОСТАДИН: Со кого, со Јордан? БОЖАНА: Со него... Отиде дома со нафора... Ќе намине и кај нас... КОСТАДИН: Рече дека ќе дојде? БОЖАНА: Ми рече, од негова уста чув... СИМКА: Може, сака да не види... Одамна не е дојден... КОСТАДИН: Мене ми се чини поотскоро. СИМКА: Дури од Божиќ... КОСТАДИН: Дури од Божиќ! Погача треба да му испратиш! БОЖАНА: Не така, сине! Ако дојде, нека дојде. Добре дошол. Ни се смешала крвта, ни ти, ни тој може да се одроди. КОСТАДИН: Кој, Јордан ли? За него нема ни рода, ни порода. Тој само за пари знае!... Каде си наврзав долг на глава!... Јордан! И од името негово не можам радост да видам... БОЖАНА: Не греши душа, Костадине. Крвта вода не бидува. И нејзе и тебе ти е татко... Си останал од дете без татко, тој ти е друг татко... Белки за лошо не иде... КОСТАДИН: Јас знам зошто иде!

59 СИМКА: Не коси се, Костадине. Не мисли на лошо
СИМКА: Не коси се, Костадине. Не мисли на лошо. Денес е празник, не чини лутина на срце да си ставиш... Белки од мајка начул за она... На радост иде... КОСТАДИН: Ех, Симке! Од јагне си покротка, само од волк си родена! {Се слуша кашлање). ЈОРДАН: (Влегува). БОЖАНА: (Го пречекува уште на прагот). Добре дојде, свату! ЈОРДАН: Добро те најдов, сваќе! СИМКА: Татко, добре дојде! БОЖАНА: (Го кани да седне). Повели, свату! ЈОРДАН: (Седнувајќи). Ох, ох! БОЖАНА: (Уште еднаш). Е, па добре дојде, свату! ЈОРДАН: Добре ве најдов! КОСТАДИН: Добре дојде... Како ти оди работата? ЈОРДАН: Сполај му на господ. Да не се поплачам, ако не тече, капи. Ама капка по капка, море станува... Сношти ми се ојагнија осум овни! Една блшни

60 КОСТАДИН: Е, време им е. Добро е кој ги има
КОСТАДИН: Е, време им е... Добро е кој ги има... БОЖАНА: (Го свртува разговорот од опасната тема) Како е сваќата, свату? ЈОРДАН: Сполај му на бога, добра е. Само, Стојче, ајдамакот ниеден, си ја шина ногата. Везден плаче. (Симка внесува кафиња). СИМКА: Кој, Стојче ли? БОЖАНА: Не е ништо тоа. Ќе помине. Нека го одведе Рајна кај Матковица. Таа се разбира во тие рабоги. ЈОРДАН: Која Матковица? БОЖАНА: Една е Матковица. Домаќинот и умре на печалба. Седи до Бушева чешма. СИМКА: Пушти ме, Костадине, поручек и јас да одам. КОСТАДИН: Оди, братче ти е. (Пауза. Си ги допиваат кафињата). СИМКА: (Подземајќи ги филцаните). Наздравје! ЈОРДАН: Годинава рано пролет дојде... БОЖАНА: И под нашава стреа ластовиците гнездо си прават. Истите од лани лето... КОСТАДИН: Едно добро за печалбарите: чисто време, чист пат... Годинава доста ги има...

61 ЈОРДАН: Од година на година се повеќе ги има... Се готват, азар се чинат.
Ги гледам, одат кај поп Гаврила на причесна... Е, секој си има мува на капата... КОСТАДИН: (Скокнува). Ајде, вие жени, не сте за машки разговори. БОЖАНА И СИМКА: (Излегуваат). КОСТАДИН: Што сакаш со тоа да кажеш? ЈОРДАН: Па секој си има мува на капата. Тоа е јасно речено. КОСТАДИН: Сосем не те разбирам... ЈОРДАН: Ама, сакам да кажам, де, дека секој си има долг на главата... Секој си мисли:„Со ред сум земал, со ред и да вратам“. КОСТАДИН: А! Тоа значи: „Кој од каде што земал, мисли и да врати; Костадин, зет ми, не мисли да врати“. Имај лице, Јордане: што ти е на мисла, тоа и на уста! Кај мене е така, нема друго!... ЈОРДАН: Е, де, е де! Ако ти реков, не те фатив за гуша... КОСТАДИН: Подобро е за гуша! ЈОРДАН: Не лути се, Костадине, ама мене ми е најдобро, да си имам чиста сметка. Сметка е тоа. Јас сум човек еснаф, образ имам!... КОСТАДИН: Ти имаш образ! Јас го немам!...

62 ЈОРДАН: Шест месеци поминаа од свадбата, ни за долгот абер имаш, ни на
печалба мислиш!... КОСТАДИН: Молчи! За печалба не зборувај!... ЈОРДАН: Јас сум човек трговец, пари ми требаат. КОСТАДИН: Јас пари немам, ама образ имам: ќе дојде ден, ќе ти ги вратам! ЈОРДАН: Ништо не знам! Јас имам деца за гледање, ти немаш ни куче, ни маче! Сега ти е полесно да плаќаш. КОСТАДИН: (Помислувајќи на Симкината положба, помирливо). Слушај, Јордане. Остави ме уште една година, уште оваа година дома да останам... Си бил татко, знаеш колку е мачно, колку е тешко во туѓина да чуеш дека прв пат си станал татко... Пушти ме уште оваа година! Татковска радост да сетам, со рака да го погалам!... ЈОРДАН: Ич што не бидува работа! Ти не си жена, дете в рака да држиш! На пари мисли, на пари! Тоа е твое, не пелени!... КОСТАДИН: Ти немаш срце, Јордане! ЈОРДАН: (Потсмешливо). Море, парите ти се и срце и душа! Без нив ништо не можеш!... Секој чесен печалбар си ја стега торбата...

63 КОСТАДИН: Молчи, не зборувај!... Тие се толку чесни, та дури и не знаат
дека за тебе работат, долг да ти отплатуваат. Молчи, Јордане! Засрами се! ЈОРДАН: Зошто да молчам, пред кого да молчам, бре? Пари, нари мн требаат!... КОСТАДИН: Трај! Во домот си ми! ЈОРДАН: Не траам! Јас, или ти имаш за давање!... (Скокнува). Море, пари, пари, бре голтар! (Крева рака на Костадин). КОСТАДИН: (Го зграпчува за гуша). А, куче чорбаџиско! Си дошол огништето да ми го растуриш!... ЈОРДАН: (И тој го фаќа Костадина за гуша). Пари! пари, бре!... БОЖАНА: (Дотрчува заедно со Симка). Аман, Костадине! Немој, синко!... Чедо, чедо мајкино... СИМКА: Костадине, Костадине... Татко, татко! (Ги разделуваат). КОСТАДИН: Излегувај! Надвор! Си дошол домот да ми го запалиш!... Надвор!... БОЖАНА: Не слушај го свату... Млад е... КОСТАДИН: Надвор! ЈОРДАН: Таму! Таму! На печалба! Со торба на печалба! На печалба!... (Излегува). КОСТАДИН: (На Симка). Татко ти облечен, а ние голтари!... Да не беше тоа што иде по мене, со заби ќе го заколев!... За него ќе одам, за него! Моја крв е! За него ќе одам и на крај на светот!... (Излегува) СИМКА: (Плаче).

64 БОЖАНА: (Крстејќи се и сеќавајќи скриена радост и олеснување)
БОЖАНА: (Крстејќи се и сеќавајќи скриена радост и олеснување). За него и за нашето огниште, господи! (ЗАВЕСА) слика втора (Надвор од селото.Во природата.Големо, старо дрво. Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седат, пијат и замислено пеат). Цветано, моме, Цветано галабо, Цветано, моме, Цветано!... Помниш ли, моме, знаеш ли, галабо, кога си бевме малечки. Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка). ФИДАН: Божине, не мисли толку, бе! На, тргни, заборави на младост! БОЖИН: Е, што ти е животов! Роди се и право на работа!...

65 СТРИКО МАРКО: Е, Божине! Лебот не чека на тебе, ти треба по него да
трчаш!... Таква ти е пустата печалба: гној да врзиш од работа! Е!... Море, удри понатака!... (Го крева шишето со вино, а другите тивко пеат: „Во стриковото градинче, галабо...) СИМКА: Не лути се, Костадине... Едно ќе те молам... КОСТАДИН: Што, Симке? СИМКА: На туѓа жена око да не фрлиш. КОСТАДИН: Биди спокојна. За тоа не одам на печалба... СИМКА: Немам лоша мисла... Ама голем град, нечист град... Да не згрешиш душа... КОСТАДИН: Не коси се за тоа, Симке! СИМКА: Чувај се од студ, од мраз, Костадине! Фанела да си носиш. КОСТАДИН: Ти, Симке, мајка да ја гледаш. Немој да ми се пожали на тебе. Ако е таа лута, ти биди кротка... А, кога ќе се роди, татково име да носи. Ќе и биде на мајка атерот.

66 СИМКА: Како што милуваш, Костадине, така ќе биде... Немој да заборавиш
на редот... Да дојдеш на зима... КОСТАДИН: Ќе дојдам, Симке, ќе дојдам... Само здравје да има. БОЖАНА: (Доаѓа со Темковица и син и Славче). Костадине, синко. Стрина ти Стојна те моли, ако можеш, нешто за Славчета да сториш. ТЕМКОВИЦА: Костадине, синко. Многу те молам да го поведеш и Славчета. Знаеш, татко му од кога отиде во Јужна Америка, еве пет години време стана, нема абер жив ли е, здрав ли е. Сега на Славчета гледам како на искра... Ти се молам, поведи го и Славчета во Белград, поблиску е од Америка... КОСТАДИН: Бидува, да го поведам. Само, малечко е. Што работа може да фати? СЛАВЧЕ: Можам, можам, баче Костадине! Можам, да носам вар, тули... КОСТАДИН: (Го милува). Можеш ли? ТЕМКОВИЦА: Само, гледај, Костадине, занает да изучи. Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи):

67 Гледај ме, гледај, либе ле Цвето
Гледај ме, гледај, либе ле Цвето! Денес сум тука, утре ме нема, оти ќе одам туѓа туѓина... СТОЈАН: (Здрав и буен кон првата група печалбари). Аман, бре стрико Марко! Их, ама сте ја стегнале, сте се залепиле до земја! СТРИКО МАРКО: Ама и ти си направил малку главата, а? Де, седни де! И ти си мераклија како мене! Не си ти за оро, тука ти е местото!... СТОЈАН: (Тргнува од виното). Аман, бе Фидане, бе! Их, ама вино си имал!... (Седнува меѓу нив). (Момци и девојки, стоејќи во одделни групи, се задеваат. Младите би сакале да си поиграат. И, додека на преден план се води разговор, тие со песна се подготвуваат). ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко)

68 Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
ЗАФИР: (Додека девојките пеат). Здраво, живо, побратиме! КОСТАДИН: Што Зафире, и ти се стегна на печал6а? ЗАФИР: Се стегнав, побратиме. Само за малку... Тебе повеќе ти тежи торбата. Те запусти Јордан... НЕКОЛКУ ГЛАСОВИ: {Меѓу младите). Море, девојчиња. Пуштете грло! Де нешто поживо!... ДЕВОЈКИТЕ: (Почнуваат оро пеејќи) Гугувче, галено бре, гајтан веѓи на тебе, бре! Их, што биле за мене, бре! Дај ми ги еднаш, да појдам на гости бре! Кој да види, завиди, бре!... (Помеѓу девојчињата влегуваат во орото и момчиња со нова песна). Еднаш дојдов, Јано мори, в наше село, В наше село, де мори, Јано, де! Тебе дома, Јано мори, не те најдов, тук те најдов, Јано мори, на орото. Ти виеше, Јано мори, до три танци.

69 Први танец, Јано мори, од момчиња, втори танец, Јано морн, од дејчиња, трети танец, Јано мори, од невести... ( Тука орото се разделува машко и женско). ДЕВОЈКИТЕ: Што недојде зимоске, кога ми студеше? Туку дојде лето това, кога ме тресеше. Огладневте од скокање! Ај, седнувајте на јадење! Зашто голем пат ве чека! (Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал). БОЖАНА: Де, Костадине, седни и ти со дружината, адет е... Од денес со нив ќе делиш и добро и лошо... Не чини да се делиш. Ајде и ти, Зафире. (Се придружуваат кон општата група. На многумина не им е до јадење. И песна се изви од нечие грло како продолжување на тажната мелодија на кавалот). Дигни глава, Румке мори, опули се!... Секој пат да дојдам, се болна, те најдувам, јагне мори, болна на постела...

70 Глава преврзана, Румке мори, со сина шамија, Румке, глава преврзана, лице овенало. Румке, очи пропаднале... Дигни глава, Румке мори, опули се, да те видам, Румке, ако умрам!... - Се опули Румка, се расплака... (Песната бива пресечена од едноличното биење на тапан.Со приближувањето на тапанот се слуша и мелодијата на зурлите, придружена од пијаното пеење на Караман Атанас). КАРАМАН АТАНАС: (Зад кулисите) Вино, вино ли се твоите очи!

71 Што не дојде во пролетта, кога ми цветаше
Што не дојде во пролетта, кога ми цветаше? Туку дојде во есента, кога ми падоше... МОМЧИЊАТА: Сум ти бнло на туѓина, пари изваѓало. Тебе ти, душо драго, паре ти праќало. Зато ти не дојдов, душо драго, зимоске, по зима... СТРИКО МАРКО: Еј момчиња! Погледна ме, опија ме!(На сцената). За цела недела пијан одам, а за месец мамурлија!.. СТРИКО МАРКО: (Со топлина), Тој е!... Караман Атанас!... ЗАФИР: (На Костадина). Пијан е! КОСТАДИН: Од мака... Разделба!... КАРАМАН АТАНАС: (Доаѓа сам, пијан, придружен од Цигани свирачи). Ах, бре, стрико Марко!... Да пукнам, како орев да пукнам!... Не! Не дека ќе пукнам!...

72 Не се пукнува. Ех. Како да пукнам. Да нема ни гледање, ни разделба
Не се пукнува!... Ех!... Како да пукнам! Да нема ни гледање, ни разделба!... (На Костадина). Еј, побратиме!... За тебе е ова првина. Прва разделба од жена... Ќе заборавиш и на младост, и на милост, и на убавина!... Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!... И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба!(На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!... Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро. На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова. На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи. Почнува да пее болно како нешто од срцето да му се кине):

73 Пилето пее, на пат ќе одам, на пат ќе одам, туѓа туѓина
Пилето пее, на пат ќе одам, на пат ќе одам, туѓа туѓина!... Дали ќе жалиш, млада младнно? Дали ќе ме плачеш како јас тебе?... СТРИКО МАРКО: (Гледајќи дека жените плачат и ронат солзи). Море луѓе, нешто се смрачи. Кревајте, додека дожд не паднал! БОЖАНА: (Разделувајќи се од Костадина). Боже поможи... Света Пречиста нека те чува од лошо... (Тихо плаче и го бацува в чело).

74 (Печалбарите се определуваат во група и скоро ритуално почнуваат да ја
пеат песната на разделбата): Жали моме, да жалиме, еј моме! Оти ќе се разделиме. Ти од мене, јас од тебе. Јас ќе одам на далеку, еј моме. На далеку преку море... Ќе ти пишам бела книга, еј моме! Бела книга, црно писмо! Ем да четеш, ем да плачеш... (Со последните стнхови печалбарите тргнуваат. Жените и девојките наведнале глави и, со насолзени очи, ја слушаат песната на разделбата без протест, без крик). КОСТАДИН: (Разделувајќи се од Симка, не може ни да зборува. Таа кротко и насолзено го гледа. Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува), Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата). (ЗАВЕСА) ЧИН ЧЕТВРТИ слика прва

75 (Внатрешен дел на фурна. Средниот план го претставува задниот дел на
фурнати со рамен свод. Десно ноќви, лево кревет од штици, каде лежи Костадин, болен од туберкулоза. Назад врата за во предното одделение. Се слуша цепење на дрва.). КОСТАДИН: (Сам изнемоштен). Зафире!... Зафире!... (Кашла). Зафире!... ЗАФИР: (Влегува). Што е побратиме? КОСТАДИН: Кој цепи дрва? ЗАФИР: Стојан. КОСТАДИН: 3наев дека е Стојан... Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му,Зафире, покроце нека чука. ЗАФИР: (Вика од врата). Стојане! Покроце чукај! Не траскај толку! Знаеш дека болен човек лежи! СТОЈАН: (Од зад кулиси). Проштавај Костадине! Те сметнав од ум!... ЗАФИР: (На Стојана). Оди понатаму.(Престанува чукањето).

76 КОСТАДИН: Ќе те молам, Зафире, додека сме сами да ми ја избришеш
потта... Жива вода станав... Не знам што ќе се стори со мене... ЗАФИР: (Му ја брише потта под кошулата). Не плаши се, побратиме. Уште малку остана. Уште еден месец. После пет години работа, дома ќе си одиме!... КОСТАДИН: (Кашла, потем се обрнува и останува седејќи). Само еден месец остана, Зафире? ЗАФИР: Толку, побратиме. До Митровден токму уште месец. КОСТАДИН: Мене ми се чини година цела... ЗАФИР: Е, пуста болка не се лежи лесно... (Работи). КОСТАДИН: Зафире!... ЗАФИР: Што е побратиме? КОСТАДИН: Една мисла ме мачи. Срам ми е и пред себе да ја кажам. Дали ќе се вратам жив дома? Дали ќе ја видам Симка, мајка, син ми Коле?... Најмногу ми е за Колета! Пораснал голем, петгодишно дете, за татко праша... Него да го видам. (Се закашлува). Многу кашлам, Зафире... И пот, пот, море пот!... ФИДАН: (Од врата). Зафире! Ти си појак, ела да дигнеш две-три вреќи брашно. ЗАФИР: (Одејќи, на Костадина). Не мисли на лошо, побратиме. Ништо не е тоа. Ќе помине!... (Излегува). КОСТАДИН: (Сам). Ќе помине. И сам си велам, ќе помине. Ама вера не ми се фаќа... Камо да помине! Да го видам син ми Коле! Да го стегнам на срце и да му речам: „Коле, сине, чувај се од патот што води на печалба“... (Силно

77 возбуден). Ах, бре, Коле. Дали и ти тој тежок пат ќе го поминеш
возбуден). Ах, бре, Коле! Дали и ти тој тежок пат ќе го поминеш... Ако останеш пуст сирак, без татко... (Во претсмртен страв). Смрт!... Не земај ме!... Уште не земај ме!... Страв ми е за него... Дома да стигнам... Очите да му ги отворам... ЗАФИР: (Се враќа). КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав... ЗАФИР: Тебе ти е лошо, побратиме? КОСТАДИН: За дома помислив... ЗАФИР: (Пријдува кон ноќвите). КОСТАДИН: Колку е часот, Зафире? ЗАФИР: Девет. Токму време за месење. (Вика од врата) Еј, Стојане, Божине, Фидане! Ај затворајте! Време е за размесување! (Идат работниците, ги редат штиците, покриени со платно.Работат молчешкум. Зафир мери тесто, а друг, оформено во лебови, го реди на штиците. Наскоро доаѓа чорбаци Аранѓел). АРАНЃЕЛ: Како оди? СТОЈАН: Еве работиме, чорбаџи Аранѓеле?

78 АРАНЃЕЛ:(На Зафир). Еј, еј. Стој, стој. Што мислиш ти. Така ли се мери
АРАНЃЕЛ:(На Зафир). Еј, еј! Стој, стој! Што мислиш ти? Така ли се мери? Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа. Ела ти, бре Стојане! Само гледај од секој да скусиш, десетина драма! Чу ли? (Стојан го заменува Зафира).

79 АРАНЃЕЛ:(На Костадина). А ти, Костадине, колку мислиш да лежиш
АРАНЃЕЛ:(На Костадина). А ти, Костадине, колку мислиш да лежиш? КОСТАДИН: За лекување пари требаат, а мене не ми достигаат. АРАНЃЕЛ: Знам, знам! Тоа не треба ти да ме учиш! Само да знаеш, мојава фурна не е болница! ЗАФИР: (Го зема Костадина во заштита). Уште малку, чорбаци Аранѓеле... АРАНЃЕЛ:„Уште малку“! Не прашаш, ако дојде комисија, доктори! Тебе ич глава не ќе те заболи! А мене? Трап- илјада динари!... Како некоја полза да имам од него, па уште и стравот да му го берам! Да го суредиш! Ене ти го Уредот. Тој е за работници. Што не го носиш таму? ЗАФИР: Немам верба во Уредот... Побратим ми е, не ми се пушта лесно од рака... АРАНЃЕЛ: Ништо не знам. Да го суредиш! (На работниците). Еј, свршувајте работата и на спиење! Немој на ветер да ми гори електрикот!... (На Зафир). Вечерва тебе ти е редот да чуваш. (Си оди). КОСТАДИН: Кучиња чорбаџиски! Сите сте на ист калап... До крај ме уморивте и уште жив крвта ми ја испивте! ЗАФИР: Бездушници, убијци! Печалат на маката наша! БОЖИН: Секоја сила со време!

80 (Работниците ја посвршуваат работата).
ФИДАН: (Донесува тава со грав). Ајде, да вечераме! СИТЕ: (Освен Костадин). Ајде. ЗАФИР: И редот му е после толку работа!... (Работниците седнуваат да јадат). ФИДАН: Божине, утре е недела. Ќе испратиш нешто пари дома? БОЖИН: Ќе испратам, сто и педесет динари. А ти? ФИДАН: И јас ќе испратам... СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода... СТОЈАН: А ти помисли дека вино ќе пиеш. (Уште еднаш пие). БОЖИН: Е, за нас, што работиме, е бистрава водичка, а чорбаци Аранѓел ќе го пие виното. ФИДАН: (Прифаќајќи го бардето). Добро рече ти Божине: Секоја сила со време... Туку, нејсе... (Пее). Дафино вино, еј!... (Другите прифаќаат). Дафино вино, еј! црвено вино, еј! Момчето ти е заспало на Кара-камен планина. Момчето ти го фатиле на Кара-камен планина, Дафино вино, еј, црвено вино, еј!... .

81 ФИДАН: (Пие). Нема фајда. Водата вино не бидува
ФИДАН: (Пие). Нема фајда! Водата вино не бидува! БОЖИН: Е, не може, ем да печалиш, ем вино да пиеш!... СТОЈАН: (Се сеќава за случката со Славче). Ха, ха, ха!... Ич не може Славче од ум да ми излезе!... ЗАФИР: Кој Славче? СТОЈАН: Славче, де! Синот на Темковица

82 ЗАФИР: А, Костадин што го доведе
ЗАФИР: А, Костадин што го доведе. Не можел занает да изучи, сега продава кикиритки. СТОЈАН: Нејсе, де... Топол ден, сонцето пече, а Славче, продава кикиритки среде во градот... Нема што, веќе е ергенче, мустаќи му никнуваат! По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот и се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер. Одеднаш Славче туку ја фати... за месиште. Модната вресна, а Славче доби две-три од кавалерот. Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење). ФИДАН: Бре, бре, бре! Сиромав Славче! И тој излегол некој љубовник, Зрел човек од дете женско да брани и џандари да вика!... БОЖИН: Не е добро и од Славчета што сторил. КОСТАДИН: {Се вмешува во разговорот). Сторил, што сторил! Детето е здраво, јако. Тој и не го видел кавалерот. ЗАФИР: Право вели Костадин. Славче е здраво, овчарско дете!... ФИДАН: Море, Зафире, запеј нешто мераклиско! Баре песната да не окрепи!...

83 ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни
ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни. КОСТАДИН: Ако, Зафире. Запеј, само нешто мирно, широко... ЗАФИР: (Пее, другите го придружуваат). Ајде, ајде, моме Стојне, да бегаме! Аман, моме Стојне, да бегаме! КОСТАДИН: (Силно возбуден). Ах, Симке!... Не се согласи на бегање!... Не, не си ти крива... Требаше на сила!... (Се закашлува. Другарите се загрижуваат за него). ЗАФИР: (Му помага на Костадина). КОСТАДИН: Што ми прави таа, мајка ми? ЗАФИР: Мисли на тебе. КОСТАДИН: И плаче... Плаче, Зафире... Плаче тивко, со наведена глава... Плаче и солзи рони... ЗАФИР: И ти плачеш... ДРУГАРИТЕ: (Незабележано следат како му е на Костадина). КОСТАДИН: Дали ќе ја видам? Дали таа ќе ме види?... (Се закашлува силно. Другарите се стрчнуваат кон него). ЗАФИР: Ќе те види, побратиме... Не губи надеж... (Го покрива Костадина). (ЗАВЕСА)

84 слика втора (Во куќата на Костадина. Симка е сама,везе. До неа, нејзиниот петгодишен син Коле си игра. Симка поминува часови во нестрплива возбуда, мислејќи на Костадиновото враќање), СИМКА: (Замислено). Сите жени на светот се радуваат кога малечките ластовици им јавуваат за раната пролет. Само печалбарката е жална и мисли кога ќе дојде есен. Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа! Само печалбарката чека да ги остават своите сиви гнезда, чека дали ќе го види уште еднаш милото лице... А тоа е далеку, далеку!... КОЛЕ: Што зборуваш, мамо? СИМКА: Велам, татко ти ќе дојде... КОЛЕ: Скоро ли ќе лојде, мамо? СИМКА: (Го прегрнува). Скоро, сине, скоро... КОЛЕ: И лани така зборуваше, мамо.

85 СИМКА: (Возбудено). Ќе дојде!... Годинава ќе дојде... (Го наместува Колета
на прозорецот). Еве, гледај, тука на прозорецот ќе го видиш, кога ќе дојде!... (Стоејќи над детето и галејќи го по главата).Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?... Кого го удриле, кого за гуша го фатиле овие бели рачиња, та да тргаш мака за татко ти во туѓина? Ох, ти врапче невесело!... Што грев на душа ти носиш, та дури срцето да ти плаче, прашајќи за невиден татко? (Се одделува од детето).

86 Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано). Маж!... Маж!... И слатко и горко е да помислиш дека го имаш!... (Лирично настроена, опфатена од чувство на притаен копнеж). Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде... Се на ветар!... Есен поминува, зима дојдува! Од север ветар на прозорецот ми свири! Костадин не ќе дојде! Така пет години!... Дали јас не сум жена? Дали во градиве камен носам? Дали во жиливе вода ми тече, не млада крв? Ох, Костадина го сакам!... Да му го видам окото! Да му го чујам гласот! Да го сетам до срцето свое!... (Се тргнува исплашена од овие мисли). Ах, што зборувам јас, што зборувам? Света Пречисто, прости ми... Ама, душата ме боли за Костадина... Маж ми е... (Одеднаш ја обзема страшно претчувство). Ако не дојде... Ако воопшто не си дојде?... (Паѓа плачејќи скршена од болка).

87 БОЖАНА: (Влегува викајќи радосно). Симке! Симке!... Стани! Што
плачеш? Денес ќе дојдат... Дојде глас дека ќе стнгнат!... СИМКА: (Радосно, низ солзи). О, господи! Што не помислив... Сите ли се враќаат? БОЖАНА: Стигна човек, што ги видел. Вели, многу ги има... (Со благ укор). И ти, Симке, ем знаеш што вели во писмото што го добивме. Таму стои: „Пред Митров-ден ќе дојдам“! СИМКА: Ах, господи, го сметнав од ум... Треба да приготвиме. БОЖАНА: Најди кошула, чорапи... Чиста постела да најде, да си почине... СИМКА: (Бргу го отвора ковчегот и вади долна постела).

88 Може, испотен ќе дојде. (Трепетно)
Може, испотен ќе дојде... (Трепетно). Ох, со колку надеж и темни мисли се готвиме за овој светол ден; ден со солзи радосни и трепетни оросен наместо со цветчиња бели... И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната„Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се! БОЖАНА:Тие се!... СИМКА:. Ох, боже! Не толку радост одеднаш... Срцево ќе ми пукне... (Песната се засилува). КОЛЕ: (На Прозорецот). Мамо! Иде татко!.. Иде! Иде! БОЖАНА: (Го гали). Иде, чедо! Ќе ти донесе бакшиш!... СИМКА: Дојди, Костадине, поскоро! (Песната се прекинува. Пауза. Кон Божана со страв). Зошто не пеат?... Што значи тоа? БОЖАНА: (Со трпки, претчувствувајќи го лошото). Некој умрел на туѓина... СИМКА: (Како изгубена). Близу до нас замолчеа... (Обете се без капка крв, како од восок). ЗАФИР: (Се појавува на прагот).

89 КОЛЕ: (Трча кон Зафира, радосно). Еве го татко, мамо!... (Му ги опфаќа
колената на Зафира. Молчење). БОЖАНА: (Како не со свој глас). Каде ми е син ми Костадин?... ЗАФИР: (Молчи. Потем го вади од торбата појасот Костадинов и ќесето со пари; ги предава). СИМКА: (Го прима ќесето и појасот). Ела, Коле... (Го прегрнува Колета). Татко ти не ќе си дојде... Никогаш не ќе си дојде... Ти пратил пари да го викнеш дедо ти Јордан на задуша... БОЖАНА: (Со шепот кон Зафира). Умре? ЗАФИР: Умре... (КРАЈ)

90 Изработила:Рони Настева
VI д

91 Расказите на Антон Панов
Антон Панов претставува бележито и значајно име во редовите на основоположниците на македонската драмска литература. Покрај Војдан Чернодрински, Никола Киров Мајски, Ристо Крле и Васил Иљоски, неговото име и дело ги испишуваат најсветлите страници на македонската драма и театар, традиција, идентитет и непокор. Панов спаѓа меѓу оние ретки литературни творци кои со едно од своите први дела успеваат да се искачат на најгорните скали на признанието и успехот, но кои токму поради ова ја доживуваат не најрадосната судбина, сè што ќе напишат подоцна да остане во сенката токму на едно вакво нивно дело. Ваквата изречена оценка на македонската литературна наука се базира на огромниот успех што драмата „Печалбари“ ја доживеа уште во 1936 година, и потоа со тој аршин да се мери и вреднува, да се поттурнува и потценува сè она што ќе го создаде Панов. И сосема неправично подведено под успехот на „Печалбари“ остана заборавено и навреднувано целокупното богато и разновидно творештво на Антон Панов. Авторот чиј придонес во раѓањето и развивањето на новата македонска литература и реална присутност, и неговото име меѓу градителите на тој жив и траен пишан збор има свое место, како што укажува во својот есеј „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ неговиот современик и другар, основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин. Временската дистанца секако ќе го стори своето и можеби ќе ги исправи неправдите врз личноста и делото на овој автор кои се веќе вредносна и значенска составка на нашето опстојување.

92 За нив студиозна и сеопфатна магистратура одбрани младиот научен работник Јованка Стојановска,1 и да се надеваме и да веруваме оти не ќе ни требат исто толку многу години неговото дело да го има севкупното и валоризирано претставување. Првите литературни обиди ќе ги направи како гимназијалец. Околу 1925 година имал петнаесетина лирски песни прилично блиски до поезијата на Рабиндранат Тагоре. По првата творечка љубов поезијата, поточно во 1928 година ќе го напише и ќе го објави во весникот „Правда“ својот прв расказ „Роденденот на Серјожа Јегоркин“. Да ја прфатиме оценката оти „Тоа пак што Панов не продолжил да пишува поезија, а посебно на македонски јазик, многу полесно е сфатливо бидејќи е во сооднос и со многу други слични зафати на овој наш автор кој често многу брзо се одушевуваше, но не успеваше до крај да ги реализира своите замисли“.2 Наспрема неа исто толку прифатлива е и оценката за прозните зафати:

93 „Нешто поинаку стојат работите со раскажувачките обиди на Антон Панов, кои датираат од периодот меѓу 1928 и 1938 година: тука веќе може да стане збор за еден вид поконтинуирано прозно творење, што го карактеризира настојувањето најпосле да се излезе од темнината на анонимноста, што меѓу другото значи дека и на самиот автор му била (или би можела да му биде) позната вредноста на напишаното, како и благородноста на социјално-сатиричните агенси во неговиот раскажувачки третман и збор“.3 Во заоставштината на авторот се наоѓа и збирката раскази „Беда во колибата“. Авторитетниот проследувач и толкувач иа македонската драма и театар Александар Алексиев, ќе ги даде драгоцените податоци оти „Во 1959 година Панов направи избор од своите постари текстови предлагајќи ги за печатење под наслов „Мисли и размислувања“. Тогаш тој предложи и збирка раскази под наслов „Беда во колибата“ во која ги собра сите дотогашни свои прозни творби, вклучувајќи ја и првата глава од незавршениот роман „Живи гробови“. Меѓутоа до печатењето на овие книги не дојде. Но иако тие немаат некои поизразити уметнички вредности, иако се работи за „најобичен показ на становиштето на Панов за нешта што се одамна решени и во естетиката и во критиката и во политиката и во животот“, така барем Димитар Митрев ги оцени овие книги, сепак тие претставуваат многу интересен материјал за да може да се сфатат преокупациите на Панов и безмалку трагичката ситуација во која се најде авторот на „Печалбари“, издвојувајќи се од своето време, живеејќи во сенката на некогашната слава“

94 И за нас збирката раскази претставува интересен и вредносен материјал, творечки чин со тендеција како што запиша Миодраг Друговац „за еден вид поконтинуирано прозно творење“ и како настојување „најпосле да се излезе од темнината на анонимноста“. По темите и мотивите, и по своите уметничко-естетски вредности расказите на Панов ја дополнуваат и прошируваат сликата на македонскиот расказ во периодот меѓу двете светски војни, пишуван и објавуван од Кочо Рацин, Ангелко Крстиќ, Кире Димов-Мал Кире и други. Машинописот на збирката раскази „Беда во колибата“,5 има вкупно 63 страници. Нејзината содржина ја составуваат расказите: „Беда во колибата“, стр, 2-5, „Тинка“, стр. 6-9, „Чапа“, стр. 9-21, неколку фрагменти од незавршениот роман „Живи гробови“, стр , и именуваните „Сатирични раскази“, стр. 34 со насловите: „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“, стр , „Свети Сава V степен“, стр , „Го сврбиле болвите“, стр и „Белушки“, стр Во составот на збирката влегува и балетското сценарио „Заробеници на езерото“ кои ги исполнуваат последните четириесет страници од ракописот, од 56-тата до 63-тата страница. Авторот повеќепати навратувал на своите прозни обиди, ги преработувал и дотерувал, правел повеќе варијанти, ги преведувал на српскохрватски и бугарски јазик. Сочувани се три примероци на збирката на српскохрваски јазик, и тоа е резултат на Панов за време десетгодишното живеење и престој во Војводина, од 1948 до 1958 година, да ја објави таму, но по многу недоразбирања со литературните и културни кругови во Нови Сад, во 1958 година одново се враќа во Скопје.

95 Целиот тој материјал создаван во тек на повеќе децении претставува драгоцен и вредносен извор не само за самиот автор, ами и пошироко за минатото на македонската литература. Во разгледувањето на расказите пријдуваме според редоследот што го направил самиот автор, компонирајќи една тематски и естетски хомогена целост, а педантниот раскажувач ги оставил точните податоци за нивното настанување, така што верно може да се следи и неговиот творечки развиток, интереси и резултати. Збирката започнува со истоимениот расказ „Беда во колибата“, опфаќа неполни три странички, тоа е обемот на поголемиот дел раскази на Панов, а на последната страница запишани се податоците оти е создаден во Дојран во текот на 1938 година. Не случајно збирката започнува со него, нагласено и се чини најилустративно откривајќи го социјалниот ангажман на својот автор. Децитно Миодраг Друговац ќе забележи оти тоа се раскази „социјално поентирани и ангажирани, при што со право се доведуваат во врска со тогашната т.н. социјална литература - едно литературно движење на кое, меѓу другите, во тоа време му припаѓаат и Кочо Рацин, Аугуст Цесарец, Јован Поповиќ, Отокар Кершовани, Чедомир Миндеровиќ и др.“ 6 Значи станува збор за еден ангажиран автор, кој и повеќе до тоа честопати литературата ќе ја подреди на повисоките општествени цели, а не на уметничко-естетските норми на книжевното творештво. Токму низ таквите тенденции не ретко авторот се жртвува себеси и своето дело, и не ги постигнува вистинските резултати до кои секако можел и морал да дојде.

96 „Беда во колибата“ е приказна за сиромавиот Јордан Ковачот и за неговото многучлено семејство. Таа е топло и непосредно раскажана низ три кратки делови кои се испреплетуваат во една организирана и завршена целина. Еден ден малиот Петруш дотрчува кај баба Велика и ја повикува брзо да дојде кај нив дома, секој миг треба да се породи неговата мајка. Баба Велика, народната бабица која што им помага на сите и точно знае која кога треба да донесе на свет нова душичка, брзо доаѓа во колибата и на свет е веќе донесено новото бебе на Ковачот. Златниот конец со кој е врзан попукот на новороденчето, за неа е лош знак, па заминувајќи си порачува оти секогаш можат да ја извикаат ако затреба за зло. Во втората слика го следиме уморениот и гладен домаќин како се враќа од работа, а околу него потрчува малиот Петруш и му ја соопштува новоста. Столчен од сознанието дека во ваква прилика се дава паричка за убавата и радосна вест, наместо да се радува, тој тагува и болката сè повеќе го разјадува. Во ушите како најтешки комбани одѕвонуваат повици: „Татко си! Дај ни да јадеме! Татко си! Зима иде, боси сме!..

97 Во бедната, темна и студена колиба место радост и среќа, го следат и демнат мрачни и изгладнети очни длапки. „Јордан се бранеше од тие погледи, од тие протести. Си го прекри со раце лицето си. Но детскиот крик му напомнуваше оти се тие тука, оти тука ќе останат и ќе пребиваат секоа ноќ! Дури оти и през денот ќе му напомнуваат за себе... Спушти си ги рацете и со страв отвори очи. На треперливата светлина од зејтинското кандилце очните празнотини скокаат по собата, а новороденчето ги предводи. И тој протегнува раце да го улови детето, кое крештејќи го водеше тоа чудно оро, оро на побуна на гладни. Протегнува тој беспомоќно раце спрема голуждравото бебенце, бебето лета во воздухот и не може да се улови. Од бебето се влече попуковата врвца, заврзана со свилен конец. Одвај тоа успеа да ја дофати врвцата. Држејќи се за неа, тој трчаше во круг наоколу по детето, притоа се посилно стегајќи го копринениот јазел. Последен крик му ги заглуши ушите. Тој падна целиот испотен. Кандилцето се изгаси“. Агонијата на сиромавиот ја надополнува темната и мрачна ноќ во која се разлеваат крикови на шакали, се одгласуваат лавежите на кучињата, мртва штама ја покрива душата и свеста, совеста се губи во кошмарниот сон.

98 И завршната, трета слика на расказот се раѓа заедно со раѓањето на нивот ден. Рано пред зори кутриот Јордан носејќи под мишки поголема заврска од ветва черга, брза кон гробиштата, а околу него како верно кученце потскокнува босоногиот Петруш. Во мрачната и гладна ноќ тој му ја пресекол врвцата од папукот на новороденото синче, на вчерашната рожба, на нова радост на светлината од денот. Остварено е претскажувањето на баба Велика, реалност е кошмарот на сиромавиот Јордан Ковачот, а еден малечок човечки здив е уништен на самиот почеток. На родителот му останува утехата, ако тоа воопшто може да биде утеха: „ - Од милиот гладни помалку една... измакна Јордан одломка од мислата, која му се рефлексивно во потсвеста вртеше...“ На Мал простор, но со неограничен простор на значење за мислата, авторот создава краток расказ кој е мошне сугестивен во своите пораки и идеи, ликови кои со еден замав се тешени како карактери и вешто го води дијалогот како релавант потоа и во неговото драмско творештво.

99 Вториот расказ на збирката носи наслов „Тинка“ и податоците оти е пишуван во Белград во 1930 година. И тој и припаѓа на тогашната напредна социјална литература. На вечерната седенка меѓу студентите-војници Владимир Галан ја раскажува својата приказна. Патувајќи за дома, копнеејќи по топлото домашно огниште, сонувајќи за убавините на езерото и животот минат покрај него, во долгото патување по возот ќе се сретне со нежното и бледо девојче Тинка. Понирајќи во битот на македонската жена, авторот ја предава низ една реченица нејзината исконска постојаност и препознатливост: „Си спомнувам за нејзините раце како сега да беа отсечени од фреските на старите македонски мајстори“. А во нејзиниот поглед младиот човек ја препознава и открива питомината на југот. Се раѓа една нова љубов, страствено жестоко се раѓа и во истиот миг умира. Во мигот кога Тинка исплукува крв, исплукуваќји ја сиромаштијата и безиднинското значење на сиромавиот, меѓу нив се отвора длабока јазбина, темна и непремостива. Другарите го обвинуваат како стар егоист, ја искористел девојката и веднаш потоа ја фрлил како најнечиста крпа. Поетските пасажи од првиот расказ низ ноќниот кошмар на Јордан Ковачот, во овој расказ уште повеќе се доразвиваат низ метафорите на ноемвриската љубов, на есента како доба на смрт и замирање, како крај и несреќа, ноември поплукан со крв од душата и свеста човечка на сопствената немоќ и несреќа. Тинка ќе го пречека своето момче на факултетот во Белград и ќе ја остави пораката оти вечер ќе го чека на истото место. Да се видат, да се почитуваат и сакаат, да заврзат свој живот. Но, тој никогаш не отишол на таа средба. „Беда во колибата“ и „Тинка“ претставуваат успешни раскази и чинам оти тие и денес со својата актуелност топлина и пораки за хуманото, универзалното и човечното го заслужуваат нашето внимание и респект.

100 „Чапа“ е најобемниот расказ на Антон Панов, напишан по ослободувањето во 1946 година. Неговиот јунак Киро е чуден рибар, со прекар Чапа, и како сите рибари кои го минуваат времето в кафеана, тој е постојано со книгата в раце. Чуден и необичен, но добар човек и другар. Ги сака луѓето, и тие него го сакаат и почитуваат. Роден крај езерото, го прошетал белиот свет и видел многу земји и многу нешта научил, та неговите другари рибари со љубов и внимание се собирале околу него и ги слушале неговите раскажувања. „Животот без радост не е живот“, вели тој и постојано е во потрага по радоста и вистината. А тие се своина на поубавиот слободен и човечен живот, до кој треба да се дојде со борба против богаташите и со уривање на нивниот свет и ред. „Само во слободниот и доброволниот труд луѓето можат да најдат вистинска радост и оправдание за живот и да се викаат човеци!...“ Рибарите приквечер собрани околу него со внимание го впиваат секој збор на младиот и непокорен рибар, свој другар и собрат по мака и по соништата за посреќна и порадосна иднина за човекот работник. А тој гласно говори оти е тешко и опасно да се биде човек. „

101 Борбата за хлеб ќе се претвори во творешка радост, во песна на трудот, на општиот непринуден труд“. Токму ваквите делови од оваа би рекле новела која што опфаќа поголем временски простор, низа од настани и галерија на ликови, ги ништат книжевните вредности на творечкиот чин. Со право Александар Алексиев ќе ја остави валидната констатација оти: „Типичен пример за буквалното сфаќање на одредувањето дека уметноста треба да се стави во служба на повисоките општествени цели е расказот „Чапа“. Тоа требало да биде расказ за животот на дојранските рибари и кој по својата замисла не бил далеку од можноста да стане мошне интересно сведоштво за еден живописен крај и за неговите жители кои што соочени со суровоста на секојдневното егзистирање се слепи за убавината што ги опкружува. Но наместо да се задржи на една ваква поопшта и потрајна тема, наместо што позадлабочено да се нурне во самиот живот, Панов сосема непотребно тежиштето на овој расказ го фрлил врз евтиното социологизирање, така што непоправливо ја избанализирал и пораката и уметничкиот домет на ова свое мошне значајно дело“.7

102 Со право стои забелешката оти уметничко естетскиот резултат е жртвуван во авторовата цел како цел сама за себе литературата да се сфаќа и толкува во функција на општествените идеали, а не на идеалите на уметноста. Неприметен од никого, до рибарите се приближува чорбаџијата Гиго и потоа отворено му вели на Чапа оти сè што зборува со лаги и клевети. Борбата и новиот живот се ветер работа. Така се заврзува расправија меѓу чорбаџијата и рибарите, кој дури и ќе биде предизвикан да му се нафрли со сила. Не сакајќи да чуе за нивните барања, за подобри услови за работа и поголеми надници, ја напуштаат работата и си заминуваат. Гиго прави сметки како ќе ангажира нови работници, помалку ќе ги плати, та уште одозгора и ќе заработи. Но новите работници се невешти и неискусни рибари, уловот е толку мал, што од сите страни му протестираат, ургираат и бараат да ги откажат договорите за соработка. Стопанот се уверува во древната вистина оти домашниот есап не и ист со оној од пазарот. Наместо радост и печалба, го исполнуваат грижи и финансиска загуба.

103 Рибарите во време на тешка економска криза и безработица остануваат едноставно на улица. Но, ќе победат ако издржат докрај, ако останат сложни и единствени. Во тивките крајезерски вечери Чапа им зборува: „Ќе може, ако сме свесни и сложни, ако сме едно. Видиш, борбата за подобрување на животот и не е главна. Борбата за која што јас ти зборам, за таа борба ќе треба сите работнички раце да се слијат во една, да мислиме како еден и да бидеме готови и со оружје во рака да ја земеме власта во свои раце и да создадеме наша, нова власт, власта на широките работни маси. Само така ќе ги победиме чорбаџиите, сите чорбаџии!...“ Една вечер во разговорите им се придружува газда Гиго и тој се согласува да ги прими одново на работа и да исполнува дел од нивните услови и барања. Наспрема непотребната иделогизација, последните импресивни слики од расказот ги испишуваат вистинските страници на оваа проза

104 . Рибарите се сред езерото, со мрежите и чуновите, и силно одекнува нивната громка песна: „...На сонцето деца сме ние/ и немаме страв пред бура -/ еј, немаме страв!...“ Веродостојните исечоци од голата егзистенција низ мноштво симболи и метафори јасно го најавуваат новото време на работникот, уривањето на стариот и гнил општествен поредок, на експлоатацијата и понижувањата. Песната на рибарите е само оној буревесник пред ноќта кога над езерото ќе се дигне силна бура, како вулкан, како оркан. Невремето трае цела ноќ. Во водите на езерото паѓа најдобриот другар на Чапа, рибарот Суљук. Недвоумејќи се тој скокнува во високите бранови кои застрашувачки бучат како да ќе го урнат светот, за да го спаси стариот и верен другар. Долгата ноќ ја симболизира долгата и тешка борба на работникот со господарите, ноќта време на неизвесност, страв и убивања, на смрт и трагедии.

105 Со раѓањето на новиот ден, невремето стивнува, сè се стишува и како ништо да не било. Со новиот ден на светлината и радоста се раѓа и новиот живот. На брегот од езерото се јавува Чапа носејќи го во своите раце мртвиот другар, првата жртва на битката за ново време. Рибарите одново ја започнуваат својата песна оти се деца на сонцето, а жените го оплакуваат стариот рибар и ја кажуваат олеснителната околност оти добро што нема дом и семејство, та нема кој да го жали и плаче, ама нема и кого да зацрни. Во преломната ноќ чорбаџијата останал без својот грип, станал сиромав, па доаѓа меѓу рибарите и велејќи оти сега се рамни, бара да биде примен во нивните редови. Еднакви во сиромаштијата, но и во човечното, „Остануваме верни и поврзани на живот и смрт. Животот не поврзува...“ се зборовите на Чапа кои како последна мисла и порака остануваат и го завршуваат расказот.

106 По темата и мотивите, ликовите на железни карактери, употребените симболи и метафори, овој расказ на Панов јасно упатува на очигледното влијание и користење на искуствата од секако неговата омилена лектира низ прозата на Максим Горки. Озаглавени како „Сатирични раскази“ во збирката се застапени четири наслови. Во нив не само што се проширува и збогатува творечкиот интерес на Панов кон хуморот и сатирата, но, сметаме оти овие мали, минијатурни раскази претставуваат вистински литературни резултати. Тие не се само достоинства на својот автор, туку и на македонскиот расказ воопшто. Вака ги оценуваме пред сè двата први наслови. „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“ е првиот прозен обид на Панов, напишан во Белград во 1928 година. Педантниот писател оставил податоци оти нешто подоцна и ќе го објави во весникот „Правда“.8 Тоа е една мошне топла и сугестивна приказна, многуслоевита и многузначна за рускиот емигрант Владимир Димитрич Јегоркин. Веќе многу години со жена му Вера Григоровна и петнаесетгодишниот син Серјожа живеат во Белград. Се наближува роденденот на синот единец, а Јегоркин веќе десет ноќи не може да спие, никако да склопи око. Живее и му се радува на својот план.

107 Со нив е неговата мајка Матрјона, и во нејзината присутност постојано се повторуваат мислите оти „Кога ќе останеш без татковина и без спомени за неа“, животот станува една голема и недоодна пустина. Така во занес соопштува оти за роденденот на синот најмил вистинска тројка со прав, роден русин и сите заедно ќе се провозат низ улиците на белградската голема зима, за да ја почувствуваат големината и убавината на родна Русија. На нешто повеќе од две странички, строгиот критичар ќе забележи оти Панов „Во него прилично сугестивно е прикажан тешкиот живот на руските емигранти, нивните душевни трауми, бидејќи Панов како хорист во операта имаше можност да се запознае со многумина од нив“.9 Целосниот уметнички резултат е заокружен и со мошне ефектниот крај.

108 „Беше неделен ден, токму пред мрак, кога една руска тројка достојанствено прелета преку белградските улици и нејзиниот тресок и шум ги тргна минувачите и пробуди општо љубопитство. Коњите се сковаа токму пред куќата во која што живееше рускиот емигрант Владимир Јегоркин. Пара се дигнаше од трите црвени коњи. Тој фрли белезнен поглед врз коњите. Болеше го што сето тоа е изнајмено, што сето тоа е само за еден ден. Тој треба да ги врати и коњите и тројката. Ќе треба да се раздели од нив и да го продолжи својот беден катадневен живот во емиграцијата...“ Со малку зборови авторот кажал многу, и оти човекот не е човек по тоа што ќе го каже, туку по тоа што ќе го осознае и премолчи. Малиот и обичен човек знае оти во животот нема ништо толку големо и значајно, туку егзистенцијалната слика е мозаик од многу ситни, малечки, речиси незабележливи делови. Еден мал и чудесен миг на вистински почувствуваниот и доживпостоењето и опстојувањето. За тој миг како химна на човекот и животот Антон Панов ги испишува и страниците на вистинскиот расказ „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“.еан човечки и човечен век во себе ги собрал сите значења и убавини на

109 Илузиите на рускиот емигрант, трагиката на откорнатикот, пустошот во душата, свеста и совеста на малиот, обичен смртник се тема во исто така извонредниот краток расказ на Панов „Свети Сава V степен“. И тој е напишан во годините поминати во Белград, пет години од пишувањето на првиот расказ за судбините на рускиот емигрант, поточно во 1932 година. Недела е, ден за одмор за свечен ручек. Денис Брездјаков цели десет години пее во хорот на руските емигранти на кралевската капела во Дедиње. Собрани околу него жена му Марфа Антоновна со децата, со внимание и љубов ја следат беседата на својот домаќин и татко: „Денес на 1 јануари во недела, во еден саат поручек над мене се излиа преблагонаклонната милост на неговото величество, одликувајќи ме мене „раба нишчег“ со орден на св. Сава пети степен!...“ Свечениот миг, мигот во кој како да се собрал целиот живот, само еднаш и неповратно дадениот човечки живот, станува илузија и среќа за признанието за кое воопшто не е важно какво е и зашто е добиено. Над сè се издигнува сознанието оти сепак малиот човек не е заборавен, некој мисли на него, ги почитува неговата работа, неговиот труд и верност. Горчината се напластува како невидлива прашина од пајаковата мрежа на измами и лаги, промашени соништа и неостварени копнежи. Но, тие се само далечно ехо кое не треба да го омаловажи и да го уништи мигот на човековата среќа. Тој, малиот човек со достоинство и гордост чита од признанието што му се оддава: „За сесрдно, верно и одано десетгодишно вршење на должноста си, го одликуваме господинот Денис Осипович Брездјаков, артилериски полковник од царската руска војска со орден на Св. Сава од V степен. Со тоа го ослободуваме и од плаќање...“ Семејството се договара да направи прием за овој свечен миг и идната недела токму на роденденот на ќерката Наташа да ги поканат милите гости. „Ете што значи среќа, - возкликна воодушевено Марфа и го загрли Дениса...“

110  „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“ и „Свети Сава V степен“, претставуваат најуспешните прозни остварувања на Антон Панов. На мал речиси строго ограничен простор, писателот имал и знаел многу нешта да каже и да соопшти. Со искуство на мудар и толерантен автор. Приказните ги гради мошне спонтано и топло, ликовите се изнијансирани до детали, благиот хумор несетно се преплетува како сатирична рамка за малиот и обичен човек и неговиот живот, соништа и копнежи. Ако во расказот „Чапа“ ги уочуваме позитивните творечки влијанија од лектирата на Максим Горки, тогаш тие се уште по впечатливи и резултантни во овие два наслови од едно исто така големо име на руската класика Антон Павлович Чехов. Другите два од овие четри „сатирични раскази“ негуваат поинакви творечки приоди и резултати, за кои веднаш да кажеме оти не го имаат нивото и вредноста на претходните два.

111 „Го сврбиле болвите“ е напишан во Белград во 1931 година, и во долниот дел на првата страница од овој расказ стои забелешката: „Сатиричен расказ напишан по повод донесувањето на октроисаниот устав од 1931 год. -А.П.“ „Податоците што ги дава авторот сведочат дека тој е ангажиран творец кој будно ги следи општествените промени и на нив брзо реагира, каков пример имаме и со наредниот, последниот расказ од збирката „Белушки“. Низ една динамична дијалошка форма авторот на сатиричен начин го покажува губењето на најелементарната слобода по таканаречената шестојануарска диктатура, односно по суспендирањето на Уставот од страна на крал Александар. Дејствувањето се случува во една српска кафеана, засмрдена од алкохол и задимена од цигари и тутун. Самиот амбиент претставува извонредно одбрана средина во која што може и треба да живурка еден нехуман и со векови назаден општествен поредок. Во тој простор за политиката разговараат двајцата стари и добри соседи Милун и Ѓурѓе. Милун постојано се обидува да го смири или да ја смени политиката како тема на разговор, велејќи му оти политиката не е за селанецот и тој не треба да се плетка со неа. Наместо тоа треба да се живее сложно, сите да живеат здружно како вистински браќа. Немирни се времињата, немирни и несигурни, та и ѕидовите имаат уши. Незнаеш од која страна и кога може да те најде злото. А Ѓурѓа потпивнува и се перчи: „Соколот е слободен, затоа и е силен; пујката нема слобода, затоа е слаба и млитава...“ И занесени во своите разговори, не приметиле кога до нивната маса зад грб им седнал кметот Јово.

112 Ги начулил тој ушите и слуша како двајцата селани ја критикуваат власта која што не води никаква грижа за работниците, селаните, сиромасите. Во немирното и кризно време и ѕидовите имаат уши, така и се случува додека болвите немирно ги подјадувале, во кафеаната дотрчува пандурот Сретен и го забира за в затвор Ѓурѓе, додека Милун незабележано успева да се изгуби и да ја спаси сопствената глава. А Јово останува да се допие и со големата среќа во себе од успешно свршената работа. Секако дека овој расказ не е на нивото на уметничко-естетските вредности на двата претходни, но, би биле исто така неправични кон овие три странички проза во која што писателот уште еднаш потврдува оти имал што да ни каже и умеел како тоа да ни го соопшти.

113 Творечкиот интерес кон хуморот и сатирата, кој е илустрација повеќе за богатството на писателовиот предизвик од една и на уметничкиот резултат од друга страна, го заокружува четвртиот наслов „Белушки“. Под него стои забелешката оти е тоа „хумореска“ и податоците оти е напишан во Нови Сад во 1952 година. Овој последен расказ претставува најверна потврда оти прозата за Панов претставува подолгорочен творечки интерес, најавен со расказот „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“ во 1928 година, што ќе рече меѓу нив се простира временска дистанца од дваесетиосум години. Покрај драмата, прозата била долгорочно и системно творечко љубопитство на опстојување и потврда, секако и самиот автор ценејќи дека токму во нив има најмногу што да каже и верувајќи исто така преку нив да ја има полната сатисфакција за себе како писател. Покрај раскази, во овој перирд Панов започнува да го пишува и романот „Живи гробови“ во Белград во 1931 година, како што забележува н самиот „Започнат, но недовршен роман од белградскиот живот“ и балетското сценарио „Заробеница на езерото“ кои влегуваат во составот на збирката „Беда во колибата“, а на кои ние не се задржуваме. Расказот „Белушки“ претставува активно творечко реагирање на законот со кои се забранува чување на кози и за нивно уништување. Домаќинката додека ја привршува запршката за ручекот, доаѓа курирот и $ предава писмена наредба: „Другарката Павлова Цветана од Нови Сад, улица Аугуста Цесарца бр. 12 во смисла на горецитираното како и на наредбата, се повикува да ја ликвидира својата коза до 20 јуни 1952 година“. Овој цитат, како и во другите раскази на Панов, претставуваат наша илустрација на настојувањата на авторот во прозата што повеќе и уверливо да го внесе документаристичкиот третман на животната реалност. Ваквата тенденција во овој дел од неговото творештво станува значаен и би рекле релавантен знак и квалитет.

114 Возбудената и вознемирена домаќинка во наредбата за крајот на својата белушка Ружица, како да го гледа и сопствениот крај. Се облекува и веднаш тргнува кон населбата Рибњак каде што ја чува козата што и значи живот. Таа е живот и за другите луѓе кои еден по еден се собираат вознемирени од наредбата и во колона, онаа колона како кај Радивое Домановиќ во „Данга“, Зора, Мујо, Иван Крал, Марија Бењак, Аница Микулецки, Тома, Андреја железничарот, Ѓуро од фабриката „Победа“ и други. Минуваат тие низ Нови Сад, преку савски мост и Петроварадинската тврдина до населбата Рибњак. Две глави се попаметни од една, а тоа што можат да смислат и решат повеќе глави е вистинско чудо. Се формира делегација која ќе „го брани животот на своите кози“ и заминува право за Белград кај Претседателството на владата. Стојановска забележува оти „Белуши“ е хумореска која во себе содржи современ мотив, обработен преку критичкиот став на авторот спрема сите слабости и негативности во нашето општество. „Реакцијата на оваа добронамерна критика ќе уследи од оние кои ќе се најдат погодени од ним“, вели авторот“.10 Примени се и сослушани во владата, им дозволуваат да ги чуваат козите, но со барање од двата прча на Богдан со чија што помош тие ќе треба да се множат, еден да се остави, а другиот да биде уништен. Среќни и задоволни се враќаат дома, со мислата оти сеуште има умни луѓе кои можат да ги сослушаат и да ги разберат.

115 умте раскази на Антон Панов претставуваат дел од неговото богато и разновидно творештво кое е ставено под сенката на успехот на драмата „Печалбари“ и до денешен ден остана малку познато или во неговиот најголем дел речиси непознато пошироко. Фондот на Панов во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите ги сочувал неговите песни, раскази, фрагменти од романот „Живи гробови“, едночинки и драми, авторови есеи и размисли по различни прашања од животот и творештвото, богата кореспонденција. Немушто и упорно сето тоа останува како и во многу други примери од македонската литература, да го чека својот ден и да се појави на светлината од вистината, разгледувано, толкувано и вреднувано. Расказите што ни ги остави претставуваат вреден прилог во развојот и континуитетот на македонскиот расказ воопшто и посебно во не така богатиот период меѓу двете светски војни, претставувајќи над сè и јасен и отворен глас за вистините на Македонија. И не само тоа и не само толку.

116 Со своите уметничко-естетски резултати некои од нив претставуваат вистинска вредност не само во творештвото на авторот, туку и во севкупните движења и резултати на македонскиот расказ. Минуваат годините и минуваат векови, та има потреба понекогаш, ако не и секогаш да се ослободуваме од сенката на еднаш здобиениот и доживотен успех, од потреба за нови и квалитетни толкувања и вреднувања. Да се излезе од сенката на успехот на драмата „Печалбари“, за да се види и раздипли севкупното дело на Панов. Оти тој и неговото дело не претставуваат никаков исклучок во правилото оти секој творец во долгорочното и макотрпно изградување на својот творечки пат, може да ја има таа голема среќа да го достигне најсветлиот врв. А тоа секому и секогаш не успева. Стигнувајќи на таа возвишена точка Антон Панов и со право го бара и му сме должни како литературна, културна и историска вредност да се разгледува и толкува во неговата севкупност.

117 5Збирката „Беда во колибата“, машинопис, се чува во Фонд Антон Панов, Архив на МАНУ. Во кутија IX, папка 9 се наоѓаат два примероци на македонски јазик кои имаат по 65 страници, и во истата кутија, папка 8 уште два примероци на српскохрватски јазик. Овие примероци имаат помал број на страници, по вкупно 37 и во нив не е вклучено балетското сценарио „Заробеница на езерото“. Во папка 10 од истата збирка се наоѓаат уште два примероци од збирката со 57 страници и еден примерок на српскохрватски јазик со 50 страници. Во кутијата исто така се повеќе верзии на расказите на македонски, српскохрватски и бугарски јазик. „Родениот ден на Серјожа Јегоркин“ е прв објавен расказ потпишан со Антонија Ѓорѓевиќ Пановиќ во весникот „Правда“, Белград, 1942; а со јазични корекции на Николај Лилиев на бугарски јазик е објавен во „Весник на жената“, Софија, бр. 892, г. Една година пред тоа во истиот ,3есник на жената“ Панов ќе го објави и расказот „Беда во колибата“, бр. 886, 1941.


Скинути ppt "Антон Панов."

Сличне презентације


Реклама од Google