Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP)

Сличне презентације


Презентација на тему: "Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP)"— Транскрипт презентације:

1 Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP)
Едукативна презентација Место, датум

2 Статистика за РМ (април 2007):
Состојба во 2007 Состојба во 2006 Употребуваат компјутер 47% 43% Интернет корисници 32% 27% Домови кои поседуваат компјутер 40% 37% Домови кои се поврзани на интернет 17% 13% 52% од постојните интернет корисници започнале да го користат интернетот во изминатите 2 години, а најголемиот дел од нив се млади луѓе.

3 Статистика за РМ (април 2007):
Профил на интернет корисници

4 Статистика за РМ (април 2007):
Профил на интернет корисници

5 Интернетот – извор на корисни информации, но и на опасности!
За да го извлечете најдоброто од интернетот заедно со вашето дете и истовремено да ги избегнувате можните опасности – најпрво информирајте се!

6 Интернет – основни поими
Интернетот (интернет мрежата) е широка и сеопфатна мрежа која ги поврзува луѓето и информациите од целиот свет преку компјутерите. World Wide Web или WWW е дел од интернетот кој вклучува слики, звуци и текстови. Онлајн (online) значи да се биде поврзан на интернет. Сурфање по интернет значи да се пребаруваат и бараат информации кои може да се најдат на интернет.

7 Што децата најчесто прават додека се на Интернет?
Што децата најчесто прават додека се на Интернет? Комуницираат со други деца Посетуваат сајтови со забавни содржини: игри, хороскоп, информации и озборувања за луѓето од шоу бизнисот, занимливости и сл. Го користат како извор на информации за училишните проекти и домашните задачи

8 Комуникација преку интернет
Блогот е онлајн дневник или журнал кој може да содржи и фотографии. Chat rooms (соби за муабетење) се начин на кој голем број компјутерски и интернет корисници комуницираат меѓу себе со допишување во „реално време“ (mIRC). Имејл или електронска пошта ( ) – пораки кои се испраќаат и примаат електронски меѓу компјутери. Инстант пораките (IM – Instant messaging) исто така служат за праќање и примање пораки преку интернет  во „реално време“ (ICQ, Skype, GoogleTalk, MSN Messenger, Yahoo!Messenger).

9 Добри и лоши страни на интернетот
Добри и лоши страни на интернетот

10 Добри страни: Бесконечен извор на информации
Неограничен извор на забавни содржини Големи можности за комуникација

11 Лоши страни: Обезбедува анонимност – секој може да си го скрие својот идентитет на интернет Онлајн предатори - луѓе кои психички ги вознемируваат (заплашуваат) и физички ги малтретираат децата преку интернет Не постои ограничување за содржините кои можат и смеат да се објавуваат - неадекватни содржини за децата Постојат вируси и хакери Постојат законски и финансиски опасности

12 Факти: Денес околу 15% од светската популација свесно користи интернет, а околу 25% несвесно (преку разни уреди). Од нив половина се на возраст од 5 години до адолесценција. Секое трето дете во информатичкото општество има свој сајт или блог. Грубо пребарување на Google на зборот „енциклопедија“ дава резултати, додека на зборот „секс“ дава резултати. Едно од седум деца постари од 10 години добива сексуални понуди преку интернет. Приближно, околу нови педофилски сајтови се појавуваат секоја година. 9 од 10 деца на возраст 8-16 години имаат видено порнографија на интернет, најчесто случајно.

13 Родителите и старателите – клучни во заштитата на децата на интернет!

14 Како можете да помогнете?
Информирајте се за услугите кои вашите деца ги користат на интернет. Негувајте отворена комуникација со нив. Домашниот компјутер сместете го во прометна просторија. Составете семеен договор (правилник) за користење на интернет. Кажете им на децата дека личните податоци треба да се чуваат како тајни и не треба да се даваат на јавни места. Давањето лични податоци е како да сте го дале клучот од вашиот стан. Инсистирајте вашите деца никогаш да не ги кажуваат: домашната адреса, телефонскиот број, името на училиштето, каде играат со другарчињата (каде излегуваат). Ако вашето дете користи програми за разговор во живо, игра онлајн видео игри или практикува други активности на интернет кои бараат користење на корисничко име и лозинка заради негово идентификување како корисник на таа услуга, помогнете му да одбере корисничко име и погрижете се да не открие некој личен податок создавајќи го. Посоветувајте го да користи цврсти лозинки. Бидете сигурни дека вашите деца секогаш се консултираат со вас пред да прават финансиски трансакции онлајн (нарачување, купување и продавање на предмети). Дискутирајте со вашите деца за онлајн коцкањето и потенцијалните ризици од него. Потсетете ги дека тоа е нелегално.  (презиме, адреса, телефон, училиште во кое учи, омилено место за излегување, играње, фотографии и сл.).

15 Како можете да помогнете?
Ако децата сакаат да запознаат некој онлајн пријател во живо – тоа треба да ви го кажат вам и најдобро е вие да појдете со нив. Учете ги вашите деца да им веруваат на сопствените инстинкти. Ако се чувствуваат непријатно поради нешто што виделе на интернет – треба да ви кажат за тоа. Покажете им на вашите деца како да ги почитуваат другите луѓе кои ги среќаваат онлајн. Научете ги децата на одговорно и етичко онлајн однесување – не треба да го користат интернетот за да шират гласини и закани или да заплашуваат други. Инсистирајте вашите деца да ја почитуваат туѓата сопственост и на интернет. Подучете ги вашите деца дека не сè што ќе видат или прочитаат на интернет е вистина. Помогнете им во заштитата од спам (spam) пораки. Кажете им да не ја даваат својата имејл адреса онлајн, да не одговараат на несаканите имејл пораки и да користат филтри за имејл. Дознајте кои веб-сајтови ги посетуваат вашите деца/тинејџери. Бидете сигурни дека тоа не се сајтови со навредлива содржина. Контролирајте ги онлајн активностите на вашето дете со користење на напреден интернет софтвер. (презиме, адреса, телефон, училиште во кое учи, омилено место за излегување, играње, фотографии и сл.).

16 Ресурси Заштитете го вашиот компјутер
антивирусен и антиспајуер софтвер надградба на системот огнен ѕид бекап внимателни лозинки Совети за вашите деца Не треба да се отвораат имејл пораки од непознати испраќачи и да се клика на линковите и фајловите што се вклучени во нив. Фајловите што се преземаат од електронските пораки и оние кои потекнуваат од неверодостојни сајтови, задолжително треба да се скенираат пред отворање. Родителска контрола

17 Ресурси – родителска контрола
Софтверите за родителска контрола овозможуваат избор на игри кои вашите деца можат да ги играат, апликации кои можат да ги користат и веб-сајтови кои смеат да ги посетуваат, како и специфицирање на временски периоди кога децата смеат да го користат компјутерот, а забраните да останат и кога нема да бидете дома.

18 Parental Controls (Windows Vista)

19 Информирајте се повеќе

20 Едукативни публикации
...за вас и вашето дете

21 www.crisp.org.mk www.bezbednonainternet.org.mk

22 Ви благодарам на вниманието!


Скинути ppt "Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP)"

Сличне презентације


Реклама од Google