Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Реакции на неутрализација

Сличне презентације


Презентација на тему: "Реакции на неутрализација"— Транскрипт презентације:

1 Реакции на неутрализација
Цели на часот: -Сите ученици ја опишуваат реакцијата на неутрализација -Повеќето ученици знаат да објаснат што е реакција на неутрализација -Само некои од учениците изведуваат реакција на неутрализација

2 Прва активност Наставникот бара од учениците да дискутираат: Ако киселините и базите се хемиски спротивни, што би се случило ако се додаде киселина на базата? Киселина +база---> сол + вода.

3 Втора активност Учениците ја истражуваат реакцијата со додавање база, капка по капка, на киселина што содржи индикатор. Бројат колку капки ќе паднат пред индикаторот да позелени (за рН = 7) и колку капки ќе паднат пред индикаторот да посини (за рН = 8). Ги евидентираат резултатите во табела. Слично како претходно, учениците сега додаваат киселина, капка по капка, на база што содржи индикатор. Бројат колку капки ќе паднат пред индикаторот да позелени (за рН = 7) и колку капки ќе паднат пред индикаторот да пожолти (за рН = 6). Ги евидентираат резултатите во табела.

4 Запознајте ги со терминот „неутрализација“
Запознајте ги со терминот „неутрализација“. Споредете го бројот на капки од киселина/база што им беа потребни на учениците да образуваат неутрален раствор. Дали имаше резултати со отстапка? Објаснете дека продукти на неутрализација се сол и вода. Учениците запишуваат равенката составена од зборови за реакцијата што ја набљудувале. Тие го идентификуваат името на хемикалијата што е сол. Хлороводородна киселина + натриум хидроксид → натриум хлорид + вода сол (неутрално)

5 Примена: -неутрализирање на кисела почва
Примена: -неутрализирање на кисела почва Многу фарми имаат кисела почва,па затоа земјоделците мора да ја зголемат рН вредноста на почвата.Најевтин и најлесен начин за неутрализација е на почвата да и се додаде варовник во прав и негасена вар. Практична активност за неутрализација на почвата Две лажички кисела почва се раствораат со вода во лабораториска чаша и потоа се филтрира течноста и и се определува рН вредност. Потоа се повторува обидот но сега почвата се меша со варовник во прав и постапката се повторува. И по трет пат се зема почва и сега се меша со негасена вар и постапката се повторува .Кога ќе ги определиш вредностите кој прав би им го препорачал на земјоделците?

6 Трета активност Наставникот им дава на учениците различни равенки со зборови за реакции на неутрализација што треба да ги дополнат. Во секоја реакција, тие треба да ја идентификуваат солта. Ги одговараат и прашањата од стр.93 од учебникот Заклучете дека неутрализацијата е реакција меѓу киселина и база. Притоа се образуваат сол и вода

7 Која од следниве хемиски равенки претставува реакција на неутрализација?
а) H2SO4 + Ca(OH)2 ---> CaSO4 + 2H2O b) Zn + 2HCl --> ZnCl2 + H2 c) KOH + HCl --->KCl + H2O d) 2Al(OH)3 + 3H2SO4 --> Al2(SO4)3 + 6 H2O


Скинути ppt "Реакции на неутрализација"

Сличне презентације


Реклама од Google