Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Претставување на соединенијата со помош на формули

Сличне презентације


Презентација на тему: "Претставување на соединенијата со помош на формули"— Транскрипт презентације:

1 Претставување на соединенијата со помош на формули
Цели на часот: -ученикот треба: *Опишуваат од кои елементи е составено секое од соединенијата **Го објаснуваат поимот хемиска формула и индекс ***Знаат дека хемиските формули се користат за претставување соединенија, како и елементи.

2 Прва активност Наставникот им дава на учениците листа со формули на едноставни соединенија. Од кои елементи е составено секое од соединенијата? Учениците даваат претпоставки за елементите врз база на нивното познавање на хемиските симболи.

3 шеќер C12H22O11 C6H12O6 Тривијален назив Хемиска формула Хемиски назив
вода H2O вода(дихидроген моноксид) шеќер C6H12O6 C12H22O11 Глукоза сахароза Готварска сол NaCl Натриум хлорид Сода бикарбона NaHCO3 Натриум хидрогенкарбонат варовник CaCO3 Калциум карбонат

4 Поим за хемиски формули
Скратеното и прегледно запишување на составот на молекулите на супстанците со помош на хемиски знаци(симболи)се нарекуваат хемиски формули. За да се напише една хемиска формула на некоја супстанца потребно е да го знаеме: а)хемискиот знак(симбол)на хемискиот елемент што влегуваат во состав на молекулите на хемиската формула б) Бројот на атомите одделно од секој хемиски елемент што влегува во составот на молекулите

5 Кога со хемиската формула означуваме супстанца тогаш хемиските симболи во формулата ги означуваат елементите од кои таа е составена пр:NaCl,CaCO3 Ако формулата означува една молекула од соединението тогаш хемиските симболи оначуваат атоми од соодветниот елемент пр:Н2-хемиска формула на проста супстанца

6 Ако хемиската формула означува супстанца тогаш хемиските симболи ги означуваат елементите од таа хемиска формула Пр: HNO3-азотна киселина -составена е од елементите:водород,азот,кислород Ако хемиската формула означува молекул на некое соединение тогаш хемиските знаци ги означуваат атомите од кои што е составена хемиската формула пр: HNO3-азотна киселина -составена е од 1 атом на водород,1 атом на азот и 3 атоми на кислород

7 Правилно читање и пишување хемиска формула
HNO ха-ен-о-три Ca(OH)2 це-а-о-ха-два пати

8 Задача Составете хемиска формула на вода каде молекулот на водата е составен од 2 атоми на водород и 1 атом на кислород Правило при пишување на хемиска формула е: -иако прво се слуша бројот на атомите од елементот*Не го пишуваме бројот на атомите туку знакот а потоа бројот на атомите го пишуваме десно долу како долен индекс пр: 2Н1О неправилно; Н2О правилно СО2-јаглерод диоксид означува број на атоми на кислород

9 Во хемиските формули во кои некоја група атоми се повторува повеќе пати тогаш во формулата таа се става во заграда,а потоа се става индексот пр:Cu(OH)2-бакар(II)хидроксид Fe(OH)3-железо (III)хидроксид индекс на групата група атоми CuO-бакар(II)оксид

10 Втора активност Дадете им листа со имиња на други соединенија. Учениците треба да се обидат да го поврзат името со формулата. Кажете им на учениците дека формулата за водород е Н2. Дали знаете зошто е тоа така? Објаснете дека индексот означува од колку такви атоми се состои молекулата, на пр. 2 атоми на Н во Н2.

11 Номенклатура(именување) на соединенијата
Соединенијата составени од два елементи(метал и неметал) имаат називи од два збора.Нивните називи го носат името на металот и изменето име на неметалот кое завршува со наставка-ид Пр: NaCl Натриум хлорид Ако соединението е составено од 1 атом водород и неметал името се состои од името на неметалот и наставката-оводород Пр: HCl-хлороводород HBr -бромоводород

12 Соединенијата составени од три елементи - метал,неметал и задолжително кислород имаат називи кои завршуваат со наставка-ат. Пр:Na2SO Натрум сулфат Соединенијата пак составени од три елементи од кои еден е метал ама другите два се кислород и водород кои се сврзани во група т.н. хидроксидна група носат назив од два збора.Првиот е името на металот а вториот е хидроксид Пр:NaOH натриум хидроксид Mg(OH)2 магнезиум хидроксид

13 Ако соединението е од метал и кислород називот е имeто на металот и зборот оксид
Пр: Al2O3 алуминиум оксид E aко соединението е изградено од неметал и кислород тогаш со текст се пишува и индексот, но така што прво се пишува бројот па името на неметалот па бројот на атоми на кислородот па зборот оксид.Сето ова само во два збора. Пр:P2O5 дифосфор пентаоксид -исклучок моно не се чита напред Пр:NO азот моноксид N2O диазот моноксид

14 Како се читаат броевите
1 моно 2 ди 3 три 4 тетра 5 пента 6 хекса 7 хепта 8 окта 9 нона 10 дека 11 ундека 12 додека

15 Трета активност Дадете им на учениците различни формули. Учениците го именуваат соединението и идентификуваат колку атоми од секој елемент има во него. Тоа може да се прошири со посложени формули кои содржат повеќе од два елемента. Во оваа фаза, не е потребно учениците да знаат овие да ги именуваат. Покажете им дијаграми/цртежи со едноатомски елементи (на пр. Не), двоатомски или повеќеатомски елементи (на пр. H2 и S8) и соединенија. Учениците идентификуваат елементи и соединенија.

16 За дома Одговори ги прашањата од стр.47 во табела.


Скинути ppt "Претставување на соединенијата со помош на формули"

Сличне презентације


Реклама од Google