Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Низата на реактивност и методите на екстракција (извлекување)

Сличне презентације


Презентација на тему: "Низата на реактивност и методите на екстракција (извлекување)"— Транскрипт презентације:

1 Низата на реактивност и методите на екстракција (извлекување)
Цели на часот: -Сите ученици знаат да опишуваат реакции на замена користејќи ја низата на реактивноста на металите -Повеќето ученици знаат да објаснуваат реакции на замена користејќи ја низата на реактивноста на металите -Само некои од учениците употребуваат табеларен приказ при споредување на реактивноста на металите

2 Прва активност Кажете им на учениците дека Луј Наполеон (Наполеон III) имал свечен сервис за ручање и церемонијален шлем изработени од еден од најскапите метали што биле достапни кога тој владеел со Франција ( година). Што мислите, кој метал го избрал? Линк кој може да се искористи за пронаоѓање на годините на откривање

3 Повеќето ученици ќе помислат дека станува збор за злато, сребро или платина. Но, всушност тоа било алуминиум. Кажете им на учениците дека до крајот на часот очекувате тие да може да објаснат зошто алуминиумот бил толку скап.

4 Втора активност Дадете им на учениците извори на информации (печатени или он- лајн материјали). Учениците треба да одговорат на следниве прашања: Кога беа откриени златото и среброто? Како изгледаат тие кога се откопуваат од земјата? Каде се наоѓаат тие во низата на реактивност? Како може цинкот, железото, оловото и бакарот да се екстрахираат (извлечат) од нивните руди? Каде се наоѓаат тие во низата на реактивност? Како може да се искористи старо железо за прочистување бакар? Како алуминиумот може да се прочисти од неговата руда? Каде се наоѓаа тој во низата на реактивност? Зошто во времето на Наполеон алуминиумот бил толку скап?

5 Трета активност Дискутирајте дека за металите во средината на низата на реактивност може да се користат реакции на замена, додека за најреактивните метали потребни се различни методи на екстракција ( извлекување). Металите што потешко се екстрахираат ( извлекуваат) биле откриени подоцна. Заклучете дека пореактивните метали биле откриени подоцна кога се вовеле новите методи за екстрахирање (извлекување) метали.

6 На следнава табела е дадено времето на откривање на неколку метали:
Познат од: калиум 1807 натриум цинк Пред 1500 во Индија и во Кина бакар Древни цивилизации злато а) Каков тренд можеш да забележиш меѓу местото на металот во низата на реактивноста и времето на неговото откривање? б) Можеш ли да го објасниш овој тренд?

7 A Б В Г А сулфат х 1? Б сулфат В сулфат 2? 3? Г сулфат

8 A Б В Г А сулфат х Б сулфат В сулфат x Г сулфат В Г Б А К Al Zn Cu

9 Методи на екстракција на металите
Металите се добиваат од руди.Рудите обично се соединенија на метал помешани со нечистотии.По ископувањето рудата мора да се разложи за од неа да се извади металот.За таа цел се изведува екстракција на металот.Методот на екстракција зависи од реактивноста на металот.Колку е пореактивен металот,толку потешко се разложуваат неговите соединенија. Најефикасен начин на разложување на метално соединение е електролизата.

10 метал Метод на екстракција калиум Eлектролиза натриум калциум магнезиум алуминиум Цинк Загревање со јаглерод или јаглерод моноксид железо олово бакар Пржење во воздух сребро Во природата се наоѓаат како елементи злато

11 Примери на различни методи на екстракција
1.Електролиза-Се користи за екстракција на Na од NaCl.Камената сол првин се топи во огромни челични кади. 2NaCl---> 2Na + Cl2 Со електролиза се екстрахира и алуминиум од бокситна руда.

12 2.Загревање со јаглерод моноксид
Вака се екстрахира железо од железната руда во високите печки. Fe2O3 + 3CO --->2Fe + 3CO2 3.Пржење во воздух Најчесто бакар се издвојува од рудите бакарни пирити каде тој се јавува како бакар(I) сулфид.Бакарот всушност се добива со пржење на сулфидот во воздух Cu2S + О2---> 2 Cu + SO2

13 4.Рециклирање на металите
Металите не се обновуваат,постапките се сите скапи затоа во поново време металите се рециклираат.


Скинути ppt "Низата на реактивност и методите на екстракција (извлекување)"

Сличне презентације


Реклама од Google