Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Отпремање презентације траје. Молимо да сачекате

Проблеми со својствата на киселините

Сличне презентације


Презентација на тему: "Проблеми со својствата на киселините"— Транскрипт презентације:

1 Проблеми со својствата на киселините
Цели на часот: -Сите ученици знаат да опишуваат дел од проблемите кои ги предизвикуват киселините -Повеќето ученици ги објаснуваат проблемите предизвикани од киселини -Само некои од учениците прават предвидувања користејќи научно знаење и разбирање.

2 Прва активност Учениците дискутираат Што е корисна реакција? Што ја прави една реакција корисна? Објаснете дека лекување на лошото варење со помош на антациди е еден од примерите за корисна реакција.

3 Втора активност Учениците дискутирааткако користејќи извори на информации (печатени или он-лајн материјали) треба да одговорат на едно или повеќе од овие прашања: Што е кисел дожд? Како тој влијае врз објектите? Каков е ефектот од киселата храна и пијалаци врз забите? Колкава е рН вредноста на обичните пијалаци? Како рН вредноста во почвата влијае врз тоа кои растенија може да растат? Како можат земјоделците или градинарите да ја променат рН вредноста на почвата? Што се случува со рН вредноста на млекото кога тоа почнува да се расипува? Зошто тоа се случува?

4 Кисел дожд Киселинските оксиди кои се ослободуваат во вид на гасови при горењето може да доведат дождот да стане кисел.Киселите дождови ги напаѓаат зградите и статуите направени од варовник. Практична активност: Капни неколку капки на модел од варовник и опиши што ќе се случи?

5 Кисела почва Различни култури растат на различна рН вредност на почвата
растение рН вредност на почвата јаболко 5,0-6,5 компир 4,5-6,0 Црна рибизла 6,0-8,0 нане 7,0-8,0 кромид 6,0-7,0 јагода 5,0-7,0 марула Практична активност: Собери различни примероци на почвата и испитај ја нивната рН вредност!

6 Млекото се расипува Ако млекото предолго стои на воздух се скиселува затоа што шеќерот(лактоза) преминува во млечна киселина. Практична активност: Изработи план кој ќе има наслов во вид на прашање.Потоа ќе има претпоставка,план/постапка,резултати,заклуч ок и евалуација.

7 Трета активност Учениците прават план за истражување поврзан со кисел дожд, рН вредноста на почвата или рН вредноста на млекото. На учениците може да им дадете универзален индикатор во форма на хартиени ленти и да им го дадете овој експеримент како домашна задача. Или пак, тие може да изработат индикатор од супстанците во некое растение како што беше опишано во претходните часови. Заклучете дека некои од својствата на киселините предизвикуваат проблеми.

8 Обидете се дома во презентација да ги претставите проблемите предизвикани од киселини!


Скинути ppt "Проблеми со својствата на киселините"

Сличне презентације


Реклама од Google